Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Акад. Иван Катарџиев

ЕДНО ПАТУВАЊЕ ОД ПИРИН ВО СКОПЈЕ, ГЛАВЕН ГРАД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 1944-1989.
ЧЕКОРЕЊЕ ВО ВРЕМЕТО И ПРОСТОРОТ


Акад. Иван Катарџиев

Го критикува Червенкова за позивите во кои пишувало дека: „Отечествениот фронт ќе му даде можност на народот во Пиринска Македонија да се обедини со Македонците во Титова Југославија“. Изјавува дека бил против прифаќањето на учители од НР Македонија. Во прво време се согласил да бидат примени само 5 учители, а потоа само 20. Но, вели за тоа се воделе разговори помеѓу Чаловски и Чанков и се прифатиле 100 учители. Вели дека за отворањето на книжарници во Пиринска Македонија долго се противел. Во една прилика „јас се свртев кон Червенков и му реков дека не се потребни книжарници, а тој ми рече: Зафировски многу настојува па отворете барем една книжарница“. Во врска со изучувањето на македонскиот јазик во Пиринска Македонија сметал дека тој не е применлив.
На забелешката на Ѓорѓи Чанков дека како Обласен комитет стоеле на позиција: „Еден ден порано пред да се формира федерацијата ќе се приклучиме кон Југославија“. Крсто Стојчев одговара: ОК ја спроведуваше линијата на 10. Пленум“.
На обвинувањата од Стојчев Червенков одговорил дека сето тоа што го спроведувал било договорено со Георги Димитров и било последица на договорот во Блед, дека ништо не направил без согласноста на Димитров и дека ЦК никогаш не давал директиви да не го слушаат ЦК туку да го слушаат Белград и да соработуваат за откинувањето на Пиринскиот крај од Бугарија. Стојчев одговара: такви директиви не сме добивале, јас не сметам дека таква дејност сум вршел. На крајот на репликата на Антон Југов дека за тоа во својот говор говорел Георги Димитров на 10. Пленум, Стојчев одговара: „Но таа самокритика на 16. Пленум остана овде“, освен фамата што се создаде дека Крсто Стојчев е заврбуван непријател.
На крајот во својата одбрана од нападите на кои бил изложен Стојчев цитира еден дел од излагањето на Георги Димитров на 16. Пленум во кој тој индиректно се самокритикува. Стојчев прво го парафразира Димитров, вели: „До почетокот на 1948 година ние сите во раководството на Партијата се покажавме недоволно прозорливи, некритични – со слепа доверба кон Титовците“. А потоа во продолжение цитира еден дел од излагањето на Георги Димитров што го поднесол во својот реферат на 16. Пленум“. Димитров рекол, според цитираниот пасус „Во соработката со Југословенските комунисти не пројавивме потребната прозорливост спрема тие раководители, некритички се однесувавме спрема нив иако некои нивни пројави ни даваа повод за критичко однесување. Од близу не ја следевме политиката и дејноста на југословенските раководители со кои намерававме да ја создадеме федерацијата на Јужните Словени. Имено, поради недостатокот на точни и блиски познавања на спроведуваната од југословенските раководители политика, на слепа доверба кон нив се објаснува извесното штетно влијание што нивната политика изврши врз политиката на нашата партија“. (Протокол на Пленумот на ЦК што се одржал на 16 и 17 јануари 1950 година, стр. 238. Сегменти од книгата факсимили на документи на бугарски јазик, стр. 231-320, фототипно издание на Државниот архив на Бугарија).
Обидот на Крсто Стојчев со својата дискусија да ја спаси својата состојба од политичка казна сепак во целост не успеала. На крајот Пленумот го казнил со исклучување од составот на кандидатите членови на БРП.
Во случајот со исклучувањето на Крсто Стојчев од кандидат – член на ЦК на БРП(к) внимание привлекува образложението на ова решение. Тој е обвинет за тоа што од 9 декември 1944 година до објавувањето на Резолуцијата на ИБ како секретар на Обласниот комитет, најмногу се залагал за афирмација на стремежите на Македонците во Пиринска Македонија за национално самоопределување и културна автономија. Тоа е суштината на официјалниот текст со кој се дефинира исклучувањето на Стојчев дека бил најистакнатиот спроводник на разбирањата и активностите на Титовци и Колишевци во врска со пиринскиот крај“.
 
   НАРОДНА ВОЛЈА
КОЙ УНИЩОЖАВА ИСТОРИЧЕСКИТЕ ИСТИНИ? КОЙ ПРАВИ КОЩУНСТВО В БОЖИЯ ХРАМ?
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
МЕМОРАНДУМОТ НА МАНУ, МПЦ-ОА И УКИМ ПОВИКУВА НА ОДБРАНА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ
Читај
СО БЛЕДСКИОТ ДОГОВОР БУГАРИЈА ПРИЗНАЛА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, НАРОД И МАКЕДОНЦИ, СЕ ШТО ДЕНЕСКА СПОРИ
Читај




В А Ж Н О   С Ъ О Б Щ Е Н И Е!

Известявамe читателите на вестник „Народна воля“, че книгата „Гневът на правдата“ от Ян Пирински вече може да четете и на интернет на следния адрес:

www.gnevot-na-pravdata.com



Б Л А Г О Д А Р Н О С Т!

Редакцията на вестник “Народна воля” изказва своята най-искрена признателност и почит на Минчо Ташев от Канада за често изпращаната финансова помощ на вестник “Народна воля”.
Редакцията на вестника благодари на дарителя за патриотичния жест и му пожелава здраве, щастие и успехи в живота.



СКРЪБНА ВЕСТ

ПЕТЪР СТОЕВ ХРИСТОВ

На 26.11.2020 година в град Благоевград почина Петър Стоев Христов, роден на 02.07.1936 година в село Яново, Санданско, Пиринския дял на Македония.

Петър Христов живя и израсна в семейство с македонско национално чувство, наследено от дядо му Стоян Христов, който е участвал в четите на Яне Сандански и Илия Кърчовалията в борбата за освобождението на Македония от турското робство и възстановяване на самостоятелна македонска държава. А стрико му Иван пък заедно с македонските партизани от Егейския дял на Македония участва за прогонването на българските окупационни войски от Македония. Всъщност Петър още от малък вече знае коя е неговата родина и националната си иден- тичност. А по примера на братята си Александър и Георги, Петър, пленен от музата на поезията, започва да пише стихове, някои от които се публикуват във в. „Народна воля”. Издава стихосбирката „Почти на ручей ромон” през 2003 година в Благоевград.

В поетичните му творби е отразена непрекъсната му жажда за доброта и човечност, и голямата му любов към Македония, за която посвети няколко стихотворения. Петър бе изключително скромен и човечен, с нежна душа на поет и с непокорен дух за правда и справедливост.

Председателството на ОМО „Илинден” – ПИРИН и редколегията на в. „Народна воля” изказват най-искрени съболезнования на опечалените!
Почивай в мир, Петре! Поклон пред светлата ти памет!!!


Поезия

ПЕСЕН ЗА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Грозна буря – черно ято
с гръм коситба ще коси –
иде гибел, от която
няма кой да го спаси.

Грозна буря се извива,
птици спрели песента.
Гоце Делчев са убили!
Тъжна, майко, е вестта!

Майски ден е, а след боя
потъмнява свода син.
Наведи се, майко моя,
да целунеш своя син!

А когато го прегърнеш
с две илинденски ръце,
в свято слънце ще превърнеш
най-безсмъртното сърце.

Нека в черната разлъка
пеят житни класове!
Нека робската ни мъка
ражда нови синове!

И над мъртвите усои
пак ще грейне сводът син.
И отново, майко моя,
ще вървиш след своя син!

И когато суховеи
веят мъртви знамена,
той ще пази от злодей
твоя дом и бъднина!

ПЕТЪР ХРИСТОВ



Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting