Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
„Името е име“
МАКЕДОНСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ ВО ТОРОНТО
(Преземено од МИМ)
Со светската премиера на документарниот филм „Името е име“, на 17 октомври во Торонто беше отворен четвртиот Македонски филмски фестивал, кој се одржува во знакот на одбележувањето на 100-годишнината на филмот во Македонија. Филмот остави силен впечаток кај присутните - најголем дел од нив македонски иселеници. По прикажувањето, беше претставен продуцентот Џејсон Мико, кој одговараше на повеќе прашања на присутните.
Станува збор за документарен филм што трае 50 минути, сценариото е на Норвежанецот Сигурјон Ејнарсон и на Џејсон Мико. Преку нарација и непосредни контакти и разговори со луѓе во Македонија, најчесто по случаен избор, Сигурјон Ејнарсон на фин и ненаметлив начин се обидува да понуди одговор на прашањето за името и општ беше впечатокот дека тоа многу вешто му успева.
Овој документарец повторно се емитува и ве недела, на 25-ти, кога завршува Македонскиот филмски фестивал во Торонто.
Врати се на претходната страница
Врати се горе