Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Професор Даниел Сервер:

САМИТОТ ВО ЧИКАГО МОЖНОСТ ДА СЕ ИСПРАВИ НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНИЈА ОД БУКУРЕШТ

(Преземено од МИА)


– Престојниот самит на НАТО во Чикаго е можност да се исправи неправдата што и беше нанесена на Македонија на самитот на Алијансата во Букурешт, оценува угледниот професор и член на Советот за трансатлантски односи Даниел Сервер во коментарот објавен на неговиот блог peacefare.net.
Според него, грчко-македонскиот спор за името е еден од најнеинтересните проблеми што произлегоа од распадот на поранешна Југославија. Тој во коментарот дава осврт на историјатот со проблемот по осамостојувањето на земјата во 1991 година.
Република Македонија, една од шесте републики кои ја сочинуваа Југославија прогласи независност во 1991 година. Но, Грција нејзиниот сосед на југ, се спротивстави на употребата на името "Македонија", тврдејќи дека тоа ексклузивно и припаѓа на Грција и неговата употреба од страна на северниот сосед имплицира територијални претензии кон грчката територија. Новата независна држава влезе во ОН под името "Поранешна југословенска Република Македонија" (The Former Yugoslav Repablic of Macedonia, а последен пат кога бев во посета на ОН земјата по азбучен редослед беше ставена под буквата Т на таблата за гласање во Генералното собрание), потсетува Сервер.
- Атина и Скопје потпишаа Времена спогодба во 1995 година, која требаше да помогне за регулирање на прашањето. Грција тврдеше дека Македонија ја прекршила спогодбата, наспроти одлуката на Меѓународниот суд на правдата од минатиот декември дека грчката страна е таа која дефинитивно ја прекршила со блокирањето на членството на ПЈРМ во НАТО на Самитот во Букурешт во 2008 година. Можност да се исправи оваа неправда дава самитот на НАТО што треба да се одржи во месец мај, во Чикаго, смета американскиот аналитичар.
Тој укажува на напорите за решавање на прашањето кои се одвиваат од почетокот на 1990-те години преку разговори под покровителство на Светската организација водени од медијаторот Метју Нимиц, адвокат од Њујорк. Според него, Македонија веќе постигна многу на планот за името, но спорот и натаму останува отворен и пречка за напредокот на земјата во евроатлантските интеграции.
- Речиси сите и се обраќаат на земјата под името кое Скопје го преферира, а многу земји вклучувајќи ги и САД формално ја признаа земјата под името "Република Македонија". Грција не го стори тоа, но зошто некој би се грижел за тоа? Несреќниот одговор е дека Атина може да го блокира членството на Скопје во НАТО како и секој прогрес кон членство во ЕУ. Македонија веќе е кандидат за членство во ЕУ, но нема добиено датум за почеток на преговорите, што е важен чекор кој Атина го држи во заложништво. Членството во НАТО е исто така важно за Македонија, која се смета за дел од Западот и има распоредено свои трупи во Авганистан под команда на Алијансата, вели Сервер.
Според него, проблем за Македонија е ветото, а не името. Се додека постои волја за продолжување на напорите за решавање на проблемот со името, тој порачува оти би било мудро од Скопје да престане да тропа на вратата на Нимиц оваа пролет за решавање на проблемот што го има Атина, а не Скопје, туку директно да ми се обрати на Атина и да вложи сериозни напори да ги убеди властите во таа земја да и дозволат прием во НАТО под референцата ПЈРМ согласно Времената спогодба. Тоа е она што се бара и со одлуката на МСП, оценува Сервер.
Тој сугерира и дека власта во Скопје, исто така, треба да открие што е тоа што на Атина и треба, а што Македонија може да го обезбеди.
- Ако Владата не сака да зборува за прашањето за членство во НАТО, тогаш Македонија би требало да најде "тинтенк" организации и академици во Грција кои би го сториле тоа, посочува угледниот американски аналитичар кој сугерира и обезбедување поддршка од заедниците на Македонците и Албанците во САД.
Грција е ранлива во моментов поради нејзината тешка финансиска ситуација, но никој во Брисел, ниту во Вашингтон не сака да "клоца" по земјата кога е понижена. Заедницата на грчките американци е добро организирана и претставува значајно гласачко тело. Македонија поседува средство кое не може да го употреби, но треба да изнајде некој друг начин за да изврши притисок, кој е доволно атрактивен за Атина да ги отвори вратите на НАТО. Потоа можат да се вратат на нерешавање на спорот за името во ОН во следните 15 или повеќе години, време во кое сите ќе заборат зошто спорот бил важен, вели Сервер во коментарот за блогот peacefare.net. кој се фокусира на анализи, политики, институции и искуства кои треба да помогнат за одржување на светскиот мир, односно за превенција и решавање на насилни меѓународни конфликти.

   НАРОДНА ВОЛЈА
ЧАЙ ОТ ТРОСКОТ
Читај
“АЗ СЛУШАХ РАЗКАЗИТЕ НА БАБИТЕ И ДЕДОВЦИТЕ СИ И ТЕ МЕ ЗАПАЛИХА ЗА МАКЕДОНИЯ”
Читај
ПРОТЕСТИТЕ СЕ ИЗРАЗ НА КРИЗА НА ЛИДЕРСТВОТО НАСЕКАДЕ ВО СВЕТОТ
Читај
МАКЕДОНИЈА ГИ РЕШИ ПРОБЛЕМИТЕ НА НАТО И НА ЕУ, А НЕ СО СОСЕДИТЕ
Читај
“МНОГО ПРАВИЛНО Е ПОСТЪПИЛА ПОЛИЦИЯТА, ЧЕ НЕ НИ ДАДОХА ДА СЕ ПИШЕМ МАКЕДОНЦИ. НИЕ ИСКАХМЕ, АМА НЕ НИ ДАВАТ”
Читај


Македонија пее

ДО КАДЕ ИМА СОЈ МАКЕДОНСКИ

Имам земја мајка мила
многу јадовна
со векови роб што била
пак е јадовна
и кинеа волци врани
срце в постела
ја делеа од три страни
и на три дела. (2)

Рефрен:

Мечкин Камен славен
славен Илинден
а некој вели
народ безимен
ако нека вели
дури научи
до каде има
сој македонски. (2)

Има уште крв што блика
по бој нерамен
има уште глас што вика
за Мечкин Камен
Ти кинеа волци врани
срце в постела
те делеа од три страни
на три дела. (2)
Рефрен:...


БОГ ДА БИЕ, КОЈ ПРВ ПОЧНА

Бог да бие, кој прв почна, (2)
кој прв почна да ми оди на печалба,
на печалба, мило либе - Америка.

Три години, без работа, (2)
без работа, мило либе, ем, без пари, (2)

Параходот веќе пристигна, (2)
пари немам, мило либе да се качам. (2)

Ако сакаш да си дојдам, (2)
продај си го, мило либе, ѓерданчето. (2)

Ако не стаса ѓерданчето, (2)
продај си го мило елечето.
Праќај пари, мило либе, да си дојдам.


Поезия

ФИЛИПИКА

От българи
и гърци
по-жестока
окупация
светът
до днес
не помни.

От векове
дълбока,
жива,
люта
рана
в гърдите
на Егея
и на Пирин
незаръбена
остана.

Родена
с алчна
кръв
и мисли
в злоба
закалени
и закърмени,
и заклети
в кръста
на лъжата.

Кърви
земята
македонска
от окупатори
засята.

Сълзи
душата
на сърцето
за Пирин
и Егея.

Сълзят
площади,
улици,
дворове,
ниви
и градини,
дерета,
урви
и увини.

Орат
земята
плодородна
на Егея
и дишат
на Пирина
красотата.

Благинка
чужда,
македонска,
кой
не иска?
Кой?

Усмивка
скрита
хвърля
сянка
право
срещу
нас - в очите.


ПЕТЪР ХРИСТОВ




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2018 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting