Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Интервју

МАРКО ЧАЛАСАН ОСУМГОДИШЕН ГЕНИАЛЕЦ ОД РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

(Преземено од МИМ)

Марко Чаласан од Скопје има осум години и е најмладиот систем-администратор во светот. Во 2008 г. Марко стана најпопуларното дете во Македонија. Во декември го полагаше стручниот испит на Мајкрософт во Словенија што вообичаено го полагаат ИТ-инженери на 30-годишна возраст и со многу работно искуство. Марко не знае што е чатал, но затоа за еден ден ќе ви направи цеде кое само ви ги инсталира програмите кои сакате да ги имате на својот личен компјутер. Освен за виртуелниот свет, Чаласан има свое мислење и за македонската Влада, за спорот со името, за економската криза.
Марко, ти со своето компјутерско знаење стана најпопуларно дете во Македонија. Како ти пројде 2008 година?
Марко: Имав чувство дека 2008 г. многу долго траеше. Оваа година положив три испити, дел од МЦСА, т.е. сертификат за систем-администратор според лиценци на Мајкрософт. Станува збор за титула за корисник на ИТ-технологија. Досега имам положено пет испити имам земено три сертификати. Годината ми почна со првиот испит за систем-администратор. Постојано учев, не се сеќавам баш точно колку време беше тоа, ама постојано. Додека учев за систем-администратор, учев лекции и за наредниот сертификат за систем-инженер. Сега чекам да ми стигне сертификатот. Последното полагање во Словенија беше така-така, некои прашања беа лесни, некои тешки. Утнав само едно прашање, на симулациите. Премногу бев ангажиран со компјутерите и жал ми е што оваа година не си најдов симпатија.
Сега, откога стана систем-администратор, што следно ќе направиш? Дали треба уште испити да полагаш и што си посакуваш за 2009 година?
Сега ќе ги усовршувам технологиите кои досега ги полагав, имам уште 4 испита за да станам МЦСЕ (инженер), а потоа сакам да научам програмирање и да истражувам во областа на информатиката. И се така и во иднина. Надвор од компјутерите, посакувам наредната година да научам да скијам. Имам одредени информации од астрономијата, па сакам и од таму нешто да научам!
За во училиште, ќе си посакаш нешто?
Па, не! Во училиште се е досега лесно. Боза е!
Освен компјутерите, многу те интересира и астрономијата, постојано читаш литература за настанокот на светот, за вселената. Кога беше експериментот со големиот акцелератор, си станал во четири утрото за да ги следиш подготовките на интернет. Мислиш дека има опасност за светот од експериментот како што најавуваат научниците?
Нема никаква опасност затоа што се работи за црна дупка која би можела да биде со пречник од неколку километри, од 5-6 километри, а има и други по-мали, но практи-чно се еднакви на нула, што зна-чи светот не загрозен. Експе-риментот беше всушност симу-лација на биг-бенгот за тоа ка-ко настанал све-тот. Биг-бенгот е една голема екс-плозија од која настанало се што постои. Прво немало ништо, а пота материјата станувала се погуста и погуста и тоа околу една централна точка, која кога експлодирала, настанала вселената. Тогаш настанале планетите и Сонцето. Нашата планета и Сонцето се еднакво стари и тоа од експлозија на една огромна Супернова ѕвезда. Инаку, кога ќе дојде до крајот на светот, најдобри услови за живот на луѓето може да се најдат на еден сателит на Јупитер. Тоа е сателитот Европа, бидејќи на него има вода во состојба на мраз. Па, кога ќе се зголеми двојно сонцето, цел тој мраз ќе се стопи и ќе се добие вода. Ова ќе се случи кога ќе се потрошат сите атоми на хелиум и водород и Сонцето нема да биде бело, туку црвено и ќе се зголеми. Ќе ги проголта првите планети, Земјата ќе остане без атмосфера и ќе биде планета најблиска до Сонцето. Ова ќе се случи за 5.000 милиони години.
Ти имаш свое мислење за многу работи. Што мислиш за однесувањето на нашите политичари? Од 1 до 5, која оценка ја заслужува Владата за својата работа? Што ќе им порачаш, како да се однесуваат во Новата година?
Па и баш немам време да ги гледам, всушност и не ги разбирам што зборуваат. За тоа време јас учам и вежбам на компјутерите, така што политиката многу малку ме интересира. Владата на РМ, според мене, заслужува оценка 5 бидејќи почнува да се грижи за добрите работи во Македонија, а се надевам дека така ќе биде и натаму, а најмногу ми се допаѓа компјутеризацијата во нашите училишта и бесплатниот интернет.
Од тоа што сум го гледал и што го знам, можам да им препорачам да бидат повесели, да користат компјутери и да прават добри работи. А, да! И да си инсталираат добри антивирусни програми на нивните компјутери за да не може некој вирус да им пристапи без нивно знаење.
Ти самиот си компјутерџија. Што мислиш за проектот на Министерството за образование за тоа секој ученик да има компјутер и дали тоа ќе им помогне на учениците полесно да ги научат лекциите?
Тој проект е добар. Јас уште од многу мал сакав и замислував дека во училиштата има компјутери и малку се разочарав кога отидов во забавиште, а таму немаше компјутери, но сега е подобро и се надевам дека децата повеќе ќе се интересираат за информатиката и дека тоа многу ќе им помогне во животот, бидејќи тоа за мене е на прво место. Кога би можел, на сите луѓе дома би им ставил компјутери и интернет и би одел кај секого дома да го учам да работи на компјутер, да знае како да го користи, да го заштити и да го наоѓа она што му е потребно. Со еден збор -да го користи вистински.
А, што мислиш за спорот што нашата држава го има со Грција за името? Што ќе им порачаш за овој проблем на политичарите? Имаш решение?
Па што можам да мислам, ќе кажам исто како и на новинарите во Словенија кога полагав испит: ние се викаме Македонија и така треба да се викаме, не може Грција да ни каже како да се викаме. Тоа е како некој комшија да дојде кај мене дома и да ми рече дека не му се допаѓа моето име и јас поради него да не се викам Марко. Најубаво е да ја игнорираме Грција.
Дали Македонија ќе ги исполни условите за Европска Унија и што ќе им донесе тоа на македонските граѓани?
Мислам дека ние имаме услови и не сме ништо полоши од другите земји. И кај нас има многу добри и паметни луѓе кои имаат направено и кажано добри работи, само што, според мене, треба малку почисти да бидат градовите. Само тоа е разликата. А за тоа што ќе ни донесе, не сум многу сигурен, само знам дека полесно ќе ги минуваме границите за разлика од сега.
Што мислиш, каква ќе биде 2009 година? Дали ќе продолжи економската криза и што треба да направат претседателите на големите држави?
За тоа дали ќе има криза или не, се уште не сум ја разгледувал таа тема, но ако има, тогаш треба сите тие да седнат и да си разговараат и да најдат решение. Затоа и се претседатели, а не компјутерџии.
Што мислиш, зошто има војни во светот?
Па, мислам дека кога светот би го воделе деца, никогаш не би имало војни во светот и нема да има граници и никакви проблеми. Големите се многу комплицирани.

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
Слоганот „Македонија е бугарска“ прогласен за официјална стратешка цел на Бугарија е закана по мирот
Читај
ПОЧЕТОХА ПАМЕТТА НА ВОЙВОДАТА АТАНАС ТЕШОВСКИ
Читај
Гласовете ви чуваме
Читај
Бугарија да ги изврши пресудите во корист на здруженијата на Македонците
Читај
Бугарија сака да го наметне своето видување за историјата
Читај


НИКОЛА ВАПЦАРОВ: “НИЕ СМЕ МАКЕДОНЦИ! И НАШЕТО ТВОРЧЕСТВО ТРЯБВА ДА БЪДЕ В СЛУЖБА НА МАКЕДОНСКАТА КАУЗА.”

Патриотска помош!

БЛАГОДАРНОСТ!

Во последните три години Македонска православна општина од Сиднеј, Австралија има помогнато на весник „Народна волја“ со вкупна сума од 16 500 австралиски долари. Без оваа помош единствениот македонски весник во Бугарија немаше да може да опстане и ќе требаше да прекине да излегува. За ова искажуваме најдлабока благодарност на патриотите од спомнатата црковна општина и им посакуваме многу здравје и среќа во животот и се најдобро!

Редакциски колегиум
на „Народна волја“

Глас од времето на окупацијата
 
МАКЕДОНСКА ПЕСНА
I.
Горо ле, горо жалосна,
Горо ле Пирин планино,
Имаш ли вода студена,
Водица да се напијам,
Ропска ми душа да оладиш,
Тагата да ми олесни!

II.
Горо ле, горо зелена,
Горо ле Пирин планино,
Имаш ли сенка ладовна,
Да седнам да се одморам,
Маките да ти прикажам,
Мои ропски маки-твои маки!

III.
Мома сум горо робинка,
Робинка мома Македонка,
Пиринска мома-егејска,
Како ме мајка родила,
Сонце не сум видела,
Ни бело, горо видело.
Ропство ми младост поцрни,
Тага ми душа помрачи,
Солза ми очи ослепи!
Туѓо ми име натуре,
Бугарско име татарско.

IV.
Горо ле пирин планино,
Горо ле мајко жалосна,
Учи ме горо разумно,
Од дома душман да истерам,
Така слобода да остварам
За мојот народ поробен.

V.
Пиринка гора зелена,
Жалосни солзи пророна,
И гласно на мома прозбори:
“девојка моја , Македонко
Девојка калеш-убава
Земи си пушка на рамо
На рамо пушка шмајзерка,
Опаши нагант револвер,
Развиј си знаме црвено,
Селанско знаме работничко
Црвено знаме вардарско,
Дојди си моме при мене,
Затруби туба борбена,
Борбена труба партизанска,
Нека се народ разбуди
Во цела земја македонска,
Борба на душман да отвори
Јуначка борба да оствари
За македонска слобода“.

РИСТЕ СПАСЕСКИ - Даскалот - Македонски
С. Тополчани 1943г.


Важно!

СООПШТЕНИЕ

На интернет можете веќе да најдете и бесплатно да користите Македонскиот толковен речник, како и Германо-македонскиот речник. Нивното објавување ги прави достапни за заинтересирани луѓе од целиот свет. Особено значаен е Толковниот речник кој во себе содржи повеќедецениски труд на македонските филолози. Можете да ги најдете и користите на следните интернет адреси.
http://www.germanski.com.mk/
http://www.makedonski.info/

Македонија пее
 
ЈАС СУМ МАКЕДОНЕЦ
Јас сум Македонец, чука срце македонско
животот ме понесе, во туѓина да живеам
и ти си сине Македонче во тебе тече
крв Македонска
Живеам за тебе гинам за неа за нашата Македонија. 2
Јас сум Македонец
пеам песна Македонска
од Вардаре Македонски
ти ја красиш Македонија.
Рефрен:
И ти си сине Македонче
во тебе тече крв македонска
живеам за тебе гинам за неа за нашата Македонија. 2
Јас сум Македонец
играм оро Македонско
дење ноЌе сине јас мислам
да се вратам во роден крај.

ИСПРАТИ МЕ МАЈКО НА СТАНИЦА
Далеку ќе одам јас
разделен од роден крај
како ќе ме испратиш
само твојто срце мајко знае.
Рефрен:
Не плачи, не плачи
стисни срце мајко затрај се
солзи течат нема граница
испрати ме мајко до станица.
Слушај сине мајка си
далеку да не одиш
кажи сине прозбори
кому ќе си мајка оставиш.
Две години ќе седам
назад пак ќе се вратам
ти ме роди порасна
долговите да ти исплатам.


Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting