Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Специјално за „Народна волја“

„НАРОДНА ВОЛЈА“ - КАКО ТОА ХЕРОЈСКО ЗВУЧИ

Георги Барбаровски

Ако е точно дека постоењето на човекот е најзначајната и најчудната авантура од сите што природата ги запознала, тогаш правењето и издавањето весник е создавање на најзвучната човекова татковина. Онаква, каква што за нас Македонците, со јазикот ја соѕидаа Мисирков и Конески. Во моЌта на човекот е тој да не се изгуби, иако понекогаш се чини дека е нереален, дури и апсурден стремежот нештата радикално да ги менува според своите знаења и стремежи. Ако не е така, која е тогаш смислата народите да создаваат сопствени држави? Која е смислата човекот да им се спротивставува на големите струи, толку поголеми и толку посилни од него што не ретко го загрозуваат и самиот опстанок? Се разбира, целта е - да живее подобро, подостоинствено.
Навистина, мудрост на животот е да се избегнуваат ситуациите во кои може да потоне, мудрост е што е можно повешто да ги искористува ветровите што дуваат, за да го преживее барем своето време. Но, како Ќе го сочува своето, и особено наследството од минатото, ако не знае да се спротивстави на големите текови, наспроти тоа што е извесно дека со современото мислење, како што во еден од своите есеи за слободата тврди Исаја Берлин, управуваат две моЌни учења - релативизмот и детерминизмот?
“Народна волја” е една од тие рожби на кои им претходела голема болка. Само длабока болка може да извлече прометејска сила за да се создаде дело во невреме, билка во пустина. Оној кој никогаш не помислил на сопственото анулирање, на поништување на родот свој, на јазикот и на културата, тој останува само црв што ползи.
Три децении, се разбира, не се којзнае колкав век на еден весник. Но, на Балканот, каде историјата се одмотува во најзгусната форма, јубилејот на “Народна волја” има триж поголемо значење од животот на весникот. Дури и најголемиот циник, каков што е францускиот Романец Емил Сјоран, признава дека човекот ги осквернави нештата што се раѓаат и умираат под сонцето, но не и надежта. Создавањето на тој весник не може да биде плод само на авантура, ниту само на ризик. Најмалку само бизнис - проект. Тој весник е зачнат тука, искушен на пазарите во Австралија и во Велика Британија и повторно вратен на “местото на злосторството”. И тука опстојува, колку и да се чини тоа контрадикторно.
“Народна волја” е многу повеЌе од порив. Зашто нејзините творци и поддржувачи не можеле да го слушаат плачот од агонијата и од радоста на злото што се витка по овие балкански простори - и да останат спокојни. Тие барем се обиделе да го задават натрапникот! И успеале во тоа.
Името на весникот изразува волја на народна заедница, на мноштво. Но, производот е дело на посветени поединци. Тој се персонализира. Шибани од политички притисоци, од полициски достаги, од стравој и од закани, од проверки и од претреси, од гранични контроли и од перфидни сплеткарења, луѓето што го создадоа и оние кои го презедоа знамето на јавно искажаниот збор заслужуваат секаков респект. Тоа што првин им ги научуваме псевдонимите, а не крстените имиња (некои можеби никогаш нема да ги дознаеме) говори за тоа колку е тешко на Балканот и во 21 век да се произведува весник. Внимавајте, не оружје, не куршуми. Ами, просто, зборови и мисли. Нема да речем дека делото на “Народна волја” е хероизам, зашто тој израз веЌе го изгуби суштинското значење. Но, свесен сум дека неговата изворна определница ним најмногу им приличи. НосејЌи го штитот на македонството тие луѓе го осмислија животот. Својот и нашиот. Што е подостојно од тоа за еден човечки живот?!

(Авторот е новинар во “Време”)

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
Слоганот „Македонија е бугарска“ прогласен за официјална стратешка цел на Бугарија е закана по мирот
Читај
ПОЧЕТОХА ПАМЕТТА НА ВОЙВОДАТА АТАНАС ТЕШОВСКИ
Читај
Гласовете ви чуваме
Читај
Бугарија да ги изврши пресудите во корист на здруженијата на Македонците
Читај
Бугарија сака да го наметне своето видување за историјата
Читај

Излезе от печат второ, преработено, разширено и допълнено издание на

История на Македония
апология на македонството

от проф. д-р Георги Радулов


Книгата има общо 570 страници. Цена - 15 лева.
Купете си я преди да се е изчерпал тиражът.

Важно! Важно! Важно!

Дружеството на репресираните македонци в България припомня на всички репресирани през комунистическия период заради македонските си убеждения и съзнание, както и на техните потомци, че срокът за подаване на молби за компенсации и обезщетения е удължен до края на 2011 г. Молбите се внасят в областните управи, и пак там можете да научите и какви точно документи ви са необходими. Отварянето на тези досиета е от голямо значение за македонското малцинство в България.

Поезија
МАКЕДОНСКИ ОТГОВОР

На вестник „Народна воля” – по случай 30 години от излизането на първия му брой

Ето ме – с ръка върху сърцето,
просълзявано от черни думи,
че съм пътник за натам, където
няма страх от подлост и куршуми.

Даже нож до кокал да опира
и отровна чаша да изпие,
истина не може да умира,
камо ли на две да се превие. –

За да бъда никой! А без корен
може ли живот да съществува? -
Все едно – убит или съборен,
към безкрайно нищо ще отплува.
И така ... нататък до безкрая
чужди дом с потта си да съзиждам,
кой съм и защо съм – да не зная,
а къде отивам – да не виждам. -

Робът е удобен – до възхита,
че не търси път към светлината
и дори сълзата си не пита
кой му е виновен за съдбата.

Робът за Родина не тъгува
и не лее кръв за свободата,
а когато на смъртта слугува,
няма равностойност на Земята.
Случи ли се Юди да прекършат
крехките крилца на мекотели,
хлябът и лъжата ще довършат
новите поръчкови разстрели.

Хлябът ли? С трагична баладичност
и с ръцете на позорни нрави
може над абдалова безличност
златни ореоли да постави.

И лъжата е велика сила,
че безброй школовки като мине
може чрез тръбачи на резила
всяка сляпа истина да срине.
Ала всяка доблест под небето,
ала всеки нож за гилотина,
длъжни са да знаят, че сърцето
не продава съвест и Родина.

Не като страхливец и наивник
при лакейски завет ще се крия,
даже и да имам за противник
цялата световна мръсотия!

Александър Македонски



ИЛИНДЕНСКА - 1990-та

На Никола Вапцаров

Поете,
пак със мръсните ръце
днес пипат във душата на народа.
Но вече не прикриват свойта цел
потомците на вълчата порода,

която преди век света продра
със воплите по свойте братя роби,
а тайно –
в дива глутница се сбра
на брата роб земята да зароби.

Задружно сe нахвърлиха тогаз,
да не пропуснат по-тлъст пай
да сграбчат.
Не сме ги викали,
но кой ни пита нас?
За тях сме ние не народ,
а плячка.

Отхапаха по къс.
А сетне с вой
заръфаха се стръвно за гърлата,
вбесени –
искаха със кървав бой
да си докажат върху нас правата.

Но никой не доби нотариален акт.
Затуй те днеска пак се сдушват
здраво,
обзети от едничка мисъл –
как
властта си тук да увековечават.
Отново днес решават вместо нас,
отричат пак правата ни изконни.
В защита дръзнем ли да вдигнем
глас,
те обявяват ни извън закона.

Извън закона –
в своята земя,
изгнаници –
във своята родина.
Умът изтръпва в ужас,
онемял
пред тая страшна
варварска картина.

Да!
Ние носим тежката вина,
че в този слънчев кът сме се родили.
Престъпно е, че родната страна
така обичаме.
О, Боже мили!

Законът вълчи право им е дал –
затуй законно вършат беззакония,
погазват с ярост вяра,
идеал –
свободна да пребъде Македония.

Но ние няма да я предадем –
ще бдим, поете, с вашите плакати:
“Свободна искаме,
не щем,
не щем протекторати.”

Петър Мицков

Македонија пее

ТАКИ ДАСКАЛОТ

Таму ле мајко близу Битола
во реорската густа корија
Таки даскалот славно загинал
со неговата верна дружина
со нив загина смела другарка
млада Елпида Караманова.

Предадени од клети шпијони
ги сардисаа од сите страни
пушки згрмеа бомби стрештеа
крвава почна борба нерамна.

Тогаш извикал Таки даскалот
на неговата верна дружина
фрлајте бомби тиран сотрете
живи во раце не се давајте.

Клети тирани борба нерамна
сета дружина му ја избија
Таки даскалот жив не се даде
самиот крвта си ја пролеа
откачил бомба на неа легнал
За слободата на Македонија.

ТАМУ ДОЛУ КРИВОЛАЧКО

Таму долу Криволачко Црвени Брегови
умре јунак македонец Никола Петров. (2)

Со фашистка полиција борба водеше
цел ден он се стражуваше и им викаше (2)
Ви крвници на народот надвор од тука
Македонија се дига вас да истера. (2)

Јас сум чесен македонец крв македонска
вашите раце не се давам, сам се убивам. (2)
Спиј спокојно наш другару Никола Петров
ти загина за слобода за Македонија. (2)




Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting