Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Жива историја

СВЕДОШТВА НА ПРОТЕРАНИТЕ МАКЕДОНЦИ ОД ЕГЕЈОТ

(Продолжува од минатиот број)

Како што му кажале така и направиле. Го опколиле селото, а неколку шпиони побегнале. Од 12 пронашле само четворица. Ги врзале на сред село и ги убиле, им наредиле на селаните никој до раните утрински часови да не ги допре мртвите тела за другите да гледаат дека тоа што го правеле кодошите тоа и ги нашло. Ветиле дека ќе ги најдат и останатите кодоши. Кога се разденило непријателите почнале да пукаат по партизаните, семејството на нашиот соговорник било скриено. Монархофашистите ги закопале умрените со сите почести. Братот на Ташо сакал да го посети татко им кој бил однесен во затвор во Воден, но поради тоа што ги навредил џандарите бил претепан и сместен во болница. Ташо и мајка му заминале за Воден, за тој да го посети братот во болница, а мајка му да го посети сопругот. Во болницата нашиот соговорник го видел брат му, дури и успеал да го извлече од таму. Но, не за долго. Монархофашистите го пронашле и го затвориле.
На 27 јули почнало судењето на татко му, а на 28 го стрелале. Тоа било еден ден по стрелањето на Мирка Гинова. Четата на Мирка Гинова била фатена на 22 јули, а на неговиот татко на 24 јули.
Откако го убиле татко му цело семејство заминало во планините. Прва дестинација им била Кациката во бањата “Пожарско”, каде имало и болница. Мајка му подготвувала храна за партизаните, а го дале и целиот добиток кој го имале. Селото било опустошено од монархофашистите. По три-четири месеци мајка им ја пренеле во тогашна Југославија, во Булкес, Војводина. Десеттина од единицата во која бил и нашиот соговорник биле задолжени за поставување мини на патот за Лерин, на Мухарем хан.
Мини ставале два пати во Воден, еднаш нашиот соговорник фрлил бомба на гимназијата. На Кајмакчалан почнале офанзивите. Се формирала чета за Грамос. Сите штабови се споиле во едно. Преку Лерин заминале во Костурско, потоа на фронтот на Грамос.

ЗАГИНАА 700 ЛУЃЕ

“Почнаа големите борби, загинаа 700 луѓе. Нашата чета од Воденско беше составена од 128 борци, а на Грамос заминавме сите чети, вкупно бевме 3.000 борци. Борби се водеа до крај, кога се фрлија двајца младинци на ЕПОН, една девојка и две момчиња. Се фрлија од врвот Клефти на Грамос, не можеа да се спасат, беа опколени, но живи не се предадоа.
Се повлековме во Руља, Брезница, Костурско. Се собравме 14., 16., и 18. дивизија. Дојде Маркос и ни соопшти дека ќе се бориме партизански, не фронтално, бидејќи Грамос го изгубивме, планините ги браниме, градовите остануваат. Требаше од 10 до 20 души да одиме по селата и градовите. Чекавме наредби, но Захаријадис рече дека ќе се бориме фронтално, цел му беше да се истребат Македонците”, вели Ташо.

Бурундарите ги силувале жените на борците

Од Горничево добивме информација дека “бурундарите” влегле во селото и ги силувале жените на борците. Двете стражарски смени организирано, со патроли, со оружјето заминаа на планината. Почнаа заседите. Тоа се случуваше во 1945 година. По тој повод, сите Егејци кои бевме на границата со Грција, не собраа и не испратија од Љубојно, Коњско, Стење, до Свети Наум.
Лазо Поповски е роден во 1924 година во село Острово, Воденско. Детството го минал во родното село каде завршил и основно училиште на грчки јазик. Тој се потсетува дека како деца, кога си играле во дворовите, добивале ќотек само затоа што во играта го користеле македонскиот јазик. Во селото имало многу Маџири, кои учителите ги испраќале за да ги шпионираат децата кои зборуваат на македонски јазик. Нашиот соговорник раскажува и за случката кога учителот Ташо Гошопуло, по потекло од Граматико, Воденско, кој подоцна бил командант на партизанските одреди, претепал група деца кои меѓу себе зборувале на македонски јазик. Иако и Ташо зборувал македонски, сепак поради функцијата која му била дадена во училиштето, се однесувал така лошо со децата.
Не собра десетина деца од второ-трето одделение и со стап секој од нас доби ќотек. Брат ми беше шеф на поштата, па затоа Гошопуло имаше респект кон него. Учителот ме викна и мене за да ме праша зошто сум зборувал на бугарски. Му кажав дека јас не го знам бугарскиот јазик и оти зборувам на македонски. Потоа така ме претепа што цела седмица не можев да одам на училиште.

Брат ми отиде кај командирот на војската и му кажа за случката, кој му рекол дека за ова треба да го претепаат учителот. Командирот организирал една група, која намерно направила инцидент во кој се вмешал учителот, при што го добил заслужениот ќотекк, се сеќава Поповски.

ЏЕМО УСПЕА ДА НИ ПОБЕГНЕ

Во мај 1943 година тој станал многу поактивен и почнал да се движи и надвор од селото упатувајќи се се до Русилово, Кдрво. Имено, Поповски бил ангажиран во пренесувањето на партизани до одредена дестинација. Раскажува за тоа како со уште двајца другари пренеле некои личности од Југославија, кои се наоѓале во Жерви, преку Русилово за Кдрво, влашко село над Каракамен. Кон крајот на 1943 година заминал за Родево. Кога се воделе борбите на Мухарем со бугарската охранаа (заштита), која ги изгорела селата, тој бил курир. Во 1944 година, кога се насетувал крајот на војната и кога Грците сакале да ги разоружаат Македонците, а при тоа да ги измешаат партизаните со грчките единици, македонските единици кои биле поорганизирани се префрлиле во Југославија.

Се потсетува и на тоа како една група партизани од Битола тргнала пеш кон Велес, каде им бил организиран убав пречек, па потоа дошле во Скопје, по што својата единица ја пронашле во селото Врапчиште, Гостиварско. Задачата на таа бригада била да ги исчистат балистите, остатоците на фашистите. Во овој крај останале до февруари.

Имаше многу студена зима. Дури еднаш од студ ни замрзнаа и пушките. Многу пати одевме од Врапчишта до Ѓургевишта. Кога го опколивме Ѓургевишта, во последната куќа од селото се наоѓал озлогласениот Џемо, но успеа да ни побегне. Нашата бригада доби задача да се повлече. На наше место дојде 12. бригада, прилепска, која беше вратена од Сремски фронт. По неколку дена таа бригада го фати Џемо, некој го предал. Ние дојдовме во Скопје и се подготвувавме за првата парада во главниот град по ослободувањето. Таа се одржа на први мајј, раскажува за своите спомени Поповски.

ОРУЖЈЕТО ГО СОКРИЈА ВО ПЕШТЕРИТЕ

Во Југославија, како што објаснува соговорникот, дошле затоа што мислеле дека тука ќе останат кратко време и потоа ќе се вратат во Егејска Македонија. По извесно време се слушнало дека Тито собирал војска од Македонија и сакал со војна да ја отцепи Егејска Македонија од Грција. Дошла наредба да се расформира бригадата и таа да влезе во состав на југословенската војска. Така и се случило, некои заминале за Струмица, а баталјонот во кој бил Поповски бил стациониран во Битола.

Таму беше одржан состанок на кој присуствуваше еден од Главниот штаб на ДАГ и ни рече дека во Грција формирале партизански одреди. Кога се расформира ЕЛАС оружјето го сокрија во пештерите, имаше луѓе кои тоа го знаеја, па под притисок им го дадоа. Немаме верни луѓе да ни го штитат Главниот штаб - ни рече Гркот - затоа ќе ве замолиме 500-600 луѓе да дојдете како негова заштита. Една единица Вардарци, по капитулацијата на Бугарија, со пушки дојде на помош, со цел да одат во Грција, но кога видоа дека нема ништо од тоа одење се врати назадд.

ЗА ДА НЕ ОДАТ В ЗАТВОР, БЕГАА ВО ПЛАНИНИТЕ

“Од Горничево добивме информација дека “бурундарите” влегле во селото и ги силувале жените на борците. Двете стражарски смени организирано, со патроли, со оружјето заминаа на планината. Почнаа заседите. Тоа се случуваше во 1945 година. По тој повод сите Егејци, кои бевме на границата со Грција, не собраа и не испратија од Љубојно, Коњско, Стење, до Свети Наум. Таму, формиравме единица за да ја чуваме границата во реонот од Преспа до Охрид. Кон крајот на 1945 година сите бевме вратени од границата, во Битола. Ја сменивме униформата, и во камиони, преку Гевгелија, Кожув, заминавме на Кајмакчалан, Пајак Планина. Други заминаа преку Преспа. Во Грција се здруживме со партизаните. Почна второто партизанство. Поведовме борби. Народот почна да се организира, а се врати и царот кој беше избркан. Се вратија царските војски, а по договорот во Варкиза почнаа да ги гонат и партизаните. За да не одат в затвор луѓето бегаа во планините. Почна мобилизацијата. Одевме од битка во битка, а немавме ниеден ранет. Дојде наредба да одиме во Вермион. Водевме битки на Каракамен, Негуш, Воден... Како одевме, така паѓавме во заседи, но дојдовме до Кардица... По долги перипетии нашата единица мораше да се повлече. Бев во единицата на тешки митралезии. Поповски раскажува за тоа како по повлекувањето останале само двајца и тие се упатиле во партизанската област Вргана. На патот до таа област им се придружиле уште тројца партизани. Во оваа област Поповски нашол соборци од своето село. “Гледам - се потсетува нашиот соговорник - деца зборуваат македонски и ми дојде душата. Имаше борци од Русилово и од Острово. Се сместив во таа единица додека се снајдам. Со штитот од италијанските пушки ги продупчив свинските кожи, кои цело време ги носев на нозете, и направив опинци”.

СВЕДОШТВА НА ПРОТЕРАНИТЕ МАКЕДОНЦИ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (12)
Браќа и сестри бегалци се пронајдоа случајно

Скопје 9 јуни 2009 (МИМ)
Ѓорѓи Ѓорѓиев е роден во Ранци, село распослано во подножјето на Каракамен. И тоа ја доживеало истата судбина како и други села во Беломорјето - опустошени, разнебитени, без своите жители Македонци, кои биле прогонети за време на Граѓанската војна во 1948 г. само затоа што биле Македонци.

Тој се сеќава на тешките доживувања како дете.

- Втората светска војна зад себе остави пустош. Но, и Граѓанската војна во Грција. Имав само седум години кога заминав заедно со други селани. Се сокривме во една пештера на пет-шест километри над Ранци. Дури вечерта, на полноќ, ме пронајдоа постарите браќа Љубен и Вангел. Патот потоа не одведе во едно грчко село, мислам дека се викаше Инеливо, чии жители беа поврзани со Грчката комунистичка партија. Се сместивме во домот на газда Тодор, од каде заминавме по два дена. Станува збор за 1944 година, кога се уште можевме да влеземе на територијата на НРМ. Преку Меџитлија пристигнавме во Битола, каде окупатори беа Бугарите. За среќа, токму кога се повлекуваа им се придруживме како “слепи патници”. Дојдовме во селото Неохор, кај Серез. Како што се повлекуваа Бугарите (по капитулацијата на фашистичка Бугарија) и од Грција, така и ние се упативме кон Северна Бугарија, кон Плевен, а оттаму, на 9 мај, кога капитулира и фашистичка Германија, се обидовме да се вратиме во Македонија.

“ЕГЕЈЦИТЕ” ДА СЕ ПРЕСЕЛАТ ВО ВОЈВОДИНА

-Се вративме во Плевен, а потоа продолживме кон Симитли, Кулата, Струмица, од каде тогашната власт не префрли во Прилеп. Бидејќи бевме повеќемина не сместија во куќите по селата. Јас бев во Горно Село, од каде по неколку дена заминавме во селото Алинци. Тука дури добивме и земја за обработување. Уште во Горно Село завршив прво одделение, а второ одделение учев во Алинци. Многу сакав да учам. По извесно време се населивме во Прилеп каде го продолжив школувањето и завршив трето одделение, се потсетува Ѓорѓиев.

-Се изненадивме - потенцира тој - кога ни беше кажано дека по наредба на тогашната власт во НРМ “Егејците” морало да бидат преселени во Војводина. Моравме да заминеме. Таму, во селото Гаково, во близина на Сомбор, го продолжив школувањето. Децата кои беа без родители ги прифатија во детскиот дом. Од Гаково, нас 250 сирачиња не испратија во детскиот дом во Загреб. Вечерта кога пристигнавме на железничката станица во Загреб не прифатија луѓето од Црвениот крст, се дискутираше дали да останеме во Загреб или не. По долги преговори моравме да го продолжиме патот кон островот Света Катарина кај Ровињ, каде не сместија во истоимениот манастир.

ШКОЛО НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

Таму останавме извесно време, а потоа беше наредено да се фузираат двата детски дома: нашиот, во кој беа сместени исклучително Македончиња, и детскиот дом во Црквеница, каде имаше околу 750 Македончиња и Грчиња. Утредента, околу четири часот наутро, со брод не пренесоа до Црквеница. Се сместивме по осум деца во соба и тука останавме до 19.9.1949 година. За нас се грижеа калуѓерките. Но, нам в очи ни беа учителите. Тие беа Македонци по род, доселени од Булкес, од Егејскиот дел на Македонија, кои Грците ги обучиле и тие не учеа на грчки јазик! Јас не се согласив да учам на грчки и не присуствував на наставата. Се обидуваа, но не можеа да ме вразумат и кренаа раце од мене. Тогаш бев командир на 12. чета, а заменик ми беше Ѓорѓи Ди мовски. Дури и на приредбите не прифаќавме да пееме грчки, туку само македонски песни. Ние баравме наставата да се изведува на македонски јазик. Управникот ни го прифати барањето и веднаш од Македонија ни испратија тројца професори (колку што се сеќавам: Ристо и Перо од Битола и уште еден од Струмица, кому не му го паметам името). Така, правдата конечно беше задоволена.

Овој соговорник чува и еден интересен документ, со печат на Црвениот крст на Хрватска, во Домот за грчки деца, Цриквеница, со кој се докажува дека таму се изведувала настава на македонски јазик, во 1949 година.

СЕ ПРЕПОЗНАА СО ДЕЦАТА ОД ПОЛСКИ ДОМОВИ

Ѓорѓиев вели дека еден настан од 1949 година никогаш нема да го заборави.

-Не посетија деца од детските домови од Полска, предводени од една учителка. Се случи нешто непредвидено: меѓу нашите и децата од Полска се пронајдоа братчиња и сестричиња и други блиски роднини.

Посетителите останаа осум дена. Само што се надмина растревоженоста и се смирија чувствата, учителката почна да ги подготвува за враќање во Полска. Но, децата не сакаа да се вратат. Сакаа да останат со своите браќа и сестри. Но, учителката беше непопустлива, инсистираше да се врати со толку деца со колку што дошла. “Зарем повторно ќе има делење на Македончињата”, ги прашувавме претпоставените. Тешко им беше да ни одговорат, но ни ветија (за да не смират) дека и ние ќе одиме кај нив во посета, во Полска. Но, подоцна се јави сомневање дека децата од Црквеница ќе ги преместуваат во Полска. Брзо се организиравме и ги известивме родителите за тоа, а тие од југословенските власти побараа да не се дозволи преместувањето. Освен тоа, родителите бараа да си ги повлечат децата. Татко ми Алексо тогаш живееше во Тетово. Тој организираше да бидат повлечени седумте деца од Ранци, кои беа во Црквеница и да ги испратат за Белград, каде не прифатија нашите родители.

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
КОЙ УНИЩОЖАВА ИСТОРИЧЕСКИТЕ ИСТИНИ? КОЙ ПРАВИ КОЩУНСТВО В БОЖИЯ ХРАМ?
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
МЕМОРАНДУМОТ НА МАНУ, МПЦ-ОА И УКИМ ПОВИКУВА НА ОДБРАНА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ
Читај
СО БЛЕДСКИОТ ДОГОВОР БУГАРИЈА ПРИЗНАЛА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, НАРОД И МАКЕДОНЦИ, СЕ ШТО ДЕНЕСКА СПОРИ
Читај



In Memoriam

ПОЧИНА ГОЛЕМИОТ ГАНЕ ТОДОРОВСКИ

Се родив
Тоа е совршен факт

Живеам доста
Тоа е одвеќе непорекливо

Кому му требам
Секој е должен сам да знае

Пречам ли некому
Нека ме одмине

Премногу е напожелно
Да бидам одбран за враг

Вражја е живеачката
А јас сум рековме нејзин факт

Ќе умрам колку за доказ
Дека навистина сум живеел.

Важно! Важно! Важно!
Дружеството на репресираните македонци в България съобщава на всички репресирани през комунистическия период заради македонските си убеждения и съзнание, както и на техните потомци, че срокът за подаване на молби за компенсации и обезщетения е удължен до края на 2011 г. Молбите се внасят в областните управи, и пак там можете да научите и какви точно документи ви са необходими.
ДРМ

БЛАГОДАРНОСТ!

Редакцията на вестник “Народна воля” изказва своята най-искрена благодарност на господин Иван Стойков Петров от Белгия, който даде 100 евро за абонация и помощ за вестника. На него и на семейството му пожелаваме много здраве, щастие и успехи в живота.

Македонија пее

ТИ ДОНЕСОВ МЛАДА НЕВЕСТА

Отвори мајко портите
да влезат другарите
песни да запееме, оро да заиграме
песни, ора македонски.

Рефрен:
Ти донесов млада невеста
јас ја сакам мајко од срце
чеда да ми изроди
родот мајко да ми продолжи. (2)

Намести мајко софрата
наполни ги чашите
Бела лута ракија, рујно вино црвено
се до капка да се испие.

Рефрен: ...

Ај да не мајко ќердосаш
и силно да запееш
нека сите те слушнат,
нека сите разберат
кога снаа в куќи доведе

Рефрен: ...

Ти донесов млада невеста
јас ја сакам мајко од срце
чеда да ми изроди
родот мајко да ми продолжи. (2)
Родот мајко наш македонски.

СРЕДЕ СКОПЈЕ ВАРДАР ТЕЧЕ

Среде Скопје Вардар тече
Вардар река распеана.

Рефрен:
Ој Вардаре Македонски
од извора дур до Солуна
ој Вардаре Македонски
ти ја красиш Македонија.

Лути рани на јунаци
твојта вода ги лекува.

Каде Вардар поминува
среќа радост донесува.

Рефрен: ...


Поезия

ПОДЛОСТТА БЕШЕ ТАМ...

На 10 април 1941 година Хитлеровите агенти цар Борис и Филов изпратиха български окупационни войски във Вардарска Македония и в Беломорска Тракия. Те обявиха тези земи за присъединени към България и че с този акт били осъществени „националните идеали на българския народ.”
„С окупирането на Вардарска Македония и Беломорска Тракия бяха освободени няколко германски дивизии от жандармската им роля и отпратени към съветската граница.”

Из „История на България”

Денят бе двадесет и втори юни,
но още не поел по своя път,
дулата на връхлитащи тайфуни
убиха тишината на векът.

Война в сърцето на мира прекрачи
и бездните на нейното море
бушуващо ревяха за палачи,
които да убиват по-добре.

И там, където, майчице ле мила,
разплаква и сърца, и красота,
зловещото безумие разстила
от кръв и пепел празник на смъртта.

България ликуваше с придатък,
достоен за безмилостен юмрук –
защо да търси фронтове нататък,
когато може да разстрелва тук?

Размяната на изток прати други,
размяната на ада подари
чудовища с доказани заслуги,
а по жестокост – още по-добри.

Жестокост - да вилнее вдъхновено
и да заляга сред сибирски студ
с подгрета кръв от българско „червено”
и щедростта на реквизиран труд.

Ала вулканът щеше да изригне
като възмездие за мъртъв дом
и с танкови вериги да настигне
злодеите в последния разгром.

Когато неспасяемите бягат,
едничкото добро е все така
ръцете си за милост да протягат
към „колоса на глинени крака.”

Когато триумфално ги превие,
за спомен от гиганския пожар
той знамето „Победа” ще забие
в сърцето на издъхналия звяр.

А после преуспели историци
ликуват с явно продиктуван тон,
че нямало е български войници
в сражения край Волга или Дон.

Отдавна е известно , че циници
превръщат в гордост и позор, и срам.
Да, нямало е български войници,
но българската подлост беше там!!!

Александър Македонски




Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting