Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Во пресрет на новата рунда преговори, Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, со порака

НЕМА РОКОВИ, НО ВРЕМЕ Е ЗА ОДЛУКА ЗА СПОРОТ СО ИМЕТО

(Преземено од МИМ)


Нема рокови за решавање на спорот за името меѓу Грција и Македонија, но сметам дека е време за одлуки, порача генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки Мун, во пресрет на новата рунда преговори на девети февруари во Њујорк.
- Задоволство ми бидеше да го видам импулсот што се создаде по директните разговори минатата година меѓу двајцата премиери. Сега е време да се оди кон одлуки, со што ќе се реши прашањето на заемно прифатлив начин. Двајцата лидери ги уверив во цврстата поддршка од ОН за да се постигне таа цел, вели Бан Ки Мун.
Грчките медиуми објавија дека на помош за решавање на долгогодишниот спор ќе пристигне и американската државна секретарка Хилари Клинтон, која на почетокот на февруари се очекува да го посети регионов.
Грчкиот весник Катимерини" пишува дека Клинтон ќе ја посети Грција на шести или осми февруари, пред или по посетата на Турција. Една од темите на разговор со грчкиот државен врв ќе биде и спорот за името. Стејт департментот се уште не ги потврдил овие посети. Нема информација и дали е можна посета на Клинтон и на Скопје.
Дека САД се подготвени да помогнат во преговорите, на 14.I.2011 г. повтори и американскиот амбасадор во земјава, Филип Рикер. По традиционалниот прием на дипломатскиот кор кај претседателот Ѓорге Иванов, Рикер изрази надеж дека прашањето за името може да биде решено во секое време, но тоа бара напори од лидерите на Грција и на Македонија, кои ја имаат одговорноста. Тој оцени дека 2011 година за Македонија ќе биде важна година, посочувајќи на симболиката на одбележувањето на 20 години од независноста и 10 години од Рамковниот договор.
Решение за спорот годинава посакува и британскиот амбасадор Кристофер Ивон.
- Би сакал во оваа година да видам решение за спорот за името. За тоа ќе биде потребно лидерство, флексибилност и храброст меѓу страните кои имаат интерес да го решат проблемот, бидејќи меѓународната заедница сака да види решение што е можно поскоро, изјави Ивон.
Претседателот Иванов, пак, излезе со уверување до амбасадорите дека Македонија е подготвена на европски начин да го реши спорот за името наметнат од Грција, кој ја попречува земјата кон постигнување на стратешките цели - членството во ЕУ и НАТО.
- Македонија е европска земја и очекува со неа да се однесуваат европски. Верувам дека низ дијалог, со зајакната доверба и со подобро разбирање, ќе дојдеме до заемно прифатливо решение. Компромис во кој ќе нема победници и поразени, рече шефот на државата во обраќањето пред дипломатскиот кор.

РИКЕР НА ПОВИСОКА ПОЗИЦИЈА
Амбасадорот Филип Рикер оди повисоко во американската дипломатска хиерархија. Тој годинава ќе ја преземе позицијата на Томас Кантримен како заменик-помошник државен секретар задолжен за Балканот. Нејасно е кој ќе дојде по Рикер во амбасадата во Македонија. Рикер е амбасадор во Скопје од 2008 г., а и претходно беше во Македонија - на крајот на деведесеттите години кога беше задолжен за односи со јавност. Вели дека и на новата функција се надева оти ќе има можност да ја посетува Македонија, како и останатите земји од Балканот - БиХ, Србија, Косово, Албанија, Хрватска и Црна Гора.

   НАРОДНА ВОЛЈА
ДА ПОГЛЕДНЕМ ИСТИНАТА В ОЧИТЕ
Читај
“АЗ СЛУШАХ РАЗКАЗИТЕ НА БАБИТЕ И ДЕДОВЦИТЕ СИ И ТЕ МЕ ЗАПАЛИХА ЗА МАКЕДОНИЯ”
Читај
ПОЗИЦИЈА НА ОМО „ИЛИНДЕН“ - ПИРИН ВО ВРСКА СО РЕФЕРЕНДУМОТ ЗА ИМЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Читај
НАШАТА ГЕНЕРАЦИЈА Е ОБВРЗАНА ДА ГО ЗАЧУВА ЗАВЕТОТ ОД ПРЕДЦИТЕ И ДА ИМ ГО ПРЕДАДЕ НА ПОТОМЦИТЕ
Читај
ЗАСЕДАНИЕ НА ЦЕНТРАЛНИЯ СЪВЕТ НА ОМО „Илинден“ - ПИРИН
Читај


139 години от рождението на Гоце Делчев
ГОЦЕ

Символ на гордост и слава,
ореол божествен ни стана.
Недостижим и близък остава
и лек, и песен, и рана.

Ти, Гоце, во нас си в сърцето,
ти брат си и син си любими,
ти знаме ни стана, което
е огин в студените зими.

Со песните секой те знае,
на орото рамо до рамо
и сърцето чука, не трае
едно име носиме само:

МАКЕДОНЕЦ и нищо друго
никой не може да ни каже,
бугарин, србин и гърко
не може нас да излаже.

Запей песна, майко мила,
стара песна, македонска,
за воините на Самоила,
за земята ни исконска.

Дур до Кукуш да се чуе
в бащина му стара кука,
дедо зурла да надуе,
тапан до небо да чука!

Димитър Иванов

Македонија пее

ДА НИ Е ЖИВА ПЕСНАТА

Тагата се распослала
Легнала ми натежнала
И си ја барам песната
што ми е мелем за душата

Еј каков народ сме
Од бога создаден
Песна не весели
Со неа векува

Рефрен:

Да ни е жива песната
Песната еј македонска
Срцата што ги разпеа
Душите што ги огреа

Да ни е жива песната
И мојот народ намачен
Запеј му песно запеј му
Да не го видам разплачен

До кај што свети сонцето
До таму ни е народот
А ние што останавме
Песната им ја праќаме

Еј каков народ сме
Од бога создаден
Песната не лекува
О неа векува

Рефрен...




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2018 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting