Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Правото е на наша страна

МЕМОРАНДУМ ДО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ

(Од македонскиот печат)
Ристо Никовски

Факти за заднината на грчката политика кон Македонија

Македонскиот народ не може да верува дека сето ова што му се случува е дел од современиот мозаик на демократска и легалистичка Европа. Дали вие верувате во тоа? Толеранцијата е синоним за култура, но може да значи и соучесништво, како во конкретниов случај. Чистата совест не смее да биде резултат (само) на слабо паметење.

1. Во април 1993 година, при приемот на Република Македонија, беше грубо прекршена Повелбата на ООН. Иако државата целосно ги исполнуваше сите критериуми пропишани со членот 4, и’ беа додадени уште два нови услова! Тоа беше направено под силен грчки притисок. Во таа пригода беше игнориран фактот дека, во 1948 година, ГС на ООН има усвоено резолуција со која е стриктно прецизирано дека не е можно проширување на условите за прием во светската организација! Така, без преседан во функционирањето на ООН, без каква било легална основа, беше доведено во прашање историското и уставно име на РМ и и’ беше наметната бесмислената референца: поранешна југословенска република Македонија. Значи, приемот на РМ во ООН беше класичен пример на силување на правдата, законите, процедурите и на правилата од страна на силата и политиката. Како резултат на тоа, оттогаш до денес РМ трпи исклучително тешки политички, економски и социјални последици.Доминација на политиката над правдата.

2. Во првата половина на 90-тите години, за да ги постигне своите нелегитимни цели, Грција речиси две години ја блокираше границата на РМ, која истовремено беше граница на тогашната ЕЗ. Блокадата му нанесе огромни штети на стопанството на РМ, бидејќи низ пристаништето во Солун, кое нема природна алтернатива, транзитира значаен дел од извозот и увозот на земјата. Со оглед дека тоа беше спротивно на сите меѓународни норми и директно кршење на член 5 од ГАТТ (со кој се гарантираше непречен транзит на сите стоки), останатите 14 членки на ЕЗ ја дадоа Грција на Судот во Стразбур. Судот повеќе од две години не го разгледуваше случајот и не донесуваше никаква одлука, иако РМ секојдневно трпеше огромни штети. Откако беше потпишана Привремената спогодба (ПС) меѓу РМ и Грција, во 1995 година, со која беше прекината илегалната блокада, Судот го прогласи случајот за неактуелен! Тоа беше школски пример на доминација на политиката врз правдата.РМ не возврати на блокадата, иако можеше тоа да го стори: грчките возови и камиони слободно транзитираа.

3. Со Привремената спогодба (член 11), која е меѓународен правен документ, потпишан под патронат на ООН и депониран во светската организација, Грција се обврза да не го попречува интегрирањето на РМ во меѓународните организации и асоцијации во кои е таа член. Со таа обврска, Грција официјално се откажа од правото на вето, кое формално го има и во НАТО и во ЕУ. Во април 2008, на Самитот на НАТО во Букурешт, Грција не ја почитуваше својата меѓународна обврска, преземена со ПС, и го блокираше приемот на РМ во алијансата. РМ ги имаше исполнето сите критериуми потребни за членство, што беше оценка на сите членки, вклучувајќи ја и Грција.

4. Заднината на грчката политика покажува дека проблемот со името е заради фактот дека тоа го дефинира националниот идентитет на македонскиот народ. Се’ до распаѓањето на Југославија, преку нејзиниот Генерален конзулат во Скопје, Грција официјално (во своите ноти) го користеше историското и уставно име на државата (тогаш дел од југословенската федерација) - (Социјалистичка) Република Македонија. Проблемот настанува со најавата на распадот на Југославија. Грција беше загрижена дека целосно независна РМ ќе значи недвосмислена афирмација на македонскиот народ, што, порано или подоцна, ќе води до неизбежно отворање на прашањето на третманот и позицијата на целосно обесправеното македонско национално малцинство во Грција. Ова малцинство е основата на грчката политика во однос на името на РМ. Грција живее со митот дека нејзиното население е хомогено и не признава постоење на национални малцинства, кои се меѓутоа неспорни. Тоа го потврдуваат и годишните извештаи за човекови права на американскиот Државен секретаријат, и документи на Советот на Европа и...

5. Проблемот на Грција е постоењето на одделен македонски национален идентитет, сублимиран во името на државата. Со децении таа ги едуцираше сите свои генерации дека Македонци - не постојат. Затоа, цел на грчката стратегија е промена на името, заради разнебитување на идентитетот на македонскиот народ. Доколку ја нема Франција, нема ниту Французи, без Данска нема Данци... Логиката е едноставна: доколку нема изворна македонска нација, не може да стане збор ниту за македонско малцинство во Грција!

6. Врв на апсурдните грчки манипулации сврзани со името на РМ е најновото тврдење дека Грците се Македонци! Целта е повторно проѕирна: ако се тие Македонци, не може да станува збор за постоење на друга македонска нација. Таа измислица не може да ги издржи прашањата: од каде се тие Македонци? Од кога? Како станале Македонци? Дали како такви се декларирале на некој попис? На кој јазик зборуваат? Македонски? Очигледно, грчката цел не избира средства.

7. За прв пат во историјата Грција доби пристап (access) на дел од регионот Македонија во 1913 година, по Втората балканска војна, со Букурешкиот мировен договор, кога Македонија беше распарчена. Никогаш порано дел од Македонија не бил под грчка власт! Делот од Македонија и Тракија, кои Грција ги доби во Букурешт, се’ до средината на 30-тите години, во сите нејзини официјални документи се нарекуваа Новоосвоени територии (или Нова Грција). По тоа, тој регион беше наречен Северни територии и тоа име се користеше се до август 1988 година.

8. Поради многубројното македонско население што остана под Грција по 1913 година, името Македонија беше, практично - забрането за користење. Никогаш во својата историја, се’ до август 1988 година, Грција официјално не го користеше тоа име. Тогаш (кога е веќе извесно распаѓањето на Југославија), со декрет на премиерот, областа доби неформално име Македонија и Тракија, бидејќи тоа не е дел од административно-политичката поделба на земјата. Паралелно, три дистрикти се преименувани во Западна Македонија, Централна Македонија и Источна Македонија и Тракија. Тоа значи дека ВО ГРЦИЈА НЕМА ПРОВИНЦИЈА КОЈА ГО НОСИ ИМЕТО МАКЕДОНИЈА! Тоа е една од грчките многубројни манипулации, која е од сите прифатена. Но, и да има провинција со исто име, таа не може да го доведува во прашање името на суверена држава.

Правило на првенството

9. РМ го носи своето име од 1944 година, кога беше и прокламирана македонската држава. Република Македонија БЕШЕ ПРВАТА ШТО ГО КОРИСТЕШЕ ИМЕТО МАКЕДОНИЈА и според меѓународното право, дефинирано во правилото Qui prior est tempore, potior est jure, НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА Й ГО ОСПОРИ ТОА ИМЕ.

10. Цело време Грција цврсто стои на својата позиција, чија основна и единствена цел е разнебитување на македонскиот национален идентитет. Од самиот почеток, Грција жестоко инсистира во името на РМ да го нема зборот Македонија. Со изнудената Лисабонска декларација од 1992, Грција ја доби дури и поддршката од ЕЗ која, меѓутоа, брзо ја сфати апсурдноста на тоа барање и дискретно се повлече. Факт е дека РМ со целата своја територија (100 отсто) лежи во регионот Македонија. Дел од истиот регион, кој се наоѓа во Грција, претставува само 23,9 отсто од нејзината вкупна територија. И заради тоа, никој не може да и’ го оспори правото на РМ да го користи името Македонија. РМ не и’ го оспорува на Грција правото да го користи името Македонија според своите потреби и во согласност со меѓународните стандарди.

11. Врз основа на сите овие факти, сосема е јасно дека грчката пропаганда, дека тие преминале две третини од патот до компромис за името, се чиста манипулација. Тврдењата дека тоа го постигнале со „спремноста“ на РМ да и’ го „дозволат“ користењето на зборот Македонија во нејзиното име, се апсолутно неодржливи. Значи, евидентен факт е дека Грција не се помрднала ниту за милиметар од своите првични, тврдоглави и целосно неосновани барања. Останува отворено и прашањето врз основа на што Грција бара и инсистира на целосна ексклузивност во користењето на името Македонија?

Промена на тактиката

12. Кога и самата Грција се увери дека никако не може да го оспори користењето на зборот Македонија во името на северниот сосед, таа ја промени тактиката и сега настојува значењето на тој збор да се релативизира, односно да не ја симболизира македонската нација. Тактиката е променета, но целта останува: разнебитување на македонскиот национален идентитет. Дека е тоа точно зборува и реакцијата на министерката за надворешни работи Бакојани на најновата изјава (април 2008) на американскиот помошник-државен секретар Даниел Фрид, дека македонската нација и јазик не се таканаречени, како што тврдат Грците, туку реалност. Таа веднаш одговори дека такви изјави не придонесувале за решавањето на проблемот и дека тие нема да се инволвираат во такви дискусии! Зар е можно денес некој да поддржува игнорирање на еден народ?

13. За разлика од екстремната грчка непопустливост во процесот на решавање на овој наметнат проблем, РМ покажа целосна кооперативност и флексибилност, иако сите аргументи и факти беа на нејзина страна. До сега, РМ направи, во меѓународната практика, невидени отстапки: го промени својот Устав, со цел на Грција да и’ се дадат додатни гаранции а) за неповредливоста на границите и б) за не мешање во нејзините внатрешни работи, преку македонското малцинство. Интересно е дека Грција таква гаранција бараше, иако тврди дека македонско малцинство во земјата - нема! РМ го смени и знамето, чиј симбол го оспоруваше Атина. Треба да се спомене и фактот дека т.н. Бадентерова комисија, која во името на ЕЗ оценуваше кои држави од распаднатата федерација заслужуваа меѓународно признавање, одреди дека само РМ и Словенија ги исполнуваа критериумите. Комисијата на врвни правни експерти, во која беа претседателите на пет уставни судови од земјите-членки, јасно заклучи дека името на РМ не имплицира никакви територијални ревандикации.

14. Неодржлива е грчката теза дека и’ се заканува опасност од македонскиот иредентизам. Тоа е чиста измислица. Впрочем, членството на РМ во НАТО, кое токму Грција грубо го спречи, би било најдобра гаранција против такво нешто. Не само дека нема такви намери, РМ нема ниту какви било воени капацитети со кои би можела да ја доведе во опасност грчката безбедност, да не зборуваме за нејзиниот територијален интегритет. Грција има 240 илјади, а РМ осум илјади војници. Навистина, РМ има четири хеликоптери, но факт е дека, од разни причини, два од истите се речиси постојано приземјени!

15. Доколку постои некаков иредентизам, тој може да се нотира само кај грчката страна. Таму постојано се извикува дека „Македонија е Грција“. Што треба да значи тоа? Неодамна, владиката солунски изјави дека делови од РМ (Битола...) треба да се присоединат кон Грција и слично. Наспроти тоа, македонското малцинство и’ е лојално на Грција, и покрај сите неправди на кои било и е изложено од 1913 година до денес. РМ целосно го поддржува тоа. Меѓу нив нема заговорници на иредентизам, иако секаде има екстремисти.

16. Тврдењата дека РМ присвојува дел од културното наследство на Грција се само манипулација повеќе. Сите земји што биле дел од огромната империја на Александар Велики имаат еднакво право да ги користат сите симболи од тој период. Аеродромот во Скопје не може да биде исклучок, и’ се допаѓало тоа на Атина или не, иако моментот на преименување можеби не беше најсреќно одбран. Со тоа никој не е ниту може да биде загрозен бидејќи тоа не имплицира никакво право. Впрочем, никој нема ексклузивност на античката историја: таа е историско наследство на човештвото.

Добрососедството е обврска

17. И покрај сите досегашни отстапки и крајната грчка нефлексибилност, РМ е сепак спремна за барање компромис со кој ќе се надмине проблемот. Компромисот меѓутоа, во никој случај, не смее да го доведе во прашење идентитетот на македонскиот народ ниту да ја постави државата во нерамноправна положба на меѓународната сцена. На РМ НЕ МОЖЕ ДА И СЕ ЗАБРАНИ ВО БИЛАТЕРАЛАТА Й ВО МУЛТИЛАТЕРАЛАТА ДА ГО КОРИСТИ ИМЕТО МАКЕДОНИЈА, како што тоа го прават Германија, Италија, Шведска и сите други држави, со што ги симболизираат своите нации. За жал, грчката единствена цел е да го спречи токму тоа: експонирање на македонската нација. РМ смета дека е невозможно такво нешто да биде поддржано од високоценетите европратеници.

18. Со својата политика, Грција директно ја дестабилизира не само РМ туку и целиот регион. Обврската за градење на добрососедски односи не може да важи само за новите демократии, а не и за членките на НАТО и на ЕУ. Грција мора да биде лидер во регионот и пример за другите земји. РМ е целосно заинтересирана за надминување на недоразбирањата со Грција и за развој на најшироки односи и соработка со неа. РМ ја смета Грција за природен сојузник и логичен промотер на нејзините евроатлантски интегративни процеси. Досега, Грција играше крајно негативна улога во тие процеси и беше загрозувач на мирот и на стабилноста на регионот.

19. Основен столб во системите на сите западни земји е легализмот. Европскиот парламент (ЕП) треба и мора да биде симбол на највисоките демократски дострели. Пратениците и службите на ЕП, како највисок законодавен дом на Европа, треба и мора да бидат носители на борбата за доминација на правото над политиката. РМ е конкретен тест за сите.

20. Македонскиот народ не може да верува дека сето ова што му се случува е дел од современиот мозаик на демократска и легалистичка Европа. Дали вие верувате во тоа? Толеранцијата е синоним за култура, но може да значи и соучесништво, како во конкретниов случај. Чистата совест не смее да биде резултат (само) на слабо паметење.

**********

Меморандумот е наменет за Европскиот парламент кој, до крајот на месецов (април годинава - б.р.), треба да усвои извештај за нашата земја. Треба да се проследи до сите парламентарци. На подиректно инволвираните - лично да им се предаде. Со мали приспособувања, меморандумот може и треба да се користи и за сите други потреби.Со ова би можело да започне и исклучително потребната кампања за пробивање на вистината за спорот, која во светот (речиси) никој не ја знае. Пред некој ден, Дорис Пак, која е ангажирана на Балканот и (треба да) ги знае работите, во Скопје ни порача: ви го дозволуваат зборот (не името!) Македонија, што сакате повеќе?

 
 
АСАМБЛЕЯ НА ЕFА
Читај
СЪБОРЪТ В МЕЛНИК - БЕЗ ПРОБЛЕМИ
Читај
ТОЧНО ТОВА ИСКАМЕ!
Читај
МЕМОРАНДУМ ДО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ
Читај
КОЙ НА КОГО МЪТИ ВОДАТА
Читај
ИДЕОЛОГИЯТА НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Читај


ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

ВТОРО ИЗДАНИЕ НА “ФИЛЕТИЗЪМ ИЛИ ПРОКЛЯТИЕ - АСПЕКТИ НА ВЕЛИКОБЪЛГАРСКИЯ ШОВИНИЗЪМ”

Отдавна изчерпаната и много търсена книга на доктор Костадин Георгиев “Филетизъм или проклятие - аспекти на великобългарския шовинизъм” предстои да се появи на пазара. Можете да помогнете за побързото й отпечатване, като се абонирате за новото издание. Цената е 10 лв. Можете да се абонирате в секциите на ОМО “Илинден” - ПИРИН или в редакцията на в. “Народна воля”.
Предишното издание имаше 537 страници. С излизането й от печат ще бъде прекратена поредицата, публикувана във вестник “Народна воля”.
Тиражът е ограничен, така че абонацията е най-сигурният ви шанс да получите книгата!
Телефон за информации 0898 369 050.
ФИЛЕТИЗЪМ ИЛИ ПРОКЛЯТИЕ


Дарение
 
БЛАГОДАРНОСТ!

Нашите редовни читатели Ангел Спасов, Ангел Шапков и Ангел Андреев, живеещи в Съединените американски щати, направиха дарения на вестника от по 50 американски долара.
Редакцията на вестника благодари на спомоществователите за патриотичния жест и им пожелава здраве, щастие и дълголетие на тях и на семействата им.

Македонија пее
 
А БРЕ МАКЕДОНЧЕ
А бре Македонче
каде се спремаш?
Борба те чека,
борба за слобода!
за Македонија,
за Македонија
земја поробена!
Моми накитени,
момци наредени
во борба влаaаат,
в борба за слобода.
Нека разберат
крвави фашисти
македонско име
нема да заaине!

ТУЃИНО ЈАБАНО
Фолк хит 1993 г. Текст: Мате Грујовски
Пее: Група “Мераклии“


Сета моја младост бргу ми мина
во далечина
ама само во срце верно ја носам
мојата љубена.

Ајде сега моја мачна душо
развесели се
дека сега прв пат искрено љубам
да не излудам.

Рефрен:
Туѓино јабано
Што ми направи
од мојто прво верно либе
ти ме раздели.

Само таа знае колку ја љубам
без неа неможам
само колку ноќи бесони минав
тоа јас го знам

Ајде сега моја мачна душо
развесели се
дека сега прв пат искрено љубам
да не излудам.

Рефрен: ................
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2006-2008 Narodna Volja - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting