На Јуниорскиот Евросонг одржан на почетокот на декември минатата година победија претставниците на Белорусија. На второто место
се пласираа
претставниците на Ерменија, а третото место го освои Србија.
Македонија го освои петтото местo, а ја претставуваа Росица Кулакова и Димитар Стојменовски, кои настапија под редниот број 11, со песната
„Динг
Динг Донг“. На сцената заедно со нив настапија и Марија Зафировска како виолинистка, Никола Тренчевски како тапанар и Емилија Ланговска и
Сара
Маркоска како балерини.
На манифестацијата учествуваа 17 земји. Македонија на јуниорскиот Евросонг настапува по петти пат.