Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Медијаторот на Обединетите Нации во грчко-македонските разговори за името во Скопjе:

НИМИЦ СЕ СРЕТНА СО ГРУЕВСКИ. ПОПЛАДНЕ И СО ИВАНОВ

(Преземено од МРТ)


Аспектите и можната динамика за надминување на спорот, кој Грција го наметна во однос на името на Република Македонија биле тема на денешната средба во Скопје на премиерот Никола Груевски со Метју Нимиц, медијаторот на Обединетите Нации во грчко - македонските разговори за името.
Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Груевски на средбата ја повторил посветеноста и конструктивноста на Македонија за надминување на спорот и подготвеноста за динамичен дијалог.
- Премиерот Груевски ја истакна својата посветеност во процесот, потенцирајќи го конструктивниот пристап на македонската страна и подготвеноста за продолжување на динамичен дијалог, а во интерес на изнаоѓање на решение. Беше изразена надеж и очекување за конструктивен пристап и од грчка страна, како и неопходност од давање приоритет на ова прашање од страна на Грција, како значајно за перспективите на Република Македонија и регионот, стои во соопштението.
Премиерот Груевски, изразувајќи силна поддршка на мандатот на медијаторот Нимиц и почитување за неговите досегашни напори, изразил и подготвеност за директни средби на највисоко ниво со грчката страна, а во интерес на градење позитивна атмосфера и добар амбиент од значење за процесот.
Веднаш по средбата Нимиц замина во Охрид каде што попладнево треба да има тет а тет разговори со претседателот Ѓорге Иванов.
Нимиц ќе му се придружи на генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун кој вечер на охридскиот аеродром пристигнува во дводневна официјална посета на Македонија.
Посредникот Нимиц од Скопје на 26 јули заминува за Солун каде што треба да се сретне со грчкиот претставник во разговорите за името Адамантиос Василакис.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
МАКЕДОНЦИТЕ И БУГАРИТЕ – НЕМААТ ОПШТА ИЛИ ЗАЕДНИЧКА ИСТОРИЈА – ИМААТ САМО ЗАЕДНИЧКИ МОМЕНТИ
Читај
ОБРАЌАЊЕ ПО ПОВОД ДОДЕЛУВАЊЕТО НА ПРИЗНАНИЕТО „НАЈДОБАР МЛАД НАУЧНИК”
Читај
ВСЕМАКЕДОНСКИ СЪБОР В ЧЕСТ НА ЯНЕ В МЕЛНИК
Читај


109 години от величествената Илинденска епопея на свободолюбивия македонски народ

Македонија пее

А БРЕ МАКЕДОНЧЕ

А бре Македонче
каде се спремаш?
Борба те чека,
борба за слобода!
За Македонија,
за Македонија
земја поробена!
Моми накитени,
момци наредени
во борба влагаат,
в борба за слобода
Нека разберат
крвави фашисти:
македонско име
нема да загине!





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2018 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting