Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Факти

БУГАРСКИ ДОКУМЕНТ ЗА СЛУЧУВАЊАТА ОД 11 ОКТОМВРИ 1941 ГОДИНА ВО ПРИЛЕП

АЛЕКСАНДАР ДОНСКИ


Познато е дека на 11 октомври во Прилеп македонските востаници ја нападнале бугарската полициска станица. Како реакција на тоа бугарската фашистичка полиција сурово се нафрлила врз мирното населние во овој град. Од ваквата постапка на полицијата биле огорчени дури и некои Македонци, кои биле во служба на бугарскиот фашистички режим. Еден од нив бил Коста Црнушанов (подоцнежен фолклорист и публицист), кој во тоа време работел во Министерството за просвета. Во нашата јавност е малку познато дека по повод настаните што следувале по нападот на 11 Октомври, Црнушанов испратил протесно писмо до бугарскиот Министер за просвета. Во ова писмо (кое всушност претставува официјален бугарски документ од тоа време) сликовито се опишани мерките што бугарската фашистичка полиција и војска ги презела против прилепчани непосредно по нападот од 11 октомври. Притоа јасно се гледа дека и самиот Црнушанов (иако во служба на фашистичкиот режим) бил огорчен од постапките на бугарските полицајци и војници. Дел од своето писмо Црнушанов го објави во 1996 година и во истото читаме:
„Очевидците и настраданите ми раскажуваа низ плач: Ако некој има видено глутница од волци како напаѓа стадо, тогаш може да си претстави како изгледаше апсењето и претепувањето на прилепските граѓани. Луѓето беа апсени каде и да се наоѓаа: дома, на кино, во кафеана и на други места. Беа водени во участокот, а оттаму во затвор. По патот кон участокот тие беа тепани до бесвест и им беше пцуена „мајката македонска"! Кои беа тепачите? Тоа беа полицајците, војниците и некои од началството, вклучувајќи го и бившиот полициски началник на областа. Тепаа со стапови, маваа со цевките од пушките, удираа со греди и клоцаа со нозете. Удираа каде што ќе стигнат: по главата, по грбот, насекаде... Од околу 300 претепани граѓани, во затворот беа задржани 70... Претепаните се од најразлична возраст: од млади, па се до 70-годишни старци, каков што е случајот со Митре Мазарот... Притоа не било вршено само малтретирање и тепање на ли­цата, туку истите биле и ограбувани. Им биле крадени парите и другите вредности, пенкала, часовници и друго. Ограбувањето го вршеле полицајците и војниците." (Коста Црнушанов: „Принос кон историјата на ММТРО“, Софија, 1996 год.).
Сметаме дека ова сведоштво е доволен доказ против оние кои и денес тврдат дека бугарските фашисти дошле да ја ослободат Македонија.

   НАРОДНА ВОЛЈА
ДА ПОГЛЕДНЕМ ИСТИНАТА В ОЧИТЕ
Читај
“АЗ СЛУШАХ РАЗКАЗИТЕ НА БАБИТЕ И ДЕДОВЦИТЕ СИ И ТЕ МЕ ЗАПАЛИХА ЗА МАКЕДОНИЯ”
Читај
СРЕДБА СО ПРЕМИЕРОТ НА РЕПУБЛИКА МАЛТА, Г. ЏОЗЕФ МУСКАТ
Читај
ОБРАЌАЊЕ НА ОТВОРАЊЕТО НА ПРВАТА НАЦИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ВИЗАНТОЛОГИЈА И МЕДИЕВИСТИКА
Читај
ЖИТЕЙСКИЯТ КРАЙ НА ЕДИН СВЕТЪЛ И ВЪЗВИШЕН ПЪТ
Читај



ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2018 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting