Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Жива историја

СВЕДОШТВА НА ПРОТЕРАНИТЕ МАКЕДОНЦИ ОД ЕГЕЈОТ

(Продолжува од минатиот број)

Тој се потсетува на прогонот на неговата мајка

“На 8 јули 1947 година, во вечерните часови, мајка ми тајно била информирана за нејзиното апсење. Тоа бил втор пат, но сега требало да биде затворена на некој грчки остров. Таа вечер мајка ми набрзина зела дел од облеката и неколку черги, ги натоварила на магарето. Требало тајно да се префрлиме преку границата, во месноста Живојно. Но, тука се случила уште една трагедија, дедо ми Ѓорѓи бил запрен од југословенските граничари и спроведен. Долги години ништо не знаевме за него. Многу подоцна, преку Црвениот крст, ни се јави со писмо, во кое ни напиша дека прво бил префрлен во Албанија, а потоа го транспортирале во Чехословачка, од каде во Скопје се врати во 1953 година.
Мајка ми, баба ми и ние трите деца, со уште неколку семејства бевме прифатени од властите на тогашната Влада на Народна Република Македонија и сите не сместија во центарот за бегалци во манастирот “Св. Арангел” во селото Слепче, Демир Хисар. Подоцна заедно со воз од битолската станица заминавме во селото Крушевјле, Војводина. Таму останавме до мај 1953 година, кога се преселивме во Скопје и тука имавме постојан престој”.

ДЕЦАТА ЗАПИШУВАНИ НА СПИСОК ЗА ЕВАКУАЦИЈА

Аргирула Санева е родена во 1941 г. во село Сетина, Леринско, како четврто дете од вкупно шесте деца во семејството Талови.
Таа раскажува дека поради учеството на мажите од ова село во Граѓанската војна, тоа често пати било бомбардирано од страна на монархофашистите. При секое бомбардирање жените и децата бегале во најблиските шуми.
“Тоа го правевме и ние. Со цел децата да бидат спасени, привремената демократска Влада на Грција донесе одлука тие да се евакуираат. Политичките активисти на НОБ, ДАГ и на АФЖ тргнаа по селата да ги убедуваат родителите да ги запишат децата на списокот за евакуација.
Така и јас бев запишана на тие списоци, заедно со моите две сестри и уште 220 деца од селото Сетина. Беше студен мартовски ден, 1948 година. Мајка ми не разбуди рано, не облече во топли алишта и не однесе во училишниот двор. Откако ги прочитаа имињата на децата и ги составија групите, сите тргнавме кон југословенската граница. Никој од нас не знаеше каде одиме. По долго патување, пеш, пристигнавме до границата.
Токму тука се случуваше најболната разделба, исполнета со плачот на децата и на родителите. Тој плач уште долги години потоа ми одѕвонуваше во ушите. Во придружба на војници пристигнавме во селото Живојно. Од таму со камиони не префрлија до Битола, каде не сместија во едно училиште. Таму ги чекавме и другите деца од Леринско и од Воденско.
По некое време не качија во товарни вагони и тргнавме во за нас непозната насока. По долго патување пристигнавме во Будимпешта, главниот град на Унгарија. Владата на Унгарија не прими со топло срце и со раширени раце. За нас беа обезбедени убаво уредени детски домови, кои порано биле стари дворци или летни резиденции на унгарската аристократија. Во овие домови го поминав детството и се здобив со основно образование, кое се одвиваше на унгарски, грчки и на македонски јазик. Во текот на осумте години, колку што бев одделена од моите родители, ме преместуваа во неколку дома. Во прво време бев сместена во домот Шолт, потоа во Иска-Сент-Ѓурѓ, Балатон Кенеше и Балатон Алмади. Еден период бев во едно унгарско семејство, кое ми ја заменуваше изгубената родителска љубов. Кај нив престојував во текот на летните и на зимските распусти. Иако во домовите ни беше дадена сета љубов, грижа, воспитание и образование од целиот воспитен кадар, кој беше посебно избран, сепак тагата по родителите и по родното место постојано беа присутни.
Легнувавме и се будевме со иста желба - повторно да ги видиме своите родители. По осум години, благодарение на југословенската Влада и на Меѓународниот црвен крст, почна репатријацијата на децата. Во првата група бев јас, моите две сестри и уште 150 деца. Унгарската Влада свечено не испрати и во придружба на Меѓународниот црвен крст дојдовме во Скопје. Таму, на железничката станица не пречека многу народ. Тоа се се случи пред Нова година, на 18.12.1955 година.

Средбата и спојувањето на децата со нивните родители и семејства се правеше по списоци, во големата сала на монополот. Бакнежи, извици, плач, солзи радосници... Од тој ден станав жител на Република Македонија”, се потсетува Санева.



СВЕДОШТВА НА ПРОТЕРАНИТЕ МАКЕДОНЦИ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (14)

Околу 28.000 деца откорнати од родните огништа


Скопје 11 јуни 2009 (МИМ)

Професорот Сократ Пановски е роден на 15 март 1936 година, во селото Вмбел, Костурско, Егејска Македонија. Во Грчко-италијанската војна (октомври 1940 година) до темел им бил опожарен семејниот дом, откако претходно семејството пребегнало во селото Дреновени.

Тој зборува за “најголемото и најнемилосрдното прогонство на деца во поновата историја на Европа”.

-За помалку од 30 дена, од родните огништа биле откорнати околу 28.000 деца, на возраст од 2 до 14 години, сите Македонци и неколку стотици Грци од пограничните области на Епир и Еврос. Педантните планери се погрижиле децата да бидат протерани со возен билет во една насока, на кои подоцна грчките влади им забранија доживотно враќање на родните огништа.

Костурските и леринските шуми и козјите патеки кои воделе кон албанската и југословенската граница вриеле како во пчеларска кошница. Ноќе патеките биле исполнети со детски колони, а дење децата ги криеле во шумите за да не ги открие владината борбена авијација, објаснува Пановски.

ДЕЦАТА ГИ РАЗДЕЛИЈА ОД МАЈКИТЕ

“Од селото Вмбел - додава Пановски - беа собрани 150 деца. Зборното место беше закажано на излезот од селото, кај црквичето “Свети Танас”. На 5 април 1948 година, во раните утрински часови, беа собрани сите жители на селото за да ги испратат своите најмили, на “спасување” од бомбардирањата.

Местото ечеше од плачот на децата и од редењето на бабите. Тука се разделуваа бабите и дедовците од своите внуци, а мајките останаа со децата за да ги придружуваат до селото Желево. Баба ми Ристана се наведна до површината на земјата, се прекрсти, зеде грст почва, ја врза во крпче и ми ја подаде со зборовите: “Носи ја таму каде што ќе ве однесат, да ја носиш со себе и секој ден да ја галиш за да не го заборавиш нашето родно огниште”. Подоцна, цел живот, оваа реченица на баба ми Ристана стана филозофија на моето опстојување. Вториот ден, водени од нашите мајки и партизанските водачи, околу 23 часот пристигнавме во селото Желево. Не распоредија за спиење по селските куќи. Само што не обзеде сонот, во мугрите, не разбудија и се упативме кон една шума. Пред оваа шума не разделија од мајките. Глетката беше потресна. Плачот на децата кои не сакаа да се одделат од мајчините прегратки и лелекот на мајките кои не ги пуштаа своите рожби беше нарушен од бучавата на два авиона. Одговорните жени од селото за придружување на децата до последната дестинација и грижата за нив таму, односно новите “мајки” ги повлекоа децата кон шумата, а родителите се вратија во селото. При таа брза разделба мајка ми ме замоли: “Немој да плачеш, сега си голем”. И одговорив: “Нема да плачам!”. Го исполнив ветувањето, за цел живот секнаа солзите во моите очи. Тие солзат само при настинки и ветрови. Денот го преседовме во шумата, а кога се стемни почна да се формира непрегледна детска колона. Дента во шумата пристигна голем број деца и од други костурски и лерински села. Ноќта делови од колоната се губеа, долго се чекаше, имаше довикувања, плач од најмалите, кои не можеа да пешачат, па ние поголемите ги носевме на грб. Ноќта беше врнежлива и студена. Пред зори дојдовме до една пошумена планина. Ни запалија оган за да се стоплиме и да се исушиме. Пред да се стемни дојде еден одред партизани од соседните села, кои меѓу децата си ги препознаа браќата, сестрите, синовите и ќерките.

ЛЕГНАТИ ПО ПАТОТ И ВО ЕНДЕЦИТЕ

Една дождлива ноќ со студ кој влегуваше во коските, со темнината како црно перде, колоните од децата пристигнаа во Преспа и почнаа да ја газат езерската вода. Избезумени одговорните жени на групите деца, новите “мајки”, во паника викаа: “Не, мили дечиња, тоа е голема вода, езерото, вратете се назад!”.

Многу не ја гледавме, туку ја чувствувавме студената вода како ни навлегува во обувките и во облеката. Пристигнаа некои партизани и ја поведоа колоната кон границата. На неколку километри пред границата партизаните ја напуштија колоната, покажувајќи во која насока треба да се движиме. Пристигнавме до една рекичка и кога се подготвувавме да ја прегазиме, од другата страна се запалија џепни батерии, не осветлија и се слушнаа гласови. Нешто разбравме, нешто не. Меѓутоа, кога ги видовме војниците во убави сиви униформи не фати паника и некои деца почнаа да бегаат мислејќи дека тоа се монархофашистички војници од грчките владини сили. Мирниот глас на војниците делуваше смирувачки. Војниците креваа по едно до две деца в раце и ги префрлуваа на другиот брег, во Народна Република Македонија. Војниците ја предводеа колоната до рано во зората, кога пристигнавме пред селото Долно Дупени. Тука застанавме и ни рекоа да седнеме да се одмориме.

Пред моите очи, како на филмска лента, ги гледам децата и по некоја “мајка”, обземени од умор, студ и глад, легнати по патот, повеќето во ендеците. Како покосени сите заспавме. Кога со големи маки не разбудија, поголемите деца не однесоа во селското училиште. Во една училница на катот, неколку десетици деца легнавме и продолживме да спиеме, греејќи се од една стара ламаринена печка и од нашите тела збиени како во конзерва. Помалите деца беа распоредени по селските домови. Неколку дена се одморивме, ги исушивме алиштата, но стомаците ни беа празни и со нетрпение го очекувавме денот кога ќе легнеме сити. Еден ден повторно се формираа колони од деца. Напред, на воловски коли, беа натоварени малите деца, а поголемите пешачеа до соседното село Љубојно. Тука не пречекаа со парче топол, пченкарен леб. Сега не се двоумевме. Набрзина го изедовме лебот, колку малку да се најадемее.

ЗА ПРВ ПАТ ВИДЕЛЕ ВОЗ, РАДИО, ЛАМБИ...

Во Љубојно, како што раскажува Пановски, ги ставиле во војнички камиони покриени со церади, по што го продолжиле патот за Битола. Таму ги сместиле во неколку училишта. Биле нагостени со тврд пченкарен леб и џем. Невидливи, одговорни луѓе, ги поделиле во групи, без да водат сметка за тоа дали ќе бидат поделени браќата и сестрите или на кое село им припаѓаат и кај која “мајка”. Ги сместиле во воз, нешто што прв пат во животот го виделе. И не само тоа, тука прв пат во животот се соочиле и со други цивилизациски достигнување: електрична енергија, нови кандила и ламби, радиоапарати и друго. Покрај гладот и болката за најмилите кои ги оставиле во глуви и онемени села, тие биле и сосема збунети од тоа што го гледале околу себе. Композициите од возови, долги, со многу вагони од трета класа, патувале кон север.


СВЕДОШТВА НА ПРОТЕРАНИТЕ МАКЕДОНЦИ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (15)

Ја оставила шестмесечната ќерка во планина

Скопје 12 јуни 2009 (МИМ)
Марика Кокочева е родена во Сакулево, на неколку километри од Битола, на патот за Солун. Таа се сеќава како го мачеле татко и.

-Едно време на влезот во селото доселија просвиги, сиромашни Грци, од југот на државата или од други места (Турција). Веднаш им направија куќа. Татко ми, кој бил чауш во селото, не ги поднесувал и еден од нив го зел и го однел на мостот на реката Елешка кој бил на пругата (Битола - Солун). Му пукнал во воздух го уплашил а тој паднал и се повредил. После овој настан татко ми го зеле во Рамалија, го мачеле да признае, го претепале, му ставале шпици, долго време имаше засирена крв на прстите. Кога го прашав, тој за да не се потресувам ми рече дека прстите му се посинети оти го фатила вратата кога ја затворал.

Јас бев мала, брат ми Трендафил знаеше, знаеја и другите што се случило. По немилиот настан татко ми со помалиот брат Михаил кој беше женет и остави две деца, заминаа на Грамос. Од таму не се вратија никогаш, во војната загинаа двајцата. Ги баравме неколку години и преку Црвен крст и со писма до власта, брат ми бараше да дознае што се случило со татко ми и помалиот брат. Грчките власти официјално и одговорија на тетка ми дека загинале на Грамос. Само тоа успеавме да го дознаеме. И други мажи од нашата голема фамилија загинаа. Во Граѓанската војна од 32 фамилии Дафовци во Сакулево, останаа 18 вдовици со дечињата”, вели Марика.

НА БЕГАЊЕ ПАДНА ВО БУНАР

-Еве како започна прогонот: На 17 јуни 1947 го сардисаа селото, а од селото Грците почнаа да пукаат од подрумите во училиштето, таму беа скриени имаа и митралези. Луѓето од селото почнаа да викаат “Ајде да бегаме”, се собравме, на запрежни воловски коли се качивме, по една фамилија со децата на една запрежна кола, прибравме набрзина што можеше. Ние имавме дуќан во селото, зедовме чоколади - јадевме. Мене ми рекоа, ај ти си голема, оди одзади терај ги овците. Ги терав и така одеднаш паднав во еден сув бунар. Викав, плачев, пиштев, тие напред не можеа да слушнат од ѕвонците на овците. Кога се повлекуваа партизаните дојдоа коњаници кои ме пронајдоја. Еден ми вели: “А бре дете што бараш тука”, “кај се твоите?”. “Ги терав овците и паднав, тие заминаа, не знам кај отидоа”, реков. “Дај ми ја раката” ми рече, ме извади од бунарот и ме донесе кај моите, во Сетина.

НА ДЕСЕТ ГОДИНИ СПАСИ ДЕТЕ

- Снаа ми Олга, од брат ми Михаил, носеше пет деца и некрстената ќерка која имаше само 6 месеци, Џурка, ја носеше в раце. Патот беше тежок, козји патеки, се одеше високо преку ридовите. Испотена, преплашена од страв, од пукањето, жива вода беше. Туку некое време, гледам ја нема Џурка. “Дадо, каде е Џурка?”, прашав. “Ја оставив во ридот крај реката, не можев сите да ги носам”.

- Се вратив, ја најдов, Џурка беше многу повиена, ја расповив, имаше една маичка, ја гушнав, таа плаче, јас плачам - пиштам, одам нагоре по ридот, се ми се чини ќе паднам во реката, во провалијата, а патчето тесно, со дупки и ја донесов пред да стигнеме до границата. За Сетина зборувам. Ме гледаат, го носам бебето и викаат: “Еј гледајте, дете спасува дете”. Јас имав само 10 години, а снаа ми почна да плаче: “Леле, мори, ја зеде”? “Ја зедов ма, а ти ја остави”. “А што да правам, сама ги носам другите. Морав да ги спасувам овие пет душички кои се дојдени први на свет”. Долго време немаше име, а кога дојдовме во манастирот Слепче, во прилепската околија, мене ми дадоа да ја крстам. Така станав кума. Многупати во животот со Џурка се гледавме, кога и беше тешко ќе ми рече: “Тогаш ме спаси, а сега”.

И ВО ВОЈВОДИНА УЧЕВМЕ ГРЧКИ

Кога стигнавме тука, прво не сместија во манастирот во Слепче, после во Прибилци, па Демирхисарско. Во Прибилци просевме, ни даваа луѓето гравче и лепче. После бевме во Жван, Мургашево... Неколку дена не зеде во Гевгелија кумот Алеко кој работеше на пругата. Одевме по дрва кај реката кога не видоа и свикаа: “Овие да не избегаат за Грција”.

Не вратија повторно во Слепче. Дојде наредба да одиме во Војводина. Не однесоа со товарен воз, ни дадоа куќи од швабите во Гаково и Крушевље. Во куќата имавме четири одделенија, во собите калиеви печки, а во бунарите ја најдовме целата покуќнина што ја оставиле Германците што живееја во Војводина пред да заминат. Можеби верувале дека ќе се вратат. За да учиме ни донесоа учители од Грција, од Булкес. И весници донесоа “Фонитис Булкес” (Глас на Булкес). Таму научив грчки. И сега ја знам таблицата на грчки, ако сакаш да ти ја речам, на македонски можеби нема да ја погодам од одма. Во Војводина ни српски не учевме, ни македонски. Само грчки. Таму имаше и улици со грчки имиња, а и нашите ги претопуваа. А имаше и случај еден брат да е Македонец, другиот да се кажува Грк.

“Пак ли и тука грчки ќе учиме”, се бунеа нашите во Војводина. Ако ја сакате Македонија, треба назад да се вратите, да се борите, а тие над 18 години да служат војска.

Пред да избегаме од Сакулево по пругата со децата одевме на училиште во Битола, а таму учевме на бугарски, немаше никаква граница а беше воено време. Кога бев многу мала во Сакулево, одевме в црква на секој голем празник - за Божик, за Водици, за Велигден. Поповите пееја на грчки. Знам и псалми на грчки јазик. Надвор од црквата поповите со народот зборуваа македонски. Тие беа наши, само претходно беа пратени на школо, за да пеат и да проповедаат на грчки. По осумнаесет месеци не вратија и ни рекоа дека ќе сме ја ослободувале Македонија. Ништо од тоа. Се вративме во село Славеј, прилепско. Таму се отвори задруга. Ние, Егејците направивме штали, се купија крави, телиња, коњи. Збиравме и тутун. Ако не нанижеш 13 низи не се следуваше детски додаток. Така за детскиот додаток макотрпно работевме. После таа работа ми ја запишаа како стаж за пензија.

Брат ми Трендафил беше добар бербер па се преселивме во Скопје. Ни овде не ни беше лесно. Бараа да земеме државјанство. Синот на Трендафил, Никола, го бараа да оди војска. Ако не одиш војска ти го земаа станот. Два пати стан ни дадоа, два пати ни го зедоа. Го молевме, главниот да не го зема внукот во војска за да помага како машка глава во Мичурин, каде живеевме во една стара зграда. Ја викавме Чеганската зграда. Во кујната спиевме 14 души и тоа ни го зедоја. Не дозволуваа, ние, Егејците да бидеме на едно место. Поради тоа многу од нашите заминаа во Австралија и во Канада. Да не беа тие притисоци, тука ќе бевме сите, поблиску до границата со родниот крај.

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
Слоганот „Македонија е бугарска“ прогласен за официјална стратешка цел на Бугарија е закана по мирот
Читај
ПОЧЕТОХА ПАМЕТТА НА ВОЙВОДАТА АТАНАС ТЕШОВСКИ
Читај
Гласовете ви чуваме
Читај
Бугарија да ги изврши пресудите во корист на здруженијата на Македонците
Читај
Бугарија сака да го наметне своето видување за историјата
Читај

Излезе от печат второ, преработено, разширено и допълнено издание на

История на Македония
апология на македонството

от проф. д-р Георги Радулов


Книгата има общо 570 страници. Цена - 15 лева.
Купете си я преди да се е изчерпал тиражът.

Важно! Важно! Важно!

Дружеството на репресираните македонци в България припомня на всички репресирани през комунистическия период заради македонските си убеждения и съзнание, както и на техните потомци, че срокът за подаване на молби за компенсации и обезщетения е удължен до края на 2011 г. Молбите се внасят в областните управи, и пак там можете да научите и какви точно документи ви са необходими. Отварянето на тези досиета е от голямо значение за македонското малцинство в България.

Поезија
МАКЕДОНСКИ ОТГОВОР

На вестник „Народна воля” – по случай 30 години от излизането на първия му брой

Ето ме – с ръка върху сърцето,
просълзявано от черни думи,
че съм пътник за натам, където
няма страх от подлост и куршуми.

Даже нож до кокал да опира
и отровна чаша да изпие,
истина не може да умира,
камо ли на две да се превие. –

За да бъда никой! А без корен
може ли живот да съществува? -
Все едно – убит или съборен,
към безкрайно нищо ще отплува.
И така ... нататък до безкрая
чужди дом с потта си да съзиждам,
кой съм и защо съм – да не зная,
а къде отивам – да не виждам. -

Робът е удобен – до възхита,
че не търси път към светлината
и дори сълзата си не пита
кой му е виновен за съдбата.

Робът за Родина не тъгува
и не лее кръв за свободата,
а когато на смъртта слугува,
няма равностойност на Земята.
Случи ли се Юди да прекършат
крехките крилца на мекотели,
хлябът и лъжата ще довършат
новите поръчкови разстрели.

Хлябът ли? С трагична баладичност
и с ръцете на позорни нрави
може над абдалова безличност
златни ореоли да постави.

И лъжата е велика сила,
че безброй школовки като мине
може чрез тръбачи на резила
всяка сляпа истина да срине.
Ала всяка доблест под небето,
ала всеки нож за гилотина,
длъжни са да знаят, че сърцето
не продава съвест и Родина.

Не като страхливец и наивник
при лакейски завет ще се крия,
даже и да имам за противник
цялата световна мръсотия!

Александър Македонски



ИЛИНДЕНСКА - 1990-та

На Никола Вапцаров

Поете,
пак със мръсните ръце
днес пипат във душата на народа.
Но вече не прикриват свойта цел
потомците на вълчата порода,

която преди век света продра
със воплите по свойте братя роби,
а тайно –
в дива глутница се сбра
на брата роб земята да зароби.

Задружно сe нахвърлиха тогаз,
да не пропуснат по-тлъст пай
да сграбчат.
Не сме ги викали,
но кой ни пита нас?
За тях сме ние не народ,
а плячка.

Отхапаха по къс.
А сетне с вой
заръфаха се стръвно за гърлата,
вбесени –
искаха със кървав бой
да си докажат върху нас правата.

Но никой не доби нотариален акт.
Затуй те днеска пак се сдушват
здраво,
обзети от едничка мисъл –
как
властта си тук да увековечават.
Отново днес решават вместо нас,
отричат пак правата ни изконни.
В защита дръзнем ли да вдигнем
глас,
те обявяват ни извън закона.

Извън закона –
в своята земя,
изгнаници –
във своята родина.
Умът изтръпва в ужас,
онемял
пред тая страшна
варварска картина.

Да!
Ние носим тежката вина,
че в този слънчев кът сме се родили.
Престъпно е, че родната страна
така обичаме.
О, Боже мили!

Законът вълчи право им е дал –
затуй законно вършат беззакония,
погазват с ярост вяра,
идеал –
свободна да пребъде Македония.

Но ние няма да я предадем –
ще бдим, поете, с вашите плакати:
“Свободна искаме,
не щем,
не щем протекторати.”

Петър Мицков

Македонија пее

ТАКИ ДАСКАЛОТ

Таму ле мајко близу Битола
во реорската густа корија
Таки даскалот славно загинал
со неговата верна дружина
со нив загина смела другарка
млада Елпида Караманова.

Предадени од клети шпијони
ги сардисаа од сите страни
пушки згрмеа бомби стрештеа
крвава почна борба нерамна.

Тогаш извикал Таки даскалот
на неговата верна дружина
фрлајте бомби тиран сотрете
живи во раце не се давајте.

Клети тирани борба нерамна
сета дружина му ја избија
Таки даскалот жив не се даде
самиот крвта си ја пролеа
откачил бомба на неа легнал
За слободата на Македонија.

ТАМУ ДОЛУ КРИВОЛАЧКО

Таму долу Криволачко Црвени Брегови
умре јунак македонец Никола Петров. (2)

Со фашистка полиција борба водеше
цел ден он се стражуваше и им викаше (2)
Ви крвници на народот надвор од тука
Македонија се дига вас да истера. (2)

Јас сум чесен македонец крв македонска
вашите раце не се давам, сам се убивам. (2)
Спиј спокојно наш другару Никола Петров
ти загина за слобода за Македонија. (2)




Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting