Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Историско признание од бугарскиот претседател

БУГАРИЈА ЈА ПРИЗНА ВИНАТА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ЕВРЕИ

(Од македонскиот печат)
Бранко Горгевски

Бугарија ја прифаќа одговорноста за погромот на Евреите од Македонија во 1943 година, кога во нацистичките концентрациони логори во смрт беа испратени повеќе од 11.000 луѓе. Овој став го соопштил бугарскиот претседател Георги Прванов при неодамнешната посета на Израел, а го пренесе влијателниот израелски весник „Харец“. Прванов е прв бугарски државен функционер кој јавно ја признава вината на неговата земја за учество во систематското уништување на Евреите во Втората светска војна, организирано од нацистичкиот режим во Германија и од нејзините сојузници. Кога оправдано се гордееме со тоа што сме го сториле за да ги спасиме Евреите, не забораваме дека во исто време во Бугарија постоел и антисемитски режим и не ја намалуваме нашата одговорност за судбината на повеќе од 11.000 Евреи што беа депортирани од Тракија и од Македонија во логорите на смртта - изјавил Прванов на средбата со израелскиот претседател Шимон Перес, при посетата на Израел од 24 до 27 март годинава.Весникот „Харец“ наведува дека тие 11.000 Евреи биле жители на Тракија во Грција и на Македонија во Југославија, области припоени кон Бугарија во април 1941 година. Во текстот под наслов „Бугарија ја прифати вината за 11.000 жртви на холокаустот“ пишува дека нацистичка Германија му ги подарила овие територии на балканското царство како знак на благодарност за неговата соработка. „Бугарската полиција, која дејствувала под нацистички наредби, ги уапсила Евреите во анектираните територии и ги депортирала во Треблинка во 1943 година. Во исто време, Бугарската црква и политичките лидери спасиле 48.000 Евреи што живееле во Бугарија, иако нацистите побарале и тие да бидат депортирани. Царот Борис Трети се согласил со барањата на нацистите, но бил изложен на притисок од јавните личности и не ги спровел. По падот на комунистичкиот режим во 90-тите години на минатиот век, бугарските лидери што го посетиле Израел одбивале да ја преземат одговорноста на злосторствата. Прванов, член на Социјалистичката партија, е првиот што го стори тоа“, пишува „Харец“.Виктор Мизрахи, поранешен претседател на Еврејската заедница во Македонија, вчера го поздрави прифаќањето на одговорноста од страна на бугарскиот претседател.- За првпат бугарски државен функционер го признава тоа што го направиле бугарските фашистички сили. Тој докажува дека е модерен државник кој не се плаши да ја искаже историската вистина. Дали ова ќе значи дека Бугарија ќе оддаде почит пред скопскиот Монопол, каде што бил собирниот центар од кој биле транспортирани Евреите, или дека ќе биде повлечена одлуката на бугарскиот Врховен суд од 1996 година за рехабилитација на директните виновници за холокаустот - тогашниот бугарски премиер Богдан Филов, министерот за внатрешни работи Габровски и уште 40 други злосторници осудени во 1945 година - вели Мизрахи.Тој верува дека сево ова ќе помогне во постапката во која Еврејската заедница од Македонија побарува од Бугарија околу 16,5 милиони долари отштета за имотот што бугарските фашисти го заплениле од Евреите.

 
 
АСАМБЛЕЯ НА ЕFА
Читај
СЪБОРЪТ В МЕЛНИК - БЕЗ ПРОБЛЕМИ
Читај
ТОЧНО ТОВА ИСКАМЕ!
Читај
МЕМОРАНДУМ ДО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ
Читај
КОЙ НА КОГО МЪТИ ВОДАТА
Читај
ИДЕОЛОГИЯТА НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Читај


ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

ВТОРО ИЗДАНИЕ НА “ФИЛЕТИЗЪМ ИЛИ ПРОКЛЯТИЕ - АСПЕКТИ НА ВЕЛИКОБЪЛГАРСКИЯ ШОВИНИЗЪМ”

Отдавна изчерпаната и много търсена книга на доктор Костадин Георгиев “Филетизъм или проклятие - аспекти на великобългарския шовинизъм” предстои да се появи на пазара. Можете да помогнете за побързото й отпечатване, като се абонирате за новото издание. Цената е 10 лв. Можете да се абонирате в секциите на ОМО “Илинден” - ПИРИН или в редакцията на в. “Народна воля”.
Предишното издание имаше 537 страници. С излизането й от печат ще бъде прекратена поредицата, публикувана във вестник “Народна воля”.
Тиражът е ограничен, така че абонацията е най-сигурният ви шанс да получите книгата!
Телефон за информации 0898 369 050.
ФИЛЕТИЗЪМ ИЛИ ПРОКЛЯТИЕ


Дарение
 
БЛАГОДАРНОСТ!

Нашите редовни читатели Ангел Спасов, Ангел Шапков и Ангел Андреев, живеещи в Съединените американски щати, направиха дарения на вестника от по 50 американски долара.
Редакцията на вестника благодари на спомоществователите за патриотичния жест и им пожелава здраве, щастие и дълголетие на тях и на семействата им.

Македонија пее
 
А БРЕ МАКЕДОНЧЕ
А бре Македонче
каде се спремаш?
Борба те чека,
борба за слобода!
за Македонија,
за Македонија
земја поробена!
Моми накитени,
момци наредени
во борба влаaаат,
в борба за слобода.
Нека разберат
крвави фашисти
македонско име
нема да заaине!

ТУЃИНО ЈАБАНО
Фолк хит 1993 г. Текст: Мате Грујовски
Пее: Група “Мераклии“


Сета моја младост бргу ми мина
во далечина
ама само во срце верно ја носам
мојата љубена.

Ајде сега моја мачна душо
развесели се
дека сега прв пат искрено љубам
да не излудам.

Рефрен:
Туѓино јабано
Што ми направи
од мојто прво верно либе
ти ме раздели.

Само таа знае колку ја љубам
без неа неможам
само колку ноќи бесони минав
тоа јас го знам

Ајде сега моја мачна душо
развесели се
дека сега прв пат искрено љубам
да не излудам.

Рефрен: ................
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2006-2008 Narodna Volja - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting