Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Преговорите продолжуваат

МАКЕДОНИJА МУ ОДГОВОРИ НА МЕТJУ НИМИЦ

(По македонскиот печат)

Македонскиот претставник во разговорите за спорот со името, амбасадорот Зоран Јолевски, на 20 август во Њујорк на посредникот на ОН Метју Нимиц му го пренесе ставот на Македонија за неговиот модифициран сет идеи што го претстави за време на јулската посета на Скопје и Атина.

- Оваа средба беше искористена како можност да ги презентираме нашите ставови на начин што ќе овозможи овој континуиран дијалог да продолжи, изјави Јолевски по средбата со Нимиц.
Македонија, додаде Јолески, е посветена активно да учествува во разговорите за името и очекуваме заемно прифатливото решение, кое треба да го зачува идентитетот, дигнитетот и интегритетот на македонските граѓани и да се базира врз евро-атлантските вредности и принципи на демократијата.
Тој истакна дека Македонија ги исполнила сите критериуми да стане членка на НАТО и затоа нејзините граѓани со право очекуваат нејзино брзо интегрирање, бидејќи тоа го имаат заслужено и ги споделуваат вредностите на евро-атлантските институции.
Јолевски очекува медијаторот да го информира за неговите планови за следните чекори во разговорите за разликите околу името.
Нимиц ден пред тоа ги доби и забелешките на Грција за неговиот пакет идеи за решавање на спорот за името.
Грчкиот преговарач Адемантиос Василакис ги демантира медиумските информации дека Атина го одбила пакетот идеи на Нимиц.
- Таквите тврдења не одговараат на вистината. Се наоѓаме во критична фаза од преговарачкиот процес. Треба сите одговорно да се однесуваат кон него. Грција учествува конструктивно во разговорите за името со предлози, сугестии и забелешки. Очекуваме тоа да го направи и другата страна, за да стигнеме до заемно прифатливо решение без победници и поразени, изјави Василакис за агенцијата АНА-МПА.
Грчкиот преговарач вели дека му го пренел на Нимиц грчкиот став оти треба да се најде компромисно име со географска одредница за севкупна употреба.
Повеќе медиуми во Грција објавија дека Атина одговорила негативно на модифицираниот сет-идеи на Нимиц, пред се за употребата на евентуалното компромисно име, што според нив, треба да се базира на називот „Република Северна Македонија“.

Грчкиот премиер Костас Караманлис пак ги обвини македонските власти за национализам и за менување на историјата.
- Повторувам дека за националните прашања Грција има јасни ставови и нема да отстапи ниту чекор - го искажа својот тврд став Караманлис.


Врати се на претходната страница   Врати се горе