Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Говор на омразата во Бугарија

КРВАВОТО „КОЛЕДЕ“ РАСПАЛИ АНТИМАКЕДОНСКИ ОГАН ВО БУГАРИЈА

Христо Јовановски

Во првите месеци по победата на комунизмот во сите комунистички земји се извршени единични и масовни убијства. Комуниститие ги стрелаат своите вистински и имагинерни нерпијатели без суд и пресуда. Овој настан во Македонија е познат како „Крвавото коледе“, кога во цела Вардарска Македонија се убиени 200 души од различно потекло. „Вината“ на едни била што се спротивставувале на комунизмот, на други - дека биле соработници на различни окупатори, трети - лична одмазда. Денес во Бугарија од желба да објаснат отсуството на масовна бугарска самосвест во Република Македонија, и немањето на бугарско движење низ годините, манипулираат дека овие луѓе наводно биле убиени бидејќи се чувствувале Бугари, а нивниот број од 200 се умножува до 2 000 па дури и до 20 000.

Премиерот на Бугарија, Сергеј Станишев, не требаше да чека многу - за само помалку од еден месец му се врати медиумскиот бумеранг што го фрли во Скопје. Го удри во Софија. Не од „антибугарските“ македонски медиуми, туку од бугарските. Тие се „потсетија“ на настанот во Бугарија познат како „Крваво коледе“, односно за наводниот колеж на околу 2.000 Бугари во Македонија на почетокот на 1945 година. Текстовите во неколку медиуми беа полни со говор на омраза и антимакедонска пропаганда.

Убијства без судење
Интернет-изданието на „Пловдив 24“, известувајќи за панихидата по повод „Крвавиот Бадник“, што според бугарската историографија се случил на 7 јануари 1945 година, го цитира пратеникот Бојко Ватев. Тој, во црквата „Света Троица“ во Пловдив, за настанот изјавил:
- Зборуваме за таканаречениот „Крвав Божик“. Во Македонија ноќта по коледе по стар стил се убиени две илјади души од ВМРО. Во наредните 7-8 месеци се убиени уште 20.000 луѓе од страна на српските окупациски војски. Денес добрите Бугари во Македонија, кои се повеќе од еден милион, си спомнуваат и им оддаваат почит на жртвите. Србоманите сакаат да ги заборават.
Оваа изјава на Ватев е објавена без редакциски коментар или какво било оградување. Текстот не се повикува ниту на резултатите од последниот попис, кој може да се најде многу лесно и на интернет. За панихидата известува и „Пловдивмедиа“, кој објавува дека на „7, 8 и на 9 јануари 1945 година во Вардарска Македонија се убиени 20.000 Бугари, без никакво судење“. Во информацијата уште се додаваат и имињата на убиените. Меѓу нив се набројани и Димитар Ѓузелов, Константин Робев, Димитар Чкатров, учителката Роза Којзаклиева, Иван Коцарев и други „познати и непознати Бугари“.
- Убиена е главната интелигенција на Вардарска Македонија. Целта на српската власт беше да се уништи бугарштината во тие области. На тој трагичен ден е извршен геноцид врз бугарското население - изјави на поменот општинскиот советник Слави Георгиев.
Бугарски „Дневник“, пак, изнесува и политички детали за настанот, според кои, колежот е лично нареден од маршал Јосип Броз Тито, а списоците на луѓето што треба да бидат ликвидирани се подготвени од локалниот комунистички шеф Лазар Колишевски.
- Целта на акцијата беше да се уништи бугарското сознание во Македонија и да се наложи максимално брза србизација - пишува бугарски „Дневник“. Според весникот, повеќе од 130.000 Бугари биле иселени, прогонети, следени и испрашувани низ канцелариите на Титова Југославија.

Поинаков поглед
„Крвавото коледе“ го познава и македонската историографија, но нашите историчари и блиски на убиените велат дека бугарската историја манипулира со фактите и со националните чувства.
Професор Тодор Чепреганов, директорот на македонскиот Институт за национална историја, објаснува дека станува збор за масовните стрелања во Велес, Куманово и во Ресен, а бројот на убиени не е поголем од 200 лица.
- Но, треба да се знае дека се стрелани Македонци, а не Бугари. Истовремено, Бугарија не сака да зборува за стрелањата на Македонци во Дабница и во Ваташа извршени од бугарската држава. Ние не шириме антибугарски кампањи, туку е обратно - вели Чепреганов за „Дневник“.Доајенот на македонското новинарство, Борис Поп Ѓорчев, чиј татко е еден од стреланите без пресуда во Велес, смета дека кога македонската држава не си ги брани своите историски личности, тогаш се јавуваат душегрижници однадвор.
- За жал, македонската власт нив не ги признава - коментира Поп Ѓорчев за масовните стрелања во 1945 година.Неговиот татко, д-р Богдан Поп Ѓорчев, е еден од основачите на Македонската младинска тајна револуционерна организација со седиште во Виена, заедно со Чкатров и со Ѓузелов. Поп Ѓорчев вели дека и самото име на таа дружина македонски интелектуалци говори за нејзиниот македонски карактер. Тој истакнува дека ММТРО била против бугарската, но и против српската окупација на Македонија.
Темата за „Крвавото коледе“ не е единствената за медиумите што се обработува на начин на кој ги повредува македонските национални чувства. Медиумите, а особено блоговите, не избираат зборови ниту за навредување на македонското малцинство, особено за активностите на ОМО „Илинден“-ПИРИН, некогаш регистрирана партија, а денеска оставена да чека на регистрација по бугарските судски лавиринти. Македонски новинари што пишуваат за македонско-бугарските односи се наоѓаат и на таканаречени „црни листи“ на новинари од нашата земја кои не се пожелни во Бугарија. Македонските новинари со години имаа проблеми при известувањето од собирите на Македонците на Рожен.

Пропаганда
Станишев пред еден месец, во текот на посетата на Македонија, пред својот домаќин Никола Груевски рече дека не е задоволен од тоа како македонските медиуми известуваат за неговата држава Бугарија. Тој тогаш истакна дека Бугарија ја поддржува стабилноста и евроатлантската интеграција на Македонија, но не заборави да потсети и на важноста на добрососедските односи и улогата на медиумите, повикувајќи се на одлуката на Европскиот совет.
- Има политички сили и медиуми што имаат цел малите прашања да ги направат големи во билатералните односи. Знам дека во една демократска земја медиумите се слободни и може што сакаат да пишуваат, но понекогаш однесувањето на некои медиуми влева „отров“ во атмосферата и затоа државните институции и лидерите треба јасно да го покажуваат својот однос - изјави Станишев.
Премиерот Груевски, во однос на македонските медиуми и наводната кампања против соседни држави, рече дека Владата не поддржува никаква кампања на ниту еден медиум во однос на Бугарија. Но Бугарија нема намера да запре само на јавно жигосување на македонскиот журнализам, туку се подготвува прашањето да го постави и пред Европскиот парламент. Такви информации стигнуваат од Брисел. Од тој аспект, написите за „Крвавото коледе“ би можеле да бидат соодветен одговор на прашањето кој и со какви намери шири пропаганда против својот сосед.

Великобугарски сон
На интернет-изданието на софиски „Дневник“, во рубриката за коментари, еден од читателите посочува линк на кој може на видео да се гледа говорот на некогашниот бугарски премиер Богдан Филков. Во тој историски говор, односно од Прокламацијата за обединување од 1941 година, Филков им искажува благодарност на господата Мусолини и Хитлер што им овозможиле да ги обединат „бугарските земји од Дунав до Бело Море и од Охрид до Црно Море“.
Коментарите за текстот објавен во „Дневник“ се антимакедонски и шовинистички. Реагирале и неколку читатели-Македонци. Извесен Борјан Сариевски, на пример, пишува: „Наместо да се извините за окупацијата на Македонија за време на Втората светска војна, понатаму ја продолжувате вашата политика на национализам. Ова е последен пат да се јавам со коментар на бугарска веб-страница, едноставно сте ксенофоби спрема Македонија и не вреди ни еден збор културен со вас да се прозбори“.

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
Слоганот „Македонија е бугарска“ прогласен за официјална стратешка цел на Бугарија е закана по мирот
Читај
ПОЧЕТОХА ПАМЕТТА НА ВОЙВОДАТА АТАНАС ТЕШОВСКИ
Читај
Гласовете ви чуваме
Читај
Бугарија да ги изврши пресудите во корист на здруженијата на Македонците
Читај
Бугарија сака да го наметне своето видување за историјата
Читај


НИКОЛА ВАПЦАРОВ: “НИЕ СМЕ МАКЕДОНЦИ! И НАШЕТО ТВОРЧЕСТВО ТРЯБВА ДА БЪДЕ В СЛУЖБА НА МАКЕДОНСКАТА КАУЗА.”

Патриотска помош!

БЛАГОДАРНОСТ!

Во последните три години Македонска православна општина од Сиднеј, Австралија има помогнато на весник „Народна волја“ со вкупна сума од 16 500 австралиски долари. Без оваа помош единствениот македонски весник во Бугарија немаше да може да опстане и ќе требаше да прекине да излегува. За ова искажуваме најдлабока благодарност на патриотите од спомнатата црковна општина и им посакуваме многу здравје и среќа во животот и се најдобро!

Редакциски колегиум
на „Народна волја“

Глас од времето на окупацијата
 
МАКЕДОНСКА ПЕСНА
I.
Горо ле, горо жалосна,
Горо ле Пирин планино,
Имаш ли вода студена,
Водица да се напијам,
Ропска ми душа да оладиш,
Тагата да ми олесни!

II.
Горо ле, горо зелена,
Горо ле Пирин планино,
Имаш ли сенка ладовна,
Да седнам да се одморам,
Маките да ти прикажам,
Мои ропски маки-твои маки!

III.
Мома сум горо робинка,
Робинка мома Македонка,
Пиринска мома-егејска,
Како ме мајка родила,
Сонце не сум видела,
Ни бело, горо видело.
Ропство ми младост поцрни,
Тага ми душа помрачи,
Солза ми очи ослепи!
Туѓо ми име натуре,
Бугарско име татарско.

IV.
Горо ле пирин планино,
Горо ле мајко жалосна,
Учи ме горо разумно,
Од дома душман да истерам,
Така слобода да остварам
За мојот народ поробен.

V.
Пиринка гора зелена,
Жалосни солзи пророна,
И гласно на мома прозбори:
“девојка моја , Македонко
Девојка калеш-убава
Земи си пушка на рамо
На рамо пушка шмајзерка,
Опаши нагант револвер,
Развиј си знаме црвено,
Селанско знаме работничко
Црвено знаме вардарско,
Дојди си моме при мене,
Затруби туба борбена,
Борбена труба партизанска,
Нека се народ разбуди
Во цела земја македонска,
Борба на душман да отвори
Јуначка борба да оствари
За македонска слобода“.

РИСТЕ СПАСЕСКИ - Даскалот - Македонски
С. Тополчани 1943г.


Важно!

СООПШТЕНИЕ

На интернет можете веќе да најдете и бесплатно да користите Македонскиот толковен речник, како и Германо-македонскиот речник. Нивното објавување ги прави достапни за заинтересирани луѓе од целиот свет. Особено значаен е Толковниот речник кој во себе содржи повеќедецениски труд на македонските филолози. Можете да ги најдете и користите на следните интернет адреси.
http://www.germanski.com.mk/
http://www.makedonski.info/

Македонија пее
 
ЈАС СУМ МАКЕДОНЕЦ
Јас сум Македонец, чука срце македонско
животот ме понесе, во туѓина да живеам
и ти си сине Македонче во тебе тече
крв Македонска
Живеам за тебе гинам за неа за нашата Македонија. 2
Јас сум Македонец
пеам песна Македонска
од Вардаре Македонски
ти ја красиш Македонија.
Рефрен:
И ти си сине Македонче
во тебе тече крв македонска
живеам за тебе гинам за неа за нашата Македонија. 2
Јас сум Македонец
играм оро Македонско
дење ноЌе сине јас мислам
да се вратам во роден крај.

ИСПРАТИ МЕ МАЈКО НА СТАНИЦА
Далеку ќе одам јас
разделен од роден крај
како ќе ме испратиш
само твојто срце мајко знае.
Рефрен:
Не плачи, не плачи
стисни срце мајко затрај се
солзи течат нема граница
испрати ме мајко до станица.
Слушај сине мајка си
далеку да не одиш
кажи сине прозбори
кому ќе си мајка оставиш.
Две години ќе седам
назад пак ќе се вратам
ти ме роди порасна
долговите да ти исплатам.


Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting