Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Најголем непријател на Македонија и Македонскиот народ

СОВРЕМЕНИОТ ВРХОВИЗАМ ТРЕБА ДА СЕ КРИТИКУВА

Климент Дејановски

Со цел лично да го испита ставот на ВМК, Гоце Делчев решил да се состане со генерал Даниел Николаев. Диалогот воден со генерал Николаев ни открива две веќе изградени спротивни стратегии и идеологии по прашањето за Македонија. Откако Гоце ги искажал целите и потребите на ВМОРО, генералот одговорил: „Вашите планови не можам да ги прифатам, ниту пак сакам да ги слушам. Каква е вашата организација во Македонија? Револуционерна? Внатрешна? Македонска? Глупости! Има само една организација - тоа е Врховниот комитет... Преку вашата организација ќе ги плашиме политичарите во Бугарија и дипломатите во туѓина. А што се однесува до вашата работа внатре во Македонија ние ќе ви кажуваме кога, каде и што ќе правите. Освен тоа кога треба да се дигне востание, ќе решиме ние“.
Одговорот на Делчев бил спонтан, но категоричен. „Тоа нема да биде господин генерале... ние не сме согласни со тоа што го мислите за Македонија. Ние не можем да правиме политика со Македонија. Нашата борба, тоа е за нас живот или смрт. Кога да се дигне востание ќе реши народот. Нема да оставиме да командувате оттука за да не вовлеќете, како што се обидовте лани, во игра на востание... ние не бараме покровители, а уште помалку господари“.
Гледајќи ја огромната опасност за Македонија и ВМОРО која доаѓала од врховистичката политика на инфилтрирање, дигање „востанија“, провокации и растројство на Организацијата, Ѓорче Петров јасно и гласно извикува: „Да посегнеш на ВМОРО однадвор, најмалку значи да го погазиш споменот на илјади македонски жртви... Такво посегнување е возможно само кај душевно болни типови или кај луѓе во чии души се кријат змии место идеали. Кај таквите луѓе од Врховниот комитет не достига не само морал туку и душа, Бог и вера“.
Општо земено, настојувањата на ВМК да го преземе раководството на ВМОРО, до Солунската провала во јануари 1901 година и паѓането во затвор ЦК, не успееле. По апсењето на ЦК, ситуацијата значително се изменила... Г. Делчев и Ѓ. Петров, кои, не само што ја репрезентирале ВМОРО туку и ја раководеле, во тие моменти ги зеле во свои раце функциите на уапсениот ЦК во Солун.
Треба да го истакнеме фактот дека речиси сите врховистички мисионери кои со помошта на оружијето ја ширеле и наметнувале врховистичката (големобугарската) идеологија во револуционерна Македонија биле морално декласирани елементи. Такви разбојници кои станале ударна сила на ВМК, биле: Хаљо, Стефо, Дончо Златков, Иван Пашалијата, Ангел Сугарвалијата, Васе Пеливан, Иван Карасулијата и други.
Потпирањето на ВМК врз такви морално деградирани личности го покажува моралниот лик на тој комитет.
Во периодот 1895-1912 година, Врховниот комитет, како експонент на големобугарската политика кон Македонија, со небирани средства се борел против ВМОРО, како би ја потчинил на бугарските национални интереси или во спротивно да ја дискредитира и по можност да ја ликвидира. Еве, зошто Ѓорче Петров ја дава во 1902 година следната карактеристика за бугарската политика спрема Македонија: „Денешните управници на Бугарија со своето држање по македонското прашање уште повеќе не уверуваат во жалната вистина, дека тие во своите души не се разликуваат од грчките и српските - како нив и тие гледаат на Македонија како на идно ограбување“.
Рилскиот конгрес од 1905 година ја разгледал и врховистичката пропаганда и испраќањето на врховистички чети во Македонија. Биле објаснети позициите на вистинската револуционерна борба на Внатрешната организација и нагласена самостојноста и самобитноста на македонското ослободително дело, со што му бил нанесен удар на Врховниот комитет, од кој се барало да престане со својата активност во Македонија. За жал т. нар. неоврховисти продолжиле со својата штетна дејност во Македонија.
По новонастанатата ситуација во Македонија, во јули 1908 година, бугарската влада била принудена да примени во Македонија нови организациони форми, методи и средства на врховистичка активност. До Младотурската револуција, бугарската влада своето присуство по политичкиот живот на македонскиот народ го остварувала во една насока преку десното, матовското крило на ВМРО, а во друга - со посредството на егзархиски црковно-школски, па и дипломатски апарат. Но овие бугарски политичко-пропагандни фактори се покажеле неадекватни и неефикасни во спроведувањето на бугарската државна политика при новите услови во Македонија.
Новосоздадената политичка организација т. нар. Сојуз на бугарските конституциони клубове, била создадена како изразито антимакедонска сила. Активистите на Сојузот во сите негови нијанси силно се нафрлиле врз Јане Сандански. Биле извршени и два обида за убиjството на Сандански во Солун. За жал, таков обид бил успешно извршен од агенти на бугарскиот Двор врз Јане Сандански, на 22 април 1915 година во легендарната Пирин планина.
Бугарската влада сметала дека обезбедувањето на својата економска и политичка доминација во Македонија, можело да стане само по пат на војна со која османските власници би биле изгонени од Балканот. Во месец октомври 1911 година бугарскиот министер на финансиите Теодор Теодоров, на српскиот амбасадор во Софија Милоевиќ му изјавил дека бугарија ја отфрлува идејата на ВМРО за автономија на Македонија, и дека Бугарија и Србија треба што поскоро да се разберат околу териториите на Македонија односно за тоа кој што ќе добие таму.
Претседателот на бугарското народно собрание Стојан Данев, кој сознавајќи ги целите на македонското ослободително движење отворено признавал: „Бугарија ја објави војната, зашто Македонците беа изгубени за бугарската кауза, бидејќи тргнаа по свој пат“.
Македонскиот народ активно учествувал во Првата Балканска војна и много придонесол за победата на Сојузниците над Турција. При тоа тој не се откажал од своите позиции на борбата за слободна и независна Македонија. Трагичните настани (по Втората Балканска војна) со поробувањето и поделбата на Македонија, санкционирани со Букурешкиот мировен договор од 10 август 1913 година, го предизвикале отпорот на патриотските сили на македонскиот народ, кои ја продолжиле борбата за извојување полна слобода и автономија на Македонија. Раздробен, и по Првата светска војна македонскиот народ останал да се бори против три поробувачки режими, кои со секакви средства се труделе да ја обезличат неговата национална самобитност.
Упорната и континуирана борба на македонскиот народ за своја национална и државна субјективизација, продолжи се до формирањето на посебна македонска држава во 1944 година, односно во 1991 година.
Р. Бугарија беше една од првите држави што ја призна Р. Македонија под нејзиното уставно име. За жал, како рецидив на национал-шовинистичката политика на бугарските влади од минатите децени, таа не ја признава македонската нација и македонскиот литературен јазик. И денес определени бугарски политички и научни кругови ја негираат „македонската историја и култура, како и постоењето на македонскиот народ, Бугарските власти не ги признаваат правата и слободата на Македонците во Пиринска Македонија, и во Р. Бугарија.
По создавањето на слободна и суверена македонска држава во 1991 година, бугарските демократски влади беа принудени да применат кон Македонија нови форми, методи и средства на пропагандна активност, и тоа со основна задача да ја престават Р. Македонија како „втора бугарска држава на Балканот“. Од аспектот на интересите на големобугарската национал-шовинистичка политика кон Р. Македонија, се покажало за потребно да се разформира и Сојузот на македонските културно-просветни дружества во Бугарија и создавањето на т, нар. „ВМРО-БНД“. Извршената реорганизација и промената на името не се ни најмалку случајни. Тие ги покажуваат доволно и отворено, за жал и денес, врховистичките аспирации на Р. Бугарија кон Македонија. Таа организација е добила задача да биде главниот политички фактор за раководење на сите антимакедонски активности во Р. Бугарија, а исто и во Р. Македонија. На чело на оваа врховистичка организација во 1993 г. застанал ултра-шовинистот, Красимир Каракачанов, влах од гр. Русе, агент на Државна сигурност за време на комунистичкиот режим во Бугарија, а исто така и денес. Тој е задоен со патолошка омраза кон Македонија и македонскиот народ.
Искрено се надеваме дека крајно време е владата на Р. Бугарија да му сложи крај на врховизмот во таа земја и да ги признае граѓанските и човековите права на Македонците во Пиринска Македонија, и оние што живејат во внатрешностите на Р. Бугарија. Со тоа ќе бидат создадени и благопријатни политички услови за воспоставување на пријателски добрососедски односи меѓу Р. Македонија и Р. Бугарија.
Во заклучок вредно е да го подвлечеме и фактот дека македонскиот дух во Пиринска Македонија е жив и никој не може да го уништи. Како што вели поетот, не се гаси тоа што не гасне.

 
 
АСАМБЛЕЯ НА ЕFА
Читај
СЪБОРЪТ В МЕЛНИК - БЕЗ ПРОБЛЕМИ
Читај
ТОЧНО ТОВА ИСКАМЕ!
Читај
МЕМОРАНДУМ ДО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ
Читај
КОЙ НА КОГО МЪТИ ВОДАТА
Читај
ИДЕОЛОГИЯТА НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Читај


ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

ВТОРО ИЗДАНИЕ НА “ФИЛЕТИЗЪМ ИЛИ ПРОКЛЯТИЕ - АСПЕКТИ НА ВЕЛИКОБЪЛГАРСКИЯ ШОВИНИЗЪМ”

Отдавна изчерпаната и много търсена книга на доктор Костадин Георгиев “Филетизъм или проклятие - аспекти на великобългарския шовинизъм” предстои да се появи на пазара. Можете да помогнете за побързото й отпечатване, като се абонирате за новото издание. Цената е 10 лв. Можете да се абонирате в секциите на ОМО “Илинден” - ПИРИН или в редакцията на в. “Народна воля”.
Предишното издание имаше 537 страници. С излизането й от печат ще бъде прекратена поредицата, публикувана във вестник “Народна воля”.
Тиражът е ограничен, така че абонацията е най-сигурният ви шанс да получите книгата!
Телефон за информации 0898 369 050.
ФИЛЕТИЗЪМ ИЛИ ПРОКЛЯТИЕ


Дарение
 
БЛАГОДАРНОСТ!

Нашите редовни читатели Ангел Спасов, Ангел Шапков и Ангел Андреев, живеещи в Съединените американски щати, направиха дарения на вестника от по 50 американски долара.
Редакцията на вестника благодари на спомоществователите за патриотичния жест и им пожелава здраве, щастие и дълголетие на тях и на семействата им.

Македонија пее
 
А БРЕ МАКЕДОНЧЕ
А бре Македонче
каде се спремаш?
Борба те чека,
борба за слобода!
за Македонија,
за Македонија
земја поробена!
Моми накитени,
момци наредени
во борба влаaаат,
в борба за слобода.
Нека разберат
крвави фашисти
македонско име
нема да заaине!

ТУЃИНО ЈАБАНО
Фолк хит 1993 г. Текст: Мате Грујовски
Пее: Група “Мераклии“


Сета моја младост бргу ми мина
во далечина
ама само во срце верно ја носам
мојата љубена.

Ајде сега моја мачна душо
развесели се
дека сега прв пат искрено љубам
да не излудам.

Рефрен:
Туѓино јабано
Што ми направи
од мојто прво верно либе
ти ме раздели.

Само таа знае колку ја љубам
без неа неможам
само колку ноќи бесони минав
тоа јас го знам

Ајде сега моја мачна душо
развесели се
дека сега прв пат искрено љубам
да не излудам.

Рефрен: ................
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2006-2008 Narodna Volja - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting