Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Прв настап на македонскиот претседател во ООН
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ СО ОСТРА РЕТОРИКА КОН ГРЦИJА
(По македонскиот печат)
„МАКЕДОНИЈА заслужено очекува почеток на пристапните преговори со ЕУ и ги исполни сите услови за членство во НАТО“, рече претседателот Ѓорге Иванов на својот прв настап пред Генералното собрание на ОН на 25 септември.
Со остра реторика кон Грција, со надеж дека Меѓународниот суд на правдата ќе пресуди во корист на нашата земја и со порака дека македон-ските граѓани со референ-дум ќе се изјаснат околу новото име, Иванов на-широко ги објасни пози-циите на нашата земја во спорот. Речиси повеќе од половината од говорот тој го посвети на спорот меѓу Македонија и Грција.
„Спречувањето на влезот на Македонија во НАТО е обид на Грција да влијае врз исходот на преговорите за името“, рече Иванов и додаде дека нашата земја е искрено посветена на решавање на спорот. „Сакам јасно да ви кажам, подготвени сме само да разговараме за нешта кои се предвидени во резолуциите на ОН. Република Македонија е подготвена за решение кое ќе претставува разумен и фер компромис, кој на ниеден начин нема да засега ниту да го оспорува нашиот национален, кул-турен и јазичен идентитет, и решение кое треба да добие легитимитет од гра-ѓаните“, рече претседа-телот.
Иванов изрази надеж, како што рече во својот говор, дека Грција ќе ја напушти политиката на настап од позиција на сила за да влијае недо-бронамерно врз исходот на разговорите околу спорното прашање.
„Дозволете да потсе-там на Повелбата на ОН дека треба да се развиваат пријателски односи меѓу нациите, засновани на почитување на начелото на еднакви права и право на самоопределување на луѓето’’, рече претседате-лот на Македонија.
„Обединетите нации не смеат да ги изневерат очекувањата на големото мнозинство луѓе, кои во неа гледаат надеж, не смее да ги изневери идеите на нејзините основачи“, додаде Иванов, нагласува-јќи дека Македонија гледа сила во ОН која може да ја зачува стабилноста на меѓународниот поредок и односи, како единствена сила која може да се спра-ви со бројните предизвици пред кои е исправено човештвото.
НАСТАПОТ пред 64. Генерално собрание на ОН беше прв од таков карактер за новиот македонски претседател, Ѓорге Иванов.
Врати се на претходната страница
Врати се горе