Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Позиција

ЛЕСНО Е ЗА ДОГОВОР, ДА ГИ НЕМА ПОЛИТИЧАРИТЕ

Стефан Влахов-Мицов

Неодамна бугарскиот министер за надворешни работи направи фундаментално откритие со кое ја пренапиша историјата. „Сметам дека македонскобугарските односи се затемнети од прашања што не ги наметнуваат политичарите туку медиумите. Тоа не е добро” рече тој во Вашингтон. И уште: „Има добра можност договорот за добрососедство да биде потпишан ако двете страни за една седмица престанеме да читаме новини”. Неколку денови подоцна, при посетата на Р.Македонија Младенов ги потврди своите зборови. Дури сега ми стана јасно зошто Бугарија бара нови учебници по историја. Затоа што тајните договори за поделба на Македонија од нејзините соседи пред Балканските војни биле направени не од политичарите туку од новинарите.
За окупацијата на Македонија од бугарската армија за време на Првата и на Втората светска војна, исто така, се виновни тие. Тие страшни новинари ја уништија културната автономија на Пиринска Македонија во 1948 година и го изедоа македонското малцинство во Бугарија. Тие се автори на бугарската Санстефанска доктрина и на семожните проекти за агресивна политика на Бугарија кон Македонија. Со два збора, во последните 130 години бугарските политичари се малтретирани од новинарите. И тие толку многу се плашат од нив, па дури во своите мемоари Тодор Живков не сака да ја признае македонската нација, претседателот Петар Стојанов изјави дека „Македонија е најромантичниот дел од бугарската историја”, а сегашниот претседател Прванов во 1992 година за последен пат го „заклучи” досието на Вапцаров со неговите изјави пред Македонскиот литературен кружок. Човек може да си помисли и друго. Дека новинарите се маскирале како државници за да ги трујат македонскобугарските односи. Се појасно му станува на целиот свет дека Бугарија е „преправена” држава. Агентот на државната безбедност „Гоце” се маскирал како претседател, друг агент со три псевдоними како министер, еден телохранител како премиер, и покрај стотиците осуди од Стразбур. Но, во фундаменталното откритие на министерот за надворешни работи има еден мал проблем. А, тој е ако престанеме да читаме печат во политичкиот дел една седмица нема да го забележиме отсуството на политичарите. Ако престанеме да ги читаме нивните глупости еден месец ќе сфатиме дека тоа отсуство ни се допаѓа. А, генијалното видение на министерот за надворешни работи треба малку да се поправи: Има добра можност договорот за добрососедство да биде потпишан, ако двете страни за една седмица останеме без политичари”. Но, бидејќи политичарите се тие кои ги потпишуваат договорите, без нив договорите стануваат излишни. Бидејќи не еднаш сум кажал дека Македонците и Бугарите немаат што да делат. Секој од овие народи си има историја, јазик и култура и токму бугарските политичари се обидувале да ги мешаат двете истории и култури преку присоединување на Македонија кон Бугарија.
Политичарите не само што ја пренапишуваат историјата туку и правниот систем. Во Вашингтон и во Скопје министерот Младенов направи и друго фундаментално откритие: „Во Бугарија нема никакви малцинства, во Бугарија има живи луѓе што имаат човекови права и нашиот устав е заснован врз индивидуалните права на луѓето, а не на колективите”. И уште; „Бугарскиот устав дава еднакви права за сите граѓани, ова е логиката на нашето законодавство. Тоа секогаш било такво...”. Министерот тврди дека жителите во државата: Бугари, Турци, Роми, Македонци, Германци, Евреи, Власи, Романци, Руси, Албанци, Татари и други, според пописот на населението од 2001 година имаат индивидуални, а не колективни права. И тие права се еднакви за сите. Членот три од уставот посочува: „Официјален јазик во Републиката е бугарскиот”. Членот 36 го дополнува, како што кажува, дека бугарскиот јазик е задолжителен за сите граѓани, а тие на кои не им е мајчин јазик, заедно со него можат да го користат и својот. Значи, според Уставот, граѓаните на кои бугарскиот јазик им е мајчин јазик, се поставени во привилегирана состојба во споредба со оние, на кои не им е мајчин. Првите, односно етничките Бугари го изучуваат само својот бугарски јазик, но не се должни да го учат јазикот на другите граѓани. Последните значи се должни да учат и да се искажуваат на бугарски. Кога во државата, според министерот, не се користат колективни права, туку само индивидуални, врз каква основа бугарскиот јазик е официјален и задолжителен? Затоа што Бугарите се мнозинство кажуваат политичарите. Аха, значи, Уставот признава колективни права на бугарското мнозинство, но не ги признава таквите права на малцинствата. „Ова е логиката на нашето законодавство. Тоа секогаш било такво...” кажа министерот Младенов. И во право е бидејќи бугарското законодавство секогаш било дискриминаторско кон граѓаните од небугарско потекло. Затоа е неопходно Бугарскиот хелсиншки комитет, земајќи ги како повод исказите на министерот за надворешни работи за правната материја да го запознае Советот на Европа и Комитетот на министрите со тој дискриминаторски апсурд. Или Бугарија официјално ќе ги признае малцинствата на својата територија, вклучително и македонското малцинство, и ќе има законско право да го третира бугарскиот јазик како официјапен, како јазик на мнозинството. Или, пак, ако не се признаваат малцинствата, нема да се признава ниту мнозинството, што ќе рече дека официјални јазици се сите што се зборуваат од народностите (министерот Младенов признава дека во Бугарија живеат различни народности). Третата варијанта е Младенов да добие „Нобелова награда” за своето откритие ликот на мнозинството без малцинство.
Министерот за надворешни работи на Бугарија направи огромен придонес и во областа на филозофската еквилибристика. Според него, новата надворешна политика на Бугарија кон Македонија се заснова на принципот дека успехот на едната страна не треба да биде за сметка на другата. Овие зборови веќе сме ги слушнале од грчкиот заменик министер Друцас, но како и да е. Поважно е како Младенов си претставува успех и на двете страни. Да се гледа напред во иднината, а не назад кон минатото, рече тој. Тоа значи идниот договор за соработка да третира само економски и трговски теми. Да, ама не. Во бугарскиот проект се поставува прашањето за заедничко чествување на историските настани (самиот Младенов како европратеник настојуваше македонската држава да биде задолжена од ЕУ да празнува заедно со Бугарија) за промена на македонските учебници по историја, за бугарските војнички споменици и друго. Излегува дека Младенов и бугарската надворешна политика се како Настрадиноџа, кој го јава магарето со лицето кон опашката. И тие божем врват кон иднината, но целосно се свртени кон минатото. Без да е историчар или филозоф министерот се обидува да им го земе лебот не само на историчарите туку и на филозофите со тврдењето дека „Македонија е независна и суверена држава, наш пријател и сосед” и тој суверенитет не може да се наруши, ако се исполнат барањата на Софија. Истото го тврди Друцас за претензиите на Грција кон Македонија, да се откаже од се што е македонско. За Младенов и за Друцас суверенитетот е празен збор кога се однесува на Р.Македонија. Но, тој суверенитет веднаш се исполнува со содржина кога работите ќе допрат до Бугарија или до Грција. Ете го последното, овојпат филозофско откритие на двајцата мудреци: во зависност од политичкиот момент и од субјектот, државниот суверенитет ја менува својата содржина. При посетата Младенов се поигра со македонскиот суверенитет, го негираше македонскиот јазик кога кажа дека Бугарија ја признава уставната, но не и лингвистичката норма, го негираше и македонското малцинство во Бугарија, изјавувајќи дека бугарската држава не може да признае нешто што не постои. Во исто време, замислете си, се направи на три и пол по повод точната и коректна реплика на македонска новинарка дека Бугарија не е најдобар пример за членство во ЕУ, уште помалку да претендира за лидерство на Балканот. И покрај тоа што Младенов учел меѓународни односи, не сум сигурен дека го читал Кисинџер.
Доколку го имаше читано наместо да заобиколува ќе кажеше дека Бугарија е пример за тешката интеракција на Балканот во ЕУ и дека успесите доаѓаат ако се учиш не само од своите туку и од туѓите грешки. Зборовите на Младенов: „Македонија да не ја заобиколува мојата држава”, што бугарскиот печат ги пренесе со големи наслови, покажаа две работи. Прво, генијалноста на министерот за надворешни работи, кој сериозно и конкурира на неговата претходничка Румена Желева. Второ, дека бугарските медиуми се обични прислужници на политиката.
На денот на заминувањето за Р.Македонија пред агенцијата „Фокус” министерот изјави: „Важно е тоа што Бугарија сака и може да биде од корист за развојот на Македонија и ќе го направи тоа со испружени раце и со добро срце доволно истите тие подадени раце да бидат пресретнати, на ист начин од нашите македонски колеги”. Тогаш наивно си помислив дека зборовите на Младенов најнакрај го означуваат реципроцитетот во бугарскомакедонските односи. Поинаку кажано, признавање на македонската нација, македонскиот јазик и македонското национално малцинство во Бугарија.
А, уште понаивно претпоставив дека Бугарија може да и ги врати на македонската држава ограбените, уште за време на Втората светска војна, илјадници вредни предмети на македонската култура. Со децении пљачканите икони, ракописи, изработки од злато и на сребро, вредни резби биле сокриени во Таен фонд на Националниот историски музеј откако стана јасно од опширниот текст во весникот „168 часа” од 30 април. По 1992 година дел од нив веќе се изложени за разгледување од посетителите на музејот. Според поранешниот директор и денешен министер без портфел: „По укинувањето на тајноста на фондот откривме стотици бесценети споменици на културата. Тука не станува збор за разграбување на освоените територии од страна на бугарските војници. Ние едноставно сме си земале работи кои биле на бугарски територии насилно откинати од нашата држава. Богдан Филов не пљачкосувал, туку спасувал вредни споменици од војната”. Фактите, значи, категорично го докажуваат пљачкосувањето. Затоа што специјално назначен одред од двесте луѓе на чело со Филов оди по бугарската армија и краде од македонските манастири и цркви. До 1912 година кога Македонија е под власта на Отоманската империја тие светилишта се негибнати. И нешто повеќе. Остануваат негибнати и за време на управувањето на Србите и Грците. Пред бугарската окупација на Македонија, македонското население ги користи иконите и црковните предмети при богослужење. Во практика бугарските специјални единици ги „спасуваат”, а поточно ги пљачкосуваат творбите на традици јата на нивните создавачи. Ако Македонија беше бугарска земја зошто требало скапоценостите да се носат во Софија. За време на Втората светска војна Бугарија владее со Македонија цели четири години, воведува своја администрација, гради патишта, но не изградува музеј во Скопје, во кој би ги вратила однесените светии. Уште полошо. И во тој период продолжува пљачкосувањето на македонските скапоцености. Затоа што Бугарија гледа на Македонија и на Македонците на истиот начин како Грците и Србите. Како на освоена туѓа земја. Срамно е што, за разлика од Грција, веќе 20 години македонската држава не го поставува прашањето за враќање на ограбените скапоцености. И уште нешто, Договор за пријателство не може да се потпише со раце натопени со крв и пљачкосување.

(Авторот е универзитетски професор)

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
КОЙ УНИЩОЖАВА ИСТОРИЧЕСКИТЕ ИСТИНИ? КОЙ ПРАВИ КОЩУНСТВО В БОЖИЯ ХРАМ?
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
МЕМОРАНДУМОТ НА МАНУ, МПЦ-ОА И УКИМ ПОВИКУВА НА ОДБРАНА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ
Читај
СО БЛЕДСКИОТ ДОГОВОР БУГАРИЈА ПРИЗНАЛА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, НАРОД И МАКЕДОНЦИ, СЕ ШТО ДЕНЕСКА СПОРИ
Читај



In Memoriam

ПОЧИНА ГОЛЕМИОТ ГАНЕ ТОДОРОВСКИ

Се родив
Тоа е совршен факт

Живеам доста
Тоа е одвеќе непорекливо

Кому му требам
Секој е должен сам да знае

Пречам ли некому
Нека ме одмине

Премногу е напожелно
Да бидам одбран за враг

Вражја е живеачката
А јас сум рековме нејзин факт

Ќе умрам колку за доказ
Дека навистина сум живеел.

Важно! Важно! Важно!
Дружеството на репресираните македонци в България съобщава на всички репресирани през комунистическия период заради македонските си убеждения и съзнание, както и на техните потомци, че срокът за подаване на молби за компенсации и обезщетения е удължен до края на 2011 г. Молбите се внасят в областните управи, и пак там можете да научите и какви точно документи ви са необходими.
ДРМ

БЛАГОДАРНОСТ!

Редакцията на вестник “Народна воля” изказва своята най-искрена благодарност на господин Иван Стойков Петров от Белгия, който даде 100 евро за абонация и помощ за вестника. На него и на семейството му пожелаваме много здраве, щастие и успехи в живота.

Македонија пее

ТИ ДОНЕСОВ МЛАДА НЕВЕСТА

Отвори мајко портите
да влезат другарите
песни да запееме, оро да заиграме
песни, ора македонски.

Рефрен:
Ти донесов млада невеста
јас ја сакам мајко од срце
чеда да ми изроди
родот мајко да ми продолжи. (2)

Намести мајко софрата
наполни ги чашите
Бела лута ракија, рујно вино црвено
се до капка да се испие.

Рефрен: ...

Ај да не мајко ќердосаш
и силно да запееш
нека сите те слушнат,
нека сите разберат
кога снаа в куќи доведе

Рефрен: ...

Ти донесов млада невеста
јас ја сакам мајко од срце
чеда да ми изроди
родот мајко да ми продолжи. (2)
Родот мајко наш македонски.

СРЕДЕ СКОПЈЕ ВАРДАР ТЕЧЕ

Среде Скопје Вардар тече
Вардар река распеана.

Рефрен:
Ој Вардаре Македонски
од извора дур до Солуна
ој Вардаре Македонски
ти ја красиш Македонија.

Лути рани на јунаци
твојта вода ги лекува.

Каде Вардар поминува
среќа радост донесува.

Рефрен: ...


Поезия

ПОДЛОСТТА БЕШЕ ТАМ...

На 10 април 1941 година Хитлеровите агенти цар Борис и Филов изпратиха български окупационни войски във Вардарска Македония и в Беломорска Тракия. Те обявиха тези земи за присъединени към България и че с този акт били осъществени „националните идеали на българския народ.”
„С окупирането на Вардарска Македония и Беломорска Тракия бяха освободени няколко германски дивизии от жандармската им роля и отпратени към съветската граница.”

Из „История на България”

Денят бе двадесет и втори юни,
но още не поел по своя път,
дулата на връхлитащи тайфуни
убиха тишината на векът.

Война в сърцето на мира прекрачи
и бездните на нейното море
бушуващо ревяха за палачи,
които да убиват по-добре.

И там, където, майчице ле мила,
разплаква и сърца, и красота,
зловещото безумие разстила
от кръв и пепел празник на смъртта.

България ликуваше с придатък,
достоен за безмилостен юмрук –
защо да търси фронтове нататък,
когато може да разстрелва тук?

Размяната на изток прати други,
размяната на ада подари
чудовища с доказани заслуги,
а по жестокост – още по-добри.

Жестокост - да вилнее вдъхновено
и да заляга сред сибирски студ
с подгрета кръв от българско „червено”
и щедростта на реквизиран труд.

Ала вулканът щеше да изригне
като възмездие за мъртъв дом
и с танкови вериги да настигне
злодеите в последния разгром.

Когато неспасяемите бягат,
едничкото добро е все така
ръцете си за милост да протягат
към „колоса на глинени крака.”

Когато триумфално ги превие,
за спомен от гиганския пожар
той знамето „Победа” ще забие
в сърцето на издъхналия звяр.

А после преуспели историци
ликуват с явно продиктуван тон,
че нямало е български войници
в сражения край Волга или Дон.

Отдавна е известно , че циници
превръщат в гордост и позор, и срам.
Да, нямало е български войници,
но българската подлост беше там!!!

Александър Македонски




Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting