|
|
„Македонска нација“ |
НОВ САЈТ
|
„Македонска нација“ не е орган на политичка партија, друштво, или организација, туку е широка национална трибуна, во која може да соработува секој оној Македонец и Македонка, која сака да работи за доброто и среќата на својата нација. На македонската национална кауза може да и служи секој чесен Македонец без разлика на неговите филозофски погледи, идеолошки убедувања или партиска припадност“, ќе напише во својот уводник уредникот на “Македонска нација“ во далечната 1971 година. Годината кога за прв пат светлото на денот го виде весникот “Македонска нација“. Сега тој е обвновен во вид на интернет сајт.. Овој пат многу послободен за да може да зборува за себе, за вистината, за Македонија. Да ги истражи и објави сите неправди, сите злодела што со години наназад ни биле направени, а при тоа никој не сакал да ги слушне. Да ги објави вистините за Македонија, па колку и да се тие болни за некого. Да се чуе гласот на секој Македонец, овде во нашава татковина, но и надвор од неа. Тоа им го нуди нашиот портал. Порталот “Македонска нација“ од сега па натаму ќе биде местото, каде ќе се објавуваат вистините за нашата држава. Местото, во кое свое место ќе си најде секој. И оној што размислува лево, но и оној кој и припаѓа на десната опција. И оној кој размислува вака, но и оној кој размислува онака. Затоа што ние разбираме дека живееме во демократија.
|
|
|
|
|
|
|
| |