Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Копретседателот на партијата на Македонците во Бугарија, ОМО Илинден - ПИРИН,

СТОЈКО СТОЈКОВ: ПРЕД РАМНОПРАВНИТЕ ДРЖАВИ БУГАРСКИТЕ ВЛАДИ ХРАБРО МОЛЧАТ, САМО СО МАКЕДОНИЈА СЕ “ВЕЛИКИ“

СТОЈКО СТОЈКОВ


Доколку зависат од добрата волја на Софија, Македонците нема да имаат не само минато, туку ни иднина, оценува Стојко Стојков, копретседател на ОМО „Илинден“- Пирин во интервју за „Независен“. Тој не верува дека нешто ќе се смени по изборите во оваа земја.
Слободанка Јовановска
„Можете да најдете колку сакате грчки натписи, дури и преведени на бугарски и англиски, за ѕверствата на ‘бугарскиот (фашистички) окупатор’. Што ли не нема да најдете во грчките учебници, но Бугарија ниту еднаш нема кажано збор пред Грција. Пред рамните – бугарските влади храбро молчат. Само пред мала Македонија и тоа само сега, кога е притисната до ѕидот, а зад нив стои солидарноста на цела Европска унија, тие се храбри да си ги пумпаат националните фрустрации. Нема да имаат друга шанса и начин да се почувствуваат ‘велики’“, вели Стојко Стојков, копретседател на ОМО „Илинден“-ПИРИН, во интервју зо „Независен“, проценувајќи дека само надворешен притисок може да нe спаси од сегашната политика на Софија.
Тој не е изненаден од потегот на претседателот Румен Радев, кој ги повика безбедносните служби да ги заштитат правата на Бугарите во Македонија, бидејќи, како што вели, тие служби се користат редовно за малтретирање на малцинствата во земјата, па не сфатил дека во нормалните држави не се занимаваат со такви работи, а уште помалку во други земји. Според него, Бугарија сепак нема да сака Бугарите да бидат запишани во македонскиот Устав на начин кој покажува дека тие се малцинска група различна од мнозинскиот македонски народ.
Во име на некакви добри односи со Бугарија престанавме да ги споменуваме правата за вас, Македонците, во оваа соседна држава. Сега гледаме дека тоа не само што не било доволно, туку главна тема станаа правата на Бугарите во Македонија, колку тие биле незаштитени и загрозени? Како го коментирате тоа?
За жал, оваа политика на молчење, за да не налутиме некого, е факт. Политичарите во Македонија како да не ја разбираат Бугарија, па ја проголтаа приказната дека Бугарија нема ништо против Македонија и Македонците, ама еве некакви радикални елементи како нас ја провоцираат. Соодветно, ако Македонија молчи и не се застапува за Македонците во Бугарија – сe ќе е во ред. Да, ама не е! За Бугарија проблем е македонскиот идентитет генерално – со македонскиот јазик, историја, малцинство. Но, бидејќи претензии против идентитетот на луѓето се очигледно аморални, агресијата се прикрива како заштита. Така и бугарските граѓани можат некако да го проголтаат сувиот залак на антимакедонската политика на Софија. Бугарските власти ги „штитат“ „своите“ историја, јазик и, на крај, и очигледно најмалку важно за нив – Бугарите во Македонија. Плус ја проектираат врз Македонија својата вина, за она што тие им го прават врз Македонците во Бугарија. За тоа каква е положбата со правата на Бугарите во Македонија објективен индикатор се извештаите на институциите за правата на човекот во Стразбур за Македонија, а тие покажуваат дека нема никакви сериозни проблеми. Но, за разлика од бугарското малцинство во Македонија, македонското малцинство во Бугарија зазема сериозен дел од сите извештаи за Бугарија во последните 20 години. И 14-те пресуди на Стразбур против Бугарија, наспроти само една против Македонија, зборуваат сами за себе. Кога македонските влади одбиваат со децении да ги бранат македонските малцинства во соседство, наспроти своите уставни обврски, не е чудно што еволуираа во деградацијата дотаму да не ги бранат веќе ни своите граѓани и нивните интереси. Туѓинци го вршат тоа што е уставна обврска на македонските влади. Македонските малцинства во Грција и Бугарија веќе 25 години ги бранат само институциите во Стразбур, а еве сега гледаме дека владите на Чешка, Словачка и други земји се тие кои ги бранат интересите на Македонците. Како македонските влади забрзано да абдицираат од своите обврски спрема народот.
Ќе биде ли грешка, според вас, ако Македонија понуди Бугарите да се впишат во Уставот како посебна етничка група? Што сака да постигне Софија форсирајќи го ова прашање со бројот на Бугарите и бугарските пасоши во Македонија?
Бугарските власти се исплашени пописот во Македонија да не ја урне големата лага што ја градат веќе 18 години – дека бугарските пасоши што ги дадоа на македонски државјани покажуваат постоење голема бугарска популација во Македонија, а не луѓе што сакаат да ја напуштат земјата поради економски причини. Ако резултатот е сличен со претходниот попис, оваа пропагандна фатаморгана ќе ја однесе ветерот и ќе им биде тешко да се објаснуваат пред бугарските граѓани, каде се тие наводни 100.000 „Бугари“ во Македонија.
Графа „Бугарин“ на пописот не би била проблем, доколку и во Бугарија се стави графа „Македонец“ – сепак на пописите во Бугарија има повеќе Македонци отколку Бугари на пописите во Македонија.
На Бугарија може да й се понуди да се внесат Бугарите во македонскиот Устав само доколку и таа ги внесе Македонците во својот Устав – така би било фер, рамноправно и добрососедски, нели? Но, Бугарија нема да сака Бугарите да бидат запишани во македонскиот Устав на начин кој покажува дека тие се малцинска група различна од мнозинскиот македонски народ. Затоа и го избегнуваат самиот поим „бугарско малцинство“ и воопшто не зборуваат за малцински права, зашто според нивната идеолошка волшебна приказна сите Македонци се Бугари, па не би можеле да бидат малцинство. Затоа Бугарија може воопшто да не е среќна од предлогот за впишување на „Бугари“ во Уставот. Она што Бугарија можеби би сакала во таа насока и што во никој случај не смее да се испушти од предвид е да се создаде впечаток во Преамбулата дека уставната категоријата „македонски народ“ е составена од повеќе националности, меѓу кои не се спомнуваат Македонци. Тоа за Бугарија би било многу посакувано зашто би негирало постоење на македонска националност и небугарско мнозинство во Македонија.
Како да ја сфатиме поканата од бугарскиот претседател Румен Радев до службите да интервенираат и да ги заштитат тие што се изјаснуваат како Бугари во Македонија?
Во Бугарија веќе 70 години тие служби се користат за малтретирање на малцинствата, па на Радев му се слизна низ уста, не сфати дека во нормалните држави службите за безбедност не се занимаваат со такви работи, уште помалку – во други земји. Но, мислам и дека Бугарија свесно ја малтретира Македонија за да ја натера да се покори и да прифати позиција на потчинета држава – прво незаконски влезени воени делегации поставуваа незаконски споменици, потоа бугарскиот воен министер се закануваше да прати војски во Македонија, потоа нерамноправен договор на македонска штета, па редовен говор на омраза против Македонија и Македонците, а сега претседателот тврди дека ќе ги користи службите за безбедност на македонска територија и за македонски граѓани. Полека сакаат Македонија да ја навикнат на таков понижувачки однос спрема неа, тоа да стане нормала во односите меѓу двете држави. Така да се каже – да се научи каде й е местото (според визијата на Софија). Бугарија никогаш не би си дозволила да каже или да направи нешто слично за било која друга земја во светот. Но, додека си молчите, силеџиите ќе се силат и ќе се изживуваат со вас.
До каде е подготвена, според вас, да оди Бугарија во спречувањето на преговорите на Македонија со ЕУ? Како гледате на преговорите со Софија и особено на работата на Мешовитата историска комисија?
Бугарија ќе оди до таму до каде Македонија ќе попушта, а Европа ќе й дозволи. А, Европа ќе й дозволи се доколку Македонија не реагира и не си го брани достоинството. Ако ништо не ја спречи Бугарија, таа би ја направила Македонија втора бугарска држава, а Македонците – Бугари. Тоа би било за неа идеалното решение. Комисии како спомнатата не треба да постојат – тие се подигрување со самата идеја за наука. За Бугарија тоа е комисија во која македонската страна треба да ги прифати бугарските идеолошки ултиматуми и да ги претвори македонските учебници во расадник на бугарски национализам. Ако не – нема Европа. Бугарија тоа многу јасно го декларира последните десет години – „Македонија во Европа – да, македонизмот – не“. Но, никој во Скопје не ја сфати сериозно пораката без разлика што беше испраќана и од највисоко ниво – од ниво на претседател на држава.
Трпите ли поголеми притисоци откако се влошија односите со Македонија? Реална ли е омразата во бугарското општество кон нас и има ли зголемен говор на омраза, или пак тоа е само на ниво на политиката? Од каде доаѓа, според вас ,таа патолошка опседнатост на Бугарија со Македонија
Засилената антимакедонска реторика на политичарите и пропаганда во медиумите, за жал, ги настрои многу од обичните луѓе против Македонија. Многумина веруваат дека Македонија нив некако ги мрази, дека води политика против Бугарија, дека им ја краде историјата итн. За жал, за да ја оправдаат својата политика против Македонија бугарските власти и елитата го трујат народот со лаги и омраза. Говорот на омраза се засилува и тоа ќе има многу негативни последици за идните односи меѓу двата соседни народи. Опседнатоста со Македонија навистина има земено патолошки размери. Од една страна таа е последица од хранењето на змејот на ултранационализмот веќе седма деценија – сега тој достигнува монструозни размери и е ненаситен. Од друга страна, тоа е однесувањето на страшлив силеџија – тој секогаш се нафрла само врз најслабиот и молчи пред оние што можат да му дадат отпор. Работите за кои Бугарија се жали од Македонија се правени во драстично поголем степен од други соседни држави – да речеме, Грција. Можете да најдете колку сакате грчки натписи, дури и преведени на бугарски и англиски, за ѕверствата на „бугарскиот (фашистички) окупатор“. Што ли не нема да најдете во грчките учебници. Бугарија еднаш нема кажано збор пред Грција. Пред рамните – бугарските влади храбро молчат. Само пред мала Македонија и тоа само сега, кога е притисната до ѕидот, а зад нив стои солидарноста на цела Европска унија, тие се храбри да си ги пумпаат националните фрустрации. Нема да имаат друга шанса и начин да се почувствуваат „велики“. И, кукавичлукот и подлоста им се патолошки.
Како ги коментирате предлозите на Љупчо Георгиевски за решавање на спорот? Стои ли можеби зад нив Софија?
Предлогот е всушност само еден – предлог за капитулација на Македонија. Македонија треба да направи се што Бугарија сака. Бугарија – да прави се што сака Бугарија. И да не стои зад овој предлог Софија – а таа со задоволство би застанала – Георгиевски го предлага она што Бугарија го сака. Предлогот би бил логичен ако доаѓа од бугарскиот амбасадор во Скопје, но од устата на поранешен премиер на Македонија!? Резил, но не и изненадување. Сепак, владата на Љупчо Георгиевски ја турна Македонија во овој ќорсокак откако го потпиша капитулантскиот договор и декларација со Софија во 1999 година. Ако тогаш Македонија имаше македонски премиер – немаше денес да е во сегашната ситуација. Георгиевски како да сака да го заврши она што го започна во 1999 година. А, можеби неговиот предлог е црниот фон пред кој идните владини компромиси во 51 нијанси темно-сиво да изгледаат светли? Да го исплашат народот со целосна капитулација, па половина капитулација да му се види двапати победа.
Кај нас се толкува дека ваквата агресивна политика на Софија е условена од престојните избори и дека ќе се смени потоа. Верувате ли во тоа и дека воопшто ќе има некаква промена во актуелната политичка гарнитура во таа земја, во смисла дека ќе го снема Каракачанов и Захариева, како што се шпекулира, ќе отпадне од новата влада?
Тоа е wishful–thinking. Пак надеж дека работите сами од себе ќе се поправат. Причината не се изборите – лани и полани немаше избори. Тогаш си измислувавме други „oправдувања“ за однесувањето на Софија. Софија секогаш имала иста позиција спрема Македонија, но не секогаш можела или имала потреба отворено да ја искаже. Но, сега е клучен момент – сега Македонија е на тесно, сега или никогаш таа може да биде уценувана, евроинтеграцијата е последна шанса; сега Бугарија мора да ги стави сите карти на маса. Тоа не е некаква времена политика, плод на моментална политичка комбинација или на одделни луѓе. Тоа е истата она политика која Бугарија ја следи веќе 57 години. Од Меморандумот на Бугарија, Декларацијата на парламентот, преку устата на Захариева, Каракачанов, но и опозициски лидери како Радан К’нев – зборува Тодор Живков. Истите барања, истите формулации. „Македонско малцинство во Бугарија нема и не може да има“ – е фраза на Тодор Живков од 1963 година која се повторува од бугарските политичари од сите спектруми денес. Негирањето на јазикот, на историјата до 1944, заедно со ветувањето да признаат македонски идентитет ако Македонија се согласи дека тој настанал по 1944 година, и тоа врз бугарска основа – сето тоа можете да го прочитате во говорот на Тодор Живков пред тајниот пленум на ЦК на БКП од март 1963 година. Ништо ново и различно. Единствената промена што може да се случи по изборите е отсуството на радикални елементи во владата да й даде извинување да направи некои отстапки спрема Македонија под европски притисок. Доколку зависи од добрата волја на Софија – Македонците не треба да имаат не само минато, туку ниту иднина. Единствено силен притисок однадвор може да ги натера бугарските политичари да си ги приберат канџите. За среќа, бугарските политичари не се луѓе со храброст, не им треба многу за да се скријат по дупките.
Каква беше реакцијата кон вас на бугарската држава по резолуцијата на Европскиот парламент? Има ли воопшто прогресивни сили во Бугарија кои ги поддржуваат правата на македонското малцинство? Ќе ги застапува ли некој вашите интереси на изборите?
Во Бугарија милуваат да се преправаат дека ние не постоиме и да ги игнорираат сите пораки од странство како недоразбирање. За се што правиме директно или индиректно ние – ја обвинуваат било Македонија, било некој меѓународен заговор против Бугарија. Резолуцијата беше иницирана од Европската слободна алијанса каде ОМО „Илинден“-ПИРИН и Виножито се членови, но реакцијата беше како ние да немаме ништо општо – им беше срам да признаат дека непостоечкото, според нив, малцинство составено наводно од неколку изветвени старци било во состојба да поттикне резолуција на ниво на Европскиот парламент. Да кажат дека ние имаме нешто општо би значело да признаат дека малцинството постои, дека е доволно силно и витално. Затоа не коментираа само како објект на Резолуцијата, не како активен чинител. Нема кој да не застапува на изборите – нашите партии или не ги регистрираа, или им ја одзедоа регистрацијата. Во токсичната антимакедонска атмосфера во Бугарија никоја политичка партија не се осмелува да се заложи за Македонците. Законите се така наштимани што за 30 години ниту еден независен кандидат не бил избран во бугарскиот парламент. Инаку, има одредени групи луѓе – достојни личности и организации кои го поддржуваат македонското малцинство, такви како Бугарскиот Хелсиншки комитет или „Маргиналија“, тие се прогресивни, но за жал нив не би можеле да ги наречеме „сили“. Ќе издржиме. Најтемно е пред утрото./www.nezavisen.mk
 
   НАРОДНА ВОЛЈА
КОЙ УНИЩОЖАВА ИСТОРИЧЕСКИТЕ ИСТИНИ? КОЙ ПРАВИ КОЩУНСТВО В БОЖИЯ ХРАМ?
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
МЕМОРАНДУМОТ НА МАНУ, МПЦ-ОА И УКИМ ПОВИКУВА НА ОДБРАНА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ
Читај
СО БЛЕДСКИОТ ДОГОВОР БУГАРИЈА ПРИЗНАЛА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, НАРОД И МАКЕДОНЦИ, СЕ ШТО ДЕНЕСКА СПОРИ
Читај




В А Ж Н О   С Ъ О Б Щ Е Н И Е!

Известявамe читателите на вестник „Народна воля“, че книгата „Гневът на правдата“ от Ян Пирински вече може да четете и на интернет на следния адрес:

www.gnevot-na-pravdata.com



Б Л А Г О Д А Р Н О С Т!

Редакцията на вестник “Народна воля” изказва своята най-искрена признателност и почит на Минчо Ташев от Канада за често изпращаната финансова помощ на вестник “Народна воля”.
Редакцията на вестника благодари на дарителя за патриотичния жест и му пожелава здраве, щастие и успехи в живота.



СКРЪБНА ВЕСТ

ПЕТЪР СТОЕВ ХРИСТОВ

На 26.11.2020 година в град Благоевград почина Петър Стоев Христов, роден на 02.07.1936 година в село Яново, Санданско, Пиринския дял на Македония.

Петър Христов живя и израсна в семейство с македонско национално чувство, наследено от дядо му Стоян Христов, който е участвал в четите на Яне Сандански и Илия Кърчовалията в борбата за освобождението на Македония от турското робство и възстановяване на самостоятелна македонска държава. А стрико му Иван пък заедно с македонските партизани от Егейския дял на Македония участва за прогонването на българските окупационни войски от Македония. Всъщност Петър още от малък вече знае коя е неговата родина и националната си иден- тичност. А по примера на братята си Александър и Георги, Петър, пленен от музата на поезията, започва да пише стихове, някои от които се публикуват във в. „Народна воля”. Издава стихосбирката „Почти на ручей ромон” през 2003 година в Благоевград.

В поетичните му творби е отразена непрекъсната му жажда за доброта и човечност, и голямата му любов към Македония, за която посвети няколко стихотворения. Петър бе изключително скромен и човечен, с нежна душа на поет и с непокорен дух за правда и справедливост.

Председателството на ОМО „Илинден” – ПИРИН и редколегията на в. „Народна воля” изказват най-искрени съболезнования на опечалените!
Почивай в мир, Петре! Поклон пред светлата ти памет!!!


Поезия

ПЕСЕН ЗА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Грозна буря – черно ято
с гръм коситба ще коси –
иде гибел, от която
няма кой да го спаси.

Грозна буря се извива,
птици спрели песента.
Гоце Делчев са убили!
Тъжна, майко, е вестта!

Майски ден е, а след боя
потъмнява свода син.
Наведи се, майко моя,
да целунеш своя син!

А когато го прегърнеш
с две илинденски ръце,
в свято слънце ще превърнеш
най-безсмъртното сърце.

Нека в черната разлъка
пеят житни класове!
Нека робската ни мъка
ражда нови синове!

И над мъртвите усои
пак ще грейне сводът син.
И отново, майко моя,
ще вървиш след своя син!

И когато суховеи
веят мъртви знамена,
той ще пази от злодей
твоя дом и бъднина!

ПЕТЪР ХРИСТОВ



Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting