(По МИМ)
ИНДИЈА, eдна од највлијателните азиски држави, почнувајќи од овој месец, го користи уставното име на Република Македонија во билатералната комуникација меѓу двете земји.
За позитивното поместување на ставот на индиската Влада во поглед на употребата на уставното име на Македонија, сведочи и писмото кое на 21-ви октомври го испрати претседателката на Индија, Пратиба Девисинг Патил, со кое назначува почесен конзул на Република Индија во нашата земја. Во писмото, како и во нотата од Амбасадата на Индија во Софија, се користи уставното име на Република Македонија. |