Расказ

ГОЛЕМ ПРАЗНИК ЗА МАЛИТЕ ЛУЃЕ

Мишо Јузмески

Мито Грнчарот беше тивок и ненаметлив во исчезнувањето, и никој не го забележа неговото отсуство. И долго го немаше, и никој не го спомнуваше, с# додека еден ден не влета во нашите животи. Овој негов чин беше далеку позабележлив.
На првиот ден од пролетта, во канцеларијата на градоначалникот пристигнала некоја посебна поштенска картичка. Мито Грнчарот се јавил од голема далечина и ги поздравувал сите свои сограѓани. Точно така: сите ги поздравувал, без некаков исклучок.
ПовеЌето жители на нашиот град немаа поим кој е човекот што им испраЌа поздрави. И не почувствуваа потреба да дознаат! Штом на картичката пишувало дека поздравите се за нив, сметаа дека е редно да си ги примат. На објавениот датум, стотици граѓани се собраа пред влезот во Градската куЌа, како гладни кучиња околу месарница. Тука, со свечен израз на лицата и во најголема тишина, стрпливо чекаа да им дојде редот. Со испрчените усни и високоподигнатите носеви, сакаа да ја покажат големината на настанот, а со тоа и својата голема радост.
Картичката беше сместена меѓу црвено кадифе и дебело стакло во позлатена рамка, обесена во големата сала на Градската куЌа. Граѓаните не можеа да ја скријат својата радост од преубавата глетка. Поздравите ги читаа на глас и по неколку пати, трудејЌи се да го запомнат секој збор. Потоа со силно светнати очи итаа да им се пофалат на оние што чекаа надвор.
Така повеЌето чекачи уште невлезени ја дознаваа содржината на историската порака:
Драги мои сограѓанки, сограѓани, сограѓанчиња:
ви се јавувам од далечна земја колку да ви кажам дека станав многу голем човек. Како што гледате, ме има и на поштенските марки. Примете топли поздрави сите до еден, од прв до последен, од далечна туѓина.
Искрено ваш,
Мито Грнчарот
Оваа вест само им ги дозагреваше страстите и граѓаните одвај чекаа со свои очи да го видат поздравот. Освен што беа почестени од трогателната постапка на поранешниот сограѓанин, тие беа воодушевени и од големината на неговата личност. Им беше мило што во туѓина дотуркал толку високо.
- Штом државата му ја насликала муцката на марката, бездруго има сторено некоја голема добрина за тамошниот народ - рече некој од насобраните.
Ваквите восклици беа зачинети со копнеж по добрината на Мито Грнчарот. Многумина гласно се надеваа дека тој еден ден Ќе се врати дома и така нашиот град Ќе може да ги ужива плодовите на неговата широкоградост. Се очекуваа придобивки од неговата пожртвуваност.
По некое време низ народот се чу желба една од главните улици да го понесе името на светски познатиот Мито Грнчарот.
- Кога можат да го слават во далечни земји, редно е и ние да го почестиме на пристоен начин! - викаа најзагреаните. - Ваков човек не се раѓа секој ден: тој е првиот нашинец што е претставен на туѓоземна поштенска марка, а тоа доволно зборува за неговата големина.
Мито Грнчарот никогаш не спаѓал меѓу луѓето што лесно привлекуваат внимание. Тивок во својот од (толку многу што ни кучињата не го погледнувале кога поминувал покрај нив) исто колку и во говорот, тој немаше со што друго да го привлече туѓото внимание. Неговото избраздено чело и распуканата кожа на рацете беа единственото нешто по кое остана во спомен кај ретките познаници. Затоа никој и не сонувал дека тој би можел да го крене целиот град на нозе. И тоа само со една картичка испратена од далечна земја. Уште помалку можеше да се очекува дека градот Ќе биде поделен на две.
Оние што добро го познаваа, со сите сили се обидуваа да ги разубедат своите сограѓани од спротиставената страна.
- Зар не гледате дека на човекот не му се сите штици на број? Дури и да му се, бездруго некоја му е подолабавена и решил на стари години да прави секакви глупости. Си нарачал марка со својот лик, ја плукнал на разгледница, па сега му се радувате како самиот Господ да ви дошол дома на гости.
Гласот на разумот удираше во несоборливиот ѕид на човековата тврдоглавост. Никој не сакаше да попушти. Но, каде беше разумот, кој беше неразумниот, кога секој за себе веруваше дека е во право!?
Оправдано или не, мнозинството продолжи да го брани ликот на Мито Грнчарот:
- Како можат... Како не им е срам на луѓево вака да го озборуваат? Отишол човекот во туѓина, постигнал нешто во животот, а овие овде само го клеветат. Веднаш треба да му се подигне споменик, ако треба и сега, додека е жив!
Нашите граѓани ги заборавија своите секојдневни обврски и со денови се расправаа за Мито Грнчарот. Во секој случај, никој не разбра што понатаму се случувало со него, откако си замина од нашиот град. Никој не дозна каде точно живеел и со што всушност се занимавал. На тоа и не му посветија внимание, како да не им беше многу важно.
На крајот од летото во градот пристигна човек во напредната возраст. Годините му беа обележани со бројните брчки на челото, а огрубената кожа на рацете сведочеше за неговиот макотрпен животен пат. Ликот му беше тажен, замислен и полн со неспокој.
Човекот беше отсутен од градот долго време и веројатно сакаше да види дали нешто пропуштил, дали нешто се сменило. Затоа со денови скиташе наоколу, се загледуваше во секое дрво, а ги набљудуваше и сите куЌи со ред. Се загледуваше и во ретките минувачи, со внимателен и продорен поглед, како да бараше некое познато лице, но никој не погледнуваше кон него и не сретна ниту еден стар пријател или друг познат човек. Самотијата беше неговиот најверен придружник, а друштво му правеше и неговата сенка.
Тие денови стотици граѓани, претежно мажи, се собираа пред огромните телевизори во кафеаните. Во рацете држеа шишиња со пиво и по цел ден шумно расправаа кој Ќе биде новиот светски шампион во фудбал. Некои сметаа дека стариот шампион Ќе ја задржи титулата уште многу години, додека другите веруваа во победата на некој друг натпреварувач. Сите заедно беа презафатени со своите расправии и никој не го забележуваше присуството на тивкиот старец со разретчена коса, со бојата на снегот. Мито Грнчарот беше толку тивок и ненаметлив што никој воопшто не разбра за неговото враЌање во родниот град.