Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Делото и името на ВМРО се нераскинлив дел од битието на македонската држава
ПРОСЛАВЕН 23 ОКТОМВРИ
(Преземено од МИМ)


Патот на ВМРО е пат на македонските идеали за слобода и независност и создавање самостојна држава, а името ВМРО е длабоко врежано во свеста на македонскиот народ. Тоа значи патриотизам, непокор, посветеност, љубов кон својата земја, борба за правда и за еднаквост, разбирање и толеранција, борба за зaедништво, соживот и стремеж за сопствената иднина. Воден од тие идеали македонскиот народ влезе во Втората светска војна борејќи се против фашистичкиот окупатор. Токму тие идеали беа предвесник на АСНОМ, но и на конечното создавање на слободна самостојна и независна Македонија.
Борбата, делото и името на ВМРО како многу пати во минатото така и денес некој ги негира и запишува зад туѓи идеи, но и порај тоа, рече Груевски за време на свечената церемонија во Скопје, тие се нераскинлив дел од битието на македонската држава и клучна алка на нашата историја, континуитет и идентитет.
- Затоа не смееме да дозволиме некој да фрли сенка врз фактите на нашето минато. ВМРО беше таа која зад своите силни идеи во минатото ги поврза сите луѓе и етнички заедници на територијата на Македонија. Денес овој датум треба да биде основа за поврзување на сите партии, на целото општество, на сите етнички заедници, потенцира премиерот Груевски.
Според него, 23 октомври и чинот на револуционерната саможртва треба да бидат основната духовна храна за решавање на сите горливи прашања какви што имала секоја генерација Македонци, па и за прашањата на нашата генерација. Основата на делувањето на борците на вистинското ВМРО, рече тој, била вистината, искреноста и зборот, кои денес се присутни во современата македонска држава адаптирани на современите европски и светски констелации и се во согласност со европските принципи.
- Каузата зад која денес треба сите заеднички да застанеме е економскиот развој, намалување на невработеноста, привлекувањето странски капитал, борбата против криминалот и корупцијата, инвестиции во образованието, земјоделството, инфраструктурата, здравството, негување на хармонија во меѓуетничките односи, зачувување на духовните и моралните вредности. Нашите цели се насочени и кон што поскоро интегрирање во НАТО и ЕУ, посочи премиерот Груевски.
Сепак, како што рече, она што треба да не држи во најцврсто единство е одбраната на нашето достоинство, култура, идентитет и посебност, а во тоа мора да земаме сила и поттик од македонските револуционери.
- Ние во Владата сакаме да ја вратиме довербата на граѓаните во сопствената држава, историја, во сопственото минато. Ќе продолжиме заеднички да ја водиме Македонија како што тоа го сакале нашите предци, во соживот, толеранција, кон големото европско семејство каде што ни е местото. Ако сите заедно застанеме зад ваквата кауза непостои прблем за кој нема решение, нема цел која што не можеме да ја постигнеме, истакна премиерот Никола Груевски.
Тој додаде дека суштината и клучот на многу прашања лежи во три основни доблести на општеството - силната љубов кон својата земја, единството меѓу народот и решителната работа и посветеност за подобра иднина на своите граѓани.
Претседателот на Македонската академија на науките и уметностите Георги Старделов во својата реч истакна дека новата филозофија на македонската историја мора да ги испрати во музеј поимите расцеп, предавство, делби, прогони и да ја гради неа врз начелата на единството на нашата политичка волја, односно врз начелата на слогата и толеранцијата, а не на меѓусебните судири и конфронтацијата.
Нам ни е потребно повеќе од другите на Балканот, истакна тој, интеграција во вредносниот систем на западно-европскиот хуманизам, Европа што внатрешно ќе не помири нас и целиот Балкан. - Нам ни се историски неминовни процесите за интеграција во заедницата на обединетите европски народи за да престанеме да се чувствуваме напуштени и ненужни. Така на најдобар начин ќе им се одолжиме на оние славни шестмина дејци кои во есента 1893 година во Солун ги положија основите на македонската револуционерна организација, подоцна и на ВМРО, но и на сите оние Македонци кои се вградија во борбата за македонската слобода, додаде академик Георги Старделов.
Во рамки на одбележувањето на Денот на македонската револуционерна борба, на 23 октомври во македонското Собрание беше доделена државната награда „23 Октомври“ за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историско наследство. За остварување во областа на науката награда им беше врачена на д-р Марко Китевски-фолклорист и д-р Зоран Тодоровски - историчар, а наградата за остварување во областа на културата и уметноста добија писателот-академик Ташко Георгиевски, актерот Петар Темелковски и ликовниот уметник Милош Коџоман.
Македонија годинава по втор пат го празнува 23 Октомври како државен празник. На овој ден 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Хрсто Ботанџиев го формираа Македонскиот револуционерен комитет од кој подоцна произлезе Внатрешно Македонската Револуцонерна Организација (ВМРО) или Внатрешно Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО). Организацијата се бореше за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор. Формирањето на ВМРО значеше почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, преку НОВ резултира со создавање модерна самостојна македонска држава.

Врати се назад   Врати се горе
   НАРОДНА ВОЛЈА
КОЙ УНИЩОЖАВА ИСТОРИЧЕСКИТЕ ИСТИНИ? КОЙ ПРАВИ КОЩУНСТВО В БОЖИЯ ХРАМ?
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
МЕМОРАНДУМОТ НА МАНУ, МПЦ-ОА И УКИМ ПОВИКУВА НА ОДБРАНА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ
Читај
СО БЛЕДСКИОТ ДОГОВОР БУГАРИЈА ПРИЗНАЛА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, НАРОД И МАКЕДОНЦИ, СЕ ШТО ДЕНЕСКА СПОРИ
Читај


Присъдено звание
ЧЕСТИТО!
С радост съобщаваме на нашите читатели, че нашият дългогодишен сътрудник и приятел Георги Радулов, родом от село Кремен, Пиринска Македония, и университетски преподавател, наскоро бе удостоен със званието “Професор” и неговата научна титла сега гласи “Професор доктор”. Поздравяваме г-н Радулов за заслуженото отличие и му пожелаваме на него и на неговото семейство много здраве, радост и дълголетие и все така да ни радва със своите научни трудове.
Честито, професоре!

Македонија пее
 
МАЈКА
Еј мајко моја сакана - мила
кажи каква тага срце ти си скрила?
Пред многу години под ведро небо
во градот Лерин родена сум чедо. (2)

Еј мајко моја сакана и мила
кажи каква тага - срце ти си скрила?
Пред многу години - тирани клети
не избркаа сите од домови свети. (2)

Еј мајко моја сакана и мила
кажи која желба последна би ти била?

Пред да умрам сине
Егеј јас да видам
барем уште еднаш
Лерин да си видам. (2)

Барем уште еднаш
Лерин да си видам. (2)

ЉУБОВЕН ТАНЦ
Еј мое најмило кај тебе сум тргнало
ти врати отвори, идам со свирачи
Дај душо заиграј така се сонило
дај душо дај ни се погодило.

Рефрен:
Заиграј боса, распушти коса
извиј го тоа тело вретено.
Играј со мене ќе запре време
тоа ќе ни остане.
Заиграј боса, распушти коса
извиј го тоа тело вретено.
Во таков занес, љубовен танец
тоа ќе ни остане

Еј око калешо, срцево те одбрало
во сини висини, сонце ти си ми.
Дај душо заиграј така се сонило
дај душо дај ни се погодило.


Поезия
 
МАКЕДОНСКА БАЛАДА
На Тоше Проески

Единствено с две длани под небето,
за да си вади хляба от земята,
той пееше и плачеше в сърцето
на всички неизвестни на съдбата.

Но търсеха ли вяра за народа
и знамето й - бъдеще да носи,
той ставаше и четник, и войвода,
и отговор на черните въпроси.

Сърцето му поглеждаше нататък,
а там - мълчание, което казва,
че пътят на избраника е кратък
и ножът на съдбата го прерязва.

Какво ли на света не отминава,
ала и неизменност съществува,
че вечно подла съвест се продава,
а истински предател се купува.

И вече всичко може да се случи,
когато е могъща нищетата,
а вярата разплакана се учи
да бъде непреклонна или свята.

Тогава неотменно се усеща
дихание на сатанинска близост
като прокоба за жестока среща
с човешкото падение и низост.

Ще бъде тържествуваща заблуда
за скъсаните нишки на съдбата,
че може без целувката на Юда
да има промислител на земята.

Смъртта е преобърнато начало
на устрема, доброто и мечтата,
което непременно е видяло
предизгревно рождената си дата.

Зора зори - зората на сърцето,
сърце тупти - сърцето на зората,
защото там е всичко под небето,
което носи пулс за свободата.

И възкресен с крила за необята,
човекът от съдбата е понесен
да пее и да плаче по земята
като душа на македонска песен.

АЛЕКСАНДЪР МАКЕДОНСКИ



Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting