Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Македонската култура од Ватикан до Русија

СРЕДБА СО МАКЕДОНСКИТЕ АМБАСАДОРИ НА КУЛТУРАТА ВО СВЕТОТ

(Преземено од МИМ)


Македонските амбасадори на културата во светот - Владо Јаневски, Зафир Хаџиманов, Елена Мисиркова, Иван Поповски и Благој Нацоски, во Министерството за култура се пофалија со минатогодишните ангажмани. Владо Јаневски учествуваше на концертот во Софија за помош на жртвите од земјотресот на Хаити, а Благој Нацоски беше инволвиран во два настани во Италија: одбележувањето 15 години дипломатски односи со Ватикан и 100 години од раѓањето на Мајка Тереза.
"Одбележувањето 15 години дипломатски односи со Ватикан беше комплетно во моја организација, ги искористив моите контакти и познанства и се потрудивме да го направиме на највисоко ниво. Можам да кажам дека настанот се уште се памети", рече познатиот тенор Нацоски. Пред режисерот Иван Поповски е година во која ќе се случат денови на Македонската култура во Руската Федерација.
"Место гломазни и неефективни претставувања подобро е да се донесе една изложба или еден концерт од кои навистина ќе остане трага", рече познатиот театарски режисер кој ветува дека ако не овие, следните Денови на македонската култура во Русија дефинитивно ќе остават трага. Зафир Хаџиманов, амбасадор на културата во Србија го презентираше проектот "Ало, будење", а Елена Мисиркова, пијанист и амбасадор на културата во Австрија ја оцени изминатата година како важна, потенцирајќи го првото потпишување на Програма за соработка во културата меѓу двете земји.
"И културните проекти кои беа реализирани прелиминарно доведоа до сето тоа. Во преговори сум за гостување на нашите театарски куќи, за гостување на МОБ...", изјави Мисиркова, потенцирајќи дека нашето претставување се случило во истиот простор каде што се одржува традиционалниот новогодишен Виенски концерт. Министерката за култура Канческа-Милевска кажа дека ќе се сретне и со останатите амбасадори на културата, Горан Стефановски, Иво Трајков, Милчо Манчевски.
На средбата во Министерството за култура присутни беа и селекторите на "Охридско лето" и директорот на Струшки вечери на поезијата, чие јубилејно педесетто издание е поддржано од УНЕСКО, а на отворањето ќе се промовира реновираната куќа на Миладиновци.

   НАРОДНА ВОЛЈА
ДА ПОГЛЕДНЕМ ИСТИНАТА В ОЧИТЕ
Читај
“АЗ СЛУШАХ РАЗКАЗИТЕ НА БАБИТЕ И ДЕДОВЦИТЕ СИ И ТЕ МЕ ЗАПАЛИХА ЗА МАКЕДОНИЯ”
Читај
ПОЗИЦИЈА НА ОМО „ИЛИНДЕН“ - ПИРИН ВО ВРСКА СО РЕФЕРЕНДУМОТ ЗА ИМЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Читај
НАШАТА ГЕНЕРАЦИЈА Е ОБВРЗАНА ДА ГО ЗАЧУВА ЗАВЕТОТ ОД ПРЕДЦИТЕ И ДА ИМ ГО ПРЕДАДЕ НА ПОТОМЦИТЕ
Читај
ЗАСЕДАНИЕ НА ЦЕНТРАЛНИЯ СЪВЕТ НА ОМО „Илинден“ - ПИРИН
Читај


139 години от рождението на Гоце Делчев
ГОЦЕ

Символ на гордост и слава,
ореол божествен ни стана.
Недостижим и близък остава
и лек, и песен, и рана.

Ти, Гоце, во нас си в сърцето,
ти брат си и син си любими,
ти знаме ни стана, което
е огин в студените зими.

Со песните секой те знае,
на орото рамо до рамо
и сърцето чука, не трае
едно име носиме само:

МАКЕДОНЕЦ и нищо друго
никой не може да ни каже,
бугарин, србин и гърко
не може нас да излаже.

Запей песна, майко мила,
стара песна, македонска,
за воините на Самоила,
за земята ни исконска.

Дур до Кукуш да се чуе
в бащина му стара кука,
дедо зурла да надуе,
тапан до небо да чука!

Димитър Иванов

Македонија пее

ДА НИ Е ЖИВА ПЕСНАТА

Тагата се распослала
Легнала ми натежнала
И си ја барам песната
што ми е мелем за душата

Еј каков народ сме
Од бога создаден
Песна не весели
Со неа векува

Рефрен:

Да ни е жива песната
Песната еј македонска
Срцата што ги разпеа
Душите што ги огреа

Да ни е жива песната
И мојот народ намачен
Запеј му песно запеј му
Да не го видам разплачен

До кај што свети сонцето
До таму ни е народот
А ние што останавме
Песната им ја праќаме

Еј каков народ сме
Од бога создаден
Песната не лекува
О неа векува

Рефрен...




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2018 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting