Расказ

ВО ЦАРСКИОТ ГРАД

Мишо Јузмески


Не сме ни помислувале дека такво нешто би можело да се случи во градот на царевите. Уште потешко Ќе ни беше да поверуваме доколку самите ние не бевме виделе со сопствените очи.
Од памтивек народите на светот паѓале на колена пред богот Сонце, надевајЌи се дека така Ќе ја придобијат неговата милост со сите привилегии кои одат со неа. Бевме свесни и за неговата неизмерна моЌ, која можеше да нè согори како најнежната нишка восок. Затоа не размислувавме дали да му се поклонуваме и восхитуваме, туку брзавме во закрилата на густата шума која започнуваше на работ од висорамнината.
Тука некаде завршуваше и асфалтираниот дел од патот. Од него, барем што се однесува до асфалтот, беше останало само името. Патот беше покриен со мрежа од дупки, секоја со различна широчина и длабочина, а под нашите нозе се тркалаа грутки од одамна издробениот асфалт. Понатаму патот продолжуваше низ шумата, но сега многу порамен, со помали дупки и многу помек за газење... Најверојатно поради дебелата покривка од прашина. Патот беше и потесен: густата вегетација беше тргнала да ја затвори целата негова широчина, а до моментот имаше направено само еден тесен тунел од зеленило. Неговата ладовина нè штитеше од сончевата жега, додека очите ни се полнеа со раскошот од растенија кои ги имаше во сите бои и од разни видови.
По едночасовно пешачење пристигнавме на предвидената цел. Прво пред нас се појавија неколку разретчени куЌи, а неколку минути подоцна се најдовме во средиштето на градот, на местото од некогашниот буен живот кој царувал тука. Сега, единственото нешто кое владееше околу нас беа неизмерната тага и застрашувачката тишина коишто извираа од сите страни. ПовеЌето згради беа пред распаѓање, но и оние кои некако успеале да се додржат зрачеа со тагата на еден град што умира. По улиците не забележавме многу живот. Само едно куче мрзеливо се излежуваше во сенката на една полураспадната куЌа, овде - онде преку улиците
Ќе претрчаше некој ситен гуштер... Тоа беше сиот видлив жив свет.
И само што се запрашавме дали нема да сретнеме некого од нашиот вид, од некаде се чу човечки глас. Набрзо од зад аголот на една куЌа се појавија две сенки, по нив и нивните сопственици: двајца мажи на различна возраст, најверојатно татко и син. Им го прекинавме разговорот, поздравувајЌи ги. Можеби беше редно тие први да ни прозборат, да ни посакаат пријатен престој во нивното место, но ние побрзавме да покажеме чувства на пријателство и добронамерност.
Нашето предвидување се покажа точно: помладиот маж му бил син на постариот. Синот само нè отпоздрави и продолжи да чекори кон својата цел. Таткото, најверојатно жеден за разговор и новости од надворешниот свет, подзастана да поразговара со нас. Му се претставивме, му кажавме зошто сме тука.
ДомаЌинот се насмевна, без да делува многу весело.
- Вие дојдовте - ние си отидовме. Од илјадниците жители, останавме да се броиме со стотици. Останаа старите, болните, сиромашните, неснаодливите...Другите ги фатија патиштата кон разни краишта на светот.
Разговаравме само половина час. Не дека не ни беше мило да разговараме повеЌе со новиот познаник. Требаше пак да се пешачи назад до автомобилот и потоа следуваше долго патување дома. Меѓувремено сакавме подобро да го запознаеме вековниот град, а не знаевме дали воопшто и кога пак би можеле да дојдеме.
- Отидете на ридот - нè советуваше нашиот нов пријател. - Оттаму Ќе ги видите градот и целата висорамнина. Само, не заборавајте да понесете вода за пиење. Изворот на крајот од главната улица е единственото место од кое би можеле да се снабдите - таму се напојува целиот град. Сите други извори се пресушени, водоводот со години не работи, а без вода не се оди на сув рид...
Неколкуте преостанати часови ги минавме во истражување на градот, ѕиркајЌи дури и во најзафрлените улички. Потоа решивме да се искачиме до најблискиот рид. ВеЌе беше настапила големата жега на доцното попладне, а угорнината на ридот не беше лесна за совладување. Но врвот на ридот ни овозможуваше волшебна глетка и не зажаливме за преземениот напор. Пред нас, како на дланка, се гледаа градот, висорамнината, околните ридови... Погледот ги зафаЌаше и најдалечните сртови од другата страна на котлината. Море од разновидни пејсажи и волшебство од бои ни ги полнеа очите.
Освен што им се изнарадувавме на убавините на Земјата и небото, по што се изнаприкажавме за виденото, моравме да се соочиме и со другата страна на опкружувањето. По земјата, насекаде околу нас, лежеа расфрлани пластични отпадоци, на гранките од дрвјата се виореа остатоци од пластични кеси... Ги имаше во сите бои. Бевме натажени од оваа глетка и повеЌе не сакавме да се задржуваме.
Тргнавме да се спуштаме назад, кон градот. Дали намерно или поради чиста случајност, по патот пак н пресретна истиот човек којшто нè пречека, сега веЌе наш стар познаник. Како да било речено тој и да нè испрати. Неговото појавување ни се виде добредојдено, очекувајЌи дека тој би можел да ни ја одгатне загатката од врвот на ридот. Во градот, во кој речиси замрел животот и целиот беше пред целосно распаѓање, сепак нешто се градело... А зошто на ридот, надвор од градот?!
- Ааа, тоа?! - подвикна соговорникот, сега видно повесел и веројатно среЌен што Ќе може да ни открие некоја значајна тајна. - Тоа е само постаментот, а споменикот само што не пристигнал... Тоа Ќе биде новото светско чудо. Такво нешто никаде нема... Барем ние така знаеме.
- А парите?! - се чудевме. - Тоа бездруго чини цело богатство...
Насмевката за миг исчезна од лицето на нашиот соговорник. Неговиот лик доби сериозен изглед, а гласот му прозвучи со свечен тон.
- Слушајте, се работи за нашиот најомилен јунак, најголем меѓу големите, најславен меѓу славените. Тој, со своите подвизи, се прослави низ нашиот град и по толку многу години сè уште ги исполнува нашите души со гордост. Со голем напор и со многу откажувања од непотребните работи, по многу години труд собравме пари да му го подигнеме споменикот. Тој Ќе зборува за неговата слава и Ќе потсетува на нашата жртва. Таков јунак, сепак, не се раѓа секој ден...
Му се заблагодаривме за појаснувањата и подареното внимание. Пред да се збогуваме, ни кажа уште дека целиот споменик Ќе бил прелиен со чисто злато. Златни Ќе биле и буквите со кои на постаментот Ќе го запишеле името на нивниот најомилен цар.