Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Пропагандите не запираат
БУГАРСКИ ЛАГИ НА ИНТЕРНЕТ
(Преземено од МИМ)
Од принципиелниот почеток пред 20 години до денес интернетот е објект на постојани обиди за цензурирање од страна на тоталитарни или псевдодемократски режими и општества во светот. Бугарското МБН зазема водечко место на стремежот за бесконтролирано следење на коресподенцијата на бугарските граѓани. Само во текот на минатата година тоа презеде 330.000 текстови од интернет и од мобилните оператори за 40.000 лица, без судска разрешница. Освен со цензура и контрола на коресподенцијата, бугарските корисници се соочуваат со грубо манипулирана информација во, божем, слободната енциклопедија Википедија. Нејзината бугарска верзија тргна во декември 2003 година со објавување на широко меѓународните норми за толерантност и за неутралност на информацијата што се поднесува. Т.е. еднакви односи кон различни гледни точки за еден или друг проблем. До степен корисникот да не внесува пристрасност во составените информации. Разликата меѓу тие барања и бугарската варијанта на Википедија е како меѓукосмичка ракета и велосипед. Доволно е да „проверам“ неколку поглавја поврзани со Македонија, Македонци, македонски јазик, македонското прашање итн. Отвораме прво на Република Македонија. Во графата „население“ се претставени податоците од пописот во 2002 година за различните етнички групи. Гледаме дека бугарските редактори на Википедија малку го зголемиле бројот на Албанците. Но, ајде, во името на толерантноста да го сметам за техничка грешка. Само што на списокот се присутни и 20.993 Бугари. А, во официјалните извештаи на македонската статистика такви нема. Од каде искрснале? Се покажува дека тоа е бројот на македонските граѓани што не се изјасниле за етничката припадност. И оп - бугарските уредници си ги присвоиле. Шегобијци! За да ја прикријат лагата решаваат да се оправдаат со нова лага. Околу 20.000 македонски граѓани биле со бугарско самочувство, значи имале и бугарско државјанство. Само што според бугарскиот вицепретседател Ангел Марин (кој ги потпишува указите за државјанство) до ноември 2006 година Македонци со бугарски пасоши има 10.198. А до денес, пак, според бугарски извори - меѓу 14 и 15 илјади луѓе. Јасно е дека во 2002 година бројот им бил незначителен. Продолжувајќи да ги игнорираат меѓународните принципи во Википедија за проверка на информациите уредниците пишуваат дека повеќе од 3.500 Македонци „отворено го манифестираат своето бугарско потекло“. Но, пак си даваат автогол бидејќи така признаваат дека другите земаат бугарски пасоши само од економски причини. Националното самочувство не е поврзано со пасош. Затоа има луѓе со по две, дури и повеќе државјанства. Нецелосни и неточни информации содржи и поглавјето македонски јазик: „Тоа е официјалниот јазик во Република Македонија, но тој статус не е официјално признат од владите на Република Бугарија и на Република Грција“. Кога пишуваш за нешто што некои не го признаваат задолжително е да ги одбележиш и тие што го признаваат. Но, и во тој случај бугарските уредници место да отворат очи си ги цртале веѓите. Бидејќи напишаното индиректно означува дека Бугарија и Грција се исклучок од правилото. Ќе надополнам дека на 30 универзитетски центри во светот има лекторати по македонски јазик. Лагата во публикуваната информација е дека македонскиот јазик во Р. Македонија не е официјално признат од бугарската влада. Тоа се случи со меѓусебната Декларација меѓу Р. Македонија и Р. Бугарија од 22 март 1999 година.
За разлика од наведените случаи, каде што бугарските уредници на Википедија манипулираат со фактите, во поглавјето македонско прашање тие лажат директно и грубо. Според нив, тоа прашање било „составен дел“ од бугарското национално прашање, симболично обележување на борбите на бугарскиот народ за ослободување на Македонија... Не е чудно дека за објаснување на таквата позиција уредниците упатуваат на седум книги, од кои шест се жестоко националистички. Куриозитет тука е нешто друго “ како извор е посочена и бугарската антимакедонска агенција „Фокус“. Бугарските уредници не ја прифаќаат врската меѓу античките Македонци, Македонците во средните векови и новото време и денешните Македонци. Затоа податоците за нив ги поделуваат во три раздели. Античките Македонци ги нарекуваат Македони и пишуваат: „Со исчезнувањето на древната македонска држава брзо исчезнуваат како народ и античките Македонци, за разлика од Елините, Тракијците и илирските племиња, кои немаат потреба од определена државна поддршка за своето суштествување, што го потврдува сфаќањето за чисто етатистичкиот карактер на конгломератот заведен под поимот древномакедонска народност“. Такво идиотско тврдење не може да се поткрепи со меѓународни извори. Затоа и составувачите не посочуваат такви. Место со тоа, тие се задоволиле со статијата „Македонија и Македонците во антиката“ од еден домашен автор Калин Порожанов. Во поглавјето Македонци: во рубриката „Историски извори“ среќаваме наредени лаги: „Странските патописци што ја посетиле Македонија во 19 и во 20 век (бидејќи не се вклучени и тие пред 19 век? - заб. на ав.) тврдат дека „населението се состои, во основа, од Бугари, како и од Грци, Евреи, Романци (Аромани) и од Турци, и не може да се сретне ниту еден македонски христијанин, кој не е Србин, Бугарин, Грк или Романец“. Уредниците пропуштиле да посочат чиј е авторот на тој бисер на глупоста, што ја поставиле во наводници. За сметка на тоа во рубриката „Извори“, со исклучок на двајцата англиски автори, се посочени само бугарски. А во „Надворешни пратки“ т. е. дополнителни извори “ брошурата на Божидар Димитров „Десетте лаги на македонизмот“ и плус уште една „ Македонците како етничка група“. Ако тоа не е манипулација, кажи му на здравје! Барем од кумова срамота да ги имаа вклучено патописите на русинот Иван Јастребов, на Англичанецот Брејфорд, на црногорскиот етнограф Јован Липовац, на Англичанецот Џемс Минчин, на австрискиот географ Антон Лукас итн. сите од разгледуваниот период. Сите тие ја отфрлаат тезата за бугарскиот карактер на Македонија. Jасно е дека уредниците се ограничиле до 19 и до 20 век бидејќи тогаш пропагандата на великобугаризмот во Македонија е најсилна.
Разделот Македонци изобилува со недоумици и ја разоткрива умствената беспатица на составувачите. Посветете внимание какви „категории Македонци“ се претставени: Македонци по град (а по село?), македонски Албанци, македонцки Бугари, македонцки Власи, македонцки Евреи, македонцки Турци, србомани (Зошто не македонски Срби), Помаци, егејски Македонци, деца-бегалци (зошто како одделна категорија, нели се дел од егејските Македонци?), Македонци по националност, рани македонисти, љуѓе од Благоевград (?). Личната категорија „Македонци по националност“ означува дека Македонците, Албанци, Власи, Турци, итн. не се дел од македонската националност. И „Македонците по град“ ли не се дел од неа? А, какви се тие „рани македонисти“? Традиционалните лаги на бугарските уредници на Википедија продолжуваат и во категоријата „Македонци по националност“.
Да видиме како се претставени интелектуалците од македонското малцинство во Бугарија. Основачот на весникот на Македонците „Народна волја“ Александар Христов е наречен „бугарско-македонски новинар“. Истата определба редакторите ја користат и за неговиот брат Георги Христов “ сегашен главен уредник на весникот. А како ви звучи изреченото: „ Проф. д-р Георги Радулов е бугарски публицист...“ Значи не го признаваат за научник, а истовремено му наметнуваат бугарштина. Како дополнување одбележуваат дека е автор на три книги „напишани од позициите на македонизмот“. За лидерот на „Виножито“ Павлос Воскопулос се одбележува дека е „грчки политичар“, а неговата партија се бори за заштита на правата на т.н. „македонско малцинство“ во Егејска Македонија. Забележете дека станува збор за живи луѓе, кои непрестано го декларираат своето македонско самочувство. И кога кои во краен случај се вклучени во категоријата „Македонци по националност“. Какви Бугари, какви Грци? Понатаму. Михаил Сматракалев “ соборец на Вапцаров и на Антон Попов во Македонскиот литературен кружок е определен како бугарски поет, критичар и деец на БКП, што ги прифатил идеите на македонизмот. Писателот Славе Македонски е наречен бугарски писател, македонист, а Крум Монев, кој изгни во бугарски затвор - бугарски револуционер, подоцна македонист. Покуриозно се окарактеризирани претставниците на македонското малцинство во Албанија Стерју Спасе и неговиот син Илионден Спасе. Првиот бил „албански писател од бугарско потекло“, а вториот „албански писател со македонско национално сознание“. Бесмислиците ги засегаат Македонците и во самата Р. Македонија. Познатиот литературен критичар Димитар Митрев е наречен бугарски и југословенски писател, македонист. А коректна определба е: македонски писател со придонес и во бугарската литература. И од кај на кај “ југословенски? Очигледно фантазиите на бугарските уредници се неискоренливи. Бидејќи се уште активниот македонски претседател Бранко Црвенковски е наречен македонски политичар, а неговиот претходник Киро Глигоров е означен само како политичар од Р. Македонија.
Во бугарската варијанта на Википедија се вклучени уште две категории: „рани македонисти“ и „доцни македонисти“. Името „македонист“ за секој нормален човек во светот означува проучувач на Македонија. Така како што тие што ја проучуваат Русија се русисти, тие што ја проучуваат Бугарија “ бугаристи итн. Бугарските националисти значи се повикуваат на сопствени поими. Според нивните трактати античките Македонци се „Македони“. Македонците во 19 век “ „македонски Бугари“, а Македонците во 20 и во 21 век “ „македонисти“. Бугарската каша најдобро се гледа во разделот македонизам: „Македонизмот произлегува и е соодветно продолжение на великосрпската доктрина, последица од окупацијата на Вардарска Македонија во 1912 година...“ тврдат уредниците. Неколку реда подолу читаме: „Македонизацијата е последица од политиката на Југославија, СССР и донекаде на БКП и е вдахновена од појавата на македонската идеологија во 19 век“. Само кандидати за лудница можат да тврдат дека македонизмот произлегува од великосрпската доктрина. Ако беше така, таа немаше да е великосрпска. А бидејќи постои од 19 век не може да биде последица од окупацијата во 1912 година. Простатилаци од таков вид содржи речиси секој исказ во бугарската Википедија. Затоа до нејзиното име треба да соти предупредувачки натпис: Внимание. Опасно за вашето духовно здравје!
Врати се на претходната страница
Врати се горе
СТРАСБУРГ ПОИСКА ПРИЗНАВАНЕ НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО В БЪЛГАРИЯ
Читај
САМО ЛИЧНА ЛИ Е ПОЗИЦИЯТА НА МИНИСТЪР?
Читај
САМОУБИЙСТВОТО НА ЕДИН ГРАД
Читај
УСПЕСИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА
Читај
НЕНАУЧНА ФАНТАСТИКА
Читај
ИСТИНИ ОТ МИНАЛОТО
Читај
СТАНОВИЩЕ НА ОМО “ИЛИНДЕН” - ПИРИН
Читај
БЛАГОДАРНОСТ!
БЪДЕТЕ ЖИВИ И ЗДРАВИ!
Нашиите редовни читатели македонците Ангел Шапков от Благоевград и Борис Петков от Кресна, живеещи и двамата в Съединените американски щати, за абонация и помощ на вестника дадоха: първият 100 американски долара, а вторият - 160 американски долара.
Редакцията на вестника изказва своята благодарност на г-та Шапков и Петков и им пожелава здраве, щастие и дълголетие на тях и на семействата им!
Македонија пее
ОД КАДЕ ДОЈДОВТЕ ДА НЕ ДОЈДЕТЕ
Текст: Орце Стевковски
Пее: Орце Стевковски
Од каде дојдовте да не дојдете
што ви лошо сторивме та не јадете
во ова земја убава се ви дадовме
на наши стари огништа куЌи изградивте.
И тоа не е се што ни зедовте
наши мајки, браќа и сестри во црно завивте
ја расплакавте цела Битола
ја зацрнивте Македонија.
Душмани зверови да бог да се сотрете.
Дојде време, дојде час со вас да ја решиме.
Со години се спремате пушки зедовте
на овој мирен древен народ зло нанесовте.
Вие добро знаете што направивте.
Многу брзу наше добро заборавивте
и со пушки, клети да сте, на нас тргнавте
наши мајки браќа сестри во црно завивте.
Вие добро знаете што направивте.
Ова света родна земја ја испоганивте.
Ако треба се до еден живот даваме
Македонијо земјо мила Ќе те браниме.
А смело велам нема, не се даваме
Ова земја убава ќе ја браниме.
А господ златен гледа ќе ви врати се
што на моите другари живот зедовте.
Монолог
О тешко ми е земјо мила
Тешка тага во душа се свила
Пак ми те газат душмани клети
Пак ги палат твоите села
Пак сакаат земјо да ми те делат
О проклети да се проклети но верувај мајко
Над твоите чеда што нежалат живот
да останеш цела
Слава и почит на сите
што дадоа живот за тебе, за тебе Македонијо мила.
Нови издания
КНИГИ НА САРИСА ПАРАОС
Излязоха от печат втори и трети том на “Седем хилядолетия македонски писмена” от Сариса Параос. Те са по 270 и 240 страници и съдържат становището на автора по редица исторически въпроси. Цената им е 6 и 5 лв. Можете да ги намерите в секциите на ОМО “Илинден” - ПИРИН. Телефон за информации 0898 369 050.
Поезия
БАЛАДА ЗА ИМЕТО
О, майко Македонийо! Готова
по черната рецепта на смъртта,
отново свръхданайската отрова
поръси твоя път към радостта. -
В затворен кръг към нищото да тичаш
без памет, без реалност, без мечти,
от себе си сама да се отричаш,
за да забравиш, че това си Ти!
Веднъж ли инквизитори те клаха
върху дръвници с вързани ръце
и в крайна сметка колкото можаха
отхапваха от твоето сърце.
Когато хоризонтът се затвори
пред твоя дух и твоята сълза,
върху лицето на... Сатрапник Втори
съвременна усмивка изпълзя. -
Илюзия е пълната победа,
когато ослепяваш врагове,
ако скръбта с презрение те гледа
и побеждава в други боеве.
Най-истински духът се побеждава,
когато загуба не ражда срам,
ако народът сам се ослепява
и коленете си превива сам!
Когато те препънат отвисоко
пред прага на затворена врата,
това е и обидно, и жестоко,
че още е могъща подлостта.
Ала макар нелепа и могъща,
ще изпищи, когато след погром
сиракът на епохата се връща
да търси гроб или ограбен дом.
Но няма кой сирака да прегърне.
И ехото донася вълчи вой
срещу копнежа в дом да се завърне
и против правото да бъде Той.
Една огромна рана се разплака
от спомени за нож или куршум,
че трябва милосърдие да чака
от непоканен фарисейски кум.
Но трудно истина с лъжи ще спори,
когато прокурор е низостта.
И раната започва да говори
с най-искрения глас на доблестта. -
Преди да чуя укор и присъда,
аз търся отговор за моя грях,
грехът, че искам винаги да бъда
това, което и до днеска бях.
Но който не го види и не чуе,
но който го върти на празен ход,
не значи ли това - да се изплюе
в душата на един голям народ?
Аз себе си сама ако препъна,
ще триумфира вятърът: - Ехей!
Какво за Бога в бездната потъна:
голям народ или голям лакей?!?
Напразно ураганите от злоба
бушуват участта си да им дам:
отвъд червената черта е гроба
и всичко губи смисъла си там.
Аз нося вековете като жажда
и като вик за слънчева съдба,
че хлябът на епохите се ражда
от черни капки пот или борба.
Надеждата е винаги голяма,
когато се роди в безкраен ад
между сърца и съвести да няма
пространство за омраза или глад.
И даже да изглежда светотатство,
което въжделения руши,
тя води неминуемото братство
на хората с разплакани души!
АЛЕКСАНДЪР МАКЕДОНСКИ
Начална
•
За нас
•
Архив
•
За врзака
•
Линкове
© 2006-2010 Narodna Volja - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by:
TJ-Hosting