Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Претставено творештвото на македонскиот поет Раде Силјан

СЕ ОДРЖА 24-ТАТА ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО

(Преземено од Дневник)


На 17-ти август, во Велестово се одржа 24-тата Поетска ноќ во Велестово.

Пред многубројната публика во ова планинско село беше претставен портретот на македонскиот поет Раде Силјан. Неговото творештво го претстави проф. д-р Димитар Пандев, кој ги истакна вредностите на неговата поетика, потенцирајќи го патриотскиот однос, како редок мотив во поновото македонско творештво.

Во своето обраќање, Раде Силјан го истакна значењето на оваа манифестација, која во изминатите 24 години се наметна со својата оригиналност и стана една од најзначајните поетски манифестации во Р. Македонија. Тој истакна дека на некој начин го следел и нејзиниот развој, бидејќи бил присутен на поголем број нејзини изданија.

Програмата ја збогати интернационалниот џез музичар Владимир Четкар, кој публиката ја воодушеви со премиерната џез изведбата на охридската староградска песна „Ој Зарино, прва севдо“.

Вториот дел од оваа вечер помина во знакот на изложбата на академскиот сликар Васко Ташковски, кој пред публиката се претстави со 20 акварели. Пригодна реч за творештвото на Ташковски одржа охридскиот сликар Славко Упевче.

Втората вечер, на 18-ти август се одржа интернационалното поетско читање на кое се претставија поетотите Роман Кисјов од Бугарија и Дашамир Мало од Албанија. Вечерта се одржа во лапидариумот на Музејот на Робевци во Охрид. Нивната изведба остави посебен впечаток кај публиката и беа наградени со голем аплауз.

Идната година манифестацијата ќе го прослави својот сребрен јубилеј, 25 години од постоењето.

 
СЛАВНАТА ЕПОПЕЯ НА МАКЕДОНСКИЯ НАРОД
Читај
ДОКРАЙ ЩЕ СИ ОСТАНА МАКЕДОНЕЦ
Читај
ПРОДАДЕНАТА ДУША ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ НЕ ЛАЖЕ САМО КОГА СПИЕ
Читај
МАКЕДОНИЈА ДА СТАНЕ ЧЛЕНКА НА НАТО И ЕУ
Читај
ПРИСУСТВОТО НА МЕРКЕЛ ПОКАЖА ДЕКА РЕГИОНОТ ПОВТОРНО Е ВО ИНТЕРЕС НА ЕУ
Читај
ПОЧИТУВАНИ КОЛЕГА, СОГРАЃАНИНЕ И ПРИЈАТЕЛЕ
Читај
РЕЧ НА ХРИСТО КАЛАЙДЖИЕВ, ДЪРЖАНА НА КОНГРЕСА НА МАКЕДОНСКАТА ЕМИГРАЦИЯ
Читај
ЕЗИКЪТ НА ОМРАЗАТА МЪРСИ ЕФИРА НА БЪЛГАРИЯ
Читај


Македонија пее

ЦРНО МУ БИЛО ПИШАНО

Црно му било пишано
на Александро Турунџе,
шеснајст годишен војвода -
на седумнајста го фатија.

Бог да убие кодошот,
кодошот Митре Гинката,
што го предаде Турунџе,
тој неустрашен бунтовник.

Тој го предаде Турунџе,
за сто и пејсет жолтици,
тој го предаде Турунџе,
на тие клети душмани.

Го турија во зандани,
во тие темни долапи,
со тежки франги на раце,
и дробен синџир на гуша.

Го изведоа на Ат-пазар,
му ја кажаја бесилката,
цела се Битола расплака,
за Александро Турунџе.


ДОМАЌИНЕ ДОБРИ ГОСТИ ТИ ДОЈДОА

Домаќине добри гости ти дојдоа
добар абер домаќине донесоа.

Од Солуна домаќине до Стамбола
овци ти се домаќине објагниле.

Овци ти се домаќине објагниле
половина домаќине облизниле.

Жена ти се домаќине породила
ти родила домаќине машко дете.


Поезия

ЧАСТИЦА ВЕЧНОСТ

Огромен дъб,
впил корени дълбоко
във каменната гръд на
планината -
митичен великан,
възправен върху билото
над пропасти и урви,
омълнен от светкавици и бури,
покрит със белези
и рани
на много векове.

На ранина
най-първо него слънцето
целува,
на заник той последен го
изпраща
зад синкавите призрачни била
на хоризонта.
И после
цяла нощ очаква изгрева.
И ден след ден
препускат все така
в безспирен бяг –
сезон подир сезон,
година след година,
изнизват се столетия.
А той стои все там,
на билото –
частица вечност.

Кажи ми
как да бъда като тебе,
дъбе непокорен -
да ме привлича само светлината,
да ме привличат само сините
далечини
на хоризонтите,
да се залюбя с облаците само,
да ме целуват полудели от любов
светкавици,
да устоя на всички ветрове.


ПЕТЪР МИЦКОВ



ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2014 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting