Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Со значителна умереност од двете страни да се најде решение за името, порача Наполитано
ИТАЛИJА ОСТАНУВА ПРИJАТЕЛ НА МАКЕДОНИJА
(По МИМ)
Италија останува пријател и поддржувач на Македонија во нејзините евроатлантски интеграции, се надева на скоро либерализирање на визниот режим со ЕУ, почнување на преговорите за членство и заокружување на процесот на вклучувањето во НАТО. Македонија ја почитува поддршката на една влијателна земја како Италија, очекува продолжување на пријателските односи и особено развој на економските.
Ова се оцените на италијанскиот и на македонскиот претседател Џорџо Наполитано и Бранко Црвенковски дадени по средбата во претседателската палата Квиринале во Рим.
„Уште од самото осамостојување на Македонија сметавме дека таа треба да стане дел од евроатлантските интеграции. Мислиме дека многу брзо може да се очекува либерализација на визниот режим, посакуваме започнување на преговорите за членство во Унијата и комплетирање на вклучувањето на Македонија во НАТО“, истакна претседателот Наполитано, на чија покана македонскиот претседател престојуваше во посета на Италија.
Тој смета дека Маке-донија може да го постигне остварувањето на овие цели доколку, што е можно поскоро, го реши спорот со Грција.
“Посакуваме со значи-телна умереност од двете страни брзо да се најде решение за спорот што се’ уште постои меѓу Македонија и Грција“, додаде Наполитано. Според него, влегувањето на Македо-нија, но и на земјите од регионот во Европската унија и во НАТО, не е само нивни, туку и интерес на Унијата.
Двајцата претседатели се согласни дека односите меѓу Македонија и Италија се исклучително прија-телски.
„За Македонија односи-те со Италија се од исклу-чителна важност, бидејќи во неа гледаме голем пријател, партнер и сојузник. За Македонија од исклучителна важност и стратегиски цели се интегрирањето во ЕУ и во НАТО. Оттука за нас од големо значење е во наредниот период, како и досега, да ја имаме поддршката на Италија“, истакна македонскиот претседател, додавајќи дека таквата поддршка ја ценат не само политичките структури туку и македонските граѓани.
Претседателот Црвенковски истакна дека Италија е еден од најзначајните трговски партнери на Македонија и оти се надева дека со поголеми напори во наредниот период таквите резултати може да станат уште подобри.
„Заинтересирани сме за поголемо присуство на италијански фирми и компании и нивни инвестиции во Македонија, за што од наша страна се обезбедуваат посебно погодни услови кои се надеваме ќе бидат препознаени“, додаде Црвенковски.
Претседателот Црвенковски, во рамките на тридневната работна посета на Италија, имаше аудиенција кај папата Бенедикт Шеснаесетти, како и средба со државниот секретар на Ватикан, Тарцисио Бертоне.
НАРОДНА ВОЛЈА
Слоганот „Македонија е бугарска“ прогласен за официјална стратешка цел на Бугарија е закана по мирот
Читај
ПОЧЕТОХА ПАМЕТТА НА ВОЙВОДАТА АТАНАС ТЕШОВСКИ
Читај
Гласовете ви чуваме
Читај
Бугарија да ги изврши пресудите во корист на здруженијата на Македонците
Читај
Бугарија сака да го наметне своето видување за историјата
Читај
НИКОЛА ВАПЦАРОВ: “НИЕ СМЕ МАКЕДОНЦИ! И НАШЕТО ТВОРЧЕСТВО ТРЯБВА ДА БЪДЕ В СЛУЖБА НА МАКЕДОНСКАТА КАУЗА.”
Патриотска помош!
БЛАГОДАРНОСТ!
Во последните три години Македонска православна општина од Сиднеј, Австралија има помогнато на весник „Народна волја“ со вкупна сума од 16 500 австралиски долари. Без оваа помош единствениот македонски весник во Бугарија немаше да може да опстане и ќе требаше да прекине да излегува. За ова искажуваме најдлабока благодарност на патриотите од спомнатата црковна општина и им посакуваме многу здравје и среќа во животот и се најдобро!
Редакциски колегиум
на „Народна волја“
Глас од времето на окупацијата
МАКЕДОНСКА ПЕСНА
I.
Горо ле, горо жалосна,
Горо ле Пирин планино,
Имаш ли вода студена,
Водица да се напијам,
Ропска ми душа да оладиш,
Тагата да ми олесни!
II.
Горо ле, горо зелена,
Горо ле Пирин планино,
Имаш ли сенка ладовна,
Да седнам да се одморам,
Маките да ти прикажам,
Мои ропски маки-твои маки!
III.
Мома сум горо робинка,
Робинка мома Македонка,
Пиринска мома-егејска,
Како ме мајка родила,
Сонце не сум видела,
Ни бело, горо видело.
Ропство ми младост поцрни,
Тага ми душа помрачи,
Солза ми очи ослепи!
Туѓо ми име натуре,
Бугарско име татарско.
IV.
Горо ле пирин планино,
Горо ле мајко жалосна,
Учи ме горо разумно,
Од дома душман да истерам,
Така слобода да остварам
За мојот народ поробен.
V.
Пиринка гора зелена,
Жалосни солзи пророна,
И гласно на мома прозбори:
“девојка моја , Македонко
Девојка калеш-убава
Земи си пушка на рамо
На рамо пушка шмајзерка,
Опаши нагант револвер,
Развиј си знаме црвено,
Селанско знаме работничко
Црвено знаме вардарско,
Дојди си моме при мене,
Затруби туба борбена,
Борбена труба партизанска,
Нека се народ разбуди
Во цела земја македонска,
Борба на душман да отвори
Јуначка борба да оствари
За македонска слобода“.
РИСТЕ СПАСЕСКИ - Даскалот - Македонски
С. Тополчани 1943г.
Важно!
СООПШТЕНИЕ
На интернет можете веќе да најдете и бесплатно да користите Македонскиот толковен речник, како и Германо-македонскиот речник. Нивното објавување ги прави достапни за заинтересирани луѓе од целиот свет. Особено значаен е Толковниот речник кој во себе содржи повеќедецениски труд на македонските филолози. Можете да ги најдете и користите на следните интернет адреси.
http://www.germanski.com.mk/
http://www.makedonski.info/
Македонија пее
ЈАС СУМ МАКЕДОНЕЦ
Јас сум Македонец, чука срце македонско
животот ме понесе, во туѓина да живеам
и ти си сине Македонче во тебе тече
крв Македонска
Живеам за тебе гинам за неа за нашата Македонија. 2
Јас сум Македонец
пеам песна Македонска
од Вардаре Македонски
ти ја красиш Македонија.
Рефрен:
И ти си сине Македонче
во тебе тече крв македонска
живеам за тебе гинам за неа за нашата Македонија. 2
Јас сум Македонец
играм оро Македонско
дење ноЌе сине јас мислам
да се вратам во роден крај.
ИСПРАТИ МЕ МАЈКО НА СТАНИЦА
Далеку ќе одам јас
разделен од роден крај
како ќе ме испратиш
само твојто срце мајко знае.
Рефрен:
Не плачи, не плачи
стисни срце мајко затрај се
солзи течат нема граница
испрати ме мајко до станица.
Слушај сине мајка си
далеку да не одиш
кажи сине прозбори
кому ќе си мајка оставиш.
Две години ќе седам
назад пак ќе се вратам
ти ме роди порасна
долговите да ти исплатам.
Начална
•
За нас
•
Архив
•
За врзака
•
Линкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by:
TJ-Hosting