Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Кон корените на македонската национална мисла

ЗА МАКЕДОНСКИТЕ РАБОТИ

Крсте Петков Мисирков
(Продолжува од минатиот број)

Значит, ако ниiе се лажиме во претположеiн’ето, оти националниiот сепаратизм ке бидит поддржан от комитетите, организациiага и македонцката интелегентна колониiа во Бугариiа, то, и во таков случаi, доста iет iедна силна србцка пропаганда во Македониiа, за да земит националниiот сепаратизм наi големи размери.
Но ноото течеiн’е стрек’ат и ке стретит арен приiем ушче во зафатокот негов и во наi арната, наi интелегентната и непродадената македонцка интелегенциiа, како шчо и iет резултат на умственото и наравствено развиiаiн’е на последната. Имат, и ке се наiдат, мнозина интелегентни македонци, код шчо сет готои да дадат животта своiа за интересите на своiата таткоина и своiот народ, коiи ке се запитаат: шчо iет по важно за нас македонците: обшчебугарцките, обшчесрбцките, обшчегрцките или македонцките интереси? И ке одгоорат, да сет интересите на таткоината секоаш по горе од интересите обшченародни, и да сет последните само стредство за првите, а не наопаку. Мала набл’удател’ност требит, за да се убедит чоек во таiа истина. Наi напред се знаит от секого, оти ниiе милуаме нашата таткоина Македониiа и нашиiот народ, зашчо катаден и видиме и изучуаме со своiите органи на чувствата. Во неiа и стред него сме изл’упени. Од детинство с, шчо iет мило ним и нам ни iет мило; с со шчо се радуваат они, и ниiе се радуаме; они плакаат и ниiе плакаме. Обшчата радост и жалост, обшчите предаiн’а и обичаiи не праат сите нас iедно цело, — iеден народ. Но iедно поминиме границите на Македониiа, или на iуг, или на северо-исток, или на север, т. е. во Грциiа, Бугариiа, Србиiа, наiеднаш ке осетиме, оти дуiет на нас веке друг ветар; ке осетиме да сме ниiе тамо само неканени гости, и оти, ако сакаат тамо да ни се покажат браiк’а, но тоа го праат, за да не ограбат нас и да не експлуатираат. Грците, бугарите, србите, сите заiедно не уверуваат нас, да ниiе сите сме само од нивната народност, и оти нашето спасеiн’е iет само во соiединеiн’ето на цела Македониiа, или барем на iеден голем дел од неiа, кон нивната држаа. Секоi од нас ке забележит, оти тиiе л’уг’е, за коiи ниiе знаiефме само от книга, и знаiефме како л’уг’е, шчо сакаат да ни поможат да се ослободиме, ни се покажуваат нам за приiатели и сонародници и ни се присторуваат за наши покроители, не зато, шчо сме ниiе грци или бугари, или срби, не зашчо се грижат за некакви обшченародни интереси, во коiи флизаат и нашите, не зашчо сакаат да ни поможат и да не избаат нас, а само со чисто егоистични цели, т. е. они експлуатираат со тоа, шчо се велиме ниiе со нивните народни имиiн’а, и сакаат на осноа на сашчествуаiн’ето на тиiе народни имиiн’а во таткоината ни, да уголемат своiата таткоина, да обеспечат своiите интереси со завладуаiн’ето, ако не на цела Македониiа, то барем на голем дел од неiа. Не ни покажуат ли тоа, оти малите држаи, па и секоiа iедна страна, со преследуаiн’ето обшченародни цели, преследуат не хуманни цели. ослободеiн’ето на поробените а чисто материiални и егоистични, т. е. уголемуаiн’ето нивно за неiн интерес, без да се гледат, али ке настапит подобруаiн’е во судбата на Македониiа, или не. Значит месните интереси се iауват главни, а обшченародните второстепени; првите сет цел’а, вторите — стредство. Имиiн’ата: бугарин, србин, грк во Македониiа сет стредство на малите држаи да не заробат нас. Ако и ниiе милуаме нашата таткоина и сами себе, то и ниiе требит да претпочитаме нашите местни македонцки интереси пред обшчебугарцките, обшчесрбцките, обшчегрцките. Ниiе требит да создадиме такво положеiн’е, да немат во Македониiа, ни бугарцки, ни србцки, ни грцки интереси, зашчо тамо немат бугари, срби и грци, а имат само македонци от словенцки происход и некоiи друзи македонцки народности. Нашите интереси требит да си и изучиме и да, си и зашчитуаме сами, а не да и дааме во туг’и раци, за да експлуатираат со ниф малите балканцки држаици.
После, националниiот сепаратизм ке имат место и у л’уг’е, шчо гледаат от практично гледишче на работите, без да се занимаваат многу со теориiата за народноста ни. Така, они ке расудуваат: ако iедна Канада можит да се срдит на Англиiа за тоа, шчо последната, за да си бидит во арни односи со Сев.- Американцките Соiединени Држаи, пожртвуала ним интересите на Канада, и последната сега сакат да се ослободит од Англиiа и сама да си бранит своiите државни интереси, зашчо по арно си и разбирала; — то зашчо Македониiа да се не срдит на Бугариiа за тоа, шчо она не можит да бранит македонцките интереси, ами само експлуатират со ниф, и зашчо Македониiа да не речит: iас проливав крв од моiи синои, нека бранат моiите интереси они сами, а не твоi Начович, Цоков, Станчев и С-iе.
Исто така, мнозина ке забележат, оти малите држаи се односуваат со таквоа недоверуаiн’е кон рол’ата на Бугариiа во Македониiа, као шчо се односуваа Големите Сили кон рол’ата на Русиiа во бугарцкото ослободуаiн’е. Последните се боiеа од iедна „С.-Стефанцка Бугариiа”, зашчо мислеа, оти Русиiа ке си iа присвоiит. Исто така, малите држаи мисл’ат сега, оти Бугариiа сакат да се ослободит Македониiа, за да си iа присвоiит. Но кога видоа западните држаи, оти сет излажани и оти Бугариiа рог’ат таквиiе л’уг’е, као покоiниiот Стамболов и живиiот Свирчо, се успокоiиiа и зедоа да праат против вол’ата на Русиiа тоа, шчо сами расипаа во Берлин. Не ке се наiдат ли и каi нас л’уг’е, коiи ке разберат, оти доверiето на малите држаи кон нашата таткоина ке зависит од наши Стамболовци и Свирчовци, но коiи ке видат опасноста за нашите национални интереси, не во Русиiа, ами во Бугариiа? Поеке iет од за веруаiн’е, оти ке се наiдат и таквиiе. И тиiе ке бидат краiните сепаратисти.
Наi после мнозина ке забележат, оти наi големата нестрек’а наша се криiет во тоа, шчо немат у нас местен македонцки патриотизм. Да беше у нас тоi, ниiе, каi и да сме, ке мислефме и ке работефме само за Македониiа. А сега iедни од нас гледаат на себе како на бугари, и соiединуваат нашите интереси со бугарцките и наместо да изучуваат Македониiа во секаков однос, наместо да изучуваат историiата на Македониiа во сите времиiн’а изучуваат бугарцките интереси и бугарцката историiа, и често пати тиiе периоди од неiа, шчо немаат никаков однос кон Македониiа. Така н. пр. г. Баласчев, ориг’анец родом, на место да се занимаат специално со историiата и интересите на Македониiа, ми изучуат бугарцките интереси и „вешчествената култура на бугарцкото ханство”, нешчо, коiе имат за Македониiа истиiо значаi, као и историiата на Абисиниiа до покрстуаiн’ето на абисинците.
Друзи од нас сет во Грциiа и изучуваат грцките интереси и историiа. Друг ориг’анец, Димица, се подвизаат во Грциiа и за него имат значеiн’е историiата на Македониiа само до неiното завоiуваiн’е од римiаните. Друзи македонци во Србиiа се чинат србцки патриоти и работат, на место за Македониiа, за србцките интереси. Така iеден богат кожарцки тргоец по име Коста Шуменкович по смртта своiа пожртвува за србцките сколиiи 500.000 франкои. Такви печал’ни резултати, од врзуаiн’ето на нашите интереси со туг’ите, доста сет, за да се убедат мнозина, да iет нашето спасеiн’е само во националниiот и религиозен сепаратизм.

Во л’уг’е со таквиiа убедеiн’а, као и во сите недоол’ни от пропагандите македонци ке бидит првоначално силата на ноото течеiи’е. Но така ке бидит само во зафатоко. Броiо на приврженците iавни и таiни ке растит, не по дни, а по часои. Важно iет то, шчо до кога ке имат во Македониiа бугарцка пропаганда, ке имат и србцка. И двете пропаганди се држат само со бугарцки и србцки пари. Недоол’ните од втората до востааiн’ето беа поеке. По востаiн’ето броiот на недоол’ните од iобите пропаганди ке се израмнит со увеличааiн’ето на недоол’ните од бугарцката пропаганда.. Но и да не бидит тоа, iедна србцка пропаганда iет доста да создаит превосходна почва на ноото течеiн’е. Сите македонци от србцката пропаганда ке бидит на страната на ноото течеiн’е: органите на пропагандата ке сочувствуваат таiно, а не платените срби ке исповедуваат своiата македонцка народност iавно.

Напоследок и мнозина македонци словени со грцко образуаiне ке се признаат за словени. Сега тиiе не го праат тоа, оти требит да се вел’ат бугари, а името бугарин у грците се стаит многу долу. После сите од македонците сет готои да напраат отстапки от своiа страна за обiединуаiн’е во iедно национално цело, но ни iеден от последуачите на трите национални пропаганди немат да изменит на своiата пропаганда, за да капитулират пред друга. Националното обiединуаiн’е на македонците можит да станит само со компромис мег’у ниф а не со капитулираiн’е на iедните пред друзите. А тоi компромис и iет ноото национално македонцко течеiн’е.

Оттука iет iасно, оти, ако ноото течеiн’е и не добиiет некаква поддржка од многоброiната интелегентна македонцка колониiа во Бугариiа, пак ке се развиiат, само ке се развиiат веке како течеiн’е напраено специално против бугарцките интереси во Македониiа. При големото развитiе на ноото течеiн’е и при силниiот отпор од Бугариiа можит да се очекуат за него поддржка от страна на Србиiа. Колку и да се покажуат оно не арно и опасно за Србиiа, се оно не протиоречит на србцките интереси. За Србиiа iет важно, Македониiа, ако не бидит србцка, да не бидит и бугарцка. £еднаш се виде, оти она никоi пат немат да бидит србцка, србите ке можат да се одв.ртат от своите утврдуаiн’а, да сет македонците срби, и ке признааат за одделно словенцко племе, iеднакво блиско до србите и бугарите.

И така, македонцкото национално возродуаiн’е iет настапен историiцки процес, шчо имат под себе iака почва и голема биднина. Оно се должит главно на конкуренциiата мег’у Бугариiа и Србиiа во македонцкото прашаiн’е. Како преодни стадиiи кон полното оддел’аiн’е на македонцките интереси од бугарцките и србцките, т. е. кон националниiот сепаратизм, служат политическите револ’уциони организациiи и политическиiот сепаратизм, пропагандиран од ниф. Као главен извор за уголемуаiн’ето на броiот на националните сепаратисти ке служит уголемуаiн’ето на конкуренциiата мег’у бугарцката и србцка продаганди во Македониiа и броiот од лица недоол’ни от тиiе пропаганди. Националниiот сепаратизм ке се уголемит исто и од лица, шчо сознаваат сета вреда од националните и верцки пропаганди, коiи под вид да бранат нашите интереси, безбожно експлуатираат со ниф, и коiи шчо ке се решат на борба за националното обiединуаiн’е на македонците со сите тиiе пропаганди. Борбата со него iет опасна, не за него а за негоите противници. От таiа борба он ке излезит победник, ушче поеке, шчо реформите во Македониiа, ке дадат на неiа возможност да се ослободит от туг’ите влиiаiн’а, и да пренесит центрот на возродуаiн’ето натре во неiа.
-
Прочитано на III-та седница на Петроградцкото Македонцко Научно-Литературно Другарство „Св. Климент“ на 19-и Октом 1903 г.

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
КОЙ УНИЩОЖАВА ИСТОРИЧЕСКИТЕ ИСТИНИ? КОЙ ПРАВИ КОЩУНСТВО В БОЖИЯ ХРАМ?
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
МЕМОРАНДУМОТ НА МАНУ, МПЦ-ОА И УКИМ ПОВИКУВА НА ОДБРАНА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ
Читај
СО БЛЕДСКИОТ ДОГОВОР БУГАРИЈА ПРИЗНАЛА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, НАРОД И МАКЕДОНЦИ, СЕ ШТО ДЕНЕСКА СПОРИ
Читај


138 г. от рождението на Гоце Делчев


Аз разбирам света единствено като поле за културно съревнование между народите.

Поздравления
ПО СЛУЧАЙ НОВАТА 2010 ГОДИНА

Главният редактор и редколегията на в. “Народна воля” получиха честитки от външния министър на Р Македония Антонио Милошовски, посолството на Р Македония в България, академик Блаже Ристовски, Трифон Костовски, професор Стефан Влахов-Мицов, д-р Константин Георгиев, Радко Георгиевски и много други. На всички тях
ИЗКАЗВАМЕ НАЙ-ИСКРЕНА БЛАГОДАРНОСТ
за добрите думи и им пожелаваме много здраве и успехи през 2010 г.

Македонија пее

АБЕР МИ ДОЈДЕ ОД СОЛУНА ГРАДА

Абер ми дојде од Солуна града
Солунчаните бесилка ставиле
Ќе ми го бесат Гоцета
Гоцета Делчев војвода

Гоце ми се сторил црно ќумурџиче
Па ми се шета в солунска чаршија
На среќа сретнал аскери
И на Гоцета говорат

Абре ѓаурче црно ќумурџиче
Нели го виде Гоцета
Гоцета Делчев војвода

Абре аскери вие бре аскери
И да го видам Гоцета
Јас Гоце не го познавам

МАМО, КОЈ ЧУКА НА ПОРТИ?

Мамо, кој чука на порти? (2)
Чука, тропа, мила ќерко,
твојто верно либе. (2)

Мамо, дал’ да му отворам? (2)
Немој ќерко, немој душо,
вечера немаме. (2)

Вечера ќе бидат, мамо,
вечера ќе бидат, мамо,
мојте слатки думи. (2)

Мамо, дал’ да му отворам? (2)
Немој ќерко, немој душо,
постела немаме. (2)

Постела ќе биде, мамо,
постела ќе биде, мамо,
мојта рамна снага. (2)



Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting