Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Претседателот Иванов на 16-от Самит на шефовите на државите од Централна Европа

ЕУ МОРА ДА ВОДИ СМЕТКА ЗА СВОИТЕ ИЗВОРНИ ПРИНЦИПИ

(По македонскиот печат)

Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов истакна дека 16-от Самит на шефовите на државите од Централна Европа, што се одржа во јуни во Нови Сад, поминува во одлична атмосфера и на него „се отворени прашањата кои се заеднички за регионот, но исто така произлегоа и различни сфаќања за едни исти прашања“.

- „Слушнавме различни мислења и различни концепти за тоа како членките на ЕУ и оние кои сакаат да бидат членки размислуваат за економ-ската криза, кои се искуствата што ги имаат, како и ставот на земјите-членки на Унијата дека веќе се посветуваат на наци-оналните прашања поради економската криза“, ис-такна Иванов.
Тој нагласи дека на Самитот е потенцирана потребата од заедничка континуирана политика за проблемот со енергети-ката, додека за проширу-вањето на ЕУ е укажано дека „и при претходните проширувања имало слични аргументи дека Унијата е заморена од проширување“.
- Посебно беше истак-ната позитивната атмос-фера која се создава со визната либерализација и Македонија секаде се спомнува како земја која меѓу првите ќе ја добие. Визната либерализација ќе значи мобилизирање и фокусирање на енергијата за започнување на преговорите, потенцира Иванов.
Македонскиот претсе-дател наведе дека се забо-рава првиот принцип на кој се темелеше европската идеја – мировен проект, што е најнеопходно за Балканот.
- Треба да се поврати таа иницијална идеја за да може да доведе до паци-физирање на односите на Балканот. Значи Европа мора да води сметка за своите изворни принципи, критериуми и вредности на кои се темели Унијата. Регионот е најефикасен во кризни ситуации - кога имаме задача тогаш сме најуспешни, оцени Иванов.
Македонскиот прет-седател претходно во своето обраќање на Самитoт ја нагласи потребата од соработка и заедничка иднина. - Во Европа не смее да ни недостасува волја за соработка, за надминување на сите недоразбирање, не смее да ни недостасува поглед и оптимизам за заедничката иднина, наведе Иванов.
Тој истакна дека Самитот во Нови Сад е важен бидејќи од самиот почеток ги сплотува народите од Централна Европа и ги надминува менталните и географските бариери на Студената војна, како и поделбите на источни и западни, стари и нови eвропејци, развиени и помалку развиени европ-ски држави.
- Токму во овие мигови сме најповикани да ја понесеме големината и одговорноста на нашите врвни функции во општеството. Бидејќи на народите и државите на Европа ќе им биде потребно мудро и храбро водство за што побргу да излезат на патеките на напредокот и просперитетот, посочи македонскиот претседател.
Тој ја потенцира потребата, како и волјата на народите од Централна Европа, да ги разрешуваат сите прашања и да ги пресретнат сите предизвици. Како предизвици, Иванов ги наведе енергетската зависност на континентот и глобалната економска криза.
- Ако на некој план ни е најпотребно Европа да зборува со еден заеднички глас, тоа е во обезбедувањето на заедничките линии за снабдување со енергија, истакна Иванов.
Македонскиот прeтсeдaтeл осврнувајќи се на глобалната еконoмска криза нагласи дека „економскиот просперитет и соработка го „поставуваат европскиот сон на здрави нозе“.
- Затоа не смееме да дозволиме стравот, претпазливоста, несигурноста да ги диктираат нашите постапки во услови на економска криза. Знам дека е голем предизвикот да се затвориме во себе и повеќе да мислиме дека го губиме тоа што го имаме, отколку да мислиме на тоа што можеме да го постигнеме и да стекнеме, истакна Иванов.
Шефот на македонската држава осврнувајќи се на проширувањето на ЕУ нагласи дека најубедени и најпосветени се политичарите кои се родиле и живееле надвор од границите на Унијата.
- Зашто нашите граѓани на своја кожа ги почуствувале последиците од европската колебливост и нивните лични, колективни искуства се најдобар потсетник за нас, зошто е толку важно натамошното проширување. Токму преку ширеење на идејата за обединета Европа ние најдобро се бориме за европските вредности и идеали за големата Европска идеја, потенцира Иванов.
Тој наведе дека Македонија целосно е посветена на интегрирање во ЕУ, а тоа го докажува преку соработката со државите-членки на Унијата, како и со соработката со соседите.
- Македонија била и останува активен партнер, како во билатералните односи така и во мултилатералните напори. Мојата земја е сериозен партнер и постојано подава кон сите иницијативи кои носат мир, просперитет и демократија... Сигурен сум дека сите сме свесни колку нашите нации и држави вложија во заедничкиот сон и затоа немам сомнение дека ни претстои успех, посочи претседателот Ѓорѓе Иванов.
Шефот на македонската држава на маргините од Самитот во Нови Сад оствари билатерални средби со претседателите на Италија и Полска, Џорџо Наполитано и Лех Качински.

На Самитот во Нови Сад што се одржа на тема „3 Е Предизвици - економија, енергија и членството во ЕУ“, учествуваат претседателите на Македонија, Србија, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Италија, Молдавија, Полска, Словачка, Словенија, Украина, Хрватска, Црна Гора и Чешка.

Врати се на претходната страница   Врати се горе