Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Скандални грчки воени активности во леринско
ГРЦИЈА ГИ ТОРМОЗИ МАКЕДOНЦИТЕ
(Преземено од МИМ)


Еден полесно повреден и четворица притворени Македонци, по инцидентите што се случија на 14 октомври т.г. во леринско. Откако десетина дена пред тоа, грчката армија на барање на локалното население го напушти времениот камп во близина на селото Забрдени, сега грчки воени сили повторно пристигнаа во регионот. Овој пат придружувани со силни полициски сили и механизирани возила на армијата. Откако локалното население се обидело да ги попречи војниците да вршат вежбовни активности во близина на селото, интервенирале специјални сили на грчката полиција.
„Зимаа луѓе за во затвор да ги носат. Четворица имаме до сега, а до ноќта сигурно ќе земат и други“, изјави Македонец од леринско.
Против нив се очекуваше уште вечерва да бидат поднесени пријави за напад на службено униформирано лице, за што според грчките закони следуваат и неколку годишни казни затвор. „Пред тенковите седиме, лежиме долу, народот не сака војската да вежба со тешко оружје. 150-200 полицајци има сигурно. Тие ќе се зајакнат, ќе донесат и специјалци. Селото е македонско, Забрдени се вика“, изјави Македонец од леринско.
По последниот инцидент кој се случи десетина дена пред тоа, локалните лидери се договориле војската во своите активности во регионот да не ги уништува нивите, да не користи оклопни возила и да не врши гаѓање со боева муниција во близина на населените места.
Сепак, без никаква најава грчките власти испратиле нов контингент војници кои засилени со полиција предизвикаа инциденти во леринско. За активностите на грчката војска и полиција не биле информирани ниту локалните пратеници, коишто минатата недела во грчкиот Парламент побарале војската да не го вознемирува локалното население во овој крај. За разлика од однесувањето на грчката армија, која по протестите на Пелопонез и уште неколку други места од каде се повлече без никакви проблеми, во Егејска Македонија грчките власти со поинаква тактика.
Употребувајќи методи од времето на воената диктатура од периодот 1967-1974 година, полицијата кршеше раце и нозе и влечеше жени и деца. На четири лица им стави лисици, вклучувајќи го и претседателот на Општинскиот совет на Лофи/Забрдени, се вели во соопштението од ЕФА „Виножито“ за последниот инцидент во Забрдени.
„Ги прашуваме грчките политички, воени и полициски власти на која друга територија во Грција се употребува сила за да се спречи мирна демонстрација на локалното население, кое бара да се затвори воен полигон? Дали е тоа поради јазикот што го говорат или поради нивните уверувања? Доста е! Ако по сите овие инциденти не запрат итно воените вежби, грчките власти ќе бидат одговорни за се’ што ќе се случи во иднина“, се истакнува во соопштението.
- Овој полигон за воени вежби е искористен за демонстрирање сила. Бруталното однесување на полицијата има цел да го заплаши македонското население за да не манифестира македонско чувство - изјави вчера Ташко Булев од „Виножито“.
Коста Ташевски, жител на Забрдени, вели дека и покрај протестите на општо изненадување тенковите се вратиле на полигонот за да пукаат. „Не смее да дозволиме да се прави тоа, да ни летаат гранати над главите. Ова е многу сериозно за нашето здравје, оти никој не знае со што се полнети гранатите. Ова е како враќање на воената хунта“, изјави за Еуроланг Ташевски.Вчера имаше реакции и во Македонија. Пратеникот Влатко Ѓорчев, како член на делегацијата на македонското Собрание во ОБСЕ, најави дека ќе се покрене иницијатива во Советот на Европа за донесување резолуција или декларација во врска со случувањата во Грција.
Тој додаде дека по последните случувања во селата во Леринско ќе бара високиот претстав-ник за човекови права што поскоро да ја посети Грција и да подготви извештај за состојбата со почитувањето на човековите права.Според него, сето тоа што се случува во Леринско предизвикува сериозна загриженост и ги допира основните човекови права.На новинарско прашање дали е тоа мешање во внатрешните работи на Грција, Ѓорчев одговори дека тоа е нешто што ги засега сите меѓународни организации од аспект на почитување на човековите права.
Министерот за одбрана Зоран Коњановски, кој е во официјална посета на Брисел, изрази жалење за инцидентот во село Забрдени. Жал ми е ако тоа се случило. Ако армијата на Грција навистина има потреба за вежби, ние сме им на располагање со нашиот воен полигон Криволак во секое време. Таму може добро да се обучат војници за испраќање во воени мисии - изјави Коњановски. Се веруваше дека Грција заврши со климата останата од Граѓанската војна, а сега прави воени вежби со цел да се уплаши македонското население по претходно одржаните панаѓури и по развивањето на свеста кај него. Ваков е ставот на Атанас Парисис, член на раководството на „Виножито“, по актуелните случувања во северна Грција. Нивите во селото Забрдени не се полигон, туку приватна сопственост на 62 семејства, секое камче е нивно и нема слободен простор за вежби - вели Парисис. Тој ги отфрла обвинувањата дека „Виножито“ е иницијатор на протестите на македонското население по воените вежби.
Грчката полиција на 14 октомври т. г. ги спречи новинарите од повеќе медиуми од Македонија да ја дознаат вистината за инцидентите во северногрчкото село Забрдени, населено главно со жители со македонско етничко потекло, кога едно лице било повредено, а четворица биле приведени во полициската станица во Лерин. Репортерските екипи на весниците „Дневник“ и „Нова Македонија“ и на телевизиите „А1“ и „А2“околу 14 часот беа принудени под полициска придружба да го напуштат селото со образложение дека го нарушувале мирот и дека тоа го барале жителите на Забрдени. Претходно, полициска патрола ги привела екипите на ТВ „А1“ и „А2“ и на весникот „Нова Македонија“ во полициската станица во блиското село Баница под сомнение дека снимале воени инсталации. Ги пуштиле откако се увериле дека во снимените материјали немало ништо сомнително.Приведените екипи биле во Забрдени, каде што со жителите разговарале за протестот и за интервенцијата на полицијата, кога ги пресретнала патролата. Горан Момировски, еден од приведените, изјави дека тие со ништо не ги пречекориле дозволените граници во новинарското однесување.
- Во Грција влеговме на ист начин како и многупати досега кога известувавме за настаните. Ја снимавме околината на селото, но не и големиот логор со воените сили поради чие присуство се случи протестот. Кога излегувавме од селото, не’ запре полициската контрола и не’ приведе во станицата. Таму не’ задржаа околу еден час и не’ распрашуваа за целта на нашето присуство тука. Им објаснивме што е причината, по што не’ пуштија со полициска придружба - ни изјави Момировски. Екипата на „Дневник“ во село Забрдени пристигна половина час откако колегите беа приведени. Кога возилото со новинарите и полициската придружба што им ја доделиле се вратија во Забрдени, полицијата ни се обрати и нам.
- Тука не можете да сликате ништо. Можете само да разговарате со луѓето, но тоа ви е залудно оти никој не сака да зборува со вас. Луѓето се јавуваа кај нас во полицијата и бараа да си одите од тука - ни рече еден од полицајците. Кратко по ова, двете возила во кои беа македонските новинари беа спроведени до граничниот премин Меџитлија, преку кој ја напуштија Грција. Грчките цариници тврдеа дека новинарските екипи при влезот морале да им соопштат што е мотивот за нивното патување во Грција и да ги пријават камерите и фотоапаратите. Ваквата практика не беше применувана од нивна страна кога неодамна македонските новинари престојуваа во село Овчарани за да ја следат манифестацијата по повод одбележувањето на Илинден, ниту кога известуваа од посетите на посредникот во преговорите за името Метју Нимиц во Атина и во Солун.
Здружението на новинарите и Македонскиот медиумски институт на Македонија сметаат дека приведувањето на новинарите е крајно сериозен инцидент несоодветен на принципите на однесување и демократските дострели на Европската Унија, чија членка е Грција. ЗНМ инсистира надлежните институции на Грција веднаш да го сменат начинот на однесување кон македонските новинари и јавно да се извинат за настанатиот инцидент.
МИМ потегот на грчките власти го оцени за пример на непочитување на правото на слободно изразување пропишано во членот 19 од Универзалната декларација за човековите права. Приведувањето на четворицата македонски новинари во Леринско за премиерот Никола Груевски е тежок преседан на Грција, злоупотреба на нејзината позиција во Европската унија и обид да се презентира моќ наместо демократски капацитет на држава во 21 век и притоа членка на Европската унија.
Груевски од Хаг, каде што беше во посета на Јохан Тарчуловски во затворот Шевенинген, изјави дека за случајот го информирал Кабинетот на високиот претставник за надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана и соопшти дека на средбата со него во Брисел најпрво ќе го отвори прашањето за приведените новинари и за воените вежби на грчката армија до местата каде што живее македонското малцинство во Грција. За случајот тој, како што рече, ќе разговара и на средбата со генералниот секретар на НАТО Јаап де Хоп Шефер.
Потезите што ги прави Грција, според Груевски, се очигледен притисок. - Можам да разберам дека секоја држава има легитимно право да прави воени вежби, но кога такви воени вежби се прават практично пред дворовите на граѓани и кога тие замолуваат во повеќе наврати и бараат подалеку да се прават тие воени вежби бидејќи им пречат во секојдневното живеење и работење и кога таквите воени вежби ќе продолжат и после тоа, веќе станува очигледно дека некој различен мотив е во прашање, а не е само мотивот да се држи воена вежба. Се работи за мотив за демонстрација на сила, демонстрација на моќ и обид за влевање страв кај населението, што е далеку, далеку од демократски чин на една држава членка на ЕУ, изјави премиерот Груевски.
Министерството за надворешни работи на Македониjа й врачи протестна нота на Александра Пападопулу, шеф на грчката Канцеларија за врски во Скопје поради приведувањето на четворицата македонски новинари во близина на селото Забрдени во Грција.
- Во енергичниот протест, Министерството за надворешни работи укажа дека новинарските екипи воопшто не фотографирале, ниту снимале во забранета зона како што тврдат грчките власти, што било утврдено и по прегледувањето на нивната опрема при што не се пронајдени никакви снимки или фотографии од конкретната локација, соопшти Министерството за надворешни работи.
Меѓу другото, во нотата се истакнува дека апсењето на новинарите е грубо кршење на членот 10 од Европската конвенција за човекови права и непочитување на документите на ОБСЕ кои се однесуваат на слободата на движење и изразување. Во таа насока, од грчките власти е побарано да преземат соодветни мерки со кои ќе се спречи повторувањето на вакви или слични инциденти во иднина.
Доне Тасопулус, еден од повредените Македонци, ќе ја тужи грчката полиција поради нанесените повреди и прекумерната употреба на сила. Тој беше сериозно повреден во главата и во раката за време на протестите на Македонците од северна Грција против воените вежби на грчката армија во непосредна близина на нивните куќи.
- Се решив по судски пат да побарам отштета против малтретирањата од страна на полицијата. Се надевам дека судските власти ќе имаат доблест да ги земат предвид повредите кои ми беа нанесени и дека ќе пресудат во моја корист - вели Тасопулус, жител на селото Забрдени.
За четворица Македонци, кои беа приведени под изговор дека давале отпор и попречувале одвивање на претходно планирана воена вежба, најверојатно нема да бидат покренати кривични пријави иако претходно шефот на полицијата во Лерин, кај кого беа донесени приведените, најави дека за нив сигурно ќе следуваат кривични пријави.
Состојбата во селото Забрдени, една недела по инцидентите, се врати во нормала. Веќе нема толкав број полицајци. Претставници на жителите од селата Овчарани, Забрдени и Баница повторно имаа средба со армиските власти од Лерин. Од нив тие добиле уверување дека војската на 20 октомври ќе се повлече од нивниот крај и дека доколку повторно решат да имаат некакви вежби во тој крај, претходно ќе ги известат селаните.
За само еден месец грчката војска двапати и без најава постави воен камп со голем број војници. Вежбите со боева муниција и тенкови се изведуваа на нивите на локалното население. Револтот на жителите беше насочен против употребата на оружје во близина на нивните куќи и ниви, загрижени пред се за нивното здравје.
Претставници на “Виножито”, партијата на Македонците во Грција, пред европските парламентарци во Брисел уште еднаш го изложија прашањето за третманот на македонското малцинство во Грција, особено по последните случувања со воените вежби во селото Забрдени, како и приведувањето македонски новинари при обидот да известуваат од случувањата во северна Грција.
Павле Васкопулос од “Виножито” вели дека нема да запрат со поставувањето на прашањето на македонското прашање во сите европски институции кои се надлежни за положбата на малцинствата и дека се задоволни од интересот на европарламентарците во врска со нивниот третман во Грција.
- По иницијатива на Европската слободна алијанса, во која членува и “Виножито”, во ноември прашањето на македонското малцинство ќе го разгледува и Бирото на парламентарното Собрание на Советот на Европа по предлог-резолуцијата која беше поддржана од 13 европски држави - велат од “Виножито”.

Врати се назад   Врати се горе
   НАРОДНА ВОЛЈА
КОЙ УНИЩОЖАВА ИСТОРИЧЕСКИТЕ ИСТИНИ? КОЙ ПРАВИ КОЩУНСТВО В БОЖИЯ ХРАМ?
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
МЕМОРАНДУМОТ НА МАНУ, МПЦ-ОА И УКИМ ПОВИКУВА НА ОДБРАНА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ
Читај
СО БЛЕДСКИОТ ДОГОВОР БУГАРИЈА ПРИЗНАЛА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, НАРОД И МАКЕДОНЦИ, СЕ ШТО ДЕНЕСКА СПОРИ
Читај


Присъдено звание
ЧЕСТИТО!
С радост съобщаваме на нашите читатели, че нашият дългогодишен сътрудник и приятел Георги Радулов, родом от село Кремен, Пиринска Македония, и университетски преподавател, наскоро бе удостоен със званието “Професор” и неговата научна титла сега гласи “Професор доктор”. Поздравяваме г-н Радулов за заслуженото отличие и му пожелаваме на него и на неговото семейство много здраве, радост и дълголетие и все така да ни радва със своите научни трудове.
Честито, професоре!

Македонија пее
 
МАЈКА
Еј мајко моја сакана - мила
кажи каква тага срце ти си скрила?
Пред многу години под ведро небо
во градот Лерин родена сум чедо. (2)

Еј мајко моја сакана и мила
кажи каква тага - срце ти си скрила?
Пред многу години - тирани клети
не избркаа сите од домови свети. (2)

Еј мајко моја сакана и мила
кажи која желба последна би ти била?

Пред да умрам сине
Егеј јас да видам
барем уште еднаш
Лерин да си видам. (2)

Барем уште еднаш
Лерин да си видам. (2)

ЉУБОВЕН ТАНЦ
Еј мое најмило кај тебе сум тргнало
ти врати отвори, идам со свирачи
Дај душо заиграј така се сонило
дај душо дај ни се погодило.

Рефрен:
Заиграј боса, распушти коса
извиј го тоа тело вретено.
Играј со мене ќе запре време
тоа ќе ни остане.
Заиграј боса, распушти коса
извиј го тоа тело вретено.
Во таков занес, љубовен танец
тоа ќе ни остане

Еј око калешо, срцево те одбрало
во сини висини, сонце ти си ми.
Дај душо заиграј така се сонило
дај душо дај ни се погодило.


Поезия
 
МАКЕДОНСКА БАЛАДА
На Тоше Проески

Единствено с две длани под небето,
за да си вади хляба от земята,
той пееше и плачеше в сърцето
на всички неизвестни на съдбата.

Но търсеха ли вяра за народа
и знамето й - бъдеще да носи,
той ставаше и четник, и войвода,
и отговор на черните въпроси.

Сърцето му поглеждаше нататък,
а там - мълчание, което казва,
че пътят на избраника е кратък
и ножът на съдбата го прерязва.

Какво ли на света не отминава,
ала и неизменност съществува,
че вечно подла съвест се продава,
а истински предател се купува.

И вече всичко може да се случи,
когато е могъща нищетата,
а вярата разплакана се учи
да бъде непреклонна или свята.

Тогава неотменно се усеща
дихание на сатанинска близост
като прокоба за жестока среща
с човешкото падение и низост.

Ще бъде тържествуваща заблуда
за скъсаните нишки на съдбата,
че може без целувката на Юда
да има промислител на земята.

Смъртта е преобърнато начало
на устрема, доброто и мечтата,
което непременно е видяло
предизгревно рождената си дата.

Зора зори - зората на сърцето,
сърце тупти - сърцето на зората,
защото там е всичко под небето,
което носи пулс за свободата.

И възкресен с крила за необята,
човекът от съдбата е понесен
да пее и да плаче по земята
като душа на македонска песен.

АЛЕКСАНДЪР МАКЕДОНСКИ



Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting