Наумовски за грчкиот весник “Катимерини“

ДОЈДЕ ВРЕМЕ ЗА КРАЈНО РЕШЕНИЕ ЗА ИМЕТО

(Преземено од МИМ)

Дојде време за крајно решение на проблемот со името, вели вицепремиерот Васко Наумовски, во интервју за грчкиот весник Катимерини,одговарајќи на прашањето дали Македонија се надева на договор до ноемврискиот Самит на НАТО. Вицепремиерот ги објаснува македонските позиции во спорот.
- Прифатливото решение треба да биде во согласност со реалноста, а реалноста дека постои македонски идентитет, народ, јазик и држава не може да се промени, вели Наумовски.
Тој смета дека Македонија не е непријател на Грција и од заеднички интерес е земјата да стане дел од НАТО и ЕУ, затоа што, како што вели во интервјуто, многу повеќе работи ги обединуваат двете земји отколку што ги разделуваат.
Запрашан за тужбата во Хаг, коментира дека Македонија се решила на таков чекор за да види дали секоја земја членка на ОН ги почитува своите меѓународни правни обврски, за кои се има согласено.