Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Позиција

ПРОМЕНАТА “САМО” НА РЕФЕРЕНЦАТА - ИЗМАМА

Ристо Никовски

Некој пробал панталони од десет илјади денари, ги бендисал и кога веќе му ги спакувале се заинтересирал и за едно сако, кое чинело исто толку. Добро му стоело и прашал - може ли да го земам саково наместо панталоните? Нема никаков проблем, му одговориле. Го зел и тргнал да си оди. Не плативте, љубезно го потсетиле. Зошто да платам? Сакото го заменив за панталоните! Ама ни панталоните не ги плативте, нервозно му реагирале. А зошто да ги платам, кога не ги ни земав, возвратил купувачот!
И во нашиов случај со „замената“ на референцата, очигледна е намерата да нé направат недоветни, како што купувачот пробал со продавачите. Демек, ќе ни ја сменеле „само“ неа, која никогаш не сме ја прифатиле, со што? Со ново име за државата! Ќе ни ја прекрстуваат државата, ќе ни ги менуваат националните идентитетски карактеристики: народ, јазик... а сето ќе ни го „продаваат“ како замена на неплатени панталони, за ново сако.
Загрижува што оваа измама сега јавно ја артикулира американскиот амбасадор. Очигледно, главните фактори ја менуваат тактиката. Познато е дека владејачката партија, во предизборната програма, се определи за неменување на Уставот во решавањето на проблемот со името, што има своја логика. Затоа, странците и „нашиве“ нивни поддржувачи сега тоа го земаат како појдовна основа. Се обидуваат да создадат привид дека водат сметка за нашите интереси, што е многу опасно. А, всушност, ставањето акцент на неменување на Уставот, е само нов обид за полесна реализација на старата цел. За тоа не треба да има дилеми. Откако видоа дека оваа власт не е подготвена да ги жртвува националните и државни интереси во однос на името, и свесни дека не можат да ја срушат, бидејќи таа сé уште ужива широка поддршка, се обидуваат само да се приспособат, без (засега) да ги коригираат намерите. Во прашање е дипломатска игра, зад која се кријат невидена дволичност, хипокризија и лицемерие.
Сепак, ова би требало да биде меѓу последните нивни обиди да ги постигнат максималистичките барања на Атина - бришење на македонскиот народ. Ако издржиме, а друг избор немаме, тие ќе мораат притисокот сé повеќе да го насочуваат кон Атина. За да дојде до тоа, многу треба да направиме и ние.
За жал, освен реторички изјави, главно со критики на Грција, нема индикации дека се презема нешто посериозно за зајакнување на нашата позиција. Сега ние сме на потег: новата ситуација не дозволува повеќе наша комотност. Најновите намери мора итно да се спречат. На Вашингтон треба одлучно да му се каже дека ни е јасна перфидната игра бидејќи со промена на референцата во некакво ново име, со наша согласност, се брише македонскиот карактер на државата и се игнорира националниот идентитет на народот. Дека, неизбежно, тоа многу бргу ќе доведе до промена и на Уставот, кој тие божем го штитат, и на сите други наши белези, сврзани со старото име на државата. По промена на името, светот нема да прима ништо (царински и други документи, пасоши, репрезентации...) со име на држава што веќе ја нема на меѓународната сцена. Без оглед како се викаме по дома.
И на Вашингтон и на Брисел им е јасно дека сме доведени во ситуација да се биде или не. Дека во прашање е опстанокот на мнозинскиот македонски народ и неговата држава (која е, нормално, и на сите други нејзини граѓани, без оглед на етничка и верска припадност). Ама, нормално, тие си молчат. Така им одговара. Спротивно на сите демократски дострели на денешницава, полесно им е да уништат еден мал народ, отколку да си ја доведат во прашање солидарноста, која сите ја злоупотребуваат. Затоа, клучно е и ние гласно, постојано и насекаде да го повторуваме тоа. Да ги потсетуваме дека го бараат невозможното и дека нема решение врз таа основа. Да ги увериме дека нивното инсистирање дека сме блиску до решение, нема врска со реалноста и е само дополнителен притисок врз нас, иако сме ние најзаинтересирани што поскоро да се случи тоа. Само така можеме да ги спречиме да продолжат со истата политика кон нас.
И нам треба да ни биде јасно дека, во крајно нерамноправната борба за нашиот опстанок како народ, во никој случај централна цел не смее да ни биде - неменување на Уставот. Наша основна задача мора да биде задржување на идентитетските карактеристики на народот. Тоа е нашиот недискутабилен услов. Ако тоа може да се постигне со промена на Уставот, дилеми не смее да има. Народот апсолутно ќе го сфати и прифати тоа. Впрочем, освен американскиот, кој е од неколку реда и британскиот, кој сé уште не е напишан, сите други устави се менувале и ќе се менуваат. Кај некои, вклучувајќи нé и нас, тоа често се случува.
Реакциите на „незадоволство“ од Атина, за изјавата на американскиот амбасадор, се дипломатска класика. Треба да покажат дека САД се на наша страна и ние треба без размислување да се фатиме за нивниот предлог. И целосно да изгориме.
Сегашните намери да ни го „чуваат“ Уставот имаат и добра страна. Отвораат простор за праведен компромис: како голема отстапка, ние да го промениме Уставот, за решение што нема да ги доведува во прашање вистинските Македонци, кои зборуваат македонски јазик. „Жртвувањето“ на Уставот би било компензација за Грција. Не би требало да биде тешко да се формулира решение, кое би било вклучено дури и во Уставот, а кое не би ги довело во прашање нашите стратегиски интереси.
Ако навистина ова не е обид да се затвори „македонското прашање“, со прекрстување на Македонците, зошто решенијата да не се бараат во таква насока? Зошто упорно сакаат да нé снема?

(Авторот е поранешен амбасадор)

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
Слоганот „Македонија е бугарска“ прогласен за официјална стратешка цел на Бугарија е закана по мирот
Читај
ПОЧЕТОХА ПАМЕТТА НА ВОЙВОДАТА АТАНАС ТЕШОВСКИ
Читај
Гласовете ви чуваме
Читај
Бугарија да ги изврши пресудите во корист на здруженијата на Македонците
Читај
Бугарија сака да го наметне своето видување за историјата
Читај

Излезе от печат второ, преработено, разширено и допълнено издание на

История на Македония
апология на македонството

от проф. д-р Георги Радулов


Книгата има общо 570 страници. Цена - 15 лева.
Купете си я преди да се е изчерпал тиражът.

Важно! Важно! Важно!

Дружеството на репресираните македонци в България припомня на всички репресирани през комунистическия период заради македонските си убеждения и съзнание, както и на техните потомци, че срокът за подаване на молби за компенсации и обезщетения е удължен до края на 2011 г. Молбите се внасят в областните управи, и пак там можете да научите и какви точно документи ви са необходими. Отварянето на тези досиета е от голямо значение за македонското малцинство в България.

Поезија
МАКЕДОНСКИ ОТГОВОР

На вестник „Народна воля” – по случай 30 години от излизането на първия му брой

Ето ме – с ръка върху сърцето,
просълзявано от черни думи,
че съм пътник за натам, където
няма страх от подлост и куршуми.

Даже нож до кокал да опира
и отровна чаша да изпие,
истина не може да умира,
камо ли на две да се превие. –

За да бъда никой! А без корен
може ли живот да съществува? -
Все едно – убит или съборен,
към безкрайно нищо ще отплува.
И така ... нататък до безкрая
чужди дом с потта си да съзиждам,
кой съм и защо съм – да не зная,
а къде отивам – да не виждам. -

Робът е удобен – до възхита,
че не търси път към светлината
и дори сълзата си не пита
кой му е виновен за съдбата.

Робът за Родина не тъгува
и не лее кръв за свободата,
а когато на смъртта слугува,
няма равностойност на Земята.
Случи ли се Юди да прекършат
крехките крилца на мекотели,
хлябът и лъжата ще довършат
новите поръчкови разстрели.

Хлябът ли? С трагична баладичност
и с ръцете на позорни нрави
може над абдалова безличност
златни ореоли да постави.

И лъжата е велика сила,
че безброй школовки като мине
може чрез тръбачи на резила
всяка сляпа истина да срине.
Ала всяка доблест под небето,
ала всеки нож за гилотина,
длъжни са да знаят, че сърцето
не продава съвест и Родина.

Не като страхливец и наивник
при лакейски завет ще се крия,
даже и да имам за противник
цялата световна мръсотия!

Александър Македонски



ИЛИНДЕНСКА - 1990-та

На Никола Вапцаров

Поете,
пак със мръсните ръце
днес пипат във душата на народа.
Но вече не прикриват свойта цел
потомците на вълчата порода,

която преди век света продра
със воплите по свойте братя роби,
а тайно –
в дива глутница се сбра
на брата роб земята да зароби.

Задружно сe нахвърлиха тогаз,
да не пропуснат по-тлъст пай
да сграбчат.
Не сме ги викали,
но кой ни пита нас?
За тях сме ние не народ,
а плячка.

Отхапаха по къс.
А сетне с вой
заръфаха се стръвно за гърлата,
вбесени –
искаха със кървав бой
да си докажат върху нас правата.

Но никой не доби нотариален акт.
Затуй те днеска пак се сдушват
здраво,
обзети от едничка мисъл –
как
властта си тук да увековечават.
Отново днес решават вместо нас,
отричат пак правата ни изконни.
В защита дръзнем ли да вдигнем
глас,
те обявяват ни извън закона.

Извън закона –
в своята земя,
изгнаници –
във своята родина.
Умът изтръпва в ужас,
онемял
пред тая страшна
варварска картина.

Да!
Ние носим тежката вина,
че в този слънчев кът сме се родили.
Престъпно е, че родната страна
така обичаме.
О, Боже мили!

Законът вълчи право им е дал –
затуй законно вършат беззакония,
погазват с ярост вяра,
идеал –
свободна да пребъде Македония.

Но ние няма да я предадем –
ще бдим, поете, с вашите плакати:
“Свободна искаме,
не щем,
не щем протекторати.”

Петър Мицков

Македонија пее

ТАКИ ДАСКАЛОТ

Таму ле мајко близу Битола
во реорската густа корија
Таки даскалот славно загинал
со неговата верна дружина
со нив загина смела другарка
млада Елпида Караманова.

Предадени од клети шпијони
ги сардисаа од сите страни
пушки згрмеа бомби стрештеа
крвава почна борба нерамна.

Тогаш извикал Таки даскалот
на неговата верна дружина
фрлајте бомби тиран сотрете
живи во раце не се давајте.

Клети тирани борба нерамна
сета дружина му ја избија
Таки даскалот жив не се даде
самиот крвта си ја пролеа
откачил бомба на неа легнал
За слободата на Македонија.

ТАМУ ДОЛУ КРИВОЛАЧКО

Таму долу Криволачко Црвени Брегови
умре јунак македонец Никола Петров. (2)

Со фашистка полиција борба водеше
цел ден он се стражуваше и им викаше (2)
Ви крвници на народот надвор од тука
Македонија се дига вас да истера. (2)

Јас сум чесен македонец крв македонска
вашите раце не се давам, сам се убивам. (2)
Спиј спокојно наш другару Никола Петров
ти загина за слобода за Македонија. (2)




Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting