Неумоливиот еднонасочен од на времето го збогати сопственото минато со уште една прелистана календарска година. Овој прастар факт,
кој неизменето се повторува, го повикува човечкиот разум да застане над замислената водоразделница меѓу минатото што веќе отпловило
и неизбежната иднина, за да направи строга сметка на изминатиот пат и да го осветли со блесокот на надежта дека утрешниот ден ќе ги
остварува најубавите мечти на човечкиот род.
Ако тоа го примиме како правило, можеме спокојно да кажеме дека ние, Македонците, не претставуваме исклучок од него, бидејќи иманентно
му припаѓаме. Ние исто го имаме правото и должноста да му ја направиме својата сметка на минатото, за да се исправиме уште поединствени
и сплотени пред неизбежните предизвици на иднината.
Да ги дочекаме достоинствено!
И да бидеме достојни за нашите претходници, кои го споија своите животи, борбата и бесмртноста со највозвишениот идеал – идеалот за
слободна, независна, демократска и обединета Македонија.
Нашата историја и нашата судбина се едни од најтрагичните на земјината топка. И денес само во Вардарскиот дел на Македонија Македонците
ги уживаат своите права, додека во Егејска и Пиринска Македонија, тие не се признаати ни дека постојат.
Самиот факт на остварувањето на идеалите на генерациите револуционери и духовни великани на Македонија во рамките на Република Македонија,
денес повторно е повод за противниците на сè што е македонско да ги пеат под воените знамиња химните на негирањето, да ги зариваат своите
инквизиторски ножеви во срцето на Македонија и нивните националистички соништа да си ги присвојуваат одредените делови од него.
Потоа со бесна брзина започнаа да работат фабриките на асимилацијата, за да го мелат под своите воденички камења македонскиот идентитет.
И тешко на оние, што не сакаа да бидат робовски придатоци на туѓ етнос, на туѓа историја, на туѓа духовност и судбина. Овој крстоносен
поход против Македонците уште не го нашол бедемот преку кој да не може да прерипа во територијата на иднината. И врз вчерашните крвави
касапници сјае круната на демократскиот цинизам, којшто се обидува со европски ноти да ја испее актуелизираната мелодија на негирањето на
Македонија.
Сведоци сме на нешто монструозно – оние на кои им се паднаа делови од срцето на Македонија преку свои достојни наследници да се мачат да
го негираат постоењето на нашиот неповторлив македонски идентитет, обидувајќи се да му го променат името според стандардите на своите
националистички стремежи, за всушност да биде расформирана Република Македонија како држава.
И за тоа прашање се водат долгодишни преговори на различни политички рамништа.
Каква бесрамна дрскост!!!
Бидејќи станува збор за држава, признаена под нејзиното уставно име од повеќе од сто и дваесет држави, меѓу кои се и најголемите сили.
И тоа им прави чест!!!
НО СÈ ДОДЕКА на земјината топка има дури и само еден единствен Македонец со непризнаати човекови права, нашата македонска
На Јуниорскиот Евросонг одржан на почетокот на декември минатата година победија претставниците на Белорусија. На второто место
се пласираа
претставниците на Ерменија, а третото место го освои Србија.
Македонија го освои петтото местo, а ја претставуваа Росица Кулакова и Димитар Стојменовски, кои настапија под редниот број 11, со песната
„Динг
Динг Донг“. На сцената заедно со нив настапија и Марија Зафировска како виолинистка, Никола Тренчевски како тапанар и Емилија Ланговска и
Сара
Маркоска како балерини.
На манифестацијата учествуваа 17 земји. Македонија на јуниорскиот Евросонг настапува по петти пат.