Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Австралиската влада најавува промена нa политиката:

ЈА ПРИЗНАВА МАКЕДОНСКАТА ЗАЕДНИЦА

(Преземено од МИА)


Австралиско-македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) со задоволство изјавува дека после една долготрајна кампања на лобирање, австралиската влада конечно ја има повлечено својата дискриминаторска и расистичка "Славо-македонска" директива со која што македонската заедница беше преименувана во 1994 г.
Во писмо до АМКЧП датирано 9 јануари 2012 г., вршителот на должноста шеф на кабинетот на Министерот за надворешни работи напиша:
"Јас можам да потврдам дека "Славо-македонското" Административно циркуларно писмо повеќе не е на сила во Министерството за надворешни pаботи и трговија (ДФАТ). Како што е вообичајната практика што се однесува до неважечки Административни циркуларни писма, тоа е поништено и документот е ставен во архива. Исто така, ДФАТ ми има ставено до знаење дека "Славо-македонската Директива" не се применува во други владини служби, вклучувајки ги и Министерството за имиграција и државјанство и Австралискиот завод за статистика."
Министерството за имиграција и државјанство исто така го потврди овој став во друго писмо до АМКЧП на 11 јануари 2012 г.:
"Како што изјавил вршителот на должноста шеф на кабинетот на министерот за надворешни работи, јас можам да потврдам дека ова министерство активно не го употребува терминот "Славо-македонски." На пример, Националната служба за преведување и толкување сега само го употребува терминот "македонски". Ние ја признаваме загриженоста на Македонско-австралиската заедница во врска со ова прашање."
Со ова победа се одбележува крајот на една значајна и долготрајна кампања водена од Австралиско-македонскиот комитет за човекови права, чија цел беше владата да се согласи да го прифати правото на македонската заедница на самоидентификација. Кампањата започна во 1994 г. и вклучуваше сослушувања во Високиот суд на Австралија, Комисијата за човекови права и еднакви можности и Парламентарниот комитет за надворешни работи и трговија. Кампањата го достигна својот врв неодамна како последица на интензивна серија од размени на мислења која вклучуваше средби и допишувања со водечки министри на владиниот кабинет (вклучувајки ја и премиерката), парламентарни претставници од сите политички партии и разни владини министерства.
Соопштението на австралиската влада дека официално става крај на својата навредлива политика на преименување значи враќање кон долготрајната и успешна политика на мултикултурата, која АМКЧП оддамна ја поддржува. Ова е победа која ќе биде корисна за зачувување на човековите права на сите Австралици.
Иако АМКЧП е среќен што австралиската влада ја промени политиката кон македонската заедница, тој го повторува своето барање владата на Австралија логично да постапува и да ја признае Република Македонија под нејзиното официално и демократско избрано име.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
МАКЕДОНЦИТЕ И БУГАРИТЕ – НЕМААТ ОПШТА ИЛИ ЗАЕДНИЧКА ИСТОРИЈА – ИМААТ САМО ЗАЕДНИЧКИ МОМЕНТИ
Читај
ОБРАЌАЊЕ ПО ПОВОД ДОДЕЛУВАЊЕТО НА ПРИЗНАНИЕТО „НАЈДОБАР МЛАД НАУЧНИК”
Читај
ВСЕМАКЕДОНСКИ СЪБОР В ЧЕСТ НА ЯНЕ В МЕЛНИК
Читај


Македонија пее

ДО КАДЕ ИМА СОЈ МАКЕДОНСКИ

Имам земја мајка мила
многу јадовна
со векови роб што била
пак е јадовна
и кинеа волци врани
срце в постела
ја делеа од три страни
и на три дела. (2)

Рефрен:

Мечкин Камен славен
славен Илинден
а некој вели
народ безимен
ако нека вели
дури научи
до каде има
сој македонски. (2)

Има уште крв што блика
по бој нерамен
има уште глас што вика
за Мечкин Камен
Ти кинеа волци врани
срце в постела
те делеа од три страни
на три дела. (2)
Рефрен:...


БОГ ДА БИЕ, КОЈ ПРВ ПОЧНА

Бог да бие, кој прв почна, (2)
кој прв почна да ми оди на печалба,
на печалба, мило либе - Америка.

Три години, без работа, (2)
без работа, мило либе, ем, без пари, (2)

Параходот веќе пристигна, (2)
пари немам, мило либе да се качам. (2)

Ако сакаш да си дојдам, (2)
продај си го, мило либе, ѓерданчето. (2)

Ако не стаса ѓерданчето, (2)
продај си го мило елечето.
Праќај пари, мило либе, да си дојдам.


Поезия

ФИЛИПИКА

От българи
и гърци
по-жестока
окупация
светът
до днес
не помни.

От векове
дълбока,
жива,
люта
рана
в гърдите
на Егея
и на Пирин
незаръбена
остана.

Родена
с алчна
кръв
и мисли
в злоба
закалени
и закърмени,
и заклети
в кръста
на лъжата.

Кърви
земята
македонска
от окупатори
засята.

Сълзи
душата
на сърцето
за Пирин
и Егея.

Сълзят
площади,
улици,
дворове,
ниви
и градини,
дерета,
урви
и увини.

Орат
земята
плодородна
на Егея
и дишат
на Пирина
красотата.

Благинка
чужда,
македонска,
кой
не иска?
Кой?

Усмивка
скрита
хвърля
сянка
право
срещу
нас - в очите.


ПЕТЪР ХРИСТОВ




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2018 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting