Извештај на ОН за Македонците во Грција

ГРЦИJА ДА ГО ПРИЗНАЕ МАКЕДOНСКОТО МАЛЦИНСТВО

(По македонскиот печат)

ГРЦИЈА треба да се откаже од оспорувањето на постоењето македонско и турско малцинство на нејзина територија и да се фокусира на заштита на правата на самоопределување, слободата на изразување и на здружување на овие заедници.

Тоа се препорачува во Извештајот на независниот експерт за малцински прашања на Обединетите нации Геј МекДугал, изготвен од посетата на Грција од 8 до 16 септември 2008 година, посветена на промови-рање на имплементацијата на Декларацијата за пра-вата на човекот.
Според МекДугал, пра-вото на заштита на овие заедници како малцинства мора да биде почитувано во согласност со Декла-рацијата за малцинства и основните меѓународни договори за човекови права. Од Грција се бара и целосно да ги спроведе одлуките на Европскиот суд за човекови права особено оние со кои на здруженијата треба да им се овозможи употреба на зборовите „македонски“ и „турски“ во нивните ими-ња, како и за слободно из-разување на нивниот етнички идентитет.
Посебен дел од Извеш-тајот се однесува на мал-цинствата во регионот на Лерин. МекДугал наве-дува дека грчката Влада не признава постоење на македонско етничко малц-инство во тој дел на Грција, ниту постоење на маке-донски јазик иако кај тамошното население се забележливи лингвистички варијации различни од грчкиот јазик.
Став на официјалната грчка политика е дека митот за македонската на-ција е создаден во времето на Тито поради експан-зионистички причини кон грчкиот дел на Македонија. Владата не дозволува ника-ква употреба на македон-скиот јазик и на културни активности кои се иденти-фикуваат како македонски. Во последно време се забележува попуштање на тврдата политика што ја применуваа грчките власти кон оние што се иденти-фикуваа како етнички Ма-кедонци, но се уште посто-јат такви случаи. Луѓето во тој дел на Грција кои се идентификуваат како Ма-кедонци инсистираат да биде признаен нивниот етнички и јазичен иден-титет, стои во Извештајот.
МекДугал забележува и дека во 20-30 години од минатиот век биле мену-вани негрчките имиња на градовите, селата и плани-ните, како и семејните ими-ња на луѓето кои зборувале македонски. Старите се-мејни имиња сепак не се исчезнати и многу често денес, се наведува, луѓето ги користат паралелно со грчките имиња.
Претставници на маке-донското малцинство се жалат, стои во Извештајот, дека немаат право на здружување и политичка активност, а се жалат и на дискриминаторските грчки закони кои се однесуваат на илјадниците луѓе кои ја напуштија Грција за време на Граѓанската војна и на кои им беа одземени државјанствата и имотите. Посебно се акцентира Законот од 1982 година во кој е наведено дека „право да се вратат во Грција имаат само Грците по род кои ја напуштиле земјата за време на Граѓанската војна како политички бегалци“. Овој закон не им ги дава истите права на луѓето кои се идентификуваат како етнички Македонци. Луѓето кои се изјаснуваат како Македонци не можат ниту да ги посетат своите некогашни домови во Грција. МекДугал во Извештајот пишува и дека имала средби со луѓе кои се декларираат за Македонци и кои зборуваат македонски. Тие генерално искажувале страв јавно да го искажат својот идентитет иако признаваат дека ситуацијата е подобрена, но се уште има „мека дискриминација“.
Во Извештајот на независнот експерт се наведува дека Грција признава само муслиманско религиозно малцинство во Северна Тракија, но оти таков статус не им се признава и на другите заедници во државата, бидејќи, како што се посочува, Владата е убедена дека тврдењата за постоење на други малцинства се неосновани и политички мотивирани. Грција признава само дека мал број луѓе зборуваат словенски дијалект кој е сличен со јазикот што се зборува кај северниот сосед.
За време на престојот во Грција МекДугал посетила различни региони и разговарала со високи владини претставници и јавни службеници на национално и регионално ниво, а остварила средби и со претставници на цивилното општество, религиозни лидери, академици и претставници на заедниците. Независниот експерт ги разгледува прашањата исклучиво поврзани со домашното законодавство во однос на третманот на малцинствата и групите во земјата. Нејзиното внимание е фокусирано на степенот на кој легислативата, политиката и практиката се во согласност со обврските произлезени од меѓународните човекови права, вклучувајќи ги малцинските права кои се регулирани и со билатерални спогодби и договори.
Во Извештајот се нотира и дискриминацијата кон Ромите во Грција. Независниот експерт на ОН констатира недостиг од основни услови за домување кај ромската заедница и постоење на сегрегацијата на ромските деца во образованието. На Владата во Атина и се препорачува засилени напори за спроведување на Акциска програма за Ромите во општините кои подложни на локалните предрасуди, ги игнорираат и не ги спроведуваат.