Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Писмо од претседателот Иванов:

ДО ШЕФОВИТЕ НА ДРЖАВИТЕ ЧЛЕНКИ НА НАТО

(Преземено од МИА)


Македонскиот претседател Ѓорге Иванов во пресрет на Самитот на НАТО во Чикаго од шефовите на државите членки на Алијансата побара поддршка за членство на Република Македонија бидејќи, како што вели, тоа е можност да биде исправена неправдата од Букурешт.
- Очекуваме членките да постигнат консензус за ефектуирање на одложената покана за Република Македонија за членство во НАТО под привремената референца од ОН. Ние имаме право на тоа, и нашите граѓани со право тоа го очекуваат, а веќе во Чикаго може да биде исправена неправдата од Букурешт, вели во писмото претседателот Иванов кое денеска го испрати до шефовите на државите членки на НАТО.
Тој нагласува дека писмото го пишува по неодамнешниот нов развој на настаните во случајот со членството на Република Македонија во НАТО, а кои се јавија по пресудата на Меѓународниот суд на правдата – МСП од 5 декември 2011 година.
- МСП пресуди дека Грција, противејќи се на зачленувањето на Република Македонија во НАТО на Самитот во Букурешт во 2008 година под привремениот начин на обраќање утврден од Обединетите нации, ги прекрши обврските преземени со Времената спогодба од 1995 година. И покрај единствената констатација на сите земји-членки дека Република Македонија ги исполнува сите критериуми за членство, сепак, поради противењето на Грција беше донесен заклучокот во Букурешт, во формата која е позната. Имајќи предвид дека пресудата е обврзувачка, Грција треба да се воздржи од натамошно блокирање на евроатлантската интеграција на Република Македонија. Натамошни чекори од страна на Грција да го блокира нашето членство условено со едно билатерално прашање, со решавање на прашањето околу името како предуслов за членство во НАТО, ќе значи непочитување на пресудата на МСП и повторно прекршување на Времената спогодба и на меѓународното право. Очекуваме одговорен пристап од нашиот сосед, посочува во писмото Иванов.
Грчките тврдења дека Република Македонија ја прекршила Времената спогодба и дека не преговарала во добра волја, како што вели Иванов, МСП ги отфрли како неосновани и најде дека Република Македонија никогаш не го прекршила принципот на добрососедски односи со Грција.
Иванов истакнува дека Република Македонија останува силно посветена на изнаоѓање заемно прифатливо решение за разликата околу името. - Ве уверувам дека, како и досега, ќе продолжиме, со добра волја и конструктивно, да учествуваме во разговорите кои се одвиваат под покровителство на ОН, додава тој.
Македонскиот претседател посочува дека пресудата нуди нова, правна димензија и бара нов пристап од сите земји-членки на НАТО. - Во светло на пресудата, очекуваме земјите-членки на НАТО да ги преиспитаат нивните позиции во однос на членството на Македонија во НАТО, односно, очекуваме во Чикаго да биде преиспитан заклучокот од Букурешт, вели Иванов.
Во писмото до шефовите на државите членки на НАТО, Иванов нагласува дека Република Македонија и натаму продолжува да придонесува во мисијата ИСАФ во Авганистан како еден од најголемите контрибутори по глава на жител, споделувајќи ја визијата за слободен и демократски свет, но и ризикот, рамо до рамо со мировниците од земјите-членки.
- Имајќи предвид дека Република Македонија континуирано ја одржува компатибилноста со НАТО стандардите, верувам дека заклучокот на Самитот во Чикаго ќе ја има предвид оваа, но и новонастаната Според него, поддршка за членството на Македонија во НАТО ќе придонесе во создавањето позитивна клима и поместување на состојбата на статус кво и ќе го охрабри грчкото лидерство да ја почитува пресудата на МСП.
Тој изразува верба дека сите ќе имаат бенефит од членството на Република Македонија во НАТО. - НАТО, како организација ќе ја прошири и зајакне зоната на безбедност, стабилност и демократија во Југоисточна Европа. Ќе ја охрабри, не само Република Македонија, туку сите земји од нашиот регион да продолжат по патот на реформите. Но, пред сè, бенефит ќе има Грција со тоа што, на својата северна граница ќе добие уште една земја-членка на НАТО. Членството во НАТО секогаш давало поволни услови за надминување на билатералните разлики меѓу земјите-членки. Ќе биде многу полесно за Република Македонија и за Грција, како меѓузависни НАТО партнери и сојузници, да дојдат до заемно прифатливо решение за разликата, вели Иванов.
Поддршката, истакнува македонскиот претседател, ќе биде многу ценета и ќе придонесе за унапредувањето на мирот и стабилноста во нашиот регион.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
МАКЕДОНЦИТЕ И БУГАРИТЕ – НЕМААТ ОПШТА ИЛИ ЗАЕДНИЧКА ИСТОРИЈА – ИМААТ САМО ЗАЕДНИЧКИ МОМЕНТИ
Читај
ОБРАЌАЊЕ ПО ПОВОД ДОДЕЛУВАЊЕТО НА ПРИЗНАНИЕТО „НАЈДОБАР МЛАД НАУЧНИК”
Читај
ВСЕМАКЕДОНСКИ СЪБОР В ЧЕСТ НА ЯНЕ В МЕЛНИК
Читај


Македонија пее

ДО КАДЕ ИМА СОЈ МАКЕДОНСКИ

Имам земја мајка мила
многу јадовна
со векови роб што била
пак е јадовна
и кинеа волци врани
срце в постела
ја делеа од три страни
и на три дела. (2)

Рефрен:

Мечкин Камен славен
славен Илинден
а некој вели
народ безимен
ако нека вели
дури научи
до каде има
сој македонски. (2)

Има уште крв што блика
по бој нерамен
има уште глас што вика
за Мечкин Камен
Ти кинеа волци врани
срце в постела
те делеа од три страни
на три дела. (2)
Рефрен:...


БОГ ДА БИЕ, КОЈ ПРВ ПОЧНА

Бог да бие, кој прв почна, (2)
кој прв почна да ми оди на печалба,
на печалба, мило либе - Америка.

Три години, без работа, (2)
без работа, мило либе, ем, без пари, (2)

Параходот веќе пристигна, (2)
пари немам, мило либе да се качам. (2)

Ако сакаш да си дојдам, (2)
продај си го, мило либе, ѓерданчето. (2)

Ако не стаса ѓерданчето, (2)
продај си го мило елечето.
Праќај пари, мило либе, да си дојдам.


Поезия

ФИЛИПИКА

От българи
и гърци
по-жестока
окупация
светът
до днес
не помни.

От векове
дълбока,
жива,
люта
рана
в гърдите
на Егея
и на Пирин
незаръбена
остана.

Родена
с алчна
кръв
и мисли
в злоба
закалени
и закърмени,
и заклети
в кръста
на лъжата.

Кърви
земята
македонска
от окупатори
засята.

Сълзи
душата
на сърцето
за Пирин
и Егея.

Сълзят
площади,
улици,
дворове,
ниви
и градини,
дерета,
урви
и увини.

Орат
земята
плодородна
на Егея
и дишат
на Пирина
красотата.

Благинка
чужда,
македонска,
кой
не иска?
Кой?

Усмивка
скрита
хвърля
сянка
право
срещу
нас - в очите.


ПЕТЪР ХРИСТОВ




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2018 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting