Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Кога паѓаат маските

ДВОЈНИОТ ДЕМОКРАТСКИ АРШИН

Атанас Величков

На 23 септември оваа година бугарската информативна агенција БГнјус, објави напис во кој информира дека бугарски овчар бил во грчки затвор 10 месеци поради полициска грешка. Ништо интересно на прв поглед и ништо што е поврзано со Македонија. Но тоа е така само на прв поглед. Додека еден анонимус скапува во грчки затвор, во македонски затвор престојува не кој да е а самата Спаска Митрова- гевгеличанката која наводно е осудена поради своето бугарско потекло, а фактички врз основ на прекршок во семејното право на Р. Македонија.

За Спаска грмнаа сите бугарски медиуми, се почнаа некакви кампањи како таа за медицинските сестри во Либија, па се почна и интернет војна во која Македонија е претставена како Северна Кореја на Балканот. Мојата македонска понизност прашува зошто за тоталниот анонимус Георги Јанков, никој ништо не кажува а само суво се информира. Ако младата гевгеличанка има права, такви изгледа не постојат за овчарот кој ни крив ни должен бил затворен од Грците. Има две причини поради кои има таква голема разлика во информирањето за тие два блиски по својата природа случаи.

Прво господинот Јанков е затворен од Грци, а Грците се сојузници на Бугарија во НАТО и ЕУ и таа нема интерес да се кара со својот јужен сосед поради некаков никому неинтересен човек. Никој во Бугарија не се интересира зошто и како се случила таа полициска грешка. Никој не се интересира за здраствената состојба на тој возрасен човек, за Спаска се разбира набљудуваме нешто сосема различно. Сите бугарски новинари и екстремни политичари станаа експерти по мамографија и сите преку еден се обидуваат да ја убедат бугарската јавност, како лошите Македонци затвораат болна од рак прво на едната па после и на двете гради благонадежна блгарка.

И еве ги први на антимакедонското оро превртливите Божидар Димитров и Велизар Енчев, комунисти со тапија и минато на најобични кодоши на бугарскиот репресивен апарат по времето на Тодор Живков. Енчев во својата емисија Дискусионо студио ја спореди Македонија со Северна Кореја, а Димитров во секоја своја изјава потенцираше дека во Македонија во затвор одат само Бугари. Еве денес овие двајца комунистички фосили ги нема никакви да застанат во одбрана на возрасниот селанец Јанков. Зошто?Еве ја втората причина.

Јанков не се впишува во тоталната антимакедонска кампања која тече во Бугарија. Тој не ни слушнал са креацијата на бугарските служби- РАДКО. Не е занимлив бидејЌи преку него неможе да се плука по Македонија. Во негова одбрана никој нема да пее песни пред грчката амбасада во Софија. Никој не се интересира дали тој човек не се разболел од нешто во грчкиот затвор. Се е во ред, сепак во прашање се Грци а не Македонци со промиени од србоманите мозоци.

БраЌа и сестри, уште еднаш преку тој за некого невин пример Бугарија ја докажува својата антимакедонска позиција. Се користи се само за да се фрли сенка врз образот на Македонија пред Европа и пошироко. Има само една разлика господа Европејци од Бугарија, во Македонија која според вас нема место во ЕУ, бидејЌи била како Северна Кореја, никој не собира потписи за да се запрат емисиите на малцинските јазици, во Македонија не се цртат кукасти крстови врз фасадите на синагоги, во Македонија на појави како пишман-нацисти како вашиот Бојан Расате, никој не им дава медиумска изјава. Ако поради сето тоа не сме достојни за во ЕУ е па супер, не ни треба таа ваша ЕУ.

Ве прашувам преку овој текст, господа демократи и заштитници на човековите права од Бугарија, каде ви се сега долгите јазици со кои не запирате да лаете како бесни кучиња кон Македонија. Денеска играчката е Спаска, утре кога Ќе се наиграте со неа, кој е следен на список... Можеби некој Спаско пак од Македонија, кој поради својот бугарски идентитет е казнет 50 евра поради мочање врз гробот на своите претци, продавајЌи се вам за вашите ситни пари.
Врати се на претходната страница   Врати се горе