Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Ѓоко Ѓорѓовски - Амбасадорот на Р Македонија во Ватикан:
СВЕТАТА СТОЛИЦА ЈА ПОДДРЖУВА МАКЕДОНИЈА
(Преземено од МИМ)
Во текот на јануари ја презедовте должноста амбасадор на Македонија во Ватикан. Како го оценувате досегашниот развој на односите меѓу Македонија и Ватикан?
- Светата Столица, попозната во јавноста како Ватикан, се вбројува меѓу земјите кои уште од самиот почеток ја поддржаа независноста и самостојноста на Република Македонија. Минатата година се навршија петнаесет години од меѓусебното воспоставување на дипломатските односи, иако тоа е сторено под референцата, а не под нашето уставно име.
Од друга страна, пак, нашата земја има континуирана поддршка од страна на Светата Столица, посебно во однос на напорите на Македонија за членство во Европската Унија, кое во повеќе наврати јасно е изразено во говорите актуелниот римски понтиф.
На што ќе се фокусирате во текот на вашиот мандат во Амбасадата во Ватикан?
- Главната должност на секој амбасадор е достојно да ги претставува интересите на сопствената земја и да се посвети на унапредувањето на соработката и односите со државата на прием. Имајќи предвид дека некои вообичаени и важни активности во овој случај се исклучени, како оние од областа на економијата, фокусот сепак останува на интензивирањето на културно-просветната соработка меѓу двете земји. Овозможувањето на истражувања на Ватиканските архиви е, исто така, од големо значење, како и продлабочувањето на меѓурелигиската и меѓуцрковната соработка.
Имајќи предвид дека влијанието на Ватикан е многу значајно при донесувањето одлуки во светски рамки, дали ќе се залагате Светата столица да помогне во решавањето на црковното прашање кое се однесува на признавањето на автокефалноста на Македонската православна црква од страна на Српската православна црква и Грчката црква?
- Прашањето на автокефалноста на Македонската православна црква е интерен проблем на Православната црква. Светата Столица будно го следи развојот на настаните уште од самите почетоци, но освен желбата за надминување на спорот преку дијалог во интерес на единството на Православната Црква, а воедно свесна и за комплексноста и комплицираноста на проблемот, таа се дистанцира од директно инволвирање или посредување. Но, сепак, досега многупати и на најразлични начини Светата Столица го потпомагала функционирањето на Православната Црква во Македонија, а посебно преку дадената можност православните богослови да специјализираат и да го доусовршат високото образование на ватиканските богословски институции. Ватиканските алумни денес чинат значителен дел од професорите на Богословскиот факултет во Скопје, но и на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква.
Дали сметате дека треба да се интензивираат контактите меѓу Македонската православна црква и Римокатоличката црква?
- Еден наш владика умееше да каже дека никогаш не е нешто толку добро, за да не може да биде и подобро. Така и кога се работи за односите меѓу двете цркви, кои се добри, но секогаш има простор тие да се продлабочат и поинтензивираат - се разбира, сето тоа во канонските рамки и на двете цркви.
Со оглед на тоа што неодамна беше упатена покана поглаварот на Римокатоличката црква папата Бенедикт Шеснаесетти да ја посети Македонија, каква е можноста тоа да се случи на територијата на нашата држава по повеќе од десет столетија?
- Од наша страна постои оправдано очекување за една таква посета на папата Бенедикт Шеснаесетти на Македонија, уште повеќе имајќи предвид дека скоро половина век македонското раководство секоја година го посетува папата во Ватикан. Ние би сакале тоа да се случи оваа година, па тогаш посетата би се совпаднала со јубилејното одбележување на еден век од раѓањето на скопјанката Мајка Тереза. Важноста е дотолку поголема заради фактот дека, по изминати пет години од неговиот избор за папа, тоа би било прва посета на Бенедикт Шеснаесетти на една европска земја која си уште не е членка на ЕУ или на НАТО.
НАРОДНА ВОЛЈА
КОЙ УНИЩОЖАВА ИСТОРИЧЕСКИТЕ ИСТИНИ? КОЙ ПРАВИ КОЩУНСТВО В БОЖИЯ ХРАМ?
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
МЕМОРАНДУМОТ НА МАНУ, МПЦ-ОА И УКИМ ПОВИКУВА НА ОДБРАНА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ
Читај
СО БЛЕДСКИОТ ДОГОВОР БУГАРИЈА ПРИЗНАЛА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, НАРОД И МАКЕДОНЦИ, СЕ ШТО ДЕНЕСКА СПОРИ
Читај
138 г. от рождението на Гоце Делчев
Аз разбирам света единствено като поле за културно съревнование между народите.
Поздравления
ПО СЛУЧАЙ НОВАТА 2010 ГОДИНА
Главният редактор и редколегията на в. “Народна воля” получиха честитки от външния министър на Р Македония Антонио Милошовски, посолството на Р Македония в България, академик Блаже Ристовски, Трифон Костовски, професор Стефан Влахов-Мицов, д-р Константин Георгиев, Радко Георгиевски и много други. На всички тях
ИЗКАЗВАМЕ НАЙ-ИСКРЕНА БЛАГОДАРНОСТ
за добрите думи и им пожелаваме много здраве и успехи през 2010 г.
Македонија пее
АБЕР МИ ДОЈДЕ ОД СОЛУНА ГРАДА
Абер ми дојде од Солуна града
Солунчаните бесилка ставиле
Ќе ми го бесат Гоцета
Гоцета Делчев војвода
Гоце ми се сторил црно ќумурџиче
Па ми се шета в солунска чаршија
На среќа сретнал аскери
И на Гоцета говорат
Абре ѓаурче црно ќумурџиче
Нели го виде Гоцета
Гоцета Делчев војвода
Абре аскери вие бре аскери
И да го видам Гоцета
Јас Гоце не го познавам
МАМО, КОЈ ЧУКА НА ПОРТИ?
Мамо, кој чука на порти? (2)
Чука, тропа, мила ќерко,
твојто верно либе. (2)
Мамо, дал’ да му отворам? (2)
Немој ќерко, немој душо,
вечера немаме. (2)
Вечера ќе бидат, мамо,
вечера ќе бидат, мамо,
мојте слатки думи. (2)
Мамо, дал’ да му отворам? (2)
Немој ќерко, немој душо,
постела немаме. (2)
Постела ќе биде, мамо,
постела ќе биде, мамо,
мојта рамна снага. (2)
Начална
•
За нас
•
Архив
•
За врзака
•
Линкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by:
TJ-Hosting