Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Изјави на претседателот Ѓорге Иванов

МАКЕДОНИJА E ПОДГОТВЕНА НА ЕВРОПСКИ НАЧИН ДА ГИ ПРЕМОСТИ РАЗЛИКИТЕ СО ГРЦИJА

(По македонскиот печат)

Македонија е подготвена на европски начин да го реши спорот за името наметнат од Грција, кој ја попречува земјата кон постигнување на стратешките цели - членството во ЕУ и НАТО, изјави во Македонската опера и балет претседателот Ѓорге Иванов во своето обраќање на традиционалниот прием за дипломатскиот кор во земјата.
- Жално е што поради ирационална причина на генерации и генерации македонски граѓани им е отежнат патот до прогресот и благосостојбата. Македонија е подготвена на европски начин да ги премости разликите со соседна Грција. Македонија е европска земја и очекува со неа да се однесуваат европски. Верувам дека низ дијалог, со зајакната доверба и со подобро разбирање, ќе дојдеме до заемно прифатливо решение.Компромис во кој ќе нема победници и поразени. Верувам дека не е далеку денот кога ќе биде отстранета оваа единствена пречка за моите сограѓани да можат да ги уживаат правата и благодетите од членството во европското и евроатлантското семејство, рече Иванов.
Нагласи дека 2011 е година на јубилеи кога се одбележуват 20 години од независноста и 10 години од Охридскиот рамковен договор, но и година на продолжување на суштинските реформи на патот кон посакуваните евроатлантски интеграции.
На приемот се обрати и доајенот на дипломатскиот кор, романскиот амбасадор Адријан Константинеску, кој нагласи дека земјата во 2010 забележа значајни достигнувања, што е наведено и во генерално позитивниот Извештај и повторената препорака за почеток на преговорите од страна на ЕК. За оваа година го нагласи значењето на имплементацијата на законите. Константинеску го искажа и силното охрабрување на меѓународната заедница кон двете засегнати страни во спорот за името за што е можно поскоро изнаоѓање билатерално прифатливо компромисно решение.
-Убедени сме дека 2011 ќе биде одлична година за Република Македонија и нејзиниот народ. Откако единственото отворено прашање ќе се реши, не постои сомнеж дека тешките, но во секој случај вредни пристапни преговори со ЕУ ќе започнат, рече амбасадорот Константинеску. На приемот во Македонската опера и балет присуствуваа и шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски, министри во Владата, претставници на меѓународни организации.

   НАРОДНА ВОЛЈА
ДА ПОГЛЕДНЕМ ИСТИНАТА В ОЧИТЕ
Читај
“АЗ СЛУШАХ РАЗКАЗИТЕ НА БАБИТЕ И ДЕДОВЦИТЕ СИ И ТЕ МЕ ЗАПАЛИХА ЗА МАКЕДОНИЯ”
Читај
ПОЗИЦИЈА НА ОМО „ИЛИНДЕН“ - ПИРИН ВО ВРСКА СО РЕФЕРЕНДУМОТ ЗА ИМЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Читај
НАШАТА ГЕНЕРАЦИЈА Е ОБВРЗАНА ДА ГО ЗАЧУВА ЗАВЕТОТ ОД ПРЕДЦИТЕ И ДА ИМ ГО ПРЕДАДЕ НА ПОТОМЦИТЕ
Читај
ЗАСЕДАНИЕ НА ЦЕНТРАЛНИЯ СЪВЕТ НА ОМО „Илинден“ - ПИРИН
Читај


139 години от рождението на Гоце Делчев
ГОЦЕ

Символ на гордост и слава,
ореол божествен ни стана.
Недостижим и близък остава
и лек, и песен, и рана.

Ти, Гоце, во нас си в сърцето,
ти брат си и син си любими,
ти знаме ни стана, което
е огин в студените зими.

Со песните секой те знае,
на орото рамо до рамо
и сърцето чука, не трае
едно име носиме само:

МАКЕДОНЕЦ и нищо друго
никой не може да ни каже,
бугарин, србин и гърко
не може нас да излаже.

Запей песна, майко мила,
стара песна, македонска,
за воините на Самоила,
за земята ни исконска.

Дур до Кукуш да се чуе
в бащина му стара кука,
дедо зурла да надуе,
тапан до небо да чука!

Димитър Иванов

Македонија пее

ДА НИ Е ЖИВА ПЕСНАТА

Тагата се распослала
Легнала ми натежнала
И си ја барам песната
што ми е мелем за душата

Еј каков народ сме
Од бога создаден
Песна не весели
Со неа векува

Рефрен:

Да ни е жива песната
Песната еј македонска
Срцата што ги разпеа
Душите што ги огреа

Да ни е жива песната
И мојот народ намачен
Запеј му песно запеј му
Да не го видам разплачен

До кај што свети сонцето
До таму ни е народот
А ние што останавме
Песната им ја праќаме

Еј каков народ сме
Од бога создаден
Песната не лекува
О неа векува

Рефрен...




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2018 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting