Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
По поделбата на Македонија во 1912-1913 година балканската историја добила многу и различни верзии

БУГАРСКАТА ИСТОРИЈА ЗА ГРЧКО-СРПСКА МАКЕДОНИЈА

(Преземено од Н. Македонија)


Предлогот на европратеникот Евгениј Кирилов за бугарско- македонска комисија што би ни ја читала историјата е добронамерен, можеби поаѓа од бугарското искуство за тоа како тие ја изедначиле нивната историја со грчката, кога станува збор за Македонија. На пример, по прашањето на Балканските војни.

Предлогот на бугарскиот европратеник Евгени Кирилов за формирање комисија чија цел би била да ги изедначи разликите меѓу Република Македонија и Република Бугарија по одредени историски прашања во образовниот систем, дури и ако се гледа добронамерно, има еден мал недостаток. Тој се однесува на Република Македонија и нејзините погледи на минатото, а спорниот период за кој зборува Кирилов во голема мера се однесува на Македонија од пред Балканските војни, кога таа имала единствена историја на речиси трипати поголема површина од денешната.
Потоа, по поделбата во 1912/1913 година, таа единствена историја добила три различни погледи (српски, грчки и бугарски), кои главно имаат опстоено и до денешните денови. Оттука, македонско-бугарската комисија (под претпоставка да се формира, што во овој момент изгледа како доста неразумна идеја) би морала да опфати и разгледување на прашања што се однесуваат на трети земји, а во овој случај Грција и Србија.

Бугарско-грчки договор

Тоа значи дека предлогот на Кирилов претполага дека бугарската држава своите историски погледи што се однесуваат на цела Македонија веќе ги има усогласено со другите соседи. Баш нé интересира како е сторено тоа во поглед на Грција, на пример во врска со Балканските војни. Грците во рамките на територијата на својата држава поседуваат и 51 отсто од територијата на Македонија. Првпат во историјата тие официјално имаат стапнато на почвата на Македонија во текот на Првата балканска војна, кога исто така првпат влегуваат и во Солун, каде што во тоа време како население се малцинство. Според грчката историја, тоа е чин на ослободување на некогашната грчка земја и чин на исправање на една вековна историска неправда.
Но историјата на нашиот источен сосед, Македонија ја смета за бугарска земја. Кој ли беше, кој кажа дека Македонија е најромантичниот дел од бугарската историја? Но тој романтизам не е белки килав, па да се однесува само на 30 и нешто отсто од Македонија, колку што и припаѓа на РМ. Според бугарскиот статистичар Васил Кнчев, во 1900 година на територијата на Македонија од 2,2 милиони жители, имало само 228.702 Грци, од кои 214.329 христијани, а другите муслимани. Значи 10 отсто. На територијата што потоа Грција ја "ослободила" имало приближно нешто повеќе од еден милион жители. Во тие рамки грчкиот процент се удвојува, но повторно е убедливо низок. Денес, на истата територија, живеат исклучиво Грци. Прашањето, кое пред разгледување на бугарско-македонската историја треба нам да ни се одговори, е што станало со преостанатото население? Како Кирилов и бугарската историја гледаат на грчкото "ослободување" на таа "бугарска" земја? Како нивната заедничка бугарско-грчка историја (пред Бугарија да биде примена во ЕУ тие прашања сигурно биле регулирани, како што тоа сега се бара од нас), веројатно усогласена со сите достигнувања на западната европска цивилизација (која во минатиот век однесе над 100 милиони жртви во двете светски војни), го решила прашањето на една девојка од Сер што грчките војници ја ослободиле така што ја силувале, па и ги ископале очите и на крајот ја убиле. Или случајот, на пример, со Кукуш, родниот град на Гоце Делчев? Градот е запален до темел во 1913 година за да се врати во прегратките на мајка Грција, како што тврди грчката историја, или е запален како акт на агресија за во него никогаш повеќе "да не никне бугарското семе", што е бугарска верзија? За да нема забуни, Кукуш е запален од страна на Грците, во текот на борбите со бугарската војска. И нова дилема: ако Кукуш (што е ерес, треба да стои Килкис, нели?) е и отсекогаш бил грчки, тогаш што барале Бугарите да војуваат таму? Формално, Втората балканска војна почнала така што бугарскиот генерал Савов ја нападнал грчката армија, на територијата на Македонија што денес и припаѓа на Грција.

Заеднички споменик

Тоа значи дека пред каква било комисија да ја разгледува нашата историја, ќе треба да видиме признание од бугарската историска наука дека Бугарија во летото 1913 година извршила агресија врз Грција. Но ако тоа е така, ако Бугарите историски гледано се откажале од 51 отсто од "нивната" територија на Македонија, тогаш што бара Кирилов од овие 39 отсто? Патем, во светло на бугарската грижа за историјата, во светло на нивните добрососедски односи со Грција и заедничко славење историски настани како зрели рамноправни членки на ЕУ што никогаш немале некаков бенчмарк од овој тип, може ли Кирилов да посочи каде е споменикот на Гоце Делчев во Кукуш изграден по бугарско настојување, а со дозвола на нивните сојузници - Грците? Или споменикот во Баница, на местото каде што Делчев загинал? Ние овде, во Република Македонија, немаме увид во тие работи, но сигурно секој 4 февруари бугарска делегација со грчки домаќини положува цвеќе пред споменикот на револуционерот во Кукуш, а секој 4 мај истото тоа се прави пред обележјето во сега веќе непостојната Баница. Тоа е заедничка историја, нели? Да не зборуваме за костурчанецот Васил Чакаларов (кого не го сакаат и во Република Македонија, зашто служел во бугарската војска), чија глава Грците ја исекле и ја носеле на тацна по македонските (односно бугарските, односно грчките) села. Како Кирилов го решил проблемот со овој револуционер со Грците? Што бил тој: разбојник, што е грчка верзија, или ослободител и херој, што е бугарска и македонска верзија на историјата?
Или за нас Македонците не е спорно дека во 1913 година Грците извршиле стотици и стотици злосторства врз негрчкото население во тој дел од Македонија и дека, на пример, во 1913 година, во Лерин или во кој било друг македонски град, Грција е доживеана како агресор, а не ослободител. Каков е погледот на Кирилов за ова? Бидејќи не сме чуле дека Грците се бунат за бугарскиот историски став по ова прашање, дали тоа значи дека откако Бугарија стана членка во ЕУ, во бугарските учебници стои дека Грците ги ослободиле тие градови и села од словенските елементи?
Како поразена страна во Балканските војни и во Првата светска војна, Бугарите во 1922 година имаат потпишано со Грците договор за размена на населението. Тоа, меѓутоа, не ги менува настаните во Балканските војни. Значи, официјалната бугарска историја би требало да се изјасни: "бугарското" население во тој дел од Македонија било натрапник или не? Било на своја земја од која подоцна било протерано или било окупатор на грчка земја? И со тоа да ни даде урнек како Бугарите ги решиле со Грците овие прашања пред да влезат во ЕУ. Односно, накратко кажано: има Кирилов таков документ со кој Бугарија и Грција ја изедначиле историјата во поглед на 51-те отсто од Македонија или нема?

Бугарско-србски договор

Но дури и да го оставиме тој дел од Македонија, работите не се така едноставни ни кога е во прашање територијата само на нашата држава. Имено, со договорот за сојуз меѓу Бугарија и Србија склучен пред Првата балканска војна, Бугарите се согласиле на Србија да и припаднат Косово (Стара Србија) и територијата на Македонија, која, грубо нацртано, оди северно од линијата Крива Паланка, Куманово, Велес, Прилеп и Битола и завршува меѓу селата Ливадиште и Горенци на Охридско Езеро кај манастирот "Г'бовци" (таен додаток на Договорот за пријателство и сојуз меѓу Бугарија и Србија од 29 февруари 1912 година). Тоа значи дека Бугарите целата таа територија северно од споменатата линија ја сметале за српско наследство, вклучувајќи го и Скопје. Ако тоа е така, значи ако Бугарите територијата јужно од Гевгелија ја сметаат за грчка, а северно од Велес и Прилеп за српска, тогаш останува дека тие имаат проблем околу историјата само на територијата меѓу Велес и Прилеп и границата на Република Македонија со Грција. Од Велес до границата има околу 110 километри, но од Битола до границата тоа растојание е само пет километри. Дали комисијата на Кирилов треба да ги изедначува историските разлики само за таа територија?
Само што, и да испадне така, на Бугарите пак ќе им се отвори проблем со Грците. Имено, со договорот на српскиот премиер Пашиќ и грчкиот премиер Венизелос од 1913 година (меѓу другото, дел од нивните разговори за поделба на Македонија меѓу двете земји се имаат водено и во вагон на железничката станица во Скопје на 3 јули 1913 година), подоцна верификуван во Букурешт, Грците им го имаат признаено правото на Србите на територијата сé до Гевгелија. Единствено како спорен се јавувал токму овој град, но грчко-српските недоразбирања за ова брзо биле решени. На 14 јули 1913 година Пашиќ од Букурешт, каде што српската делегација заедно со грчката пристигнала на конференцијата за поделба на Македонија, порачал: "По прашањето за Гевгелија меѓу нас и Грција нема несогласувања". На тоа се надоврзал грчкиот делегат Димитар Панас: "Гевгелија нема да ни прави проблем, меѓу нас и Србите нема несогласувања".
Значи, ако се прашуваат Грците (а Кирилов веројатно ги прашал), за Грците и овој дел на Македонија нема бугарска историја, туку српска. Што значи, територијата за која Кирилов сака да формира бугарско-македонска комисија уште повеќе се стеснува. Со тоа што Бугарите тука имаат спор не само со Грците туку и со Србите. Што раѓа потреба од нова комисија. На списокот можеме да ја додадеме и Струмица, која, според договорот од Букурешт, и припаднала на Бугарија, а подоцна и била одземена во полза на Србија. Така што, ако се тргне по оваа идеја, која може да се крсти како европска, а не бугарска (Грците и Бугарите се членови на цивилизираниот дел од Стариот континент), на крајот таа бугарско-македонска комисија можеби би расправала само за историјата на оној дел од Македонија што не е спорен за Атина, а тоа се тие 10 отсто што со Букурешкиот договор од 1913 година и припаднаа на Бугарија. Значи, за Пиринска Македонија. Со тоа што не веруваме дека првичната идеја на Кирилов била таква.

   НАРОДНА ВОЛЈА
ЧАЙ ОТ ТРОСКОТ
Читај
“АЗ СЛУШАХ РАЗКАЗИТЕ НА БАБИТЕ И ДЕДОВЦИТЕ СИ И ТЕ МЕ ЗАПАЛИХА ЗА МАКЕДОНИЯ”
Читај
ПРОТЕСТИТЕ СЕ ИЗРАЗ НА КРИЗА НА ЛИДЕРСТВОТО НАСЕКАДЕ ВО СВЕТОТ
Читај
МАКЕДОНИЈА ГИ РЕШИ ПРОБЛЕМИТЕ НА НАТО И НА ЕУ, А НЕ СО СОСЕДИТЕ
Читај
“МНОГО ПРАВИЛНО Е ПОСТЪПИЛА ПОЛИЦИЯТА, ЧЕ НЕ НИ ДАДОХА ДА СЕ ПИШЕМ МАКЕДОНЦИ. НИЕ ИСКАХМЕ, АМА НЕ НИ ДАВАТ”
Читај


Македонија пее

ДО КАДЕ ИМА СОЈ МАКЕДОНСКИ

Имам земја мајка мила
многу јадовна
со векови роб што била
пак е јадовна
и кинеа волци врани
срце в постела
ја делеа од три страни
и на три дела. (2)

Рефрен:

Мечкин Камен славен
славен Илинден
а некој вели
народ безимен
ако нека вели
дури научи
до каде има
сој македонски. (2)

Има уште крв што блика
по бој нерамен
има уште глас што вика
за Мечкин Камен
Ти кинеа волци врани
срце в постела
те делеа од три страни
на три дела. (2)
Рефрен:...


БОГ ДА БИЕ, КОЈ ПРВ ПОЧНА

Бог да бие, кој прв почна, (2)
кој прв почна да ми оди на печалба,
на печалба, мило либе - Америка.

Три години, без работа, (2)
без работа, мило либе, ем, без пари, (2)

Параходот веќе пристигна, (2)
пари немам, мило либе да се качам. (2)

Ако сакаш да си дојдам, (2)
продај си го, мило либе, ѓерданчето. (2)

Ако не стаса ѓерданчето, (2)
продај си го мило елечето.
Праќај пари, мило либе, да си дојдам.


Поезия

ФИЛИПИКА

От българи
и гърци
по-жестока
окупация
светът
до днес
не помни.

От векове
дълбока,
жива,
люта
рана
в гърдите
на Егея
и на Пирин
незаръбена
остана.

Родена
с алчна
кръв
и мисли
в злоба
закалени
и закърмени,
и заклети
в кръста
на лъжата.

Кърви
земята
македонска
от окупатори
засята.

Сълзи
душата
на сърцето
за Пирин
и Егея.

Сълзят
площади,
улици,
дворове,
ниви
и градини,
дерета,
урви
и увини.

Орат
земята
плодородна
на Егея
и дишат
на Пирина
красотата.

Благинка
чужда,
македонска,
кой
не иска?
Кой?

Усмивка
скрита
хвърля
сянка
право
срещу
нас - в очите.


ПЕТЪР ХРИСТОВ




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2018 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting