Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Извештајот на ЕК за визната либерализација

ЗА МАКЕДОНИЈА - ОДЛИЧНА ОЦЕНКА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

(Преземено од МИМ)

Се проценува дека според оценките што ги доби земјава, две петки и две четворки, треба да следи одлука за укинување на визите за македонските граѓани. Сепак, во предвид, треба да се има фактот дека кај Европската унија, која и покрај тоа што инсистира на исполнување на критериумите, на крајот кога ја носи одлуката доминира политиката и интересите.
Од четири области во кои Македонија беше оценувана за исполнување на условите за визна либерализација, доби две петки и две четворки. Во интерниот документ од Европската комисија кој се разгледува во земјите-членки на ЕУ, земјава доби петки за безбедност на личните документи и за почитување на основните човекови права, кој ги опфаќа и мерките за антидискриминација. Со четворка беше оценета за сработеното во две области, една што се однесува на реадмисија, нелегална миграција, системот за интегрирано гранично управување, и друга што се однесува на јавниот ред и мир.
За разлика од останатите земји од западниот Балкан кои имаат оценки како единици, двојки и тројки, Македонија е земја која ги има исполнето условите и единствена има добиено високи оценки.
Познавачите на приликите толкуваат дека реално ако се оценува што е постигнато нема дилеми дека Македонија треба да добие препорака за укинување на визите. Тие потсетуваат дека и земји-членки на ЕУ се справуваат со организираниот криминал, немаат биометриски пасоши, а и за нив се услов. Затоа се укажува дека двете четворки воопшто не се пречка да се препорача одлука за укинувањ на визите.
Но, фактот дека на крај одлуката е политичка - останува. Оттука се укажува дека се можни три сценарија за визно ослободување на земјите од регионот. Првото, укинување на визите само за Македонија, второто е на “белата шенген листа” да се најде и Црна Гора, а третото, земјава да мора да ја чека и Србија.
Земјите од Европската унија најмногу стравуваат од ситуацијата во Србија. Загриженоста се јавува поради фактот што кога земјата ќе добие визна либерализација, ќе значи влегување со српскиот пасош во Унијата и на косовските Албанци, како и граѓаните на Република Српска, кои од порано се имаат изборено за правото за двојно државјанство.

Босна и Херцеговина и Албанија засега немаат никакви шанси за визна либерализација. Извештајот на Европската комисија, кој во оваа фаза не содржи предлог за укинување на визите, веќе е доставен до земјите-членки на Унијата, како и до Чешка која претседава со Унијата. Чешките претставници информираат дека консултациите меѓу членките на ЕУ се во тек. Од нивното мислење и времетраењето на консултациите ќе зависи дали Европската комисија во јуни ќе даде предлог за укинување на визите за Македонија. Одлуката за тоа дали ќе има препорака за визите можно е да следи по министерскиот совет закажан 25 мај. Според процедурата за одлучување за ваков вид на прашања по препораката на ЕК, мислење дава Европскиот парламент, а одлуката за укинување на визите се носи со квалификувано мнозинство и ја носи Европскиот совет. Македонија очекува, врз основа на своите постигнувања и оценките од ЕК, одлуката за симнување на шенгенската бариера за македонските граѓани да почне да се применува од почетокот на 2010 година.

ГРУЕВСКИ:
ОДЛИЧНО ЈА ЗАВРШИВМЕ РАБОТАТА ЗА ВИЗИТЕ

Резултатите од сите оценки, мисии од Брисел и извештајот на ЕК покажуваат дека Владата не само што ја завршила работата, туку одлично ја завршила работата и таа информација од Брисел силно не охрабрува и понатаму да продолжиме да работиме, изјави премиерот Никола Груевски, додавајќи “среќни сме што добивме една валоризација на нашиот труд од страна на Брисел и среќни сме што со тоа македонските граѓани од 1 јануари практично ќе патуваат без визи: “Премиерот посочи дека одлуката за укинување на визите многу ќе им помогне на луѓето за правење бизнис, студирање, некогаш за здравствени проблеми. Наш интерес е што побрзо граѓаните да се ослободат и да одат да споредуваат да видат кои се проблемите во другите земји, кои се предностите. Не посакуваме граѓаните да бидат затворени во гето и некој да манипулира со нив. Што повеќе излегуваат, што повеќе гледаат како се движи напредниот свет за нас е подобро, затоа што тоа ќе создава еден позитивен притисок врз надлежните за убави работи, рече Груевски.

Врати се на претходната страница   Врати се горе
 
ЖАЛКИ НАПЪНИ НА ИЗГЪРМЕЛИ ПОЛИТИЦИ
Читај
ПОД ЗНАКА НА ИЛИНДЕН И С ЖЕЛАНИЕ ДА СЕ ПРОДЪЛЖИ ДЕЛОТО
Читај
БОЖИДАР ДИМИТРОВ СЕ РАЗБОЛЯ ОТ... ИСКРЕНОСТ
Читај
ПРВАНОВ ЈА ПОСЕТИ МАКЕДОНИЈА
Читај
ПОРИВИСТИ БЪЛГАРСКИ “ПАТРИОТИ”
Читај
ПИША ЛЮБОВНИ ДУМИ, НЕ АНТИМАКЕДОНСКИ
Читај



БЛАГОДАРНОСТ!

БЪДЕТЕ ЖИВИ И ЗДРАВИ!
Нашиите редовни читатели македонците Ангел Шапков от Благоевград и Борис Петков от Кресна, живеещи и двамата в Съединените американски щати, за абонация и помощ на вестника дадоха: първият 100 американски долара, а вторият - 160 американски долара.
Редакцията на вестника изказва своята благодарност на г-та Шапков и Петков и им пожелава здраве, щастие и дълголетие на тях и на семействата им!

Македонија пее
 
ОД КАДЕ ДОЈДОВТЕ ДА НЕ ДОЈДЕТЕ

Текст: Орце Стевковски
Пее: Орце Стевковски
Од каде дојдовте да не дојдете
што ви лошо сторивме та не јадете
во ова земја убава се ви дадовме
на наши стари огништа куЌи изградивте.

И тоа не е се што ни зедовте
наши мајки, браќа и сестри во црно завивте
ја расплакавте цела Битола
ја зацрнивте Македонија.

Душмани зверови да бог да се сотрете.
Дојде време, дојде час со вас да ја решиме.
Со години се спремате пушки зедовте
на овој мирен древен народ зло нанесовте.
Вие добро знаете што направивте.
Многу брзу наше добро заборавивте
и со пушки, клети да сте, на нас тргнавте
наши мајки браќа сестри во црно завивте.
Вие добро знаете што направивте.
Ова света родна земја ја испоганивте.
Ако треба се до еден живот даваме
Македонијо земјо мила Ќе те браниме.
А смело велам нема, не се даваме
Ова земја убава ќе ја браниме.

А господ златен гледа ќе ви врати се
што на моите другари живот зедовте.

Монолог

О тешко ми е земјо мила
Тешка тага во душа се свила
Пак ми те газат душмани клети
Пак ги палат твоите села
Пак сакаат земјо да ми те делат
О проклети да се проклети но верувај мајко
Над твоите чеда што нежалат живот
да останеш цела

Слава и почит на сите
што дадоа живот за тебе, за тебе Македонијо мила.


Нови издания



КНИГИ НА САРИСА ПАРАОС

Излязоха от печат втори и трети том на “Седем хилядолетия македонски писмена” от Сариса Параос. Те са по 270 и 240 страници и съдържат становището на автора по редица исторически въпроси. Цената им е 6 и 5 лв. Можете да ги намерите в секциите на ОМО “Илинден” - ПИРИН. Телефон за информации 0898 369 050.

Поезия
 
БАЛАДА ЗА ИМЕТО
О, майко Македонийо! Готова
по черната рецепта на смъртта,
отново свръхданайската отрова
поръси твоя път към радостта. -

В затворен кръг към нищото да тичаш
без памет, без реалност, без мечти,
от себе си сама да се отричаш,
за да забравиш, че това си Ти!

Веднъж ли инквизитори те клаха
върху дръвници с вързани ръце
и в крайна сметка колкото можаха
отхапваха от твоето сърце.

Когато хоризонтът се затвори
пред твоя дух и твоята сълза,
върху лицето на... Сатрапник Втори
съвременна усмивка изпълзя. -

Илюзия е пълната победа,
когато ослепяваш врагове,
ако скръбта с презрение те гледа
и побеждава в други боеве.

Най-истински духът се побеждава,
когато загуба не ражда срам,
ако народът сам се ослепява
и коленете си превива сам!

Когато те препънат отвисоко
пред прага на затворена врата,
това е и обидно, и жестоко,
че още е могъща подлостта.

Ала макар нелепа и могъща,
ще изпищи, когато след погром
сиракът на епохата се връща
да търси гроб или ограбен дом.

Но няма кой сирака да прегърне.
И ехото донася вълчи вой
срещу копнежа в дом да се завърне
и против правото да бъде Той.

Една огромна рана се разплака
от спомени за нож или куршум,
че трябва милосърдие да чака
от непоканен фарисейски кум.

Но трудно истина с лъжи ще спори,
когато прокурор е низостта.
И раната започва да говори
с най-искрения глас на доблестта. -

Преди да чуя укор и присъда,
аз търся отговор за моя грях,
грехът, че искам винаги да бъда
това, което и до днеска бях.

Но който не го види и не чуе,
но който го върти на празен ход,
не значи ли това - да се изплюе
в душата на един голям народ?

Аз себе си сама ако препъна,
ще триумфира вятърът: - Ехей!
Какво за Бога в бездната потъна:
голям народ или голям лакей?!?

Напразно ураганите от злоба
бушуват участта си да им дам:
отвъд червената черта е гроба
и всичко губи смисъла си там.

Аз нося вековете като жажда
и като вик за слънчева съдба,
че хлябът на епохите се ражда
от черни капки пот или борба.

Надеждата е винаги голяма,
когато се роди в безкраен ад
между сърца и съвести да няма
пространство за омраза или глад.

И даже да изглежда светотатство,
което въжделения руши,
тя води неминуемото братство
на хората с разплакани души!

АЛЕКСАНДЪР МАКЕДОНСКИ


НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2006-2010 Narodna Volja - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting