Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Македонија и Бугарија: антифашисти и фашисти, каде има тука заедничка историја?!

Борбата против фашизмот беше и борба за македонска национална држава

Далибор Станковиќ


Македонија ја поделија, ропствата се менија, но борбата на македонскиот народ не престана. Кога сите поробени народи на Југославија се дигнаја против денешниот непријател на целото човечество фашизмот, и македонскиот народ се нареди во таја борба. Тој во неа виде возможност да ја помогне општата борба на сите поробени народи и целото слободољубиво човечанство и да го оствари својот вековен национален идеал…, Панко Брашнаров
На 20 април 1945 година, советската армија започнува со артилериско гранатирање на центарот на Берлин, со што започна битката за освојување на престолнината на Третиот рајх. Датумот не беше случајно избран, бидејќи на овој ден Адолф Хитлер го прославуваше својот роденден. На 22 април во излив на бес, Хитлер признава дека војната е изгубена и дека неговите планови нема да се остварат. Пред блиските соработници изјавува дека ќе остане во Берлин до самиот крај, а потоа ќе изврши самоубиство.
Во последните денови на април 1945 година, се случуваат неколку клучни моменти. На 28 април италијанскиот фашистички диктатор Бенито Мусолини е убиен од италијанските партизани, следниот ден германската армија во Италија капитулира, а на 30 април Хитлер се самоубива и советските војници ја освојуваат зградата на Рајхстагот и го истакнуваат советското црвено знаме. Во текот на овој период, советската армија во германската престолнина води крвави борби што траат една недела, а битката завршува на 2 мај кога германскиот воен гарнизон на Берлин се предава.
Според желбата на германскиот диктатор Хитлер, по неговата смрт адмиралот Карл Дениц требало да биде назначен за нов претседател на рајхот, а Јозеф Гебелс за нов канцелар. Но на 1 мај 1945 година, Гебелс се самоубива и Дениц во својство на претседател сам ги води преговорите со сојузниците. Безусловната капитулација на Германија е потпишана на 7 мај, а влегува во сила на 8 мај. Со потпишувањето на германската капитулација, војната во Европа заврши и беше уништен Третиот рајх, за кого Хитлер веруваше дека ќе постои илјада години. Борбата против европскиот нацизам и фашизам траеше дванаесет години и загинаа околу 50 милиони Европејци.
Се што е наше македонско ни се претставува како да е бугарско
Додека советската армија и сојузниците војуваа против нацистичка Германија и фашистичка Италија и во Европа, македонскиот народ ја избра борбата против нацизмот и фашизмот. Еден месец по окупацијата на Македонија од страна на германската, италијанската и бугарската армија, Методија Шаторов-Шарло, во својство на секретар на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија, испраќа проглас, во кој се вели: „Како резултат на војната и наша Македонија е окупирана… Ние не видофме нити наши чиновници, нити да се споменува нешто за нашите македонски револуционери, што пак за македонската култура. Се што е наше ни се представуе како да е било бугарско… да се обединат сите Македонци и други народности во Македонија за општо своје право за слобода и равноправност, но не цепене на македонската земја и македонскио народ.“
Во следниот период беа создадени повеќе партиски организации што организираа воена обука. На 2 јуни 1941 година беше извршена диверзантска акција во текот на која беше запален и уништен еден германски транспортен авион од типот „ЈУ-52“. Со овој чин започна организираната борба на македонскиот народ против бугарската фашистичка окупација. Општото народно востание во Македонија се засилува во 1944 година, македонските партизански единици успешно се спротивставуваат на окупаторската армија во текот на Февруарскиот поход и Пролетната офанзива. Во текот на последните операции за ослободување на Македонија, под команда на Главниот штаб на Народноослободителната војска на Македонија и македонските партизански одреди биле околу 80.000 борци распределени во седум дивизии и три корпуси. Животворниот извор на слободата не секна
Во средината на 1944 година започнува последната етапа од ослободувањето на Македонија, во овој период се формирани околу 400 народноослободителни одбори и беа избрани 116 делегати за Првото заседание на АСНОМ, како највисоко законодавно и извршно претставничко тело на македонската држава.
Заседанието на АСНОМ беше отворено од Панко Брашнаров, кој меѓу другото истакна: „Другари народни претставители, жив сум свидетел на два Илиндена – 1903 и 1944 година. Во моите спомени се нижат безброј моменти за илинденската народна епопеја и Крушовската република. Бескрајни беа напорите на вооружениот македонски народ, огромна беше жаждата му за слобода, борбата го дари со слободна Крушовска република. Но разјарениот башибозук и турската регуларна војска се нафрлија и го затрупаја оазисот на слободна Македонија – Крушовската република го потушија востанието и го стегнаја искрвавениот македонски народ во ново ропство. Животворениот извор на слободата не секна.
Македонија ја поделија, ропствата се менија, но борбата на македонскиот народ не престана. Кога сите поробени народи на Југославија се дигнаја против денешниот непријател на целото човечество фашизмот, и македонскиот народ се нареди во таја борба. Тој во неа виде возможност да ја помогне општата борба на сите поробени народи и целото слободољубиво човечанство и да го оствари својот вековен национален идеал… Денеска на фториот, славен Илинден, последен Илинден на неослободена Македонија, се стават темелите на македонската држава во која да се обедини и заживее нашиот народ онаков среќен живот каков го заслужува по своите претрпени ропски маки и петвековни борби.“ Зборовите на Брашнаров потврдуваат дека борбата против фашизмот беше и борба за остварување на македонскиот вековен идеал – македонска нација и држава, идеал што денес официјална Софија се обидува да го ништи. Во пресрет на 9 Мај, Денот на победата над фашизмот, неизбежна е историската вистина дека македонскиот народ се вбројува меѓу оние народи што смело застанаа против нацизмот и фашизмот. За македонскиот народ беше сосема природно да ја прифати борбата против фашистите, бидејќи неговата идеологија отсекогаш била проткаена со слободарски и демократски дух, а од оваа борба произлезе современата македонска држава и конечно беа кодифицирани македонските особености – јазик, култура, обичаи и др.
Македонија и Бугарија: антифашисти и фашисти, каде има тука заедничка историја?!
Како официјален сојузник на нацистичка Германија и фашистичка Италија, фашистичка Бугарија беше членка на силите на Оската. Како таква, Бугарија окупираше големи делови од територијата на Македонија, учествуваше во холокаустот со депортирањето на македонските Евреи и изврши воени злосторства против Македонците. Оваа историска реалност ја потврдуваат сите релевантни светски историчари, вклучувајќи ги и бугарските историчари, односно историските сведоштва и факти. Затоа секоја дискусија за заедничка историја помеѓу Македонија и Бугарија е невозможна. Македонскиот и бугарскиот народ се наоѓаат од спротивните страни на историјата, всушност бугарската политичка елита секогаш водела агресивна надворешна политика, која имала цел приграбување на што поголем дел од Македонија. Македонците за разлика од Бугарите никогаш не воделе освојувачки војни, туку ослободителни и затоа не можеме да говориме за заедничка историја.
Затоа, на денот кога се прославува Денот на победата над фашизмот, со полн легитимитет можеме ние Македонците да го прославиме и чествуваме! Оние што биле на погрешната страна на историјата, може само да се „шлепуваат“ и да прославуваат покрај заслужните нации што го поразија фашизмот. Или, пак, како официјална Софија, да се обидат да присвојат туѓа историја, на друга нација, за да можат да прикажат дека биле на вистинската страна на историјата!
Затоа, честит нека ни е Денот на победата над фашизмот! Историјата се уште го памети мотото: Смрт на фашизмот, слобода на народот!
 
   НАРОДНА ВОЛЈА
КОЙ УНИЩОЖАВА ИСТОРИЧЕСКИТЕ ИСТИНИ? КОЙ ПРАВИ КОЩУНСТВО В БОЖИЯ ХРАМ?
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
МЕМОРАНДУМОТ НА МАНУ, МПЦ-ОА И УКИМ ПОВИКУВА НА ОДБРАНА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ
Читај
СО БЛЕДСКИОТ ДОГОВОР БУГАРИЈА ПРИЗНАЛА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, НАРОД И МАКЕДОНЦИ, СЕ ШТО ДЕНЕСКА СПОРИ
Читај




В А Ж Н О   С Ъ О Б Щ Е Н И Е!

Известявамe читателите на вестник „Народна воля“, че книгата „Гневът на правдата“ от Ян Пирински вече може да четете и на интернет на следния адрес:

www.gnevot-na-pravdata.com



Б Л А Г О Д А Р Н О С Т!

Редакцията на вестник “Народна воля” изказва своята най-искрена признателност и почит на Минчо Ташев от Канада за често изпращаната финансова помощ на вестник “Народна воля”.
Редакцията на вестника благодари на дарителя за патриотичния жест и му пожелава здраве, щастие и успехи в живота.



СКРЪБНА ВЕСТ

ПЕТЪР СТОЕВ ХРИСТОВ

На 26.11.2020 година в град Благоевград почина Петър Стоев Христов, роден на 02.07.1936 година в село Яново, Санданско, Пиринския дял на Македония.

Петър Христов живя и израсна в семейство с македонско национално чувство, наследено от дядо му Стоян Христов, който е участвал в четите на Яне Сандански и Илия Кърчовалията в борбата за освобождението на Македония от турското робство и възстановяване на самостоятелна македонска държава. А стрико му Иван пък заедно с македонските партизани от Егейския дял на Македония участва за прогонването на българските окупационни войски от Македония. Всъщност Петър още от малък вече знае коя е неговата родина и националната си иден- тичност. А по примера на братята си Александър и Георги, Петър, пленен от музата на поезията, започва да пише стихове, някои от които се публикуват във в. „Народна воля”. Издава стихосбирката „Почти на ручей ромон” през 2003 година в Благоевград.

В поетичните му творби е отразена непрекъсната му жажда за доброта и човечност, и голямата му любов към Македония, за която посвети няколко стихотворения. Петър бе изключително скромен и човечен, с нежна душа на поет и с непокорен дух за правда и справедливост.

Председателството на ОМО „Илинден” – ПИРИН и редколегията на в. „Народна воля” изказват най-искрени съболезнования на опечалените!
Почивай в мир, Петре! Поклон пред светлата ти памет!!!


Поезия

ПЕСЕН ЗА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Грозна буря – черно ято
с гръм коситба ще коси –
иде гибел, от която
няма кой да го спаси.

Грозна буря се извива,
птици спрели песента.
Гоце Делчев са убили!
Тъжна, майко, е вестта!

Майски ден е, а след боя
потъмнява свода син.
Наведи се, майко моя,
да целунеш своя син!

А когато го прегърнеш
с две илинденски ръце,
в свято слънце ще превърнеш
най-безсмъртното сърце.

Нека в черната разлъка
пеят житни класове!
Нека робската ни мъка
ражда нови синове!

И над мъртвите усои
пак ще грейне сводът син.
И отново, майко моя,
ще вървиш след своя син!

И когато суховеи
веят мъртви знамена,
той ще пази от злодей
твоя дом и бъднина!

ПЕТЪР ХРИСТОВ



Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting