Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Став

ВРАТИТЕ НА НАТО И НА ЕУ ЗА НАС СЕ ШИРУМ - ЗАТВОРЕНИ

Ристо Никовски


Факт е дека не по наша вина и за резил на НАТО и на ЕУ, нивните врати за нас остануваат затворени. Не треба да се залажуваме дека е поинаку. Вашингтон и Брисел тоа секако нема директно да ни го соопштат. Би морале да ги објаснат причините што, и за нив, се неодржливи, недостојни и срамни. Затоа ја користат техниката - ти кажувам ќерко, слушај снао.
Кога некој ти поставува услови што не можеш да ги прифатиш или исполниш, ти става до знаење што (не)сака. Или, најавува употреба на сила. Така, впрочем, почна и Првата светска војна. Виена беше свесна дека, по атентатот во Сараево, Белград не може да го исполни ултиматумот и војната беше неизбежна.
Во нашиов случај не е реална употреба на сила од надвор. Дали таа ќе биде ангажирана од внатре (и кога), е друго прашање. Тоа директно ќе зависи од развојот на состојбите и кај нас и во поширокиот регион. На Косово се појави нова (трета) политичка сила, која отворено се залага за прекројување на границите. Тоа мора да загрижува. Неодамнешна анкета покажа (пре)висока поддршка за таквите идеи токму на Косово (81 отсто).
Наш интерес е што поскоро да се соочиме со реалноста. Кога зацементираниот услов е да си ги смениме името, идентитетот, јазикот..., не треба да има дилеми дека премин во НАТО и во ЕУ за нас - нема. Барем засега. Неоспорно е дека поставените уцени водат кон наше самоуништување, а тоа мора да го дефинира и нашиот избор.
Непростливо ќе се згреши ако затворањето на евроатлантските перспективи биде повод за радување на опозицијата и на нејзините приврзоци. А тоа изгледа сосем извесно. Нема основа за какво било славење, ниту за партиски, лични или лидерски сметки. Се работи за удар врз сите граѓани. Во прашање е иднината и на народот и на државата, а натамошни делби само ќе нé хендикепираат.
Резултатот ќе беше апсолутно ист и опозицијата да беше на власт. Ултиматумот не е прифатлив за која било политичка сила. Освен ако некој нема намера да раскрчми сé што е макотрпно создавано со векови. Никој не може да ја проголта понудената кнедла. Во туѓа уста, таа изгледа мала. Ама кога ќе (ако) се преземе, бргу ќе се смени мислењето. Залогот е многу поголем отколку што некои сакаат да веруваат.
Непотребните преименувања на аеродромот, автопатот... ни наштетија ама не ги затворија вратите. Тоа беа грешки во чекори. Ништо повеќе. Впрочем, многу поголема штета ни нанесе најавената подготвеност да го свиткаме ‘рбетот. Тоа беше сигнал дека на сé сме подготвени, дека ништо не ни е свето. Ни идентитетот, ни јазикот... Важно ни е само - НАТО! Голи и боси, безимени и со свиткани глави... ама - со членска карта. Како Радован Трети во библиотека.
Ако денес, кога Атина отворено ни ги испорачува барањата (сé македонско е нивно), кога другите недвосмислено ни го прекрстуваат јазикот... нема шанса да се замаглуваат работите. Тврдењата дека сами сме ги отвориле идентитетските прашања, или дека апетитите на Атина пораснале по нашите преименувачки грешки, се смешни. Тоа се невешти манипулации, кои веќе немаат покритие: очигледно е дека се бранат туѓи интереси.
Грчката цел - да нé избришат како Македонци - е стоотстотно иста од самиот почеток. Нормално, тие ја завиткуваа во разни обланди, соодветни за моментот, ама тоа беше обична тактика. Во ниту една пригода не дозволија целта да биде доведена во прашање. Денес секој добронамерен може да го види тоа.
Страшно е чувството дека точно таа нивна намера е широко поддржана. Единствен исклучок беше обидот на САД, по Букурешт 2008, да се одвојат идентитетот на народот и јазикот од пакетот за (промена на) името на државата. Јавно и официјално тврдеа дека Македонците, јазикот... се реалност што не смее да се игнорира. Самото тоа доволно ги покажа вистинските намери на Атина. А грчките реакции беа недвосмислена потврда.
Ние, по обичај, не го искористивме ни тој моментум.
Иницијативата не помина поради одлучното и жестоко грчко одбивање и САД се повлекоа. Свесна дека го разби отпорот, дека патот и е отворен, Атина стана уште поарогантна и целосно ги отвори картите. Јавно порача дека цел се - Македонците. Треба да испитаме дали американскиот обид беше само реакција на (или реванш за) поразот во Букурешт, или имаше поинаква, принципиелна и цивилизациска заднина. Ако беше второто во прашање, поддршката мора итно да се актуализира.
Со „подржавувањето“ на јазикот, од страна на САД, ЕУ, ОБСЕ... докрај се разголи политиката, зад која тие веќе координирано стојат. (Ова зборува дека претходниот американски обид веќе е - историја!). По тој нивни чекор, само зевзеци можат да се обидуваат да нé лажат дека името ќе си го смениме (за надворешна употреба, нели) и сé друго ќе си остане исто. Сé, освен македонскиот народ, јазикот, културата... За нас сé ќе биде како што никогаш не било. Ниту во времето кога Македонците немаа своја држава. Ако прифатиме промена на името, како народ ќе бидеме официјално - избришани. За утеха ќе си имаме „државен“ јазик.
Новиот став на Вашингтон, Брисел, Виена, Стразбур... мора сите сериозно да нé замисли. Во прашање е голема игра, во која нема место за мали, ситни играчи и калкуланти, кои не (сакаат да) гледаат подалеку од носот. Проблемот е сериозен и длабок. Изгледа непремостлив. Решение нема на повидок, а маневарскиот простор ни се стеснува...
Така ќе биде сé додека решително не тргнеме во одбрана на сопствените интереси. Излезот може да се бара само преку градење макар минимално внатрешно единство.

   НАРОДНА ВОЛЈА
ДА ПОГЛЕДНЕМ ИСТИНАТА В ОЧИТЕ
Читај
“АЗ СЛУШАХ РАЗКАЗИТЕ НА БАБИТЕ И ДЕДОВЦИТЕ СИ И ТЕ МЕ ЗАПАЛИХА ЗА МАКЕДОНИЯ”
Читај
ПОЗИЦИЈА НА ОМО „ИЛИНДЕН“ - ПИРИН ВО ВРСКА СО РЕФЕРЕНДУМОТ ЗА ИМЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Читај
НАШАТА ГЕНЕРАЦИЈА Е ОБВРЗАНА ДА ГО ЗАЧУВА ЗАВЕТОТ ОД ПРЕДЦИТЕ И ДА ИМ ГО ПРЕДАДЕ НА ПОТОМЦИТЕ
Читај
ЗАСЕДАНИЕ НА ЦЕНТРАЛНИЯ СЪВЕТ НА ОМО „Илинден“ - ПИРИН
Читај


139 години от рождението на Гоце Делчев
ГОЦЕ

Символ на гордост и слава,
ореол божествен ни стана.
Недостижим и близък остава
и лек, и песен, и рана.

Ти, Гоце, во нас си в сърцето,
ти брат си и син си любими,
ти знаме ни стана, което
е огин в студените зими.

Со песните секой те знае,
на орото рамо до рамо
и сърцето чука, не трае
едно име носиме само:

МАКЕДОНЕЦ и нищо друго
никой не може да ни каже,
бугарин, србин и гърко
не може нас да излаже.

Запей песна, майко мила,
стара песна, македонска,
за воините на Самоила,
за земята ни исконска.

Дур до Кукуш да се чуе
в бащина му стара кука,
дедо зурла да надуе,
тапан до небо да чука!

Димитър Иванов

Македонија пее

ДА НИ Е ЖИВА ПЕСНАТА

Тагата се распослала
Легнала ми натежнала
И си ја барам песната
што ми е мелем за душата

Еј каков народ сме
Од бога создаден
Песна не весели
Со неа векува

Рефрен:

Да ни е жива песната
Песната еј македонска
Срцата што ги разпеа
Душите што ги огреа

Да ни е жива песната
И мојот народ намачен
Запеј му песно запеј му
Да не го видам разплачен

До кај што свети сонцето
До таму ни е народот
А ние што останавме
Песната им ја праќаме

Еј каков народ сме
Од бога создаден
Песната не лекува
О неа векува

Рефрен...




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2018 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting