Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
НЕКОИ ГЛАСОВИ ВО БУГАРИЈА ЗАПОЧНУВААТ ДА ЗВУЧАТ СЕ ПООПАСНО

И ПАК ЛИ ЌЕ ЧЕКОРИМЕ НАПРЕД ПО СТАРАТА РАСКОПАНА ПАТЕКА?!

ЈАН ПИРИНСКИ

Во почетокот на јули годинава во нашата земја се спроведоа избори за Народното собрание. Сега може да се направи првичен баланс што се очекуваше од нив, што реално се случи и какви се предвидувањата за иднината. Да се каже дека се случи нешто неочекувано, ќе биде претерано. Да се опишува горчината од резултатите, ќе биде нешто познато. Јасно е дека, пак залогот се стави на силната личност, но така не е за прв пат. Последен пат за месија се гласаше во 2001 година.

Во деновите пред изборите „Народна волја“ не зазеде став. Причините за тоа беа неколку: предизборната агитација во повеќето случаи се водеше некоректно, нечесно, со поглед свртен назад, а не кон идниот ден; се погневно и поопасно започнаа да звучат гласовите на врховистите, националиститие и шовинститие. И главната причина: на политичкиот заштитник на Македонците во Бугарија – Партијата за економски развој и интеграција на населението (ПИРИН) сеуште не и е вратена регистрацијата, и тоа ни остава нас, Македонците во Бугарија, надвор од политичкиот живот.
Одделно од тоа, тешко можеше да се отиде до гласачките кутии со чиста совест, кога човек имаше проблеми со изборот на кандидат. Барем 10 партии и коалиции немаа шанса дури да ги приближат сонуваните 4 %. Кај останатите 8 се наоѓаа имиња на стари и нови врховисти, националисти и шовинисти. Во скоро секоја партија и коалиција се кипреа поранешни доушници на поранешната(?) Државна безбедност.
Поради невозможниот избор, весникот „Народна волја“ реши да молчи и да даде право и слобода секој сам да ги прецени своите постапки и да се ориентира во согласност со сопствениот внатрешен глас, со својата совест.
Во денот на изборите имаше најмалку две нешта, кои ни оставија впечаток. Првото се случи во секција во благоевградското село Бело поле. Таму се имале појавено мноштво Македонци (дури и на телевизискиот екран се виде како во една кола се собраа 6 (шест) души наместо 5 (пет), колку што е максимално дозволено), дојдени да гласаат од Република Македонија. Нивниот точен број дури бил поголем од редовно запишаните избирачи во секцијата (се спомна бројката од 1500). Не беше појаснето, за кого се дојдени да гласаат овие Македонци. Стана јасно дека „изборниот туризам“ не е приоритет на само една партија...
За второто, веста дојде од Скопје. Таму во изборната секција застапник (за кого ли?) бил местен жител – Македонец со бугарска самосвест.
И без да сака, човек се прашува: што се случи со малтретирањето над Бугарите во Македонија, штом можат отворено да гласаат во туѓа држава и да учествуваат во сопствената престолнина во избори на туѓа држава, отворено изјавувајќи ја својата етничка припадност?
Овие прашања изгледа си ги имаат поставено и некои други, зашто овие вести само блеснаа како светкавици на телевизискиот екран и како светкавици ги снема од бурниот телевизиски порој во изборната недела.
Заклучоците по изборите се во разни правци. Но некои од нив се тажни:
Победничката партија (ГЕРБ) му даде можност на еден познат ренегат како Божидар Димитров да влезе во парламентот. Тој направи неуспешен обид да стане народен пратеник пред некое време преку листата на БСП. Тогаш не го огреа среќата. Сега, како прв пријател на лидерот на победничката партија, успеа да си ја оствари мечтата. Важното за нас е тоа, што тој е еден од најбесните и безочни македономрзци кој во својата злоба не ги избира ниту јазикот, ниту средствата за да ни клевети и навредува, а сега ќе грофти и од трибината на парламентот. И како врв на се стана дури министер! (Повеќе - на стр. 11)
БСП докажа, дека не е само антимакедонска, но е и ... антибугарска, штом за својата целосна политика доби таков шамар, што неговото ехо скоро нема да стивне. Тоа е мала утеха за нас, откако лидерот на комунистите (социјалистите) не толку одамна изјави дека ние не сакаме да си ја регистрираме партијата, туку сакаме само да се крева врева околу нас! Дали Станишев сега ќе каже дека БСП не сакала да ги добие изборите, туку сакала само да се крева врева околу неа?
За ДПС е во сила изреката „Куче што не знае да лае, само го втерува волкот во трлото“ или пак „Што сам ќе си направиш и цело село не може да ти го направи“.
„Атака“ докажа дека е многу опасна партија. Видете го почетокот на нејзината програма: „Партијата АТАКА е бугарска националистичка политичка организација, која обединува Бугари по потекло и самосвест. (А тоа не ја ли прави партија на етничка основа и според тоа антиуставна?! – бел. Н.В.) ... Бугарскиот национализам се разликува од другите национализми со тоа што не е шовинистички, не е агресивен спрема други народности и држави и не сака да завладее со други народи и територии освен оние што се од крај време бугарски“.
Да декларираш цврсто и јасно, дека сакаш да освојуваш земји и народи кои си ги прогласил за „од крај време бугарски“ во XXI век е безумие, кажано најмеко. Да не ги коментираме пак следните редови: „Ние сме во демографска криза, што значи опасност од исчезнување на нашата нација ... Наталитетот кај нас е малку над 70 000 лица, при што само една третина од овој прираст е од бугарско етничко потекло ... Денешната државна политика во областа на демографијата ја стимулира етнизацијата на општеството ... Државната политика денес во тој однос е симболична и не поставува критериуми кон квалитетот на одгледуваните деца ... Во практика сега бугарската држава го стимулира развојот на страшно опасни за нашата нација пороци и процеси, кои ќе доведат до распаѓање на нашиот национален идентитет, ако не се преземат итни мерки...“
Тоа не ли ви намирисува на нештото што висеше кобно над Европа во 30-те години на XX век? А не сме ги заборавиле и зборовите на лидерот на „Атака“: „Македонци – таков поим нема!“
За „Сината коалиција“, што да кажеме? Пред некое време, еден од нејзините лидери, тогашен премиер, потпиша документ, според кој Бугарија има право да се грижи за Бугарите во Македонија, а Македонија нема право да се грижи за Македонците во Бугарија. Нешто да се има сменето? (Од македонска страна во тоа време владата беше раководена од еден одвратен и смрдлив предавник, кај кого најубавото нешто е тоа што исчезна од политичкото небо и отиде таму, каде им е местото на сите предавници - на ѓубриштето на историјата. Да го заборавиме!)
А што да кажеме за ВМРО и нивните другарчиња? Засега ниту еден од ВМРО не влезе во парламентот. Но да причекаме, бидејќи некој пак се обидува да ги внесе преку задниот влез и знаеме кој е тој. За сега толку.
А во целиот предизборен период и за време на самите избори ниту еден партиски лидер, ниту еден кандидат за народен пратеник не кажа дури и збор за малцинствата, за нивната интеграција, за грижата на државата да ја сочува нивната самобитност, како што е во нормалните демократски држави. Само некаков светски непознат од исто толку светски непозната националистичка формација изјави, дека етничките Бугари се 85 % од населението на Бугарија и дека треба да се зголеми нивниот прецент. Пак добро, што не покажа патишта за создавање на етнички чиста Бугарија.

Сега, кога се освртуваме кон скоро минатите настани, се покажа дека сме биле во право да не гласаме. Едноставно додека не се промени ситуацијата во земјата во која живееме и чии граѓани сме, на која и плаќаме даноци, нашиот глас нема како да се чуе. Се слушаат си појасно и пострашно гласовите на национал-врховистите и шовинистите. И најлошото во случајот е што никој не сфаќа колку опасни се нивните мисли, намери и дела. За дел од нив ќе разбереме од трибината на Четириисет и првото народно собрание. Прашањето е: пак ли ќе чекориме напред по старата раскопана патека, која води никаде!?

Врати се на претходната страница   Врати се горе
 
С БАСНИ СРЕЩУ ИСТИНАТА, СЪС СТРАХ СРЕЩУ ПРАВОТО
Читај
НЕ, ДРУГАРЮ СЛЕДОВАТЕЛ, АЗ НЕ СЪМ БЪЛГАРИН. АЗ СЪМ МАКЕДОНЕЦ
Читај
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ ОДРЖА ПРЕДАВАЊЕ НА ПРЕСТИЖНАТА ОКСФОРДСКА УНИЈА
Читај
ИВАНОВ: АРГУМЕНТИТЕ ЗА БЛОКАДА НА МАКЕДОНИЈА НЕМААТ МЕСТО ВО ПРОЕКТОТ ЗА ОБЕДИНЕТА ЕВРОПА
Читај



П О К А Н А

Дружеството на репресираните македонци в България кани на среща всички граждани на България с македонско самосъзнание, които поради него са били репресирани по време на комунизма и след него, както и всички, които желаят да подкрепят каузата на репресираните македонци в България.
Елате да се опознаем, да обменим опит и да се организираме за защита на нашите права.
Малцина от репресираните македонци сме получили пълните си обезщетения. Правят се всевъзможни пречки от страна на властите, а мнозина не са информирани на какво имат право. Самото ни съществуване се прикрива от обществото.
Елате на събранието на репресираните македонци, което ще се състои на 22 август 2009 г. от 10.00 часа в Благоевград, на ул. “Полковник Дрангов” (старата “Тодор Ангелов”) в заведението пред двора на детската градина. Да покажем, че ни има, че не сме свели глави пред репресията и няма да замълчим пред измамата.
Заедно можем да направим много. За себе си, за паметта на близките и другарите, за каузата, за която сме страдали. Ако не се организираме, никой друг няма да се погрижи за нас!
Чакаме ви!

Македонија пее
 
АЈ ЗАСВИРЕТЕ МЛАДИ МОМЧИЊА
Ај засвирете млади момчиња,
песна весела со душа и срце,
мерак имам јас со вас да запеам,
песна убава, песна македонска.

Мерак имам јас со вас да запеам,
\ песна весела, песна мераклиска. (2)

Рефрен:
Ај со мерак ќе ти засвириме,
и со мерак ќе ти запееме,
кој што пее зло не мисли
тоа го велат и старите. (2)

Мојата песна знај се ќе победи,
среќата љубов тој во песна ќе претвори.
Среќен живот јас со песна поминав
со песна живеам, со песна ќе умрам. (2)

Рефрен: ..........................

 
АЈ, ЗАСВИРЕТЕ МИ ЧАЛГИИ
Ај, засвирете ми чалгии,
една песна мераклиска,
да се сетам на младоста,
да се врати в срце радоста.

Рефрен:
Свирете ми чалгии,
свирете ми се од срце,
празник ми е на душава,
денес плачам за младоста.

Ај, засвирете ми чалгии,
една песна како животот,
очи, солзи да наполнат,
душа моја да олеснат.

Рефрен: ..........................


КРУШЕВСКИ МАНИФЕСТ

Браќа земљаци и мили комшии!
Ние, вашите вечни комшии, пријатели и познајници от хубавото Крушево и неговите китни села, без разлика на вера, народност, пол и убежденија, не можејќи веќе да трпиме тиранијата на жедните за крф и гладните за чоечко месо муртати, шчо гледаат и нас и вас да дотерат до нош, и нас и вас да дотераат до питачки стап и нашата мила и богата земја Македонија да заприлегат на пуста пустиња, денеска дигнафне глава и решифне со пушка да се браниме от тие наши и ваши душмани и да добиеме слобода.
Вие мошне арно знајте оти ние не сне лоши и разбирате оти от мака си ја кладофне главата в торба, за да заживејме како браќа на оваја земја, ние ве имаме како сфои и сакаме до крај да останиме сфои.
Ние не дигнафне пушка протиф вас - това би било страм за нас; ние не дигнафне пушка протиф мирнио, трудољубивио и чеснио турски нарот, шчо се прерануат, како нас со крваф пот - тој јет наш брат и со него сне живејале и пак сакаме да живејме; ние не излегофне да колиме и да грабиме, да палиме и да крадиме - доста ни сет зулумите на безбројните деребеи по нашата сирота и окрвавена Македонија; ние не излегофне да порисјанчуваме и да бесчестиме вашите мјаки и сестри, жени и ќерки; требит да знајте оти вашио имот, вашио живот, вашата вера и вашата чес ни сет толку скапи, колку шчо ни сет скапи нашите. Анџак, за да си завардиме имото, живото, верата и честа, ние сне зеле пушка.
Ние не сне муртати на сфојата земја, шчо не родила, ние не сне арамии и јанкесеџии, а ревољуционери пот клетва да умриме за правото и за слободата; ние се бунтуваме протиф тиранијата и протиф ропството: ние се бориме и ќе се бориме протиф муртатите, протиф арамиите, протиф зулумќарите и јанкесеџите, протиф насилниците на нашата чес и на нашата вера и протиф тие шчо смучат нашата пот, и експлоатират нашио труд. От нас, и от нашите села да не се плашите - никому зијан не ќа сториме.
Ние не само ве имаме како сфои браќа, туку и ве жаљаме како сфои браќа, бидејќи разбираме оти и вие сте робје како нас, робје на царо и на царските бегој, ефендии и паши, робје на богатите и на силните, робје на насилниците и на зулумќарите, шчо ја запалија царшчината од четирите страни и шчо не натераа нас да дигниме глава за право, за слобода и за чоечки живот. За право, за слобода и за чоечки живот ве каниме и вас да дојдите заедно да водиме борба!
Елате, браќа мусљумани, при нас да тргниме протиф вашите и наши душмани! Елате под бајрако на “Афтономна Македонија”! Македонија јет заедничка наша мајка и викат за помош. Елате да скршиме синџирите на ропството, да се куртулиме от маки и страданија, и да пресушиме реките от крвој и солзи!
Елате при нас, браќа да си слејме душите и срцата и да се спасиме, та ние и нашата чељат и пречељат да живејат мирно, да си работат спокојно и да напредуат!...
Мили наши комшии! Како Турци, Арнаути и мусљумани, разбираме, вие се си мислите, оти царстфото јет ваше и оти вие не сте робје, шчом на царскио бајрак немат крст, а имат ѕвезда и месечина. Оти не јет така и оти грешите, вие брго ќе се сетите и ќа го разберите. Ама ако ви јет намуз да дојдите при нас и да се објавите протиф царската тиранија, ние, вашите по таткојна и по страданија браќа, немат да се докачиме и не ќа ве мразиме. Ние сами ќа се бориме и за нас и за вас, ако јет потребно, до еден ќа умриме пот бајрако за нашата и ваша слобода и за нашето и ваше право. “Слобода или смрт” јет писано на нашите чела и на нашио крваф бајрак. Ние веќе го дигнафне тој бајрак и немат враќање. Ако и вие нe имате како ваши браќа и ни сакате доброто, ако есапите пак да живејте со нас, како шчо сте живејале досега и ако сте верни и достојни синој на мајка Македонија, можите да ни поможите само со едно нешчо - а тоа јет голема помошт. да не се заортачите со душманите, да не дојдите со пушка протиф нас и да не прајте зулуми по рисјанските села!
Нека Господ Бог да благослојт светата борба за правото и слободата!
Нека сет живи борците за слободата и сите чесни и добри македонски синој!
Ура! За “Афтономна Македонија”!


(Крушевският манифест е официален документ на революционната власт на Крушевската република, написан на 6 август 1903 г. на македонски език (крушевски диалект). С това македонският език е въведен в официална употреба в тази македонска република, което ясно демонстрира истинските идеи и намерения на въстаниците. Негов автор е Никола Киров - Майски, макар някои автори да посочват за такъв Никола Карев. Манифестът е преведен на турски език и изпратен до съседните турски села. Запазен е отговор на кмета на село Алданци, в който се изразява разбиране и симпатия към мотивите на въстаниците.)


НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2017 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting