Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Тешко е на Балканот да се произведува вистина

КРИК ЗА ПРИЗНАВАЊЕ

Георги Барбаровски

Можно ли е Македонија, на крилјата на малциствата во Грција и во Бугарија, побргу да стаса до евроатлантските интеграции, на кој пат сега стои анулирачката грчка позиција - нејзините црвени линии, кои го прекриваат уставното име на земјава, името на нацијата, идентитетот, јазикот, културата? Два примера деновиве ја поттикнаа таа размисла.
Првиот. Во Грција живеат Македонци. Тоа го кажа деновиве независниот стручњак за малцински права на Обединетите нации Геј Мекдугал во американскиот Конгрес, на сослушувањето организирано од американскиот Хелсиншки комитет, уште еднаш јавно потврдувајќи ги своите наоѓања од мисијата што пред две години ја имаше во Грција. „Во Западна Тракија има муслиманско, а постои и ромско малцинство. Во северозападниот дел од Грција има луѓе што себеси се идентификуваат како Македонци, ама Владата тоа упорно го негира и не им овозможува да го остварат тоа свое право. На повеќе начини се обидуваат да го потиснат нивниот идентитет и културата на луѓето, кои себеси се сметаат за Македонци. И да завршам, јас заклучив, бев во Леринско и зборував со многумина кои за себе велат дека се Македонци, а не видов легитимност во владината позиција дека такво малцинство едноставно не постои“, изјави Мекдугал. Тоа сведоштво, да сме поумни, нема да остане затворено во експертскиот извештај.
Вториот. Весникот „Народна волја“ што го издаваат Македонците во Благоевград, Република Бугарија, деновиве одбележа 30 години. Тој е една од тие рожби на кои им претходела голема болка. Само длабока болка може да извлече прометејска сила за да се создаде дело во невреме, билка во пустина. Оној кој никогаш не помислил на сопственото анулирање, на поништување на јазикот и на културата, тој останува само црв што ползи. Три децении, се разбира, не се којзнае колкав век на еден весник. Но, на Балканот, каде што историјата се одмотува во најзгусната форма, јубилејот на „Народна волја“ има триж поголемо значење од животот на весникот. Зашто човекот ги осквернави нештата што се раѓаат и умираат под сонцето, но не и надежта. Создавањето на тој весник не може да биде плод само на авантура, ниту само на ризик. Најмалку е само бизнис-проект. Тој весник е зачнат тука, искушен на пазарите во Австралија и во Велика Британија и повторно вратен на „местото на злосторството“. И тука опстојува, колку и да се чини тоа контрадикторно. „Народна волја“ е многу повеќе од порив. Зашто нејзините творци и поддржувачи не можеле да го слушаат плачот од агонијата и од радоста на злото што се витка по овие балкански простори - и да останат спокојни. Тие барем се обиделе да го задават натрапникот! И успеале во тоа. Името на весникот изразува волја на народна заедница, но производот е дело на посветени поединци. Тој се персонализира. Шибани од политички притисоци, од полициски достаги, од стравој и од закани, од проверки и од претреси, од гранични контроли и од перфидни сплеткарења, луѓето што го создадоа и оние кои го презедоа знамето на јавно искажаниот збор заслужуваат секаков респект. Тоа што првин им ги научуваме псевдонимите, а не крстените имиња (некои можеби никогаш нема да ги дознаеме) говори за тоа колку е тешко на Балканот и во 21 век да се произведува вистина. Внимавајте, не оружје, не куршуми. Ами, просто, зборови и мисли. Нема да речам дека делото на „Народна волја“ е хероизам, зашто тој израз веќе го изгуби суштинското значење. Но, свесен сум дека изворната определница на тој израз ним најмногу им прилега. Носејќи го штитот на македонството тие луѓе го осмислија животот. Својот и нашиот. Што е подостојно од тоа за еден човечки живот?!
Ако е точно дека постоењето на човекот е најзначајната и најчудната авантура од сите што природата ги запознала, тогаш правењето и издавањето весник е создавање на најзвучната човекова татковина. Онаква каква што за нас Македонците со јазикот ја соѕидаа Мисирков и Конески. Во моќта на човекот е тој да не се изгуби, иако понекогаш се чини дека е нереален, дури и апсурден стремежот нештата радикално да ги менува според своите знаења и стремежи. Ако не е така, која е тогаш смислата народите да создаваат сопствени држави? Која е смислата човекот да им се спротивставува на големите струи, толку поголеми и толку посилни од него што не ретко го загрозуваат и самиот опстанок? Се разбира, целта е - да живее подобро, подостоинствено. Мудрост на животот е човекот да ги избегнува ситуациите во кои може да потоне, мудрост е што е можно повешто да ги искористува ветровите што дуваат за да го преживее барем своето време. Како ќе го одбележам јас моето време? Не стремам кон превисоки цели, кои би ги загрозиле другите, ниту на патот кон моите цели сум воден од митови. Троа знам, онолку колку да се спротивставам на страстите, предрасудите, стравовите, неврозите што произлегуваат од незнаењето и добиваат облик на митови или на илузии. Се сметам за рационално битие кое може да се спротивстави на фантазиите на безобѕирни шарлатани што можат да ме залажуваат и искористуваат или да ме доведат во состојба што ќе ме одвлече кон нешто што треба да го сметам за нужно и однапред определено, иако јас тоа можеби не го сакам.
Едноставно, не сакам да бидам игнориран, или некој да ми кажува што да правам, или да ме потценува, или да смета дека моето место е еднаш засекогаш определено, од него - кој и да е - накусо, не сакам да не се однесуваат кон мене како кон поединец, да не ми ја признаваат доволно мојата единственост, да ме класифицираат како дел од некој безличен амалгам, статистичка единица без препознатливи, специфично човечки одлики и сопствени цели. Се борам токму против ваквата деградација - не за еднаквост пред законот, не за слобода да правам што сакам (иако можеби и тоа го сакам), туку за положба во која ќе можам да почувствувам дека сум одговорен чинител, затоа што имам право на тоа. Копнеам да бидам разбран и признаен, дури и ако тоа значи дека ќе бидам непопуларен и несакан. А, она што сум во голема мера е одредено од она што го чувствувам и го мислам; а тоа што го чувствувам и го мислам е одредено со чувствата и мислата што преовладуваат во општеството на кое му припаѓам и во кое јас не сум атом што може да се издвои, туку состојка. Тоа е суштината на големиот крик за признавање што од Џон Лок (19 век) наваму доаѓа и од поединци и од групи. Тоа го прават Македонците од Егејот и од Пиринот, како дел од две држави, кои се членки на европското семејство.

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
КОЙ УНИЩОЖАВА ИСТОРИЧЕСКИТЕ ИСТИНИ? КОЙ ПРАВИ КОЩУНСТВО В БОЖИЯ ХРАМ?
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
МЕМОРАНДУМОТ НА МАНУ, МПЦ-ОА И УКИМ ПОВИКУВА НА ОДБРАНА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ
Читај
СО БЛЕДСКИОТ ДОГОВОР БУГАРИЈА ПРИЗНАЛА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, НАРОД И МАКЕДОНЦИ, СЕ ШТО ДЕНЕСКА СПОРИ
Читај

Абонирайте се за вестник “Народна воля”
УВАЖАЕМИ ЧИТАТЕЛИ,
Започна абонирането за вестници и списания за 2011 година. Вестник “Народна волja” и през идната година ще има каталожен номер 2050.
Както и досега, “Народна волja” ще Ви информира по интересуващи Ви въпроси от най-различно естество в областта на теорията, историята, културата, изкуството.
На страниците на “Народна волja” ще намерят място Вашите писма, Вашите въпроси, Вашата поезия!


Абонирайте се за вестник “Народна воля”!
Сумата за абонация е минимална:
за три месеца - 1,20 лв.
за шест месеца - 2,40 лв.
за една година - 4,80 лв.

Абонирането ще става във всички пощенски станции в страната. Крайният срок е 15 декември! Ако срещнете някакви затруднения при абонирането, обърнете се към редакцията на “Народна волja” - телефон 073/886-336!
“Народна волja” ще се стреми винаги да бъде вярна на Гоцевите завети и да ги пресътвори в живота на днешния ден!
“Народна волja” ще Ви запознава редовно със свободолюбивите идеи на македонските интелектуалци!
“Народна волja” ще разкрива редовно демагогската националшовинистична политика на ванчемихайловистката ВМРО.

Краен срок за абониране - 15 декември 2010 г.!
За читателите ни в Република Македония цената на едногодишния абонамент е 10 евро. Известяваме тамошните желаещи за абонация, че могат да сторят това в редакцията на седмичника “Македонско сонце” в Скопие. Бъдещите абонати задължително трябва да представят точния си адрес.
Желаещите да получават вестника от Европа заплащат по 40 евро, а тези от САЩ, Канада и Австралия - по 50 USD.
Четете и разпространявайте вестник “Народна волja”! Вестникът на истината, вестникът на утрешния ден!

“Народна волja” - каталожен номер 2050!
Ограничения при абонирането няма!
Знайте: истински свободните хора четат вестник “Народна волja”!
Абонирайте се, за да не пропуснете нито една среща с любимия си вестник и през 2011 година!


Важно! Важно! Важно!

Дружеството на репресираните македонци в България припомня на всички репресирани през комунистическия период заради македонските си убеждения и съзнание, както и на техните потомци, че срокът за подаване на молби за компенсации и обезщетения е удължен до края на 2011 г. Молбите се внасят в областните управи, и пак там можете да научите и какви точно документи ви са необходими. Отварянето на тези досиета е от голямо значение за македонското малцинство в България.

Поезија
ЗЛАТКА ДАМЯНОВА





МЕТАРМОФОЗА

Примерих се вече – разумна съм и кратка.
Щом броя до десет – избягвам всяка схватка!

Над чужди проблеми избягвам да умувам -
вече деликатно не виждам и не чувам!

Макар на характера да не ми приляга –
свикнах да си казвам „това не ме засяга!”

В горещ диспут не влизам и завист не будя –
храня се, почивам, дозирано се трудя!

Не удрям, не отварям ръце за прегръдка –
и подир мен не тича ни вълк, нито хрътка.

Изведнъж се промени – някой отбеляза!
Помислих си тъжно – изведнъж се чупи ваза,

Колко наивно е такова съждение –
бавно се променя човек – за съжаление!

И все - пак си прошепнах – „браво, поумняваш!”
А коренът ме сепна – „нима ще се предаваш!”

1985 г.



ЗАВИСТ

Блестиш ли – все ще се
намери
някой с кал да те замери.



ДАНС

Ганьо успя да пъхне шило
и в новото държавно плашило,
и заля “секретна лава”
цялата объркана държава.



БРАТСКИ ЖЕСТ

Дори когато Ганьо е в агония
пак подлага крак на Македония.



КОГАТО СИ ОТИДА

Посвещавам на моите сънародници от дружество „Македонска мисъл” - Варна

Ако искате
да срещнете душата ми,
когато си отида –
не я търсете на площадите
„Славейков” и „Омония”!

ТЯ
под небето родно ще живее
ведно с душата на народа!
С него ще се бори,
ще плаче и ще пее –
за правда и свобода!

Надеждата й няма да угасне,
а всеки ден
ще крепне и ще расне,
докато дойде краят
на дълголетната
а г о н и я
и на Вергина слънцето

огрее

СВОБОДНА И ЕДИННА
М А К Е Д О Н И Я!



“МАЛЦИНСТВО“

Прав е президентът в свойта пледоария –
в държавата няма „Македонско малцинство!”
Надникнал е явно в архива на България
и разбрал, че сме огромно мнозинство!



Македонија пее

ПИЛЕТО МИ ПЕЕ РАНО НА САБАЈЛЕ

Пилето ми пее рано на сабајле,
рано на сабајле, рано пред зори.

Стани ми, стани, ти млада невесто,
стани ми, стани, коња да спремаш.

Јас ќе си одам многу на далеку,
многу на далеку, в туѓа – туѓина.

Рачај, порачај, ти млада невесто,
рачај, порачај, што да ти пратам.

Дали пари сакаш или писмо сакаш,
или мене ме сакаш дома да дојдам.

Ниту пари сакам, ниту писмо сакам,
само тебе те сакам, дома да дојдиш.

Парите се трошат, писмото се кине,
а, љубовта трае вечно до гроба.

ПРАША ЛИ ТИНКЕ МАЈКА ТИ

Праша ли Тинке мајка ти,
Дава ли тебе за мене?
Не сум ја Ѓорѓи прашала, (џанум)
Синоќа сум ја слушала. (2)

Мама на тате велеше (2)
Ај, да го дајме Тинчето (џанум)
За тој Ѓорѓија бекрија. (2)

Тате на мама велеше (2)
До девет ќерки да имам (џанум)
Една на Ѓорѓија не давам. (2)

Оти е Ѓорѓи бекрија (2)
На вино вади ножеви (џанум)
А на ракија пиштоли. (2)




Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting