Расказ

ПИСМАТА НА БРИГИТЕ

Мишо Јузмески

Неделното утро донесе студено и влажно време. Последниот дожд добро ги имаше наводенето улиците на предградието, а мрачното небо навестуваше изобилство од нови врнежи. Како што може да се очекува во еден ваков ден, повеЌето луѓе беа решиле да останат дома. Заштитени под покривите и меѓу ѕидовите на своите домови, сите тие имаа можност да се науживаат во сопствената мрза. Овој пат го имаа и оправдувањето.
Опустените улици кај некои луѓе би можеле да побудат и пријатни чувства. Но, не и кај туѓинецот во неволја кој има потреба да сретне некого на улица. Ханс сепак реши да ги пропушти неколкуте минувачи што ги сретна тоа утро. Сметаше дека би можел самиот да се снајде дури и во најзафрлениот крај на светот, а планот на градот во неговите раце само му ја дозацврстуваше самодовербата. Затоа целосно му се препушти на своето чувство за ориентација. Дури кога сфати дека времето минува пребрзо наспроти неговиот бавен напредок, почувствува дека Ќе мора да се откаже од сопствената тврдоглавост. Тогаш реши за помош да му се обрати на единствениот минувач што му се најде на дофатот на неговиот поглед.
Минувачот како да се подисплаши од можноста да биде запрен од сосема непознат, на изглед недоспан и неуреден, млад човек.
- Јас сум само еден туѓинец, дојден за прв пат во градов, и ништо не знам! - рече минувачот без да го ислуша прашањето и побрза кон другиот крај на улицата.
Ханс мораше да се снаоѓа без туѓа помош. Сепак му успеа да ја најде. По двочасовното талкање, откако го разгледа поголемиот дел од предградието и убаво си ги наводени обувките, тој пристигна пред бараниот куЌен број. Дури тогаш сфати колку многу се изморил и почна да ја чувствува острата болка во потколениците. Но, на сето тоа и не му посвети некое посебно внимание. Поважно му беше да ја постигне својата цел за која беше дојден толку далеку во туѓ град.
Со десната рака посегна во внатрешниот џеб од палтото. Оттаму го извади истутканиот плик и почна да ја чита адресата: улица „Луј Пастер“, број 19...
Немаше никакво сомневање, беше дојден на вистинското место. За секој случај прво посака да ја разгледа куЌата. Потоа се реши да дејствува.
Електричната струја потече молњевито низ жицата по што од длабочините на куЌата се чу тивкиот ѕвон. Целиот вкочанет и со погледот вперен во вратата, Ханс чекаше таа да се отвори. Очекуваше с# некој да се појави, да го праша што бара. Тој Ќе објаснеше кој е, од каде се познава со Бригите. Најдобро Ќе беше таа да се појавеше. Така Ќе & го приредеше најголемото изненадување зашто таа не беше известена за неговото доаѓање. Постоеше веројатност таа да не го препознае на прв поглед, по толку многу време и по сите промени кај него. Во случај таа да не беше дома, оној што Ќе ја отвореше вратата Ќе знаеше да му каже нешто повеЌе за неа. Можеше да се случи да биде поканет внатре, во куЌата, да го дочека нејзиното враЌање со чаша топол чај. Во некои други околности тој најљубезно би одбил такви изливи на гостопримство. Секогаш му се чинеа претерани, но не и овој пат кога имаше потреба од такво нешто. Премногу време мина надвор на студено, беше премрзнат и изморен. Сега беше подготвен најрадосно да ги дочека и прифати сите форми на човековото гостољубие.
Чувството на несигурност го натера уште еднаш да ја провери содржината на писмото. Го имаше прочитано многу пати, но помисли дека уште едно читање не може да му наштети. Набрзо меѓу усните му проструи одвај разбирливиот шепот:
“Здраво Ханс!
Доколку некогаш минуваш низ мојот град, дојди да ме посетиш. ќе ми биде мило да те видам пак и да ти ги покажам убавините на моето родно место.
Со најтопли поздрави,
Бригите.“
Писмото не даваше повод за сомневање. Пораката беше доволно јасна, недвосмислена. Затоа не зажали што дојде. Само нетрпението и чувството на неизвесност го тераа да почувствува мала непријатност. Не знаеше што Ќе биде понатаму, што можеше да се случи, што требаше да очекува.
Во еден миг се сети дека од првото ѕвонење има минато многу време. Го чудеше тоа што никој не се јавуваше. Беше убеден дека во недела луѓето си седат дома, се одмораат, ги довршуваат заостанатите работи или се подготвуваат за обврските на следниот работен ден. Потоа помисли дека домаЌините, зафатени од дремка или во занесот на некоја домашна работа, не успеале да го чујат повикот на домашното ѕвонче. Мораше да се приближи до вратата и да заѕвони по втор пат.
Во една од собите на спратот гореше светилка. Едно време завесата се помрдна, како да беше допрена од човечка рака. Несомнено, таму се криеше некој. Кој и да беше таму, тој или таа, го виде него како стои надвор пред куЌата. Ова внесе малку повеЌе надеж кај него дека сепак некој Ќе му ја отвори вратата. Ако не друго, барем да му каже да не чека залудно на студеното време, особено кога постоеше опасност од ненадеен пороен дожд.
Првата дождовна капка падна покрај палецот од неговата десна рака, на половина пат меѓу поштенската марка и најгорниот ред од рачно испишаната адреса. Капката вода се обиде да се разлее врз површината од пликот, но ова беше само еден неуспешен обид. Водата потона во порите од хартијата, пред да успее да се измеша со мастилото. Втората капка падна на сосема спротивниот крај, во горниот лев агол од пликот. Третата и четвртата паднаа една покрај друга, во средината од пликот. По нив дојдоа многу други, вистински порој. Ситните капки дожд ги имаше толку многу што веЌе не му успеваше да ги доброи. Уплашен дека лесно би можел да остане без љубеното писмо, Ханс побрза да го скрие во длабочините на внатрешниот џеб од палтото. Таму беше посигурно.
Ханс мораше да се спасува и себеси. Дождот го тераше да побрза во намерата, од него добиваше поголема смелост. Заѕвони уште неколку пати, едно по друго, без многу чекање. Меѓу секое ѕвонење си се охрабруваше дека следниот пат неговиот повик Ќе биде чуен и на крај вратата Ќе му биде отворена.
Ништо, сосема ништо не се случи. Вратата остануваше затворена, додека светилката во собата на горниот спрат продолжуваше да свети. И тој продолжуваше да стои на дождот што немилосрдно се излеваше врз неговата глава, преку рамената, насекаде околу него.
Мораше да му сврти грб на глувиот дом. Немаше повеЌе трпение, ја изгуби сета надеж. Му остана само заморот. Зад завесата на осветлената соба остана и големата загатка.
- Зошто никој не ми отвори!? - се чудеше младиот човек додека иташе надолу по улицата.
Со рацете закопани длабоко во џебовите и најдолгиот можен чекор го бараше најкраткиот пат до првото засолниште. Со себе во мислите ја носеше и Бригите. Се чудеше каде би можела да биде таа во еден таков дождлив ден.
Бригите ги мразеше неделните утра. Тие ги најавуваа долгите денови исполнети со досада. Во недела ја фаЌаше мрзата, не & се стануваше од креветот, не знаеше како да си го исполни времето. За нејзина среЌа, овој пат студеното и врнежливо време им стави крај на сите нејзини дилеми. Реши целиот ден да го помине дома, да ги доврши започнатите работи за кои никогаш не наоѓаше сила да ги дотурка до крај.
Многу пати сожалуваше за својата брзоплетост и мораше да ја поправи грешката направена неколку месеци порано. Седна до масичката покрај прозорецот и почна во полуглас да го чита недовршеното писмо:
„Здраво Ханс!
Кога Ќе се најде некаде далеку од својот дом, подалеку од обврските на секојдневието, човек може да се почувствува претерано опуштен и во такви околности може да направи секакви глупости. Проштевај доколку со моето претходно писмо сум оставила погрешни впечатоци, или сум дала повод за некои поголеми очекувања. Нашата средба беше најобична летна авантура...“
Наеднаш Бригите се сепна. Почна самата да се прекорува на висок глас.
- Каква авантура!? Што ми е мене? Тоа беше само едно кратко дружење. Излеговме на прошетка, испивме едно шише вино, и крај. Толку. Ништо повеЌе, ништо посебно. Една сосема случајна средба со кратко дружење каква што може да се случи секој ден.
Стана од столот и зачекори кон својот кревет. Се фрли на грб и остана да лежи со очите вперени кон прозорецот во чии рамки се оцртуваше само едно парче од небесното сивило.
Цел месец се обидуваше и никако не наоѓаше сила да го доврши писмото. Сега, кога конечно ја собра потребната сила, сфати дека се плаши дека би можела да згреши при изборот на зборовите.
- Грешката беше направена уште со првото писмо. Воопшто не требаше да му пишувам, да го канам и да му давам лажни надежи. Кога веЌе се разделив од него по краткотрајното дружење, немаше никаква потреба да му се јавувам и да ги дразнам неговите чувства. ќе ме заборавеше, Ќе го заборавев, и - готова работа! Крај на сите непријатности.
Со тешко срце ги собра потребните зборови и успеа да го допише писмото:
„...и би сакала да останеме на тоа. Сега кога сум дома, во мојот вистински свет, сфатив дека нема ништо меѓу нас.
Секое добро,
Бригите.“
Залудни беа сите самопрекорувања. Многу добро знаеше дека не е толку едноставно да се заборави човекот што навлегол длабоко во срцето. Со месеци си мислеше за него и неколкуте часови поминати во неговото друштво. Може времето за дружење да било кратко, но радоста и смеата беа неизмерни. Секој ден помислуваше на него. Многу добро се сеЌаваше на неговото бронзено лице под кратко потстрижената коса, никако не можеше да се ослободи од неговиот глас што одекнуваше во нејзините спомени. Пред таков човек не можеше да остане рамнодушна.
Потисната од чувствата се реши да го искине старото и да напише ново писмо, сосема различно по содржина.
„Здраво Ханс!
Пред неколку месеци ти напишав писмо. Не добив одговор од тебе, но верувам дека си го добил. Се надевам уште дека си добро и очекувам наскоро да се видиме.
Со најсрдечни поздрави,
Бригите.“
Го заврши писмото и почувствува олеснување во нејзината глава.
- Нека дојде! И, што од тоа? ќе испиеме по еден чај, Ќе поразговараме малку, и пак Ќе се разделиме. Исто како и првиот пат. Нема да дојде крајот на светот.
Токму од тоа се плашеше. Дека нема да биде како првиот пат, дека би можело да се роди нешто повеЌе. Претчувствуваше дека следната средба би можела да биде најава на многу почести и подолги среЌавања, а тие вовед во нешто поголемо и непредвидливо.
Првиот ѕвон ја затекна на другиот крај од собата, подалеку од прозорецот. Не му посвети внимание и не беше сигурна дали е вистинско ѕвонење или само илузија. Продолжи да се облекува.
Второто ѕвонење ја натера да се приближи до замаглениот прозорец. Сфати дека е вистински ѕвон, повик упатен до неа. Скриена добро зад завесата, со врвовите од прстите го подзабриша прозорското стакло и погледна кон тесниот неограден двор што се протегаше меѓу нејзиниот дом и улицата. Долу беше застанал некаков непознат маж. Косата што му се спушташе до рамената изгледаше неуредно, исто како и густата брада што го имаше обраснато неговото лице. Целиот се чинеше запуштен и не зрачеше доверба.
- Проклети скитници. Не ти даваат мир ни во недела. Немаат никакво чувство за добро однесување. Од вакви гнасни суштества човек никогаш нема мир - си рече Бригите.
Следуваа неколку последователни ѕвонења. Потоа настапи тишина. Сосема неочекувано преплашената девојка својот најверен сојузник го најде во дождот. Во еден миг тој се засили и го избрка натрапникот надолу по улицата.
Бригите се упати кон кујната, на долниот спрат од куЌата. Време беше да си приготви нешто за појадок. Помислата дека еден ден Ханс би можел да се појави на нејзиниот куЌен праг ја тераше да затрепери од возбуда. Затоа писмото го стави над огледалото во кое се огледуваше секое утро пред заминување на работа. Сакаше да биде сигурна дека нема да заборави да го испрати со првата утринска пошта.
Следното утро Бригите успеа да го испрати писмото благовремено и со надеж дека многу скоро Ќе добие некаков одговор. Потоа со години се чудеше зошто Ханс никогаш не одговори на нејзините писма.