По наметнатото вето од Грција на зачленувањето на Република Македонија во НАТО, на средбата во Букурешт на земјите членки на
алијансата во почетокот на април годинава, се појавија загрижувачки политички прашања. Зашто Република Македонија ги имаше
исполнето сите критериуми за членство, но не беше примена поради безобѕирните каприци на Грција за името.
Апсурдното и дрско однесување на Грција во Букурешт беше жестока шлаканица за перспективните погледи на НАТО, а исто така и на САД, кои планираа Македонија, Хрватска и Албанија да станат членови. Грција со својата постапка ги прекрши темелните принципи и идеи на Европската унија, а истовремено и привремената спогодба меѓу Македонија и Грција од 1995 година.
Причините за дрското однесување на Грција се познати. Една од основите е дека доколку таа признае држава со име Македонија, ќе треба да признае и македонска нација, а оттаму и македонското малцинство во своите граници. А ако го признае малцинството, за неа се отвараат уште позагрижувачки политички проблеми. Зошто? Бидејќи од недалечното минато се знае дека во 1913 г. Грција го доби поголемиот дел од Македонија - Егејскиот. Веднаш потоа Грција се зафати да ги смени сите имиња на села, градови, планини и реки, на се што беше со македонско име, за да го грцизира во век и веков. Но уште погрозно и варварско нешто што го направи оваа така наречена демократска земја е тоа што таа на најѕверски начин уби безброј Македонци, а уште повеќе протера и ги даде нивните имоти и домови на колонисти од Мала Азија. На протераните Македонци Грција повеќе не им дозволи да ги посетат своите огништа, ниту да отидат на гробовите на своите блиски да се поклонат и запалат свеќа. Тоа е вистината.
Денес овие Македонци инсистираат Грција да им го врати татковото наследство, да им даде право слободно да се вратат и живеат во своите родни места. Да, но ако Грција го направи тоа, целата нејзина политика на итроштини со кои го лажеа, а и денес продолжуваат да го лажат светот, ќе отиде по ѓаволите. Зашто веднаш ќе се покаже вистината дека тоа староседелско население не е грчко, туку македонско, над кое во целиот овој историски период Грција врши брутален и срамен геноцид и асимилација.
Грција е должна да ги признае престапите што ги има вршено над македонскиот народ, да им се извини на Македонија и Македонците за злосторствата, и да дозволи сите протерани Македонци да се вратат во родните татковски места.
Ако Грција навистина претендира дека е цивилизирана и демократска земја, особено по се што му има направено на македонскиот народ во Егејскиот дел на Македонија, таа треба без колебање да го признае уставното име на Р. Македонија, како и македонското малцинство на своја територија. Таа нема да го направи тоа од многу причини. А на нејзините претензии дека античките Македонци биле Грци ќе одговориме со само еден факт – Херонеја, 338 г. пр. н. е.
Но, тоа прашање да им го оставиме на историчарите, кои во иднина на цивилизиран и објективен начин преку факти и аргументи ќе ги решат овие натежнати од минатото прашања. Денес, ние Македонците и сите останати наши соседи сме должни да преземеме иницијативи, со кои разумно и одговорно на нашите народи ќе им го зацртаме патот на иднината, да создадеме политички услови за соживот, пријателство и добрососедство кои ќе оневозможат тркалото на времето да биде вратено назад. Ако го направиме тоа, значи го имаме исполнето својот долг кон идните генерации.
ВТОРО ИЗДАНИЕ НА “ФИЛЕТИЗЪМ ИЛИ ПРОКЛЯТИЕ - АСПЕКТИ НА ВЕЛИКОБЪЛГАРСКИЯ ШОВИНИЗЪМ”
Отдавна изчерпаната и много търсена книга на доктор Костадин Георгиев “Филетизъм или проклятие - аспекти на великобългарския шовинизъм” предстои да се
появи на пазара. Можете да помогнете за побързото й отпечатване, като се абонирате за новото издание. Цената е 10 лв. Можете да се абонирате в секциите
на ОМО “Илинден” - ПИРИН или в редакцията на в. “Народна воля”.
Предишното издание имаше 537 страници. С излизането й от печат ще бъде прекратена поредицата, публикувана във вестник “Народна воля”.
Тиражът е ограничен, така че абонацията е най-сигурният ви шанс да получите книгата!
Телефон за информации 0898 369 050.
Нашите редовни читатели Ангел Спасов, Ангел Шапков и Ангел Андреев, живеещи в Съединените американски щати, направиха дарения на вестника от по 50
американски долара.
Редакцията на вестника благодари на спомоществователите за патриотичния жест и им пожелава здраве, щастие и дълголетие на тях и на семействата им.