Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Премиерот Груевски со покана до раководството во Атина ситуација!

СПРЕМНИ СМЕ ДА СЕ СРЕТНЕМЕ, КОГА И КАДЕ САКАТЕ

(По македонскиот печат)


Ако кажат во Атина утре, утре одиме во Атина, да разговараме, да се надмине спорот и да се најде решение. Ако кажат во Брисел, одиме во Брисел. Ако сакаат во Скопје, во Скопје. Kаде ќе одлучат, во кој состав ќе одлучат, на кој начин, битно е ден порано да се седне да се разговара за да се најде решение наместо да се испраќаат вакви негативни пораки и клевети. Ова е пораката што премиерот Никола Груевски вчера (12.07.2012 г.) ја испрати до грчките власти, како доказ за подадена рака за добрососедство кон Атина.

Kако одговор на барањето од грчкиот претседател Kаролос Папулјас Македонија да се откаже од идеологијата на македонизмот, Груевски го повика да даде малку позитивна енергија во односите помеѓу двете земји.
- Тој е доволно искусен и доволно возрасен и поминал многу низ политиката и добро знае дека на ваков начин нема да може да ги решава работите со постојано пресметување за да се соберат поени на домашен терен - рече Груевски и додаде дека не е ниту срамота ниту грев за друга држава ако некој премиер ги поддржува идентитетот на сопствениот народ, јазикот и културата.
Според Груевски, не треба да се дозволи и понатаму енергијата да се троши на обвинувања и префрлања вина едни на други.
- Грција 21 година на овој начин собираше поени кај домашното население, меѓутоа не отиде далеку. Погледнете што се случува сега таму. Затоа би им порачал да запрат со ваквите непродуктивни исфрлања негативни енергии и обвинувања, клевети и слично и ден порано, тогаш кога тие ќе кажат, на место што тие ќе го одредат, јас сум подготвен да одам и да разговарам - рече Груевски при посетата на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје.
Тој потенцира дека чекорите ќе се изведуваат во консултација со граѓаните на Република Македонија на организиран референдум. Од македонска страна има волја да се реши прашањето за името.

- Тоа е наш интерес, тоа прашање да биде надминато, да имаме пријателски односи со нашиот јужен сосед, да си помагаме наместо да си одмагаме и да се бориме низ европските и светските институции за да се надмудруваме - одговори Груевски на новинарско прашање како гледа на владините иницијативи и конкретните чекори во врска со односите со Грција.

   НАРОДНА ВОЛЈА
ДА ПОГЛЕДНЕМ ИСТИНАТА В ОЧИТЕ
Читај
“АЗ СЛУШАХ РАЗКАЗИТЕ НА БАБИТЕ И ДЕДОВЦИТЕ СИ И ТЕ МЕ ЗАПАЛИХА ЗА МАКЕДОНИЯ”
Читај
СРЕДБА СО ПРЕМИЕРОТ НА РЕПУБЛИКА МАЛТА, Г. ЏОЗЕФ МУСКАТ
Читај
ОБРАЌАЊЕ НА ОТВОРАЊЕТО НА ПРВАТА НАЦИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ВИЗАНТОЛОГИЈА И МЕДИЕВИСТИКА
Читај
ЖИТЕЙСКИЯТ КРАЙ НА ЕДИН СВЕТЪЛ И ВЪЗВИШЕН ПЪТ
Читај



ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2018 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting