НA 16 ноември годинава телевизија „Евроком BG“ емитуваше дискусија-разговор на исто-мисленици, специјално за „неморалниот национален бугарски лик“ на
лидерот на ВМРО-БНД Красимир Каракачанов. Дискусијата беше водена од Георги Ифандиев, а учесници во неа беа Николај Тошев, Иван Шалев и Стојко Кузев. На
телевизискиот екран беа покажани документи за фалсификатите при регистрирањето на така наречената ВМРО-БНД.
Господата разговараа меѓу себе за тоа кои биле побудите и целта на создавањето на ВМРО-БНД, при што посочија дека поранешната Држав-на безбедност е
единстве-ниот стратег, кој го оства-рил појавувањето на оваа организација. Овие „спе-цијалисти“ на бугарската национална доктрина се убедуваа еден со друг,
дека нивните заклучоци во однос на заграбувањето на имотите на македон-ските братства и друштва од страна на Државна без-бедност се потполно вис-тинити. И
дека токму оваа институција има одредено, кој да раководи со соз-дадената т. нар. ВМРО, при што прво се имала за-прено на Георги Прванов, но во последниот
момент се предомислила во корист на Красимир Ка-ракачанов.
Во групата на Карака-чанов биле вклучени уште неколкумина негови ко-леги од Државна безбед-ност како Евгени Еков, Спас Ташев, кој сега е ди-ректор на
Бугарскиот кул-турно-информативен центар (!?) во Р. Македо-нија, Анатолиј Величков – поранешен народен прате-ник, Николај К’нев – гене-рален секретар и други.
Водителот Ифандиев и гостите подметнаа, дека при неговите комбинации во борбата за власт Каракачанов користел и контакти со поранешниот претседател на
Бугарија, Петар Стојанов.
Како поранешен член на Сојузниот совет на ВМРО-БНД Стојко Кузев од Пловдив раскажа, како организацијата дала доку-менти да се регистрира како партиjа со
потписи од 50 членови, меѓу кои имало и фалсификувани, а меѓу нив и неговиот. Кузев го покажа пред камерата документот со неговиот вистински пот-пис и со
фалсификувани-от. Поради фалсификува-ните потписи судот ја откажал регистрацијата. По некое време во судот пак бил внесен истиот спи-сок со фалсификуваните
потписи и ВМРО-БНД би-ла регистрирана. Истомис-лениците се прашуваа каде е главниот обвинител на Бугарија, за да ги види фал-сификатите, со кои била регистрирана
ВМРО-БНД.
Тие посочија дека Ка-ракачанов има регистри-рано фирми, со кои рако-води самиот тој. Од имо-тите, од зградите на маке-донските друштва, што ги има запоседнато,
лидерот на оваа партија натрупал милиони. Располагајќи со овие милиони, Каракача-нов згора на тоа го запрел издавањето на весникот „Македонија“. (Па да, него
никој не го купуваше! б.м.) И тие прашуваат зошто? Размуабетените пријатели беа категорични во своите заклучоци: Каракачанов не е никаков бугарски пат-риот, а
преку своите немо-рални дејствија ја валка „светата патриотска бугар-ска организација ВМРО“.
О, колку сте кутри гос-подо, и вие и вашиот валкач на бугарскиот народ. Зошто? Затоа што ВМРО значи Внатрешна македонска револуцио-нерна организација. Тол-ку!
Ги прифаќам за осно-вани обвиненијата на дис-кутантите против Карака-чанов (ние, Македонците во Бугарија одамна го знаеме тоа што тие сега го кажаа), но не можам
да ги примам нивните напади и негирање на македонскиот народ, на неговата култура и право на постоење. Би-дејќи овие господа не ја сокрија омразата кон Ма-кедонците
и Република Македонија.
Нека господата „специ-јалисти“ за политичките и националните (разбирај: бугарските етнички) пра-шања и сите од оваа сорта бугарски „патриоти“, држ-авници и политичари,
ед-наш за секогаш да сфатат, дека никој не е овластен да им наметнува на другите што да бидат по нацио-налност, по вера и поли-тички убедувања. Еден културен и
воспитан човек на тоа не би ни помислил. Секој, што се обидува да го негира правото на слободно изразување на волјата на другите е тиранин и враг на сло-бодата
на личноста.
НEKA се знае, Република Македонија е реалност. А нејзините државници и политичари, наспроти непрекинатите и денес аспирации спрема нивната земја од страна на
соседите, го имаат исклучителното морално и национално достоинство да не постапуваат како нив и тоа единствено и само во името на добрососедството. А бугарската
прогресивна општественост треба да ги осуди сите медиуми, коишто заштитуваат мизерни и докажани македономрзци, кои насадуваат само омраза меѓу бугарскиот и
македонскиот народ.